Препорачајте ми пудра со добар состав, да нема од тие 'лошите' состојки За Healthy Mix знам, ама друга некоја? Да ви е пробана и да се покажала добро
Како и е покривноста, дали е потешка пудра како минатата True Skin што им беше или полесна ја направиле?
Полесна е, потечна, помалку ја суши кожата и е помалку покривна, но сепак убаво се надоградува ако сакаш поголема покривност.
Нијансите како се? Дали оксидира? Секако ми требаше нова пудра, ќе ја пробам оваа следно, според описот ќе ми одговара. Само со овие пудри на Catrice тешко нијанса сум си погодувала, некако им оксидираат нијансите по некое време. Можеби подобро посветла да земам?
Оксидира но малку, далеку помалце од таа со пипета првата што излезе. Јас мислам ако имаш среден тен и не си баш баш бела 030 е ок. Сепак стави по една капка, сврти круг да почекаш две минути и види колкава разлика ќе има.
Предлог пудра за масна кожа, слаба до средна покривност, да има неутрални нијанси и да не оксидира? Да држи барем 8 часа летно време. Не очекувам да изледа исто од утро до вечер, нормално е да избие маснотија, да намали покривност и сл, но да не се “лизга” од лице и да остава траги на телефон и насекаде околу мене при најмал допир. Околу цената, супер би било да е во ранг 800-2000 ден.
Овие две за мене се единствените што не ми оставаат флеки на мобилен, блузи и сл. Секако за првите неколку часа зборувам , 8 часа тешко дека нешто ќе издржи летно време а да не се копира на сите страни
Фала ти. Јасно ми е дека ништо не може да држи 8 часа, ама периодов кожата ми се промени во доста масна, буквално се топи на мене се што ќе ставам, не можам да се допрам. Дали си ја пробала Bourjous 123, како ти се има покажано за масна кожа?
Да, таа на Буржуа ја имам користено, супер е и таа, ама пак по некое време остава флеки. А користиш над пудрата, пудра во прав или камена?
Ќе си дојдам од Германија на 11ти Август, ако случајно сакате од поскапиве пудри кај нас што се,или нешто што и да е, пишете ми во порака тука се поефтини, ќе ви донесам јас. Оваа на Ланком teint idole, сега видов намалена е моментално на 25 евра, не знам што прават нашиве со цените кај нас..
Има една на Алверде во шишенце стаклено, одлично ми се погоди, само што премногу е густа и јас обавезно ја мешам со хидратантна крема затоа што ја нанесувам со прсти и плус не е скапа, мислам дека беше помалку од 300 денари.
Јас пак Дали има разлика помеѓу Infaillible во туба (како оваа на сликата) и онаа во стаклена амбалажа? Само таа во стаклено шишенце ја најдов.
Да, таа во стаклено шишенце може да ја користат и тие со комбинирана кожа. А таа во туба е само за мрсна кожа
Предлог за покривна пудра докај 1200 ден ? За свадби ми треба да се шминкам. Секојдневна ја користам хелти миксот ама таа е со слаба покривност, па и со 2 слоја слабо покрива, затоа ми треба некоја подобра. Имам сува кон нормална кожа
Dermacol,ептен покривни,доволно е и во еден тенок слој да се нанесува..Моја другарка исто е задоволна од нив. Пиши им, dermacol.mk,вршат и достава