Ау од таа Импала ми текнува у средно ги добивав најлошите бубуљици што постојат. Имаше некоја чудна текстура, тешка ко паштета. Може смениле состав у меѓувреме. Таа Лукс на Авон исто за нигде е веќе. Еднаш ја купив, ама многу е течна некако, како вода, не покрива. Мачкај мачкај мислим повеќе на прсти останува отколку на лице.
Есенс имаат малку по слаба покривност по мое, а тоа што лореалот има дупла цена е веројатно заради состојките. Според ова што го кажуваш би ти ја препорачала Maybelline fit me во туба околу 400 денари одлична.
И да си ја земеш таа на лореал true match. Топла препорака за неа имаш од мене. Јас ја земав од дм во гтц, 720 е таму а секаде е поскапа. Девојката што беше на штандот како ми ја потрефи нијансата абе алал да и е. Ја поздравувам ако не чита. Значи цело време добивам комплименти дека лицето ми изгледа совршено и да делува како да немам пудра од што ми е погодена нијансата. А јас имам баш масна кожа, оваа демек за сува ама мене ми е идеална. Плус со хијалуронска, а мене таа како ми делува на лицето абе поубава пудра немам до сеа најдено Само пробај најди со начин како ти е најдобро да ја нанесуваш. Јас до сеа само со прсти ставав, оваа со прсти не ми се свиѓа. Неа само со четка. Сподели со нас која е таа камена на Есенс.
Ти благодарам многу..ке ја пробам ...доколку не ви е проблем да ми кажете дали овие состави на пудра се добри.
Пред 4 месеци за прв пат ја купив пудрава и тоа бев скептична дали да ја земам или не бидејќи беше на распродажба во ДМ за некој си 250 денари а со долг датум па одлучив да си земам две,веќе ми се пред крај а што е најтрагично веќе не сум ја видела во ниту еден ДМ а одлична беше