Не е тешко жени мои убави,привилегија е голема.Секоја на свој начин убава,сложена,нежна, а тешкотиите по патот не прават уште по цврсти и поубави од тоа што сме.Дури можам да кажам дека мажите ни завидуваат. Начинот на кој се негуваме,мекоста на нашата кожа,насмевките со дупчиња на образите...маките кои ги прикриваме и патиме во себе и за себе и никој друг...е тоа е привилегија и знаеме како да се носиме со тоа. Кој вели дека е тешко е во заблуда според мене.Пак да се родам би сакала да сум тоа што сум - ЖЕНА!!
Навистина понекогаш и помислувам . Во околности кога мажот ми нема врска од мојата работа за да ми помогне. Кога брзам за да стигнам насекаде, а работата едноставно не оди! Додека за се друго што е жената и она што го поседува: емотивност, нежност, женственост, што секоја жена знае повеќе да вреднува некои работи... од овие карактеристики и навистина се радувам што сум жена .
Се прашувам само зошто никаде на светов во нипто не страдаат мажите се некој чуда измислуваат за жените ??? http://zazabava.com/izolacija-poradi-menstruacija хммммммммммм
Кога ќе погледнам позади вака низ животецов мој,се фаќам како многупати сум помислила дека е тешко да се биде жена.Не знам за другите можам да зборувам само за моето искуство нели.Кога работев многу беше напорно,мали деца,дневно-ноќни смени кои те исцицуваа,обврски дома.И да знам дека ако на работа еден предмет решеше колега(машки)тоа беше воздигано и аплаудирано,а ти тон работа да завршиш,поминуваше незабележително.Е сега можеби јас не знаев да се спуштам кај шефовите под маса,можеби полесно ќе си поминував. И да тврдам под полна материјално кривична одговорност во денешно време е тешко да си жена
Прееска паднавме во дискусија со сестрами и мајками на темава, и да, и те како е тешко да се биде жена! Ќе појдам од основното, дека секој месец ја имаш тетката со црвен кабриолет на гости, продолжувам со разните третмани и депилации проследни со релативна болка, заокружувам со пораѓајот и ризикот околу истиот! Малку да не е? Да не ги спомнувам обврските по дома, кујната, кариерата, воспитувањето... Се на се, многу повеќе трпи женскиот пол, докажано, и затоа мужите треба да не третираат како принцези и кралици!
Тешко е многу за разлика од мажите на кои им е прелесно за ништо не се замараат а ние жените депилации шминкање фризурии ова онаа триста работии...
Ах вие празноглавите, медокритетни, мутави, автодеструктивни и духовни мазохиси наречени жени... Која глупоќа си ја имаме во генот, чудо нешто. Па добро бе мајку му стара, кој ве тера да се депилирате, да се шминкате, да се средуете? Уште еднаш -не е тешко да се биде жена (што ти менува вагината со крвта еднаш месечно) тешко е да ја носиш глупоќата во себе, а уште потешко, таа глупоќа да ја зема за репер цел женски пол. Ајт чаво!
Ијас мислам дека навистина е тешко да се биде жена,обврските на жената се преголемииииии Еве јас на пример оданжм на работа,ама за два саата сум дома,таква ми е работата,па уште недособлечена почнувам со домашните работи машината да се пушти,да се испегла,исчисти..... и се тоа со повреме дури не дошло време да се легне детето,па да се продолжи со јадењето,бришење......
Не е тешко да се биде жена, тешко е да се биде жена во вистинска смисла на зборот. На форумов постојат многу членки кои го носат тој епитет, се жени во вистинска смисла на зборот, да не кажувам сега имиња. Тешко е да се биде жена која ќе постигне се, ама ако го направи тоа тогаш да се биде жена е привилегија.
нас жените не сметаат за нежни суштества мажите, а верувајте драги феминки, дека една жена е многу посилна и поиздржлива од колку што е еден маж(а нели мажите се посилен пол) дека е тешко, е тешко да се биде жена но сепак се гордеам што сум припадничка на понежниот пол
Еее тоа не е ништо. А што ако ти кажам дека во некои африкански земји на жените уште од мали им го ампутираат клиторисот затоа што грев е жената да ужива во сексот треба само да чувствува болка... Прво читав некаде а после и на филм еден видов. Па која траума им прават уште од 2-3 годинки на девојчињата страшно...страшно...Ние сме среќни шо не живееме во толку затуцани општества. И нам ни` е тешко: Депилација, мензис, бременост, породување...и што уште не...арно рече лудо вчера (мислам) дека Ева добро не` зезна...но фала му што не ни` е како на жените од оној позатуцаниот дел од светот. Кога имам вакви мисли, обично си го гледам The Wicker Man и си се тешам дека на некои делови од светот и мажите така страдаат, дека не е само жената толку проклето мачена и третирана како суштество од втор ред.
Да, и ден денес има такви работи, за жал, а намерно не ги нареков тие народи муслимани затоа што (колку што знам јас) никаде во Куранот нема таков закон. Ако Господ го створил тој дел за уживање, по која логика треба човек да го ништи?
^^^Темава ја отворив со цел за тоа дека навистина насекаде по светов ги има тие примери и дека е тешко да си ЖЕНА во целост!!!( ОСНОВА на она што мажите го имааат и се она со кое се судираат жените секојдневно и насекаде!) еден плус пример ке дадам Spoiler пак поврзан со некои муслимански земји На жена која е силувана за да го „казнат“ силувачот го женат со жената која ја силувал!!! (мислам дека сепак тоа на никој маж нема да му се деси) п.с. или сега за новите предлози и закони кои се носат во ЕГИПЕД?!?!?! навистина се прашувам дали се нормални -- дозволено е МАЖИТЕ да имаат сексуален одно со нивните починати жени и до 6 часа после смртта!!!
http://en.wikipedia.org/wiki/Saving_Face_(2012_film) http://trailerx.com/film/saving-face-2012.html saving face Режисьор: Даниел jунге Премиера: 08 Март 2012 Само погледнете што плус се случува!! Жанрове: Драма Документални
http://kurir.mk/svet/vesti/70254-Egipetska-muslimanka-do-muftiite-Zosto-gi-mrazite-zenite ufffffffffffffffffff колку потресна сторија !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
кога го прочитав постот на теси што им правеле на жените-за ампутација на клиторисот, ми се одјаде, а таман сакав да дојадам бог да чува што ли не изроди постојат зошто бе на мажите не им ги ампутираат тестисите-да ја почуствуваат болката п.с. некако ме плаши оној период на климакс-менопауза па без циклус има да полудиш
луѓе во старо време да, ама сега скоро низ цел исламски свет е банирана кастрацијата на жените бо најголем %, не е банирано само во некои ептен забутани села, и Aвганистан таквите ненормални средини
уште едно од НИКАКВИТЕ ситуации во кои се наоѓаат жениве од светот ... ПОст кој ме трауматизира ... колкава неправда само !!! http://telefoni.com.mk/news-2354-Kiselina-vo-lice-za-Pakistankite-so-mobilen.html