1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене ми е да ти кажам,а тебе воопшто не ти е, треба некаде да ја исфрлиш таа енергија.
     
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Англиски е универзален јазик, сметам дека сите треба да ја знаат суштината зошто отвара многу можности за работа. Но, многу луѓе не размислуваат овака ради политички комплекси.

    За да тоа човек да се надогради професионално треба време и трпение. Секој може да научи нешто од интернет, но мора да имаш докази за тоа што си го научил. Секој може од јутуб да научи веб дизајн ама мора да имаш проекти на кој си работел, односно да им даде примери колку е способен за работа како веб дизајнер за компанијата да ги вработи.

    Истото важи и за сертификати од различни курсеви и обуки. Верувајте има бесплатни обуки и курсеви само треба да знаете каде да ги барате. Еве пример, Славијански Универзитет, за каков и да го мислите, има бесплатни настани онлајн и даваат сертификати. И за семинари даваат сертификат за присуство.
     
    На Оленка*, tina2018, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    За се треба време и труд. Добро е барем за себе, да знаат англиски јазик. Немој може не го научил доволно во училиште, ама сега ако е невработен, може да седне и да учи.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Машки
    Ја прочитав темава, немам намера да "солам памет" само да дадам свое мислење.
    Јас сум со високо образование, работев над 15 год во фирми за 300-350 еур, некаде дури имам и стаж неплатен. Од јазици зборував само руски, англиски ама оној туристички што го викам кој нема врска со американскиот. Останав без работа, фирмата отиде под стечај.Еден период имаше самосожалување, не знаев што со себе.Аплицирав за одење во Авганистан без регрутори, без врски,ме повикаа на интервју и отидов.Е таму англискиот го совладав како што треба.Научив и малку арапски.Во прво време работев во перална, после во администрација.Непоимливо за роднини ,пријатели човек со ВСС да работи таква работа. Додека бев таму ,он лајн ги земав сите можни сертификати иако се работеше по 12 часа.По враќањето повторно се мачев да најдам работа во МКД, меѓутоа тоа што беше понудено беше слабо платено, со многу нејасни работи, недокажано. Денес работам во Словачка, го учам јазикот, што он лајн што во зборување.Само за инфо, овде не зборува никој англиски или не сакаат, се е на словачки.Работам сосем нешто друго.
    Поентата ми е колку и да е тешко нешто, не се откажувајте, не го разбирајте како "губење време". Се доаѓа исплатливо на крај,нема преку ноќ ништо. И развиениот свет не функционира така на брзина.Да нам ни се брза, факт е дека заостануваме како општество ама како индивидуи можеме напред. И Американците имаат една добра мисла: Ако си се нафатил да правиш нешто, направи го тоа најдобро што можеш, потруди се да бидеш најдобар во тоа.
     
    На Tanjamm, Kasiopaja221, hermosa и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ако некој сака да ги отвори очите пошироко, ќе види многу такви примери :)
    Јас сум една од нив :)
    На интернет има буквално милиони бесплатни курсеви, почнувајќи од англиски па се понатаму.
    Кога може професорите од факултет да ги упатуваат децата да научат или да сфатат нешто подобро на јутуб, па што станува збор за другото. Се е до снаодливоста на човекот, треба да имаш улична школа за да знаеш како да го извадиш максимумот од секој даден ресурс. Ако некој е толку неспособен да научи англиски, патот до библиотека не е така далеку, има тон книги кои се преведени на македонски и може студиозно да се проучат и да се совлада секој материјал даден таму.
    Интернет не е фејсбук, инстаграм и јутуб за слушање музика, живееме во доба која била посакувана од 99% од човештвото со векови, кога биле потребни огромни ресурси за да се дојде до пристап на книга и образование, ама ако некој не сака, нема како да светот да го натера да учи :)
    Ако сте невработени има десетици бесплатни курсеви од агенцијата за вработување во соработка со семос, кои коштаат и повеќе од 1000 евра, ама тој што сака да научи ќе знае за нив со тоа што ќе се потруди да прочепка малку на нивната страна и да ги искористи тие ресурси.

    Поентата на муабетот ми е, ако некој сака, може :)
     
    На Kasiopaja221, ani23, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    Мислев конкретно дали може некој занает да се научи? Инаку, и јас учам нов јазик на интернет, а оние 3 кои претходно ги говорам ги вежбам со слушање музика или си вкучувам странско радио во живо за да слушам. Вработена сум инаку. Од знаење никогаш доста. Само диплома не значи ништо. Од мојата струка, над 50% откако ќе дипломираат и ќе почнат практично да работат, сфаќаат дека не биле за тоа, дека тоа не е она што го замислувале, туку мислеле дека ќе седат, ќе шефуваат, а некој друг ќе ја работи цела работа. Всушност е обратно.
     
  7. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Занает? Се што ќе посакаш :)
    Автомеханичар, шивачка, кројачка, везачка, готвачка, кујунџија, земјоделие, градинарство.. you name it, туторијали, блогови и курсеви колку што ти душа сака :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Женски
    Ако не е тајна што си по струка?
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    Тајна е, но работам во приватен сектор. Има работа за мојата струка, ама многу луѓе мислат се ќе им биде на готово. Интелектуална работа е.
     
  10. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Женски
    Znam deka taka poveke mislat,a za zanatska rabota bi ti predlozila ako sakas da smenis ,pravenje nokti,frizer t.e.stilista ,kozmeticar.Ova e barano kaj nas i plateno mnogu ako si dobar za razlika od kancelariska rabota.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Барано и платено ова?
    Евентуално приватно да отвориш, ама пак зависи колку би доаѓале кај тебе. Знам доста девојки кои се занимавале со правење нокти, па се вработија на други места.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Женски
    Да платетено и барано ако те бива ,како и во секоја друга работа.,ако си добар имаш шанси за напредок.
     
    Последна измена: 1 ноември 2021
    На Mantub и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    Не би ми било проблем да научам нешто ново. Сега поради корона, не се ни движам многу, така да, ем ладно, ем корона, во слободно време може да ѕирнам нешто. Точно е дека од нокти може да се заработи. Девојка во Скопје, си има купено опрема, и нема фирма, туку работи, оди по куќи кај клиенти дома, и реално заработува повеќе од некоја во администрација. Но, треба да те бива и да имаш среќа, како што кажа ти. Не секој ќе успее.
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.886
    Ова го има во изобилие која по дома работи, а која салон има отворено да не кажам секој втор има завршено курс по нокти и фризер.
     
    На Tanjamm, tina2018 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Ако стварно добро ги прави, тогаш и треба добар маркетинг. Она мора да има, па и сигурно има, Инстаграм профил каде споделува како работи. И преку нејзини муштерии што ја означуваат на сториња ќе си добие уште муштерии.
    Затоа не е се до среќа се, треба да знаеш тактички да играш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    Си работела во фирма, и си стекнала муштерии, така што денес на 2-3 жени да направи нокти, ќе работи 2-3 саати, по 600 денари наплаќа во Скопје, ете ти дневница од 1.200 или 1.300 денари. А сигурно има профил на социјалните мрежи, тоа денес барем не е тешко.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас скоро цел факултет го поминав на интернет учејќи на англиски. Има и туторијали за англиски германски.
    Учев дури и од индијците Микрокомпјутери кои не знаеја баш англиски имаа чуден нагласак ама се трудев да ги разберам.
     
    На злоба, Tanjamm и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.251
    Браво. Така треба.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    После толку интервјуа поминати конечно најдов работа во добра фирма. Отказниот рок од 30 дена ми заврши минатата недела, си ги спакував работите и си се префрлив во новата. Работата е иста како таа што ја работев претходно и на обука сум оваа недела.
     
    На Tanjamm и zuto им се допаѓа ова.