Боже,додека учев не ни знаев што ме чека после тоа,,тоа не биле маки тогаш,туку овие сега...да не може човек да си се вработи..верувале или не...секогаш сум исполувала услови за одредено работно место,и повеќе одколку што треба,и никао да супеам да с евработам,иако сум аплицирала на сите можни конкурси..значи се е преку партија и политика,,колку пати само ми рекле OVOJ PAT ќE BIDE........ништо не биданло,,2 години откако дипломирав,NIшTO...се есамо една лага...мојот дечко никако не сакаат да го унапредат во работата,иако заврши факултет,,итн...а јас не можзам да најдам работа..ова општество е е дна голема лага,многу сум разочарана,осамена,,,не можзам да просперирам во животот,ова е катастрофа.......ве замарм со моиве проблеми,но морав да се празнам тука барем,,да извадам тоа што е во мене,,се чудам како некои се вработуваат веднаш,со уште не завршен факултет?..едно девојче што го знам,никогаш ништо не учеше,бевме на ист конкурс,таа со средно школо ја со факултет...ја седев близу и го повторував материјалот за тест,,а онаа си се шеткаше околу,разговараше итн...и на крај таа вработена ја не,,иако положив со одлични резултато.......таква енашата реалност...!!!!!
Знам, такава е реалноста во Македонија. Еве јас би те советувала да се обидеш во странство да заминеш, да побараш стипендии за магистратура или нешто на тој начин..Со среќа!
potpolno te razbiram i svakam kako se custvuvas istata situacija e i kaj mene,samo sto jas ne zavrsiv faks ali kako i da e veke godina dena kako sum bez rabota i nemozam nikade da najdam i se e so vrski ili te plakaat 100e a toj gazdata da mu gi dades so tie pari bas m interesira kako ke izleze na kraj cel mesec mislam katastrofa e nemam zborovi
извинете јас ќе се вмешам и сигурно ќе ме нападнете веднаш али како и да е ќе напишам. навистина сум изреволтирана кога ќе прочитам демек сите вработувања се или со врски или со партија и дека само тие луѓе просперираат. извинете ама сметам дека не треба да се труеме со вакви работи затоа што нависта мизерно очајно звучи. јас знам дека е тешко да се најде работа но треба навистина да се засукаат ракавите и да се работи на се и сешто. јас и мојата цела околина работиме од завршување на факултет и сите сме на добри позиции со тек на време, ниту еден не е партиски врзан ниту пак има врски, доаѓаме од провинција а денес живееме со големи плати во скопје бидејќи работиме како кучиња што се вели. се надоградуваме секој ден и знаеме дека еден ден може да не снајде да останиме без работа. моите дома со години не работат и истото го зборуваат како вас но во денешно време треба да си снаодлив и сигурен, факултетот ти е само отскочна даска се друго треба да дадеш од себе за да успееш да најдеш барем една работа а после со окружувањето ќе се доаѓа до подобра и подобра. јас кога се вработив на оваа работа не ми побараа ниту диплома ниту цв. сегашниот директор ме знаеше од претходната работа каде што само стажирав за бедни неколку илјади денари но знаев дека тоа ќе ми отвори врати за мн подобро и така се случи. виде дека сум вредна и посветена и веднаш ме побара да се вработам кај него без ни еден услов од него. и верувајте дека во странство не е мед и млеко сега бев во една голема европска држава и другарките(тамошни) исто кукат дека тешко се наоѓа добра работа. но не се станува богат или директор преку ноќ мојот став е дека треба да се инвестира во себе и во некоја работа што не ви се допаѓа барем за кратко за да можете полесно да се снајдете подоцна. јас ви посакувам многу среќа и ве молам да не ги труете младите кои што допрва треба да работат и да се борат бидејќи ако имаат таква слика и они ќе дигнат нозе во вис и ќе чекаат партиско вработување. и со такви кадри ојде државата во јабана.
еве и јас го имам истиот проблем ко тебе црна мачка(речиси година дена се обидувам да се вработам, ама никако да успеам во тоа)само што сум апсолвент незнам каде немам аплицирано, ама ете, уште не добив шанса а тоа дека партиски врски помагаат, да вистина е , ама треба некој да имаш во позадина (сум активна на тоа поле, и знам како одат тие работи, а и една личност скоро ми објасни) од партијата добиваш само поддршка. незнам до кога вака
Точно, многу, најточно Жоел. Јас го велам истото. Кој работи, се труди и учи, каде и да го прави тоа, ќе успее. Некаде на полесниот, некаде на потешкиот начин. Точно е дека во странство побрзо препознаваат потенцијал, но и овде се успева. Ретки се тие кои успеале оти сме нација на готовани. Се сакаме на готово, на послужавник, никој не се труди за ништо. Изговорот дека нема работа, е истиот изговор како и на факултет. Нит професорот ти е крив оти си паднал, нит работодавецот ти е крив ако не те вработил. Фала Богу, има луди, ненормални и професори и работодавци, ама дека сите не чинат, а ти чиниш... мало морген. Таа логика никаде нема да те однесе во животот. Пробајте малку повеќе да се промените себеси, а малку помалку другите и мислам дека сте на вистинскиот пат.
Не зборувајте така зашто има многу, ама многу и способни и вредни и со полно CV што не можат да најдат работа.Јас барем познавам неколку.Познаваат најмалку барем 2 јазика, оделе на обуки, завршиле факултет со добар просек, стажирале и пак ништо. Ќе им се јават, ќе им се јават и никаде ги нема. Или работат на договор по 3 месеци, ќе истече договорот и чао и гледаш на нивното место донесено другарката на ќерката на газдата. Сега некој ќе рече кој сака ќе работи било што.Точно, ама ако сум сакала да работам било што, немало да се запишувам на факултет.Зборуваме за работа по струка, за нешто што го сакам и сум му се посветила.
Едно е да завршиш факултет а друго е да работиш по струка или нешто друго. Кога излезеш од факултет си како теле и ти е јасно дека ништо не знаеш. Слаба страна - искуство. Сите мислат еве завршив факс и оп 20 000ден плата а искуство каде е ? Си треба одреден период да си го испечеш занатот. Друга работа, е јас за 100 евра не работам, епа ако не работиш за 100 евра како ќе си ја научиш работата па потоа бараш зголемување на плата или напредување во кариера. Еве јас, искрено скоро 1 год. работев за 100 евра и за тој период освен што стекнав искуство и си го испеков занатот направив безброј контакти и познанства, да потоа сменив уште една работа и на оваа денес сум 4 год. Да, се запослив без врски зашто газдата знаеше од каде стартував и од таму ме знаеше. Јас не пиев кафе со него ниту ми беше врска некаква, само личност која ја знаев. СДК дека мора од некаде да се почне, стажира, работи за мала плата и сл. само на тој начин ќе се здобиеш со контакти, излезеш од дома, нема да те дрма депресија, имаш мотив да станеш во 07 сабајле. Кога тогаш коцките се сложуваат. Нека не ве чуди кога чуете ,,еј сменив 2-3 работи до сега,, да смени зашто се бори за подобра и посигурна работа а е во тек на случувањата. Ако се седи дома не си во тек и никој нема да ти дојде дома и да ти понуди работа. Знам дека е тешко ама мора од некаде да се почне, па и за 100 евра
да да мали деца сме па ке се лажеме дека од партија добиваш само подршка колку луѓе се само така примени а не ни одат на работа зашо нема уствари шо да работат само така си зимаат плата. иначе на огласиве не се радувајте многу затоа што тоа е чиста формалност пред законот. тие работни места се пополнети пред да се објави огласот. така да ако немате некој да ве бутне не се надевајте да ви кажам Doozy тука не се согласувам со тебе. не е муабетот да најдеш работа во бутик или кафич со скромна плата, туку да најдеш работа со примања за кое ке ти се исплати вложениот труд. ако некој зима 200 евра која е логиката тогаш да се учи факултет? не е подобро послем средно веднаш да си побара работа со овакви примања отколку да учи???
Точно е дека е тешко, но не и невозможно! Сите сакаме откако ќе завршиме факултет да си најдеме соодветна работа по струка и да ни биде супер платена, платени придонеси, осигурени... Реалноста е малку поинаква затоа што обично голем дел од добрите работни места се веќе зафатени по партиска или пријателска линија и за нас обичните смртници изборот е мал, а конкуренцијата голема и тешко се доаѓа до добра работна позиција. Не би сакала да зборам за другите, еве ќе кажам од мое лично искуство. Работам некаде од 18 години и додека студирав 2-3 пати неделно работев и си заработував пари чисто заради задоволство (не сум имала некоја голема потреба да речеме). Сум работела и во кафич и сум спремала деца по Англиски, сум преведувала... но никогаш не се откажав и постојано пратев огласи за работа и си барав соодветна и веќе не знам кај се не аплицирав. И така, среќа или случајност, сеуште апсолвент со останати 5 испита ја добив денешната работа од која сум генерално задоволна иако не ми е по струка. Факултетот го завршив во меѓувреме и еве ме помалце од 3 години сум тука и немам замерки. Да сумирам, невозможно е за оној кој премногу пребира или оној кој не бара воопшто, а тешко за сите останати. Но, за секој успех е потребно трпение, па така и за ова.
не се сложувам со тебе дип блу еве нашата фирма даде огласи, фирмата на еден пријател даде огласи и си тера процедурата по најнормален ред стигнуваат цв ги елиминираме оние што не се она што ни треба а другите ги планираме за интервју. исто и кај другар ми, така да не сите места се пополнети. 200 евра се зима на почеток без разлика дали има факултет или магистратура почеток си е почеток треба да се инвестираш себе си за да научиш и да дојдеш до поголема плата. јас никој не би го платила 500евра за да го учам. нека научи како се печали лебот па после може да чека голема плата. преку леб погача небива.
Јас по ова прашање бев многу ентузијастички расположена, но мислам дека оваа година, посебно последниве месеци наполно ми се срони целата надеж. Значи не патам да работам по струка. Всушност, се' што сум работела досега немало врска со називот во мојата диплома. Никогаш порано не сум мислела - што ќе ми е таа диплома? Зошто ми е факултетот? Оваа година искрено почнав да преиспитувам се', да се разочарувам и да тонам во депресија. Последниве месец и пол, бев некаде на 5-6 интервјуа, веќе не ги ни бројам, а да не зборувам колку огласи имам испратено. Мислев дека лани нема доволен избор за работа и огласи, верувајте, оваа година ситуацијата е страшно алармантна. Со завршен факултет, работно искуство од 3,5 години, на пола пат земање сертификат за лекторски испит и уште мал милион планови кои ми се вртат за полагање други работи, за сопствена надградба и усовршување, жалам, ама нема да прифатам работа по телефон, во која нудам литература за самопомагање на фирми и институции, за 3000 ден. месечно, 2-3 месеци практиканска работа. На последното интервју, веќе и ми прекипе и му реков на тој - ова воопшто и не треба да го огласува, зашто не е работа. Ова е практично искуство, хонорарно платено, едвај да покрие храна и пат за месецот. Треба да си побарате студенти, кои можеби имаат вишок време, а сакаат да видат како е да се работи, мало искуство кое ќе си го впишат во CV-то, како стартна основа за иднина. А слушам секакви коментари - па волонтирај, искуството и контактите биле вакви, онакви, непроценливи. Абре со 26 години, мене навистина не ми е потребно некој да ме учи како се пушта факс, копир, мејл, како се составува агенда и се пречекува луѓе, се носи по 23203 кафиња и се купува секакви работи, т.е се однесува како потрчко. Зашто го поминав, на 21, точно година и пол, за 7 нецели плати. На 26 очекувам нормална работа, со редовни и нормални примања, зашто сакам животот да ми започне конечно, а не може, не може да излезам салам од дома, да прошетам, да заживеам сама или со дечко ми, а да не зборувам за брак, деца... научна фантастика стана тоа, утопија. Ја поминав и работата за 4000 ден месечно - цела една година, и работата како волонтер и потрчко и работата со психотични шефчиња во приватен сектор кои ти ѕвонат во секое време од денот и ноќта за да тормозат... и сега? Логично е дека треба да очекувам повеќе и да напредувам, или да прифатам уште една работа за 7.000? ден? И верувајте, многу боли кога ќе ви речат - ако ти се работи, има сешто. Имало келнерка. Јас не ги омаловажувам готвачите, келнерите, тие што се кичмат во кладилница итн. Да сум сакала да работам такво нешто, ни на крај памет немало да ми текне да се запишувам на факултет и да студирам, да вложувам, да кинам живци. После средно, уште на 18, ете ме во кафич, досега занает ќе си имав испечено, зашто и не го бива секој реално, дури и за тоа. Можеби ќе сум работела нешто слично (и работев) додека студирав. Ама сега, со дипломата и целата таа видена мака во волонтирање и работа без пари, не фала.
Трендафилче апсолутно се согласувам со тебе! Истиот случај сум и јас, од кога дипломирав никако не можам да се средам, подработувам нешто чат пат, ама тоа не е ни доволно да си ги покријам сите трошоци. Реченицата- АКО САКАШ ДА РАБОТИШ ЌЕ СЕ СНАЈДИШ и мене ме вади од такт, божем јас не сакам да работам и не знам како да барам работа. Верувајте, сум пробала да работам и како продавачка, во приватна фирма со еден ненормален газда. Па фала богу, никој нема да трпи такви ненормални да им се качуваат на глава секој ден! Се понемилосрдни се газдите на приватните фирми, демек- ја тука ќе директоришем а со тебе ќе се иживљавам како сакам! Секогаш бев таа што велеше -Македонија никогаш нема да ја напуштам! Има работа за сите! Ќе се најде и за мене пристојно работно место! Луѓе, почнав и да се прашувам нешто да не не е во ред со мене или стварно немам среќа? Не ми е јасно! Да не потенцирам сега име на фирма, значи не беше наведено во квалификации степен на образование, туку само возраст.Пратив CV, ме викнаа на интервју, ми изгледаше како солидно место за работа кое што ветува напредок, усовршување итн. Ми рекоа дека ќе ми се јават за обука. Не се јавија, па јас им се јавив. Ништо, никаков одговор, барем да ми речеа-Извини не си примена, не ги испонуваш условите! Ок, не се лутам, само зошто се толку безобразни и не дадат барем повратна информација. Освен тоа огласот на кој што конкурирав, го видов пак после некој ден а деновиве го видов истиот. Значи три пати огласуваат, па добро мајка му стара колку души мислат да вработуваат? хахаха...патетики... тоа го има само кај нас! Ќе цитирам една многу паметна жена (моја блиска пријателка) : Штета што во нашата држава заради нечии туѓи интереси пропаѓаат многу таленти! Јас верувам дека меѓу нас овде има многу кои завршиле со висок просек, некои можеби се и при крај со магистерските студии и се уште се мачат да најдат ПРИСТОЈНО работно место! За жал, таквите места се одамна резервирани или воопшто ги нема ...
Да се согласувам многу е тешко за работа но тој што сака да работи ке си најде.Јас лично немам што не сум работела.Работев продавачка,диспечерка во такси,фактурант,на проекти за невладини организааци,реципционер во хотел и имам многу малку стаж,секаде под договор.Поднесував неправди,омаловажувања мали плати но бев упорна траев и трпев.Сум личност што знам да ја свиткам кичмата да бидам покорна пред газдата.Нема каде не сум конкурирала CV- секде сум испракала.Денес за ова работно место минав трнлив пат,хегиеничарка,на пункт -портирница па референт.Од лично искуство треба само решителност истрајност да знаеш и да сакаш да молиш.Треба да имаш и срека а и урѓенции-врски така е во нашава држава. Многу е тешко за работа го осетив години и години овој проблем.
Vo Telekom primija 10 luge so fakultet,magistraturi na elektro a na rabotno mesto za sredno so plata od 15.000 den. Sega ke im ja vadat masta za tie pari.
што бе несум у право оди тоа на друг да го кажеш јасно а не на мене милион случаеви има што се трудат волонтираат и на крај ништо а не на другарти компанијата ке ми кажуваш примала без врски, дај го огласот да го видиме...уствари не ни треба знам дека тие за мочана плата шо работат се некои "странци" додека тие со високите примања се од потесниот круг на семејството кои што си немаат појма од работата еве ви кажувам зет ми работи у Гранит и секогаш кога има примања работните места се пополнети пред да се пушти огласот, истото е и со т-мобиле т-хоме и уште многу фирми. те молам немој да ме цитираш зашо се нервирам некој кога од памет ми збори глупости
Од различен агол гледано, различно мислење држи вода, и тие што велат дека работа има, и тие што велат дека нема, меѓутоа никој своето нека не го прокламира како апсолутна вистина во овој муабет. Јас многу, ама многу тешко дојдов до прво работно место, тврдев дека нема работа без врски и партиска книшка. Тврдев кога немав работа, тврдам и сега кога ја имам. Зошто? Затоа што после 2 години мизерување, депресии и 1000000000 интервјуа ќе ускочи нешто, реда ради, не се вика дека има работа, и кој сака може да најде. Се вика СРЕЌА. И само сакам да апелирам до оние вработените, на добро место кои со ништо не се позаслужни и повредни од многу, кои исто се квалификувани и амбициозни и упорно бараат работа налик нивната, да не се удираат толку во гради, само затоа што нив ги послужила среќа. Да драги мои, сите сме тука некаде (исклучоци имало и ќе има), но ако не се врски, книшка, тука клучна улога одиграла и среќата. Верувајте. Затоа што тоа што вие го поседувате, она што го вложувате, сте го вложиле, го поседуваат, вложуваат и 100 други, ама вие сте имале среќа. И да, точно е дека за прво, второ место ќе работам што било, и за колку било, ама понатака веќе НЕ! Потполно се сложувам со Трендафилка, и ќе кажам конкретно во случајов за неа, да ја седне некој неа сега во некое маркетче, или да и даде метла во рака, кога девојкава по една реченица се гледа дека е способна до небото и назад? Не би рекла! Епа не можете, и не смеете да кажете има работа за тој што сака да работи. НЕМА!!! ФАКТ Е!!!
Факт е среќата да, ама гледај реално која е потреба од работници и на какви фирми. Не се така лесно подгазува дипломата и вложениот труд ама живееме во суров капитализам. Пр. на блиска пријателка, заврши и постдипломски педагошки факултет, работеше на некои замени и додека еден ден не и пукна филмот и свати дека за нејзина струка нема работа за неа, затоа што нема врски и пријатели. Заврши курс по материјално книговодство и сега работи тоа, и да зема 22 000ден плата. Работи во приватна фирма, задоволна е од плата зашто дома детето не ја прашува дали има или нема туку и вели ,,дај,,. Муабетот ми е дека ако неможеш да се пронајдеш во тоа што си го завршил, гледај др. опција. Моја роднина дипл. хемичар се залажуваше неколку год. како проф. по хемија, работеше по млекари, значи работеше по нејзина струка за 10 000 ден и пукна филм и замина во странство. Работи како деск администратор и за плата немам коментар. Свати дека факултетот и е само лична сатисфакција а парите се потреба и задоволство. Знам дека најубаво е да си работиш по струка, ама денес се работи на работно место кое е највеќе платено, за жал тоа е нашата реалност.
Лани, месец септември, се отвори една нова македонска фирма на пазарот и сите 4 вработувања одеа по оглас. Кога ја добив работата, луѓето не престанаа да прашуваат - ама од каде ти имаш врски со тие луѓе? Како тоа преку оглас регуларно, зарем постои такво нешто, пола значи ми се смееја, пола не ми веруваа. На почетокот договорот беше едно, за неколку дена испадна - ќе се симнеш на кратко во салон, нели? И така, од едно ветување, дојдовме до продажен агент во реномираниот салон - односно продавачка во продавницата каде е удрена четка со поскапите бои за варосување (тоа очигледно ги прави реномирани салоните, внатрешното уредување ). Во ред, јас не се бунев. Јас и колегата, исто со завршен факултет си ги делевме смените, ја оправавме фискалната, метевме, џогиравме, фрлавме ѓубре и го чистевме wc-то. Платата обично доцнеше месец до два. Пример, платата за месец октомври, ја зедов некаде на 15-ти декември. Во меѓувреме, се прашував - што се случува со тој закон, што ги заштитува работниците? Нели ако си пријавен со сите салтанати, платата не смее да доцни толку многу, инаку ќе го казнат работодавецот? Жити се - како функционира тоа? Може ли некој поупатен да ми објасни, сакам да сфатам. Работевме секоја сабота. Ми се случи со преселбата од еден во друг салон, да пакувам, да кревам железо, да им варам кафе на најмените работници Роми, и јас поминав низ сето тоа. Врв на ова искуство во приватен сектор - ми се јавија на Божиќ, убаво се сеќавам, беше петок. На денот после Бадник, јас отидов на работа, со 2 часа скратено раб. време. И некој се дрзнува да ми рече - не си видела мака, не знаеш како е, не се трудиш доволно, а останав за време на целата работна сезона, 7 месеци во фирмава. А обично вакви коментари доаѓаат од мрсулки, кои се пикнале во канцеларииче ден после дипломирањето, без ќорава минутка работно искуство и мудруваат. *Инаку веќе сериозно размислувам да запишам курс по книговодство, нешто врзано со фризерај или гастрономија. За да преживеам. Животот ме дотера буквално во ќоше.
Кога ќе прочитам дека имало работа за тој што сакал да работи абе коса ми се дига.Еве јас сакам да работам ајде дајте ми работа!НЕМА.Сите многу убаво знаеме како стојат работиве во нашево државче ако сакаш да работиш книшка ти треба,а што е со таквите како мене што НЕ сакаат никаква книшка?Дома ќе си седат.За приватни фирми (наши) маста ќе ти ја извадат за 12 000 ден а ќе им работиш се,имам роднини кои работат вака и знам како е.Дури и на одмор кога се,и ѕвони телефон ај ако сакаш однеси ми ја колата на регистрација МОЛАМ???За тоа сум студирала?Еве јас лично дипломирав педагогија,епа каде да бидам педагог?На 1 градинка со 5 клонови значи ќе му дојде 6 градинки ги води само ЕДЕН педагог,проф.по педагогија да бидам неможам да исполнам часови,воспитувач во градинка немам врски да ме пикнат,негувателка за 6000 да бидам хонорарно?Или да работам во игротека да служам гости за родендени?И што е најлошо ќе ти речат РАБОТНО ИСКУСТВО за што??Јас дипломирав а ти мене ми бараш искуство за да прашам што ќе се напиете?Или за да продавам чевли? Факт е дека нема работа,може има да за тие што имаат врски и партиски книшки,кај нас не се бара знаење и диплома. Еве нека не е според струка,јас не патам од тоа ама и тоа нема,и огласи и интрент и се и пак нема.Тоа е реалноста тука...