Јас си ја користам и супер ми е, одозгора ставам и малце камена за да ми трае подолго и да не ми засвети носот за секој случај. Инаку не е некоја многу тешка пудра, ама прилично е густа и доволна е и мала количина за да ги прикрие недостатоците, меѓутоа јас немам некое проблематично, акнесто лице, затоа можеби и малку ми е доволно. However, зелено светло за пудрава, бидејќи ја користат и мои блиски пријателки со даалеку попроблематични лица баш овој период и се многу задоволни. Нема врска, јес да е зленава за комбинирана кожа, меѓутоа црвената е подобра бидејќи одговара на секој тип кожа. Ја користев и зелената извесен период, но пак си се навратив на црвената, можеби е малце потешка, но мене ми е попокривна, а и мене кожата ми е масна само во т-зоната. Сепак, секое лице е различна приказна, така да не е на одмет да си пробаш, која ќе ти одговара повеќе, во главно и двете пудри се одлични, ама јас сум понаклонета кон оваа црвената.
Да ве прашам нештооо Visions V* Течна пудра за свежа кожа ја имам и стварно е лесна. Не прекрива кој знае колку ама онака добра ми е. Него оваа друга Oriflame Beauty Мат течна пудра ја има ли пробано некој и каква е? Треба да порачувам па да видам некоја од нив две да земам
јас ја имам користено Oriflame Beauty Мат течната пудра и супер беше мн задоволна бев од неа...сеа ја користам оваа од диор и е препреубава лицето го прави меко и нежноо..
А на база на вода ли е таа орифламе мат пудрата или мрсничка е? Зошто имам мрсно лице па затоа прашувам
Чини ли пудрава? http://www.maccia.nl/KHTLI/?p=40 Не можам да најдам слика, ја има на видеото подолу. Само што ја купив, па не знам дали да ставам вечерва од неа. Страв ми е за половина час да не бидам како без пудра. Сува кожа имам инаку...
Па јас ја имам користено првата Visions и искрено не ја препорачувам ако бараш пудра за покривност. Само го освежува лицето и толку. Покривност од 1 до 10, 1 и пол За вторава не знам
Јас ја користам оваа пудра...и супер ми е...за мојата масна кожа супер е,бидејќи е без сјај и ја матира кожата..би ја препорачала на секого со масна кожа
Чини околу 320-330 денари, нема шанса да ти трае повеќе од месец дена ако ја користиш баш како пудра, ако ја користиш како коректор околу три месеци. Се надевам сеуште ти е од полза информацијава
Јас малце каснам ама да си кажам, вчера дури ја земав пудрата од Рамстор ја земав 330, бидејќи во голден роуз ја немаше мојата нијанса иначе во голден роуз е 280 , а во шатци истата 360
Си ја купив денес debby mat solution, по препорака на девојкиве тука.. Па ќе видиме колку ќе стои на лицето. Земав малку потемна бидејќи сега ќе поцрнам, па така да..А не со импалата како дух бев Исто ми се допаѓа што нема потреба од камена, совршено е мат.
Сакам да прашам дали некој знае од каде можам да си набавам true cover бидејки на онлине страната на топ шоп не мозам да го најдам и колку чини истиот ...чекам одговор....**
Јас користам 2, имам дневна Revlon и Max Factor навечер поише ми прекрива, иначе од вака поевтините најдобра ми е Импала најновата таа на стикскање околу 230-250 е..и ептен ептен прекрива пудрата е ептен добра...и не ми предизвикува компликации никакви
Од течна пудра Импалата ја користам 2ка .. бидејки сум многу бела и оваа највеќе ми одговара.. А од камените за користам Catherine Arley 4ка.. Сакам да ја сменам течната пудра бдејки многу е тешка поготово сега во летниов период воопшто не ми прија на лицето.. сакам некоја полесна што поише покрива ама и да не е многу темна.. каква би препорачале вие? Некоја добра да е само бидејки несмеам многу да експериментирам затоа што имам нежна кожа -.- и лесно можам да се исфрлам