Која нијанса ја користиш на Диор, мене 1n ми е малку темна, ја зедов 0n и сега ги мешам за идеална нијанса. Едната ми е малку светла, другата малку темна и така.
Девојки препорачајте пудра за комбинирана кожа ( масна Т зона, со суви образи) со средна покривност. Најбитно ми е да не ми се собира во назолабијалните линии и некои фини линии на челото. Моментално катрисот хд ми ги истскнува премногу.
Loreal true match Не сум ја пробала n1 , w1 е неутрална Еве ја w1 Како што гледам по сликиве , потемна е 1n
Леле девојки да ви кажам по коментарите овде и вашите искуства си изберав пудра за моето мрсно лице, бурџоа 123 и досега најубавата пудра што сум на користела, а имам сменето многуу.
Многу ретко ставам пудра, ама изборот ми е секогаш Bourjois Healthy Mix. Да ви кажам само едно искуство што го имав лани во летото во Охрид, гледам на каталог дека оваа пудра беше на попуст, одам во ДМ и и велам на една вработена каде седат пудрите на Bourjois, не можам да ги најдам. Таа ме гледа како од Марс да сум падната и ми вели ние немаме производи на Bourjois. И јас го земам тој каталогот да и кажам дека имаат, дека дури и на попуст се И ајде ок, да прашам. Се враќа и ми вели еве и колешките ми кажаа дека не држиме ништо од Bourjois.. А искрено не верувам дека ме излагаа оти еве пример јас во Битола во ДМ никогаш ја немам сретнато пудрава, стално од Шатци ја купувам. Сега е на попуст таму и има нов изглед а можеби и со нова формула е
Здраво девојки, ве молам некоја ако знае да ми препорача пудра за сува и ваљда кожа со текстура. Не знам шо тоа значи кожа со текстура, ама кога и да ставам пудра и кога одам на професионален шминкер, лицето не ми е поубаво, туку сите пори и брчки ми се познаваат повеќе. Си имам рутина за нега на кожата и си правам ексфолијација. Мислам дека не можам да си најдам вистинска пудра. Препорачајте нешто.
Јас мислам дека хидратантна пудра ти е потребна или бб крема +пудра во прав. Јас кога нанесувам пудра во прав од пори ништо не ми се гледа , а ги имам доста и се проширени. Од пудри што користиш? Бб крема има на Буржуа Хелти микс Тру мач на Лореал исто е ок за сува кожа Пудра во прав имаш од разни фирми, имаат и Буржуа и Мејбилин , можеш и оваа да ја ѕирнеш https://elloxy.mk/?product=innisfree-no-sebum-moisture-powder-5g-2021
Мислам дека пудрата што ја користиш или ја користат шминкерите е повеќе за комбинирана/масна кожа и затоа повеќе истакнува. Од пудрите за сува кожа задоволна сум од Боржуа хелти микс и Ревлон колорстеј за сува кожа. На Есенс прити натурал ми се допаѓаше исто, но мислам дека ја нема веќе. И јас би сакала да слушнам други предлози.
1w e warm, n е неутрална затоа и ја зедов. Ќе ја пробам 1w можеби ќе ми одговара, наместо да мешам две нијанси.
Во сите дрогерии ги нема сите брендови на шминки кои ги имаат ДМ, во некои дрогерии има повеќе, во некои помалку.
Мислење за оваа пудра од coslovemetics Некако сум скептична, ми изгледа како оние ефтини пудри во кинеска продавница. Пластична амбалажа, 100мл за ефтини пари, прејак мирис, нигде не го пишува составот. Ја користел ли некој да сподели искуство