мојата кожа е многу проблематична ниту е мрсна ниту е сува но доста често ми излегуваат акни..дали некој има користено некоја пудра за акни или за проблемтично лице и која според вас е добра за таков тип на лице..би било добро и цените да ги пишете
сакам лесна пудра за на лето ама да има средна покривност...имам мрсна кожа и мозолчиња малку. ајде женски некои прерораки
јас имам многу чисто лице и не ставам многу често пудра а посебно на лето кога ке потемнам затоа што ако ставам тогаш лицето ке ми биде посветло од телото и тоа најтемната пудра јас ја користам оваа и според мене е многу добра
Попладнево ја купив оваа пудра што е за мрсна кожа од Менхетн..покривна е ептен ..ја купив 420 ден од Космо ..Се надевам ќе се исплати претходните пудри ми се засити кожата на лицето , знаете како оди тоа , како да не е веќе истата пудрра од која сте биле презадоволни ..Новава ја купив 420 ден од Космо :
И јас имам чисто лице, само имам неколку бемки од левата страна и многу ми сметаат. Не знам со каква пудра да ги покривам? Знајте некоја ептен убо шо покрива ама да не се познава како да имам пудра ставено, туку да изгледа природно??? Инаку ги имам скоро сите пудри користено, сега пред некое време во аптека најдов една пудра, ептен ефтина за ДЕНСКИ е се вика Ingrid MINERAL silk & lift.Дека е со минерали ич не се познава дека имате ставено пудра, а и мн е лесна и сум задоволна. А сега сакам да купам некоја за навечер шо покрива!
треба да си земам пудра само шо незнам каква..гледав читав ама уште поќе дилеми ми се напраја.. од пудриве на макс фактор,дебора(оние со црвено и зелено) која е за мрсна кожа? читав дека на макс фактор xperience пудрата е лесна дека не се чуствува кога ке ја ставиш.. ајде женски ве молам за совет...и ако можи и од прилика цените да ми ги кажите
ако сакаш за мрсна коза најдобро да си ја земиш miracle touch na max faxtor малце е поскапа мислам околу 700-800
Моментално ги имам овие пудри debby Matsolution ја користам навечер пошто ми е малце потемна а другите за денски имам и импала ама откога прочитав дека содржи многу жива си стои полна =))
Јас, ама пред 2 години некаде...беше околу 800 денари,ама ја користев иста ваква но со сребрена пумпа наместо црвена,оваа мислам е за зрела кожа ако не се лажам,ефектот беше добар,убаво покрива но мат е да знаеш.За лето некако не ми се мат пудрите за преку ден,не е баш лесна но не е ни тешка.
Многу сум задоволна од неа, и сите другарки што ја пробаа си купија но ако сакаш да си ставаш и преку ден одбери си некоја посветла боја мене ми е темна таа за денски, но за вечер .. No coment =)) За 350 ден е Нај Најпрекрасна што може да биде
Која е поубава Debby Matsolution или ова ? Ја имам Менхетен користено и сум многу задоволна но ме интересира дали е другава е поубава или нема голема разлика ???