Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешки времиња (Hatırla Sevgili)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Polsko, 4 април 2015.

  1. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Од среда на канал 5 почнува нова серија.
    Во главните улоги се Beren Saat (Јасмин) и Cansel Elçin (Ахмет)
    Серијата е снимата од 2006-2008 година
    Има 68 епизоди по 120 минути

    Приказната започнува во педесетите години од минатиот век и зборува за двајца пријатели од детството со различни политички погледи и за двајца млади, кои се вљубуваат еден во друг и покрај различните политички определби на нивните семејства.

    Шефкет и Риза биле многу блиски другари од мали, но со текот на годините Шефкет станува приврзаник на левичарската политичка сила, односно Републиканците, а пак Риза станува член на Демократската десничарска партија. И покрај тоа што биле пријатели а сега се соседи, нивната нетрпеливост и меѓусебен без растат постојано како резултат на политичките погледи кои ги раздвојуваат. По неколку години студии во странство, во Турција се враќа Ахмет, синот на господинот Шефкет. Тој е сега млад, згоден и амбициозен адвокат кој на прв поглед се вљубува во Јасмин, ќерката на господинот Риза, која долги години имала чувства за Ахмет.
    Но нивните семејства се против таа врска и на секој можен начин, се обидуваат да ги разделат вљубените. Љубовта за жал ќе мора да ја трпи жртвата на тешките времиња. По падот на Демократската партија од власт и и смртната казна за премиерот Мендерес, со обвинение се соочува и Риза. Риза е немилосрдно затворен зад решетки, а Јасмин сфаќа дека не може да се омажи со синот на човекот кој го испрати нејзиниот татко во затвор. Така Ахмет и Јасмин ја прекинуваат својата врска, и тогаш Јасмин дознава дека чека дете од Ахмет. Пекарот Неџдет кој со години бил вљубен во Јасмин, и нуди брак на тој начин што ќе кажат дека бебето е негово. Јасмин ја прифаќа понудата, а од друга страна и Ахмет го продолжува својот живот на друга страна и започнува врска со Ајла.

    По неколку години, Ахмет и Јасмин повторно се среќаваат. Она што сеуште може да ги спои е нивното дете за кое Ахмет не знае дека постои, како и страста која може повторно да ги разгори нивните срца.

    Инаку оваа серија е првиот позначаен успех на Берен.
    На интернет ја има со бугарска синхринизација и се вика Спомни си, любими
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.222
    Допаѓања:
    135.135
    Пол:
    Женски
    @Polsko за жал серијата ја нема со синхронизација. Ја има со руски превод но само до 24 еп од тотал 69 епизоди. Инаку серијата е убава и со вистински случувања.