Секоја пудра што сум ја пробала ми навлегува во порите, и капка да ставам cakey изгледа и наместо да покрие истакнува. Не знам која следно да ја пробам што нема да ги истакнува порите.
Дали по т.пудра ставаш пудра некаква? Јас имам големи пори и ме спасува само транслуцентна пудра во прав. Прајмер не ти препорачувам, се што сум ставала од прајмери пред пудрата џабе , првите 2 часа вршат работа потоа како ништо да не сум ставала. И тоа зборувам за прајмери од Есенс до Бенефит , од најевтини до најскапи...
Здраво феминки, Која нијанса би одговарала од Wet n Wild Photofocus, за Хелти микс 52 Vanilla ? Или Catrice True Skin да ја пробам И кај пудрата многу е битно да не ми е комедогена, еве од Хелти микс супер ми е кожата, само малце ми свети дека ми е повеќе накај комбинирана и помрсна.
Јас молам за помош! Моментално ја имам CLINIQUE EVEN BETTER REFRESH со нијанса 28 ivory. Меѓутоа сега сум потемна а само што си дојдов од Германија па сакав мм да ми ја купи нијанса потемната од 28. Како да му кажам, знаете која е следна нијанса да не ми купи претемна? @koritsaki или некоја која е по упатена? Благодарам
Оваа е cn28 Оваа е cn29 bisque И двете спаѓаат во иста група на подтон така да мислам би ти одговарала нијансава. Ова е од грчката страна на Клиник. Јас 08 нијанса од пудрава ја имам користено Ако не е тајна колку е во Германија? кај нас во Грција често има попусти, моментално 35% попуст на се од Клиник Еве ја bisque
вообичаено е 37 евра а сега во моментот е 20 евра, 30 милилитри во овој момент има 52% попуст, ама ти зборувам за оваа конкретно.
да многу ми помогна, не знам зошто не ми излегуваше мене морав да бидам конкретна со нијансата бидејќи немаше мм да праша да му помогнат во Сефора (тоа од искуство си зема на него што му стои на око дека е таман) Благодарам уште еднаш
јас имам комбинирана, а пишува на неа дека е за сува и за комбинирана. Има ептен природен финиш и содржи хијалурон, пептиди и салицилна..
Каква течна пудра користите вие со мрна кожа преку лето? Конкретно за преку ден што изгледа природно прашувам... јас до скоро ја користев на буржоа цц кремата 123 и откако прекинаа да ја носат не можам да си најдам соодветна замена, да биде и лесна и покривна Пробав со Мадара, како најпрепорачувана ама ете мене не ми одговара на кожа. Па се мислам да се вратам на старите добри течни пудри... Некоја од вас да препорача лесна, течна пудра за нормална накај мрсна кожа (односно мрсна Т зона) за преку ден, да е покривна ама лесна ?
И јас само коректор користам. Мене на аура ми е најпогоден. Ставам само на ептен критичните места и убаво ми се совпаѓа со бојата на кожата.