Нема подобра пудра! Не знам ни јас зошто ја сменив, земав лореал инфаилибле 32h. Мислев е убава како коректорот, воопшто не ми се допаѓа. Ми тежи на лицето, ми го воспалува и плус нијансјата не си ја погодив…темна ми е
МИСЛЕЊЕ? Планирам да ја купам денес од ДМ, гледав видеа и читав рецензии, ми се допадна. И после 6 часа изгледа убаво, иако светнува, има некој здрав убав сјај како што видов на видеата. И не е скроз мат, пробав на дланката, има некој полусјаен нежен шимеринг финиш.
Предлог покривна пудра за нормална/сува кожа? Најчесто пудрите за сува кожа се со многу слаба покривност, па тешко ми е да си погодам. Ја користам Катрис тру скин но слушнав дека ја повлекуваат, па да најдам замена. Боржуа хелти микс знам дека сега е променета и сега е со послаба покривност. Цената да биде до 700 ден.
Јас ја користам, ќе се цитирам од другата тема. Мене не ми остава сјаен финиш, напротив како мат е. Имам нормална кожа иначе.
@cherry lady за во Охрид не знам, ама може да ги контактираш Mac.skopje на инстаграм, праќаат и онлајн , само ќе се распрашаш убабо која нијанса да ја земеш. Можеш секој ден да ја користиш да
Му пишав, си најдов и нијанса, но пред да напрвам нарачка сакам да прашам, пудрава матира? Јас сакам повеќе со сјаен финиш..
@cherry lady Не е мат , полу мат е. Ама ако бараш пудра со таков финиш нема да ти трае воопшто на мрсната кожа, ќе мораш да ја сетираш. Оваа ја имам и баш е glowly финишот. А таа погоре fix fluid е по покривна..
@koritsaki Имав мрсна кожа, од користење препарати за лицево ми се напрај комбинирана - челото мрсно ми држи и носот. Но со мат изглед не сакам, си сакам малце како шо викам јас да сија
Тогаш ќе ти одговара фикс флуидот, само ете ако сакаш да сјае нема да ја сетираш со никаква пудра. Оваа што ја постирав погоре со слика е сјајна ама за мрсна кожа не е
Предложете некоја добра пудра што добро покрива,имам средно суво лице и акни? И крем за хидратација што користите пред ставање пудра?
Ми треба помош Видов дека од True Match има повеќе нијанси (светли) и не знам што е разликата. Не пробував во брзање бев, но да знам. Секогаш си грешам нијанси па да пробам овој пат од прва да погодам. Еве пример првите 3-4 нијанси би ми биле ок, но што е разликата меѓу нив?
Ако ти се зелени вените имаш неутрален тон односно накај средни нијанси. Ако ти се виолетови тогаш светли нијанси со розев тон.
Ако се гледаат вените зелени на внатрешната страна на раката тоа значи дека имаш жолт подтон на кожата,поради тоа изгледаат зелено. И треба да бираш топла нијанса или означена со w. Ако на раката гледаш и сини и зелени вени измешано ,тогаш си неутрален и бираш со ознака N. Ако гледаш само сини или виолетови тогаш си ладен тон и тој е означен со Ц. Ова се универзални правила со тоа што ако си топол тон можеш да земеш и неутрален за да се загаси жолтиот подтон но никако со ладен тон.
Здраво дали се уште постои пудрава?Ја користев пред неколку години и совршено ми одговараше на кожата но сега не ја имам сретнато нигде