Ааааа па немој така, мислиш дека не им текнало еве како експресно донесоа ,,мерки за полесно вработување на лица од 41-49 год.,, :geek: Спојлер Нови мерки за полесно вработување на лицата на возраст од 40 до 49 години Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за отпочнувањето на мотивациски обуки за долгорочно невработените лица, коишто се евидентирани како невработени лица повеќе од 10 години и се на возраст од 40 до 49 години, а со цел да се мотивираат за вклучување на пазарот на трудот. Во моментов, околу 5.000 лица од невработените кои се на оваа возраст се изјасниле дека активно бараат работа и тие ќе бидат целната група на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. Од вкупниот број невработени кој што во моментот изнесува околу 258.000, се пререгистрирале 221.720 илјади, од кои 101.121 лице се изјаснило дека активно бара работа и дека сака да биде дел од пазарот на трудот. “Ги повикувам сите невработени кои се на возраст од 40 до 49 години и се изјасниле дека активно бараат работа, а кои ја одбиле поканата или се уште размислуваат за нејзино прифаќање да се одлучат и да се вклучат во можноста што им е понудена и заедно да придонесеме за зголемување на нивните вештини и знаења со што ќе се зголеми и можноста за полесен пристап до соодветното работно место”, рече министерот Ристовски. Во еден дел, мотивациските обуки ќе бидат стандардизирани и модифицирани на потребите на работодавачите бидејќи има најава за нивно вклучување, односно вработување. Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски истакна дека оваа категорија невработени е избрана со оглед на тоа што, како што истакна, е без работа повеќе од 10 години, но иако е во продуктивни години, не е во можност да дојде до работно место поради тоа што најголем број од работодавачите бараат работници под 40 години. “Со оваа обука ќе се постигне нивно самосознавање, самооценка што им е потребно. Потоа ќе се види кои работни места се соодветни за нив, доколку е потребно ќе се направи и дополнителна обука за да можат да се вработат во некоја од приватните компании”, рече Поповски. Обуките ќе траат до 23 ти мај годинава, а потоа од 14 јуни ќе започнат активни советувања. Во првата фаза ќе бидат опфатени невработените лица на возраст од 40 – 49 години, а потоа и останатите категории. За успешна реализација на овие мерки активно ќе бидат вклучени стопанските комори и здруженијата на работодавачите. Траги-комедија - ,,мотивациони мерки,,
А каде сме ние на возраст од 30-40 години????Знаат бе овие од министерство да сметаат или не?Или можеби за нас кројат посебни планови...
И јас помислив на истото,дека тоа е причината што сме изоставени од кампањата за вработување..епа неможе во исто време да бидеме вклучени и во кампањата за многудетно семејство. Ај да родам прво 2-3 дечиња па ,после ќе му ја мислам за ранење и гледање...
Може бил револтиран човекот и јас како миднајт фрлив 50 евра по патишта за тестирање , интервјуа , за една банка . Ми рекоа дека немам грешки на тестот и дека биле ептен задоволни ,ама ете после ми кажаа дека се вработила ќерка на некој што работел во дирекција . Мислам јас разбирам дека уште од претходно си избрале човек , ама тогаш не викајте луѓе да се малтретираат и да трошат по патишта , нехумано е дури .Пуштиле оглас , законската обврска им поминала , имаат човек за тоа , која е потребата да изложуваш на трошоци и малтретирања луѓе кои немаат шанса . Друго е кога стварно сакаат да направат селекција , ама најчесто имаат одбран кандидат . Најкорисен пост во темава Одамна имам направено профил , ама поради тоа што сум голем скептик и не сум слушнала искуство од некој дека стварно може да се заработи , го баталив . Сега ќе работам на средување на профилот , ке аплицирам може ќе ми се посреќи
Немаш гајле, добредојдена си за совети и мотивација за онлајн работа. :up: Сигурно е и се исплатува. Да се чека работа од државата или да ни се посреќи може да биде долг и измачувачки процес, затоа најдобро е работите да се земат во свои раце, како што направив. Еве сега си симнав 14 часа видео лекции за Photoshop CS6, морам да докторирам на оваа тема. Ако некоја феминка го сака торентот, нека се изјасни. Графички дизајн и анимации е доста деликатна тема, ама и прилично исплатлив бизнис, така што го ширам моето поле на интерес. Што се однесува до нашата држава, сјебано е да се најде работа. И да ја најдеш, не можеш да печалиш толку колку што можеш преку интернет, така што пласирајте ги вашите квалитети на некој од тие сајтови за работа и надевајте се да бидете изберени.
Кога ве читам вака какви искуства сте имале на интервјуата за работа, неможам а да не ве прашам: зошто упорно и упорно барате работа по државни институции и банки ? Па нели приметивте дека таму си примаат само нивни луѓе и што е најтрагично ги експлоатираат Имав пријателка која со врски ја примија во банка и девојчето после 4 месеци работа даде отказ поради тоа што нејзе работното време и завршувало во 16:00, а и носеле предмети за работа во 15:30 кажувајќи и дека мора да се сработени до наредниот ден (и секако она цела вечер беше посветена на тие предмети). Пробајте да конкурирате во нови фирми кои се отвараат, кои работат на принцип мултилевел (не зборувам тука за орифлејм, хербалајф, авон, тоа се веќе фирми каде што треба бааги да се потрудиш за да заработиш бидејќи се многу раширени), туку за фирми кои тек ќе доаѓаат. Јас после неколку неуспешни обиди по државни институции, случајно дознав за отварање на нова компанија во Македонија, отидов на презентација и влегов....знаете што се случи?....за една недела (да убаво читате, исплатата е на една недела) заработив 1500евра Ама тоа е така бидејќи луѓето не ја знаат компанијата, начинот на работа е идеален и што е најважно нова е во Македонија
Па не бидни себична кажи која е фирмата да можат и другите да аплицираат за работа. Можеби на некого како на тебе ќе му се насмевне среќата и заработува по 1 500еур неделно. А ти сигурно мислиш дека тој што бара работа само чека од дома да го викнат на работа ?!?!
се согласувам со тебе еве јас сум пример дека барам работа но не чекам од дома да ме викнат... последниов месец се оптеретив секаде прашував за работа одев на интервјуа и од секаде си одев разочарана бидејки ни еден работодавец не делуваше заинтересиран да понуди работа,уствари бараат работници за да не најдат и на крај некој нивен ке си влезе на тоа место... дочекав тоа да го видам дури и за најобична работа во бутик...
ја разлистав цела тема и ова е дефинитивно најдобриот пост и да така е учиш 4 години факс уште 1 магистер, трошиш куп пари и на крај ке работам за 100 или 200 евра, аха да важи Оние во комунално земаат 200 евра а се со основно или без основно
Ситиот на гладниот не му верува ! Тоа е поговорката што речиси сите се водат по неа за жал.Знам како е кога ти треба работа (пари ) и кога солидно заработуваш.За почеток ке ги тргнам на страна образованието и искуството и ке кажам мое мислење за мене и моите блиски ..Сите сакаме добро платена работа,без притисок со убави бенифиции .Но знам дека тоа е мн мал % на луѓе што ги ужива таквите привилегии од фирмите и газдите .Секаде е сурово до немај каде ,мах се исцрпува знаењето и трудот бидејки е Македонија и системов некако не не има заштитено целосно . Пред да започнам да се одредувам за она што сега го работам поминав мн различни работи ,солидно платени но краткорочни ,безвезе работни места колку да се каже дека работам и така се додека 1 другар што цел живот ке му бидам благодарен за советите и знаењето што ми го пренесе .Ме посочи во работа што е приближно на моето образование ,период на обуки и посветување на тоа можев да започнам со барање работа.Успеав во 1 фирма а по 3-4 год искуство преминав во конкурентската компанија .Репер на почетокот не беше платата .Искуството мн повеќе ми значеше бидејки го немав .Со една скромна плата од МКД колку за бензин ,некоја сметка и гардероба ништо повеќе ,па и за одмор беше тесно .. преживеав Но искуството си го направи своето ,сега е по релаксирано .Работам мн полесна а поодоговрна работа ,со поголема плата и мислам дека во оваа дејност никогаш нема да останам без работа (ако не оваа компанија има други .. ) Зборот ми е како да им се помогне на оние што бараат работа ! Совети и препораки и да бидат реални .Убаво кажа Трендафилка искуството го поминала на 21 веќе на 26-7 ти треба плата а не сожалување да бидеме реални.Сите оние што се преценуваат или пак можеби не ја осетиле суровоста на животот (без разлика дали мкд или на др место ) патат по нешто + од другите .Комплекси еден куп од таквите ....и не дај боже да ти се погоди некој таков претпоставен или колега ауу .Имав прилика да бидам колега со таков карактер на човек (за среќа или жал не работи повеќе си даде отказ ) .Јас немам студирано и не го гледам тоа како некоја пречка во моментов (порано поинаку беше ) но навистина ги подржувам луѓето со димпломи и искуство а се без работа .Дискриминација-та постои премногу ,од убавина ,место на живеење и сл но кога ке насетат добар работник и голем потенцијал што би го искористиле за нивната фирма се се заборава .Човек да се труди да постигне нешто сам ,да има свое јас и да стои зад него .Искомплексирани луѓе,плашливи и несигурни во себеси се оние што највеќе кукаат и пребираат .Барем во главниов ни град има избор + и нема да го оправдам она кога ке кажат дека треабле да одат со автобус на работа 1ч и сл .Повеќето се барам работа а незнам каква (реално ) зошто сме тупа нација .Кај не учат мн или не инвестираат вистински во знаењето па уште и кога ке се понуди нешто пристојно не им одговара бидејки им е далеку или се работи во смени ...1000000 изговори за нишај врата зимај плата !
Компанијава ќе почне да се рекламира и да нуди работа тек после нова година. Доколку некоја од вас навистина сака да работи нека ми пише во ЛП, ќе и дадам контакт, па пробајте си ја среќата.
https://www.facebook.com/pages/Zeolit-Lava-Vitae/398497893612471 Еве ви линк од компанијата за која што ви зборував, имате на странава и контакт и постојано нови информации па можете за се да се информирате Доколку пак ви треба некоја информација од човек што веќе има искуство во истата слободно пишете ми.
Тешко и тоа како, можеби некој ќе ме критикува за ова мое мислење меѓутоа не е секој за факултет, прво треба да има да строги критериуми за тоа кој се може да се запише на факултет, за подоцна да може и оној навистина квалитетен кадар да се вработи, а не како денес се повеќе сме сведоци како луѓе со врски и тотални идиоти, секја чест на исклучоците, се вработени и си држат убави места а квалитетниот кадар работи се и сешто само за да преживее. Јас барам работа, и некако тешко, сум завршила факултет и сеа треба да работам како продавачка ама нема ни тоа, е стварно незззз до кога вака. Човек колку и да е оптимистички насочен сепак после долго барање работа не може да си го задржи позитивниот став, кога одиш работиш кај некои „газди“ шо се тешки кретени, кои те омаловажуваат а воопшто и ниту во еден поглед не се ни на повидок подобри од тебе па ќе ти ветуваат ваква плата и онаква за накрај да ти кажат од дома не добиваш ни толку.. Епа ФАЛА од такви не дораснати, се плашам веќе од тоа каде ќе отидам да работам и како ќе бидам, третирана таму кај што ќе сум....
Ќе реплицирам малку на ова. Баш е така како што велиш. Од мое искувство ќе кажам нешто. Дипломирав некаде 90-та година, кога имаше многу малку дипломци. Немав вујко владика за да се вработам на место за кое што си имам изучено чколија. Работев од 19 години се и сешто, ама не бирав, садомијачка, чистачка, келнер, комерцијалист, сервис за автомоболи, туристички агенции (сезонски) и да не набројувам. Секогаш велев, има работа за оние кои што сакаат да работат и не бираат. Имав една познаничка беше на свои 33 години без ден работен стаж, имаше завршено стоматологија, со татко инвалид и скоро никакви приходи дома, ама таа велеше: Ќе работам по струка и ништо друго, а леб немаа да јадат. Дури оттогаш квалитетниот кадар, кој завршил со свој труд и е дете на работници не можеше да се вработи, а не пак сега со квази факултети па и докторати, магистри не спомнувам оти ги има со лопата да ги ринеш. Само и во приватниот бизнис те сакаат некаде до свои 33-34 години, потоа никој не те погледнува (дискриминација). Младино многу е тешко да се најде работа, ако немаш јак грб за да се потпреш на него, је*еш квалитет и образование, кое некој горчливо го платил.