Здраво девојки, да ве прашам дали некоја од вас има користено пудра од таканаречената 'камуфлажна козметика' за прекривање на недостатоци како дамки, пеги, акни, капилари и некои неправилности на кожата. Со висок фактор на пигментација е 26-40% за разлика од останатите пудри што секој ден ги користиме со околу 16% фактор на пигментација. Линијата на пудри опфаќа производи како: Coverderm classic, perfect face.... или ако се сеќавате имаше едно време на Топ-Шоп реклама за слична пудра која прикрива вакви недостатоци и трае на лицето до 24 часа и е водоотпорна (совршена за на плажа и за во вода) малку е скапичка, претпоставувам дека ја има во Cosmo дрогериите низ Скопје, а бидејќи не сум од Скопје дали би ми се исплаќало да дојдам да си ги дадам парите и пак да не ја бива!?!?
Бубаласка јас користам камуфлажна козметика на Јансен, ја нема кај нас во продажба. Ваквата козметика со висока пигментација е одлична за прекривање на поголеми недостатоци, но е премногу тешка за да се користи секој ден, кожата не може да дише од неа. Јас ја користам само за специјални пригоди, и си ја завршува работата како што треба. Kryolan има одлична линија на ваква козметика, ако имаш некој што може да ти ја донесе од Германија нарачај, но мислам дека Coverderm е исто така добра. Полесна варијанта ти е Виши Дермабленд течната пудра.
Феминки, колку грама е камената пудра на Кетрин Арли ? Гледам на оваа мојава и се ближи крајот, дури и се зачудив, ама ми текна дека нема да трае вечно од секојдневно користење. Ја комбинирам со мнооооооогу малку течна крем пудра и лицето ми беше прекрасно. А да....како се движат цените на горенаведената пудра?
Ми требаше грамажата, мојата е многу одамна купена (т.е. мајка ми ја користеше) и не се гледа тоа местото кај што ја пишува грамажата, дали лепенка или избледнало со текот на времето немам поима. И уште едно `блиц` питањце - Ревлон течната пудра потешка е од Дебора и дали е добра за во лето, или ич да не се мачам?
да, ревлон е многу потешка, посебно таа што е за мрсна кожа (и состојките и се потешки), а од Дебора е многу поприродна и подобра како за на лето. Иако ако бараш полесна пудра, лесно ќе најдиш од поефтините марки, кои се одлични, како ЕСЕНС на пример (300ден. е) пс.-есенс пудрата ти е копија на ревлон, ама добра копија! , а дупло поефтина
Си имам проблем со лицево,имам комбинирана кожа,ама пудрите како менхетен ми се претешки ми прават лишаи,па би ве замолила ако некоја знае некоја пудра со кремаста структура(да речеме како Seventeen),ама да не се мрси кожата од неа,сепак да е за мрсна/комбинирана кожа.Не барам преголема покривност,само да не ми се мрси челото Некоја да не има искуство со оваа пудра?
Аии, а тешка пудра е, покривна, добра за во лето или? И дали е добра за мрсна кожа? Mнооогу ти фала. П.С. - ова е таа пудра на сликата погоре? Ако не е, по можност би сакала да видам слика, ако има од онаа за мрсна кожа, фала уште еднаш.
-ревлон-имаш две врсти-за мрсна и за сува кожа. таа за сува е скроз обична класична пудра. таа за мрсна кожа содржи голем процент на алкохол (се осеќа и по мирисот на пудрата), но има огромна прекривност, ама и сето тоа ја прави потешка за на лето. -дебора - има нормална прекривност (зависи кој што очекува), поприродна е, полесна за на лето. есенс - е од германска фирма и не прават класични копии, туку квалитетни производи по достапни цени. сите пудри им се околу 300ден. (испод 300ден!) и се прават по мерка на ревлон (значи не се бледа копија, туку ги користат состојките за пигментација од ревлон). немаат огромна прекривност, и затоа се многу полесни за лето, изгледаат природно... бидејќи имаш мрсна кожа, која и да ја земиш нема да направиш утка, многу потешко е ако имаш сува кожа. било како, кога ќе појдиш в парфимерија пробај ги тестерите (ако имаат еднократни тестери земи си за дома), друго е кога ќе пробаш на лице, сепак секоја кожа е различна и различно реагира
Debby Mat Solution Foundation И јас исто така ја зедов пудрава поради пофалните зборови на форумов и не сум задоволна т.е мене не ми одговара премногу е лесна а моево лице е многу мрсно ........ покривноста е средна добра е за денски но за на вечер никако....... Најубава пудра за мрсна кожа според мене е Revlon ........ ама 800 денари за пудра хмммм му завидувам на оние кои имаат чисто лице... Ај препорчајте ми пудра со голема покривност за многу мрсно лице со прифатлива цена
Значи Ревлон пудрите ги има за 680 денари во продавницата во ГТЦ што е до Риплеј, до трафиката во гтц, доаѓа спроти БодиЛајн... едно малецко парфимерииче сега е пола акцесорис а пола е за козметика. Како што дознав тие први ги донеле Ревлон пудрите и затоа ја држат таа цена, колку е точно ова немам појма. Мојава чекам да ми се истроши мејбилајн дрим сатин, а сестра ми купила пудра Мејбилајн 24 со темна нијанса таман за после сончање, а Ревлонот дефинитивно морам да ја пробам онаа за сува, така да есенва таа ми е следната пудра на листата, се надевам дека нема да ме разочара, зашто ја фалат сите што имаат сува кожа, па ќе видиме
Моето лице има некои флекички, акни и слично и ја користам течна пудра од Есенс, а за навечер ја фиксирам со таа лево, совршено покрива и сум презадоволна. Иначе имам комбинирана кожа. Сликава е мала, ама имаш поголеми во постарите постови, да е се повторувам. Цената на едната е околу 300, а на другата околу 250 ако добро се сеќавам, што е доста прифатливо.
Пудрава ја купивме за сестра ми, но ја користам и јас. Многу е лесна, не покрива многу, но мене тенот ми го прави совршен. Имам мрсна кожа, но не свети, а ставам и крема прво. Мене ми е совршена. А искрено јас не правам разлика меѓу ноќна и дневна пудра, истата ми е за постојано.
Кога ми ставија тестер од пудрава реков woow совршено покрива. Но таа продавачката ми стави цела тубичка пудра на лицето Кога ја купив и ја донесов дома видов дека е со средна покривност - на почеток дури и не можев да верувам, си мислев нешто не е во ред со пудрава, рокот и е поминат Сега ми е добра лицето ми е прилично чисто со тук там некоја бубулица па не ми треба некоја огромна покривност, за ова време е повеќе од супер, не се ни чувствува на лицето. Планирам да почнам да ја користам со коректор од истата фирма или да ја земам seventeen natural velvet, за каква кожа е таа?
Најновата: MaXFactor - EXPERIENS, чини околу 880ден. премногу е природна, не се познава дека имаш пудра, добра прекривност има, не предизвикува акни и лишаи, следниот ден кожата ти е мека и нежна (не изгледа измачено или безживотно од пудрата од претходнио ден), лесно се чисти од лицето, содржи хранливи природни материи (што е реткост за пудрите) и мислам дека не е најпогодна за тие со многу сува кожа. кој не жали да фрла пари на пудра, вреди да ја купи
А ти одговара течанта пудра на лицето? Читав reviews за пудрава и беше наменета за сува кожа..ме збуни малце, затоа прашав. И дали пудрата е водлеста или покремаста? И ако можеш отприлика да ми кажеш дали стварно солидно покрива или е ептен кремаста како на пример Deline (ако ја имаш користено) или некоја друга полесна. Еј, да, а камената пудра 10ина грама е или помала?
Ја имам користено али не ми одговара, ништо не покрива. Лонг ластинг е што ми беше исто така важно, не како некои кога ќе се вратам дома нема п од пудра. Денес баш купив од Јуник, во Космо немаа ни слушнато на Есенс -.- Али проблемот е што јас пак не си ја погодив нијансата Претходната ми беше 20 soft nude али одеше мн на розево и немаше врска со мојот тен. Сега купив 10 soft beige и подобро се поклопува ама пак ми е темна, а нема посветла. А таа другата е 16 грама, има поголем избор на нијанси. Иначе двете биле по 295 денари.
Ја купив 24 часовната од Deborah но за жал сум земала потемна неколку тона...незнам ни јас самата како!