Оддамна не сум пишала вака на темава за пудри јас што ги користам. За разлика од пред некоја година , веќе почнав да ги одбегнувам пудриве што се мат и наменети баш за мрсна кожа. Моментално ја користам MAC Studio fix fluid , ја купив пред некое време , но искрено се зезнав што ја земав. Порано не беше така , сега приметувам дека ми се собира по 4 часа носеше на одредени делови на лицето , во тенките лини околу устата , во порите. Ја сетирам со пудрата во прав на Laura Mercier , ама ете на пример со цц кремата на Мадара воопшто ова не ми се случува. Ја имам и пудрата на Clinique refresh even better , ама брзо ми оксидираше во тубата и изгледа како да си нанел паштета по некој саат. Иако лицево ми е комбинирано со мрсна т зона , веќе не планирам да купувам мат пудри , буквално многу лошо ми изгледа лицето со нив. Сличнo како со таа на MAC , лицето ми изгледа лошо и со пудриве Fenty beauty pro filtr mat , Dior forever 24h wear , Estee Lauder Double wear.... можеби треба да си се вратам на Bourjois healthy mix serum Сега за сега си останувам на ЦЦ кремата па за пудра понатаму ќе видиме што ќе се проба
За масна кожа е,покривна е и е полумат би рекла. Јас ја користам и многу сум задоволна,со прајмер ми држи цел ден.
После 1000 пудри пробани најдобра ми се покажа буржоа хелти мих, но после неколку саати ми исчезнува од лице. Ставам хидратантна пред пудрата, а после ставам и камена и пак ми се брише. Не ми се случило ова со ниедна друга пудра до сега. Не можам веќе да барам други, оваа ми е погодена и нијансата и ми дава убава свежина, лесна ми е, но што да направам за да ми трае подолго?
Да пробаш со некоја подлога или прајмер одоздоле, или со фиксатор над камената пудра? Разгледај низ темите за прајмери и фиксатори, сигурно ќе најдеш нешто што ќе ти фати око. Дали и колку ќе помогне нешто од ова, навистина не сум сигурна. А на тема Хелти Микс, мене убедливо ми стана омилена пудра. Многу поскапи пудри можат вода да и носат. Нијансата ми е топ, ми трае додека не ја избришам и најбитното, не ја осеќам на лицето воопшто. Под маска исто не ми прави проблем, ниту пак се брише. Ставам многу малку камена пудра на носот и околу носот, толку. Не верувам дека пак ќе ја сменам, во лето не ни ставам пудра, па воопшто не се замарам со прашања од типот дали и по колку време ќе ми светне носот. Ептен ако ми треба малку боја и подлога на лицето, можам една точка да нанесам насекаде и завршена приказна. Лани така правев, среќа е доволно течна па и скроз малку е доволно чисто онака ако имам потреба да го освежам тенот.
Да и мене ми е убава, што не пробав последниве месеци, оваа дефинитивно најдобра до сега, ќе видам баш нешто да земам да не ми се брише само
Фала за советот ама мислам дека таа е за тинејџери а јас имам дупло повеќе години....сепак сум за зрела кожа...некој искуство со sante пудрите од корона?
Ако ја најдете Bourjois HM serum уште толку ќе ви се допадне едно време ја имаше во Анабела (сега Фабу) парфимерија, не знам дали уште ја носат. Оваа е повеќе за комбинирана кожа, мојата е мрсна и пак немам проблем. Во Грција кај мене ја има по онлајн страните и си ја порачувам , на Нотино последен пат ја купив за смешна цена околу 9 евра Ја купувам често што веќе ми се има здосадено
Го имам користено ептен одамна, неколку пати по ред го купував и задоволна бев како изгледаше. Сменето ми е доста лицето во последниве две години и пудрата многу повеќе ми одговара, поубава е за мојата кожа.
Девојки,дали пудрата Bourjois Healthy Mix,може да се користи за комбинирана кожа со масна т зона? Или препорака за лесна и покривна течна пудра. Фала
Нема да ти одговара, ќе светнеш веднаш. Јас би ти ја препорачала Катрис тру скин или Ревлон колорстеј за комбинирана/мрсна кожа.
Девојки, дали некој знае сајт од кај што може да се нарача Neutrogena hydro boost течната пудра кај нас?