Loreal infallible fresh wear, за комбинирана и масна кожа, јас ја користам и сум презадоволна , не изгледа воопшто вештачки и има висока покривност, после 8 часа носење изгледа исто на лицето , не ти светнува лицето и потполно се совпаѓа со бојата на вратот , само нанеси на виличната коска за да ја погодиш нијансата. Сетирај со добра камена пудра , фиксатор и ќе биде екстра. Топло ти ја препорачувам. И воопшто не се чувствува на лицето како да имаш пудра и изгледа баш природно, со полу мат финиш.
Предлог за некоја полесна пудра за овој период од годината? Да не се прави како паштета на лицето од топлово. Освен хелти микс. Што мислите за True match Loreal?
Имаш искуство со Севентин пудрите, дали се тешки, лесни, покривни, за каква кожа се? Или било кој друг тука, дека ти пиша, тебе те цитирав Јас пробав тестер, ептен нијансата ми се погоди, ама како густа, тешка, препокривна, некако ми се виде и се предомислив
Не вреди за 900 ден, ја чекам јас на попуст да не знаете каде ја има? ДМ одамна ја нема инаку по 620 ден е кога е на попуст која е и реална цена.
Марилена дали ја проба пудрата? Јас ја купив кога ја видов во овие два коментари и навистина е прекрасна за некој што има чисто лице, мене проблемот ми е што не е воопшто покрива, значи ако ви треба покривна пудра оваа НЕ! Денес ставив два слоја, но сепак не е покривна, ама навистина е преубава, прелесна како пудра, мн убаво се размачкува, природно изгледа.
@gjoker4e да да, така е ,другаркава е мн задоволна ми кажува не би ја менувала. Кај мене во градчево порано ја имаше во Сефора, сега веќе немаат Шанел а можам да ја порачам од notino , ама страв ми е нијанса да не утнам. Мене баш ми одговараат веќе вакви лесни пудри, сетирани со пудра камена одозгора секако. Која нијанса ја користиш? Кога ќе ја потрошам таа на Фенти, ќе ја пробам оваа
Beige Од тоа што те имам читано до сега кои нијанси ги користиш, споредено со моите пудри, за тебе ќе е посветлата нијанса или најсветлата, посветлата мислам како на портокалово беше на сликата Маж ми рече уау колку убава пудра, можеби само јас си ги гледам недостатоците не знам Јас кога ставам камена пудра за еден саат целото лице ми е како излупено, не знам кај грешам? И не користам со години, а потребна ми е мислам имам мрсна кожа или светкава, светнувам по 2-3 саати со било која пудра.
Фала ти чудно, не сум имала проблем до сега со некоја пудра во прав или камена.. исто и јас само со течна за 2 часа ми светнува лицето. А во прав пудри имаш пробано? Јас две години веќе ја користам на Laura Mercier и супер е
Мислам дека пред 10 години може имам пробано бела пудра во прав од Орифлеим ама не се сеќавам какво ми било лицето. Ќе ја пробам твојата, можеби конечно ќе ми изгледа ок лицето после камена пудра. Фала ти за идејата, никогаш не ми текнало да пробам со таква Овие хартиените сигурно ти се веќе познати, со нив го тапкам лицето кога ќе ми засвети.
Да, ја земав. Задоволна сум, имам во главно чисто лице, потребно ми беше некоја пудра што е природна бидејќи сите што сум ги земала до сега некако мн се приметувале. Следна ќе ја пробам од Фармаси, камера про мислам дека беше. Мн ми ја исфалија, па нзз :/