800денари нова е ама се исплака оти трај а и има во неа,мене ни е многу погодена оти јас имам чисто лице а и летна е онака не е тешка ко другата дури не се познава дека носиш пудра а покрива и ти го затемнува тенот
Од пудрите што ги имам користено сега засега нај задоволна сум од MaxFactor Lasting Performance нема голема покривност за разлика од пред две години кога ја користев истата нешто ми делува како променета во составот,но дава многу природен и мат изглед на лицето
Sisley Transparent Loose оваа е многу добра мат пудра е. Јас ја користам затоа што имам такви слични проблеми на твоите сум пробувала со многу други, но тие претходните како Vichy Manhattan Clinique и ред други ми се појавуваа акни на лицето. Оваа што ти ја кажав ја нема кај нас ја порачувам од Америка и е 89$.
уфф пудра на овие горештини на лице абе косата ми се крева да се разлие тоа како паштета абббрррр него за викенд само цигарче става и тоа некое си мало грамче да не е без ич де лореал што трае 16 часа па така пишува на шишенцето
И двете покриваат убаво, само оваа на Менхетен е мноогу потешка од Деби. За летно време мене ми е поубава на Деби, а и ако си тинејџер подобра опција ти е на Деби, тинејџерска линија е.
Втората е полукамена, добро покрива, мат е. Јас имам проблематична кожа и со течна пудра под неа лицето стакло
Јас мислам дека е слична како Менхетен за комбинирана кожа,сите пудри на кои пишува mousse се такви како пенести и со трошки како од пудра во прав.А мене ме интересира оваа првата за каква кожа е,јас имам комбинирана ама ваквите како менхетен ми се претешки и ми прават лишаи,сакам некоја по како крема кога се нанесува без такви трошки,а сепак да не ми свети лицето
мене кожата ми е нормална и некои пудри за мрсна кожа ми ја сушат многу. па сега, вторава (мусот) ќе ми ја суши кожата??? сакам да ми ја навлажнува, да не е претешка. па????
Епа чим ти ја сушат кожата пудрите за комбинирана-мрсна не ити ја препорачувам чим имаш нормална,јас имам комбинирана па ми се претешки,земи си некоја полесна
и јас имам нормална кожа и искрено да ти кажам многу сум задоволна од голден роуз.. какви не пудри сум користела нити покриваат само ми ја сушеа кожата.. е оваа навистина ми се погоди
Ги има во Бисер мислам дека Рима се викаше парфимерајата, а може и лупнав, ама како и да е до Шатци е во тој ред.
Да пудрата се препорачува за мрсна кожа и за нормална кон мрсна,за лето е супер по цел ден стои на лицето не се размачкува и дава мат изглед.