1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се биде жена!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од figgiMK, 22 ноември 2011.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Темава сакам да биде поле за дискусија и за да си размениме некои случки или настани или препреки кои секојдневно ни се случуваат.
    Место за тоа која забава ја имаме ЖЕНИТЕ
    С Е К О Ј Д Н Е В Н О!!!
    цитирам:„Не за џабе жените се најкомплицираните, но и најубавите суштества на светот.“
     
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ви се случило да патувате некаде сами и доколку ве допре некој или нели сте на бензиска Ви кажат:
    „Нели ти е страв што ВОЗИШ сама? Знаеш дека нешто може да ти се случи??!!!“
    Мислам а ако патувам во друштво нема да има пак опција да се случи ништо ....


    http://www.idividi.com.mk/panorama/bizarno/728242/index.html

    Сака уште поголеми усни од ова кое го има ?!
    Па дали навистина има потреба од тоа???
    Уште еден доказ дека е ТЕШКО да се биде ЖеНа...

    It's Hard To Be A Woman One Must Think Like A Man Behave Like A Lady Look Like A Young Girl And Work Like A Horse Pillow
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Тешко е.... ако се дотеруваш за кој се дотеруваш... имаш некој друг, ако не се дотеруваш ќе те замени со друга, ако си успешна во животот мора да е тоа со врски или некој да те пикнал на работа... :^) мислам глупости жените си се дотеруваат за да бидат пофалени колку добро изгледаат и да си ја зголемат самодовербата 8), а според мене најтежок е ОНАЈ период во месецот... 8)
     
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ете уште еден пример колку е тешко да се биде жена
    http://zazabava.com/gi-raste-noktite-18-godini
     
  5. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.idividi.com.mk/stil/woman/729093/index.html
    Mојата ташна тежи еден тон и искрено појма немам што се има во неа ...многу често кога му ја подавам на дечко ми за да ми ја придржи го слушам коментарот „Мила а да испразниш нешто кое не ти треба од неа!“
    Како стоите Вие на таа позиција? носите преполна чанта или не !!!
    Деф е тешко да се Биде жена со Преполна чанта, просто незнаееш кога ке ти притреба нешто :lol: .

     
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Наведените примери барем за мене не се доказ дека е тешко да се биде жена, туку дека постојат жени што си патат од глата. ;) Желни за внимание, комплекси ли се комплекси...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Тоа е дел од она кое и сакав да се постигне со оваа тема ...
    Најмногу сакав и очекував да има дискусија точно на некои такви примери каде навистина се пати од ГЛАВАТА... а ги има мнн мнн :angel: :tmi: |(
    Но сепак не се исклучок и оние секојдневни поинакви примери.
    Gunshine, се надевам дека ке те потикне да пишеш уште нешто.
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Не ја знаев темава инаку моето вчерашно мислење во СДК ќе го постирав тука :D
    Сакам да нагласам дека не се согласувам со тоа дека е тешко да се биде жена, туку работите се кој како ќе си ја нареди. Постојат жени со карактер кои со леснотија поминуваат и жени кои (ќе го искористам изразот на Ганшајн) патат од главата и "многу им е тешко".
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Мислам дека сите патиме на некој начин од главата само некогаш го покажуваме тоа, а некогаш не!! :lol:
    Зборувам и би сакала да зборуваме на темата секојдневие баш така , да си осуден од Машкото општество.
    не дека тоа ми пречи или ми прави некоја мака, но има и постојат мннн жени на кои тоа лошо им се одразува
    Примерот со колата е законско...мене милион пати ми се има десено дури еден мислеше дека ке е посилен од мене и дека јас ке се исплашам ако се исправи пред мене ...но тој си свитка опашка и замина во неповрат ...
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Жена = Совршенство
    Не е тешко ако се сака. Честопати кога ме изнервира малиот знам да кажам ,,па не сум октопод со 10 раце,, :D . Додека му давам да јаде и му бутам во уста храна, јадам и јас, на рамо моб. и зборувам со некого, со нозете ги прибирам играчките што тој ги фрлил под маса и истовремено зборам со мм. Е ова е тешко.
    Секојдневните обврски на една жена се 100 пати повеќе од мажот, меѓутоа ако се има разбирање и помош од страна на мажот, е тогаш не е страшно. Честопати читајќи по форумот овдека им завидувам на некои девојки (не жени) како си имаат време за себе (домашен пилинг, лежење во када 2 сата, тинтрање...). Јас сум среќна кога крадам од времето и си посветувам за себе.
    Жената е таа која има голема одговорност за опстанок на едно семејство. Таа го држи редот и хармонијата во едно семејство. Но има и исклучоци, посебно таму каде што владее неконтролирана љубомора од страна на мажот или некои стари сваќања.
    Жените се тие кои сакаат сите работи да ги добро испеглаат и истенчат. Тие се посесивни, агресивни, искомплексирани и носат проблеми по дома од работа. Премногу обрнуваат внимание на непотребни работи. Не се економични и трошат пари за све и свашта :D , али и те како знае шопингот добро да влијае на една жена од друга страна.
    Во денешно време е голема улога и обврска на една жена. Таа која оди на работа, раѓа, има квалитетен секс, се грижи за семејството, зема предизвици е само блиску до идеализмот. Се уште ќе бара, уште и уште.

     
    На srcekrsacka и figgiMK им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    е тешко е. ама во таа тешкотија е убавината. колку пати мајка ми ми има кажано за ништо не би ја менувала маката од пораѓањето, маж не може да ја осети таа среќа подоцна.
    факт е дека жената е потисната. и ден денес. она е таа што се грижи за домот, децата, мажот, целото семејство, + работи, носи пари дома и пак мажот е во некоја хиерархиска позиција над неа, како глава на куќата.
    па колку само работни позиции има, каде за исто работно место мажот зема поголема плата. не само кај нас, туку и секаде низ светот. да пукнеш од мака! :envy:
    ама ако. многу пати сум размислувала на таа тема што е подобро да се биде маж или жена и среќна сум што сум ова што сум. :)
    мажите се многу поедноставни, ама тоа не е за мене, јас така не сум научена. :)

    поздрав женчиња :hai:
     
    На srcekrsacka и figgiMK им се допаѓа ова.
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Тешко е , се согласувам.
    Комплицирани сме многу :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Прекомплицирано :doh:
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Кај машките се е поедноставно ;(
     
  15. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Да тешко е ... :(
     
  16. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Едно момче ја прашало својата мајка: “Мамо, зошто плачеш?”
    “Затоа што сум жена.” – му одговорила таа.
    “Не разбирам.” – рекло момчето.
    Мајката само го прегрнала и кажала: “Никогаш и нема да разбереш.”
    Подоцна го прашало својот татко: “Зошто мама плаче без причина?”
    “Сите жени плачат без причина.” – било единственото што таткото можел да му каже.
    Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог.
    Кога го добил, го прашал: “Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?”
    Бог му одговорил: “Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
    И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
    И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
    И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
    И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
    И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
    И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
    И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
    Тие се само нејзини и ги користи кога и да и затребаат.
    Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
    Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што живее љубовта.”


    Многу работи кажува текстот. :)
     
    На srcekrsacka, eleni27 и figgiMK им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Е тешко е на "машкиот " факултет каде што студирам. Уште кога ќе се најде некој професор паметен да не праша што бараме таму :@ :@ :@
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ако млада Бизнис жена се појави на некое место каде постојат само некој старци ...секогаш е осудена на пропаст и на исмевање!!!
    тешко е да дојдеш до почитување во машкиот первезен свет !!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Баш таквите се исфрустрирани од женскиот сексапил СДК им се сака ама не им се може :D
    Ако имаат balls го немаат фатено Богот за balls :$
     
    На srcekrsacka и figgiMK им се допаѓа ова.
  20. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Тешко е да си Миа Колучи.