Користам гел за миење лице, серум со хиалурон бидејки сум 34 години,дневен и ноќен крем на Биодерма.Ама пред пудра не нанесувам крем,бидејќи ако ставам крем уште толку ми се мрси.
Пред пудрата обавезна е спф кремата. Јас bourjois 123 perfect би ти ја препорачала или loreal infаlliable
Ти се мрси затоа што серумот со хијалурон е само за хидратација,а тебе ти треба нешто што ќе намали лачењето на себумот. Колекцијата на Ла роше Ефаклар е идеална за мрсна кожа и обавезно гелеста крема пред спф. Никако без крема.
Имам дилема дали да купам BOURJOIS 123 или LOREAL INFALLIBLE, ги имам користено и двете,можам да кажам дека Лореал поубаво ми лега на лице,меѓутоа никако не можам да ја погодам нијансата.Од 123 користам 51 бидејќи најприближна ми е до тенот додека Лореал 130 ми е многу светла.Прво купив 140 тотална утка беше па 130 ама не ми е тоа тоа.Ве молам за помош ако некој ги имате користено,која нијанса на Лореал одговара на Bourjois 123 нијанса 51 или Ревлон 180(и таа ја имам користено и ок беше)?
Пробано многу пати ама ми дава 130 како нијанса,кога ќе ја ставам на лице сум како дух, пудрите на Bourjois се пожолти некако, затоа ми требаше искуство од некој што ги има користено и двете
Знам дека ја пробував и неа ама потемна мислам дека беше од 140 ката,ми рекоа во парфимерија кај овие пудри нијансите биле малку невообичаени,145 е посветла од 140 а 135 потемна Не знам веќе,ќе ги пробувам пак попладне,ако не ќе си купам Bourjois
Потемни излегуваат затоа што им стојат долго време и оксидираат, ова за тие на Лореал. И затоа е така, можеби за момент 130ка ќе ти е светла ама ќе оксидира и ќе дојде до твојата боја.
Јас Bourjois користам 51 и од Лореалот 130. Ме чудиш што ти е светла, мене ми изгледа дека ми е пожолта од Буржуа
Незнам некако многу бела околу очите особено ми е ама поубаво лега од 123,дека оксидира и тоа е точно,уште се двоумам па ќе видам. Користиш во тубичка мат или стакленото 32h?
Може ли да ми препорачате пудра за светла кожа со масна Т зона? За секојдневна употреба ми е. До сега користев само коректор кој го нанесував на цело лице, но нема никаква покривност.
За секој ден Essence pretty natural ама изгледа ја нема веќе во продажба, би ти ја препорачала Maybeline fit me заедно со коректорот и камената пудра.