Кај мене овој производ не се размачкува никако, со сунгерче пробав, како паштета е, се познава во порите и нијансата најсветла, а ми дели, како го нанесуваш ти? Можеби има некој друг начин, со четка нема шанси, пробав. Текстурата и е како оваа на Менхетен што беше црна амбалажа сува геласта пудра за масна кожа. И зошто кога ставам пудра(многу ретко ставам) секаде ми лежи добро, а под вегите и измеѓу вегите на челото ми се прави како пресушено, брашно изглед, излупено ситно. Подлога користам, на Catrice мат подлога, а денес пробав со СПФ крема, поубаво ми легна и на тој дел, но сепак малку се познаваше како излупено за разлика од останатата површина од лицето. Инаку не би повторно спф па пудра, тежи и брзо светнува. Како да го решам проблемот со брашнаст изглед помегу и под вегите?
@IamSexyAndIKnowIt јас со прсти нанесувам, со тапкање. Мала количина секаде, па потоа додадавам, надоградувам. Како основа користам крема што ја користам секојдневно, на Loreal виолетовата.
Здраво драга во последно време пробав доста пудри и еве што може да ти препорачам Оваа ББ крема иако пишува за чувствителна кожа јас ја користам и имам комбинирана кожа и можам да кажам дека е еден од бајдобите производи досега. Делува многу приодно и здраво Еве ја онаа на Лавера ако сакате да видите ефект, Доста е покривна
Боржуа перфект 123 - ако сакаш нешто ефтино. Mac studio fix fluid and estee lauder double wear се поскапи. Боржуа хелти микс Севентин Тајм
L'oreal true match ми е најубава. Имам комбинирана кожа(повеќе накај сува) и до сега некако ми е најпогодена.
Мене стариот лореал ми беше подобар,иако вечен фаворит ми е ревлон колорстеј,за посериозно шминкање,за секојдневно корејската ми е најдобра.
Јас ја користев и имам помешани емоции за неа. Од една страна покривноста и трајноста се ок, од друга, за брзо време светнува и изгледа некако лошо на лице. Првите неколку користења ок ми се виде ама не сум седела долго со неа. После се разочарав. Сум пробала со разни прајмери, без него, со четка, со б.блендер ама резултатот е ист. Ама јас имам мрсна кожа. Можеби на нормална стои убаво.
@Elence93 скроз се согласувам со мислењето на @Emotional123 , на почеток се воодушевив и ме радуваше што нема мириси, масла, силикони итн. Ама за жал после некое време многу лошо стои на лице. Јас имам комбинирана кожа склона на акни и ми се собира кај акните и деловите кај што ми е посува кожата, меѓу веѓите, на брадата и доста брзо ми светнуваше т зоната. Исто и јас пробував со разни подлоги, креми, прајмери, пробував со сетирање со камена ама џабе, исто беше.
Препорачајте ми течна пудра ~ 10€ и коректор исто ~10€. Имам нормална кожа и немам акни. Сакам да биде доволно покривна но не и многу тешка. А коректорот да ми покрива под очи темно - односно сакам да ми ја осветлува кожата под очи и да не се прави како линии.
Коректорoв ми е all time fav: За пудра баш не сум компетентна да кажам, ама исто од овие на Catrice и Wet 'n' wild мои блиски биле задоволни.
Искуства со течната пудра на Wet n' wild photofocus? Плус, каде има голем избор на Loreal infallible пудрите? Посветли нијанси ми требаат никаде не можам да начекам... Во Cosmo дали има избор?
Ја земав најсветлата нијанса на Aura Cover me и и таа ми е претемна Најсветлата нијанса. Некој осветлувач за пудра да го спаси денот? Зошто ќе плачам Btw.101 e најсветла нијанса од пудрава нели?
Се мислам и да ја вратам, мислам дека може да се врати отворен производ ако не ти одговара ама не сум сигурна..