Било која пудра и ја купам првиот ден, првите неколку дена, ок ми е на лицето, убаво ми стои и се и сега еве пак нова пудра после една недела катастрофа. Претходно долг период користев една иста ама исто само првите неколку дена ми стоеше убаво. Не знам која може да е причината? А да купувам пудра на три дена за да ми стои убаво не можам.
Јас долго време барав , започнав со wet&wild и сеуште ја користам, но имам комбинирана со мрсна и исто така периодично не ми се допаѓа па ја комбинирам со коректор..А би сакала некоја пудра стриктно за мојот проблем..
Пред некој ден од сторињата на магнолија гламур сфатив дека имам дехидрирана кожа. Купив сега некои нови продукти ама дали се вистинските, ќе треба да и побарам рутина. Мрсна кожа имам.
Здраво дали може дами препорачате пудра која не е комедогена, а сепак да има барем средна покривност и на акни и на брчки. Инаку имам комбинирана кожа.
Утре одам за Скопјево и сакам да тркнам до Kiko Milano. Дали е добра течната пудра за комбинирана кожа со нерамна структура? Препорачајте добра течна пудра додека сум во Скопје
Девојки предложете добра течна пудра што покрива се? Во Македонија користев ревлон и буквално ми го покриваше лицето дури и делчињата каде што имав влакна, но овде во Германија ја нема, па затоа барам замена. Не е битна цената туку само да е екстра покривна и од каде да ја земам. Убава вечер.
Estée Lauder double wear ако имаш мрсна кожа, треба да ја има на notino.de исто и на Ревлон. Mac studio fix fluid исто ако имаш комбинирана кожа.
Maybelline New York Fit me од дм. Прв пат ја купив дека онлајн имаше 600 оценки скоро сите 5ка и навистина е предобра, за сува кожа, природно изгледа, прелесно се размачкува, убаво мириса. Помалку од 600 денари. Прелесно е на лице некако не се чувствува дека имаш пудра дава мекост на лицето и убаво чувство.
Од Mac Studio Fix fluid нема подобра. Барем за мене.Често се наоѓа и на попуст. Инаку, Revlon ја имам видено во Bipa. Провери таму?