Во секој оглас ти бараат и работно искуство.Еве здравје, за година ипол би требало да дипломирам и какво искуство да им понудам кога мене ЕКТС системот не ми дозволува да отсуствувам од предавања и ниту можам да се вработам, ниту да да одам на пракса, со исклучок преку лето кога повторно е тешко да најдеш. Или треба да одам кај газдата, да му го дадам распоредот и да му кажам според него да ми организира?! И кога сме кај праксата, се утепав барајќи летово да најдам и НЕМА. Пратив милион мејлови, прашував по телефони, барав евентуално огласи и НЕМА. Извинете, има, ама само за тие што им се познати. Кога за праксата е толку тешко и тоа што не ја плаќаат, а те малтретираат, се плашам како ќе се чувствувам кога веќе ќе ја имам дипломата во рака.
Извини ама како сакаш свати ме, морам да те цитирам за блондираното и да ти кажам за платите Рок е до 10-ти тековен месец да се обработи плата а до 15-ти да се пушти исплата (МПИН бо банка). Ако доцниш 45 дена те блокира УЈП, значи 15 Декември пред да бидеш блокиран од УЈП е последен рок за исплата на плата Знаеш како велат старите кој чека ќе дочека. Животот е суров и на секој му се насмевнува среќата кога тогаш. Животот те учи да опстанеш во ова сурово општество и да се бориш. Во секој оглас ти бараат и работно искуство.Еве здравје, за година ипол би требало да дипломирам и какво искуство да им понудам кога мене ЕКТС системот не ми дозволува да отсуствувам од предавања и ниту можам да се вработам, ниту да да одам на пракса, со исклучок преку лето кога повторно е тешко да најдеш. Или треба да одам кај газдата, да му го дадам распоредот и да му кажам според него да ми организира?! И кога сме кај праксата, се утепав барајќи летово да најдам и НЕМА. Пратив милион мејлови, прашував по телефони, барав евентуално огласи и НЕМА. Извинете, има, ама само за тие што им се познати. Кога за праксата е толку тешко и тоа што не ја плаќаат, а те малтретираат, се плашам како ќе се чувствувам кога веќе ќе ја имам дипломата во рака. Мизерно ќе се чувствуваш и ќе се соочиш со реалноста за барање работа
Колку долго вие што сте среќно вработени не сте ги гледале огласите за работа, не сте оделе на интервјуа, не ви викале ќе ви се јавиме, а веќе гледате некоја како си пие кафе со газдата и он и пружа рака за среќно вработување? Тешко е, многу е тешко. И за келнерка веќе на некое поасално место треба да знаеш некој за да те вработат, а не за асална работа. Е такво време дојде. Јас кога ја работев работата што ја сакав, се откостив, работев по 12 саати, за ништо не се бунев, ама на крај ме оставија мене? Не, ја оставија жена му на Ојле Дојле која имаше поголеми врски. И труд, мака? Лесно е да се вика, абе има работа, има огласи, ама кога ќе почнеш да бараш реалноста е сосема друга. За жал. Еве го и мојот, ништо не прави без партија. Му рекоа дека МОРА да има книшка. Инаку нема шанси. Па си заминувале младите. Ќе си заминуваат, секој сака чаре да си најде, а не тука целиот труд, учење и мака да му пропаѓа во вода.
Ама еве јас на пример пак имам некое искоство за работа со деца,имав доволно пракса во градинки и во училишта.Но,кога ќе прочитам 2 години работно искуство,епа каде да го направам тоа искуство кога никој не ме прима?Каде?И што ако имаат искуство?Ги видов јас во градинките жени со по 20 год.искуство што и дошло преку глава од деца,и видов како се однесува со незаинтресираност,нормално има исклучоци.Значи јас ли требаше да и речам што сум дошла на пракса,децава се испотени треба да се пресоблечат,сега пред јадење раце да мијат и да одат во тоалет и таа ме гледа бледо,а да знаат они сами Дете од 3 години знаело само?И после искуството е пресудно да те примат на работа,глупости.Имам 22 години,знам млада сум ама незначи ако сум млада дека сум глупа и дека незнам да работам,а за да имам на 25 год 2-3 години искуство треба сега да почнам,ама како?
Kолку само се сложувам со моментот наречен СРЕЌА. Среќата е ужасно клучен фактор во барањето работа, посебно во денешни услови каде веќе со месеци унапред се знае кој ќе дојде на одредено работно место, каде фрчат партиски книшки на сите страни и на тебе баш да ти се случи да бидеш единка во стотици и да се вработиш на оглас или да ти се најде вистинската личност на патот за да те прими во неговата фирма без никакви други побарувања и условувања од негова страна е среќа и само среќа. Сум барала работа и знам, а знам и дека сум доволно способна и дека сум завршила и факултет со просек и магистерски бев спремна да упишам и на пракса сум одела и пак ништо. Кога спомнав пракса, само да ви кажам за пракса колку врски ми требаа (обично волонтирање без денар), а за вработување не ми се ни спомнува. Извадив и партиска книшка, ама и таа не ти служи за ништо ако немаш СТОЛБ кој ќе потпре и ќе се заложи за тебе кога ќе се бара кадар со твои квалификации. Во спротивно можеш со книшката оганот да си го запалиш и ич да не се мислиш. Колку молби паднаа, и кога гледаш дека му се молиш на некој кој што можеш со знаење да го продадеш на Бит пазар тогаш е уште поболно. Aма ќе молиш, ќе ведиш глава и ќе молчиш. Oти ЗА ЖАЛ тој решава дали во твојот животец ќе видиш пет денари за маката која си ја поминал дури си студирал или уште години, години ќе лаеш така на партал и ќе паѓаш секој втор ден у депресија. И до последниот ден ќе ти викаат НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ СИ ТИ! Секој откога ќе се вработи може да соли памет наоколу и да раскажува колку тој се надоградувал и вложувал во себе за ете така сега да е на позиција. И јас се надоградував, па што? На крајот не ме вработи мојот просек, туку сосема нешто трето.
Еве јас ги гледам постојано огласите и нема разлика од тоа што имаше порано и сега. Ситуацијата е иста како и порано, пред 3-4 години кога и јас барав работа. Сум поминала многу интервјуа, сум слушнала, видела и доживеала многу работи и напоменувам ТЕШКО Е, но не и невозможно. Јас не работам по струка, не дека немало работа, туку тоа беше моја одлука. За сегашнава позиција вложив многу труд и пари за да се дообразувам и не жалам за тоа. И не, не ми беше идеално, како почетник секаде е тешко, но сега не. Друга работа не барам, барем не во Македонијава зашто не верувам дека ќе најдам нешто слично, но опцијата за надвор ми е секогаш отворена. Работа има, но не за секого - тука ќе се сложам со повеќето од вас, но треба да сме флексибилни и да разгледуваме и опции за преквалификување или евентуално дополнување на знаењата. Не велам дека треба да се прифати се, па и јас да останам без работа не би прифатила да работам за минималец или да му слугувам некому. Жалосно е тоа што нестручен кадар држи убави места, а вистински квалификувани луѓе или седат дома или некој се изживува врз нив, но мора да се бара излез и решение за секој проблем. И најважно од се е СРЕЌАТА, без тоа џабе е и знаење и искуство ако не се погодиш во вистинско време на вистинското место.
Тука апсолутно се согласувам. Дури и да поседуваш и 20 години работно искуство, никогаш нема да знаеш се', секој ден е можност да научиш нешто ново, да се доусовршиш со знаење. Човекот учи додека е жив (барем така не научија, уште во прво одд.) Не знам колкумина се запознаени, среќа во несреќа е што да речеме лекторскиот испит е се' уште бесплатен за полагање. Несреќата не ни сакам да ја коментирам, тие што полагале, знаат. Додипломските студии (методика, психологија и педагогија) чинат 10.000 ден. Во кеш. А тоа е нели - доквалификација. Јас нив ги платив со парите собрани по повод моето дипломирање, што обично нормалниот свет си ги троши за свој ќејф. Сите сертификати за полагање англиски, се над 7600 ден. (без дополнителни подготвителни часови, без учебници). Молим лепо, табела. Spoiler Диплома за средно познавање на англиски јазик (FCE) 7,600 Диплома за напредно познавање на англиски јазик (CAE) 7,900 Диплома за солидно познавање на англиски јазик (CPE) 8,500 Диплома за деловен англиски јазик - средно ниво (BEC Vantage) 7,400 Диплома за деловен англиски јазик - напредно ниво (BEC Higher) 8,300 Меѓународна диплома по финансиски англиски јазик (ICFE) 8,600 Меѓународна диплома по англиски јазик за правници (ILEC) 11,600 Некој со судни маки штеди за да полага. Некому не му врнат пари од небо. И конечно - еве јас сакам да запишам постдипломски, веќе две години се токмам. Фер ли е сега, со овие мои години, повторни да ги изложувам моите родители на тортура (како малку да беше факултетот со сите тракатанци). Нели е идејата да одвојувам пари од платата која би ја имала, и да ги вложувам во сопствена надградба и самоусовршување? Или ќе треба да дигнат луѓето кредит, и да им се тресат коските до 70 години, да не заживеат на раат, за да јас и тие како мене конечно се снабдат со сите сертификатчиња и салтанати, па да бидеме достојни за едно работно место? Како да се доусовршат луѓето , без работа, без примања, без пари, како? Јас го немам тој луксуз да запишам сега втор факултет, зашто со првиот очигледно сум направила грешка, ниту имам временска машина да се вратам назад и да дадам документи на друго место.
Колку само е се точно тоа што го зборуваш... Да не зборувам и за испитот за судски преведувачи. Се плаќа 6000 ден. плус што треба уверението од диплома да се завери на нотар( значи плус пари), од прилика ќе ти се фатат скоро 7000 ден. А најтрагичниот момент е кога ќе видиш дека ти како дипломиран филолог (англиски, германски, италијански, француски) полагаш рамо до рамо со некој кој има сосема друг факултет а има добиено некој сертификат за познавање на јазикот! Е тоа многу боли! Тоа е веќе земање туѓа професија... башка да не зборам, веќе и самата кажа дека на некој не му врнат пари и не може ни 100 евра да собере за да полага еден смотан испит...
Мила тоа не е така страшно, тоа е конкуренција. Не треба да се плашиме од лојална, туку од нелојална конкуренција, тие ги прават сите проблеми околу невработеноста.
Јас би рекла нефер конкуренција. Се надевам некој ден ќе се смени тоа... дај Боже. Таква е денешницата...
Значи девојки ДА нема работа и јас сум без работа и очајно се трудам да најдам работа ми требаат пари....ама чекајте малку, можеби некои од форумџиките ке ми се налутат или ке се навредат, јас мислам дека нема зошто ама да преминам на главното. според мене не сватливо е луѓето да учат да завршуваат факултет и на крај да работат во колонијали, мислам не потценувам ниедна работа секоја му чест и почит на тие што работат на такви и слични работни места, додека во јавната администрација се седнати луѓе со средно, епа мислам кој и да е секој ќе биде изреволтиран затоа шо кој завршил факултет знае колкава мака е, колку нерви се губат, колку стресови се доживуваат а на сето одозгора и пари се трошат па уште и ако студираш во друг град мислам кој пробал знае и на крај да работиш во колонијал во бутик епа зошто учиме?????? не секаде е со врски, некаде е ужасно со врски дури и конкурсот се објавува ради реда а луѓето веќе се тргнати на работа....мислам дека сепак треба да имаат предност луќѓето кои завршиле факултет затоа шо колку и да е има 4 години повеќе школо, е сега има ретки исклучоци кои не ги бива ни за дома да седат ама на работицка си одат и до 15 на сметка тап тап 15-16000, а ние другиве дома ке седиме и ке киниме нерви. Али ај да мислиме позитивно дека ке си најдеме наскоро добра работа. Јас сум работела на место каде шо факултет дали имаш и ако го имаш каков е воопшто не е важен ама сепак ќе се свртиш позади тебе и ќе си речеш сам на себе ало за што учам јас???? Ако е за да работа што год дај да не трошам пари за факултет... Позззз
Веќе ми се вреска... па и уште некој да ми каже дека не сум побарала работа... Еххх веќе и нападна почнав да станувам да им пишувам меилови, да ѕвонам по телефони, а резултат никаков. И тоа барам работа којашто не е поврзана со струката (професор по мак. јазик и литература сум а за да влезеш во училиште на работа сите знаеме што треба - речиси и се откажав од тоа), било што во што можам да се снајдам. Се запишав и на постдипломски ама еве паузирам година и пол, немам никаква мотивација да учам кога гледам какви се работите... Ќе завршам и... па истото. А и не можам веќе да барам пари од дома како мало дете... буквално се чувствувам како неполезен член на семејството, па и општеството.
сакам само да се надоврзам на некои од коментарите. верувам дека постои среќе во вработувањето но тоа е 0,10 %. јас лично не кажав дека е лесно мојата намера беше да кажам дека не е убаво да зборуваш дека апсолутно се е со врски. точно е дека секој од свој агол ги гледа работите. мојата прва работа беше во една наша соседна земја работ таму за да заработам да си го платам факултетот работев како чистачка. по неколку месеци мизрување решив да работам и покрај факултетот, праќав и праќав биографии и ништо се додека еден ден не ги зедов цв во раце и тргнав пешки по баровите и рестораните да барам работа. на крајот на денот од незнаење завршив во еден клуб со курви каде што ми објаснуваа што треба да правам, нормално ги сослушав реков фала и излегов со плачење. како дождот што врнеше така беше и моето плачење но после неколку ресторани тој истиот ден најдов работа. само за 3 недели. после 3 месеци ме викнаа келнерка во бар. јас девојка на правен факултет што зборува 3 јазици доживеав се и сешто. ноќната работа ме уништи па сменив во продавница за замрзната храна. дали знаете како е да се работи во фриждер 8 часа? рацете ме болат до ден денес... паднав на факултет од обид да преживеам и да си го платам факултетот. но ни летото не седев веднаш најдов стаж и тоа во македонија каде што наредната година ме викнаа на работа . отидов прифатив а таму ужас. каснење на плата (патем мизерна) по 4 месеци. бев очајна и разочарана понижувања без крај но ниеднаш не реков државата е крива или се е партиски. после години страдање јас се наоѓам тука со голема плата и горда сум. не се срамам да кажам како што не се срамам да извршам некои обврски надвор од моите професионални обврски. директорот сакал да му најдам нешто за жена му? да му купам нешто? нема проблем 10 мин ќе ги проголтам бидејќи е директор и го почитувам. јас не сум газда за му речам ау тоа не е во моите обврски зошто утре кога ќе ви притреба нешто може и он слободно да ви каже тоа не е моја работа. сакав само на кратко да ви раскажам мојата животна приказна и да знаете дека сите со убава плата не се само шмизли кои што незнаат што е мака.
joelle, за ваквите приказни и искуства како твојата, имам само почитување и навистина ми е мило што си успеала, покрај целата мака и труд. Но, има неколку моменти кои лично мене ми се болна точка. Ти напомена дека - дипломиран или магистер, со искуство или без - почетната плата е 200 евра. Зошто? Зошто луѓе со солидно работно искуство и диплома да работат месеци, па дури и години за 200 евра, додека да видат унапредување или покачување на платата? Јас да сум работодавец и некој фактор кој дели пари, ќе ми биде срам на работникот да му исплатам 200 евра плата. Зашто семејство не се издржува со 200 евра. Зарем заборавиле како им било ним, па сега сакаат и други да ја искусат таа мака и понижување. Не ја гледам сатисфакцијата во тоа - ако се трудев јас, има и он да пати, а работникот си е сосем фер и коректен. А обично луѓето кои поставуваат вакви принципи и правила, не виделе ниту мало м од мака во животот. Управуваат фирми наследени од тато, дедо или прадедо, или намлатиле пари на сомнителен или нелегален начин. И таквите кажуваат како функционира светот и работата? И мене, Петко, Станко ќе не понижуваат и омаловажуваат, убедувајќи ме дека треба да сум крајно благодарна што ми дале шанса да работам за 9000-12.000 ден? Како вчера пресно да сме излегле од клупи, без ден работа? (моја познаничка, пријавена со полно раб. време на папир зема плата 16.000. Секој 1ви од месецот, си ја подигнува од сметка и 3.000 ден. во ќеш и ги враќа на директорката. Зашто не заслужува повеќе од 13.000, чувај Боже.). И сега, ќе зборуваме уште за фер? И уште нешто - НЕ, не сакам да купувам чевли за жената на шефот, билети за театар, подарок за неговата внука и да му ги плаќам сметките. Освен ако не се пријавам за нечиј личен астистент и сум соодветно платена, па да ги бркам овие работи.
И да знаете и да имате пополнето цв во делот работно искуство пак наоѓањето на следна работа е тешко. Многу тешко. Имаме многу кадар, образован кадар, владата труби ајде запишување на факултет и оп 80% на факултет се запишаа во една земјоделска земја, татковци продаваат ниви, зимаат кредити се само за да се запишат нивните деца на факултет. Срамота е да си земјоделец, срамота е да си сточар, срамота е да си фризер и козметичар дека тоа е нели за оние кои не учат а тие денес заработуваат 4 пати повеќе од мене во занает кој од 18 го работат и заработуваат, а јас со факултет и за некој месец магистер 2 ипол години работам за 5 илјади денари. А владата дека е многу ефикасна максимум 5 фирми кои отвараат над 100тина места на годишно ниво имаат. И се фалат 2 месеци за истата фабрика. А забораваат дека 100тина деца дипломираат за пола месец само. Во 2 фирми одлични кај што работев и работам се само за да ми речат браво Роске, тапкање по рамо, нема деца како вас. И муабети ама знаете секторот не треба да се проширува има вишок вработени бла бла. Утредента оп гледаш Здраво ова е колешката Трајанка, таа ни е нова. После Трајанка ја гледаш горе на кафе со сестра и Петранка која работи веќе во фирмата. За 2 недели оп ете го Трајче, брат му на Петре. А ти Роске живеј од фала и оди на 2 месеци до завод да се пријавиш. За едно место кај адвокат се пријавија 1000 заинтересирани. Шансите за вработување се минимални. Познаник за секретарка кажа слична бројка на пријавени имало, за една обична секретарка. Или читам оглас продавачка со работно искуство, 2 странски јазици и може и високо образование. Алооо каде со тој оглас Видов одамна едно место на познаник на татко ми и се јави да праша. И му вика човек до сега ти за овие 2-3 дена за огласов 100 пријатели и "пријатели" ми се јавија, а сакаш да ти кажам колку мејлови имам стигнато? Ти бараат искуство, а не ти го даваат. Ти бараат книшка, а после ги молиш го роб за работа. Те викаат преквалификувана и примаат некое будалче 2 со 2 не знае да сврзе за 500 евра почетна плата, а ти дремеш дома со куп дипломи и сертификати. А да не зборам што над 50% од огласите се ради реда ставени. Јас не губам надеж, знам дека еден ден ќе се вработам, морам да најдам и ќе дадам се од себе. Додека пола жени наутро со кафенце читаат хороскоп јас со најди работа го почнувам утрото. А дека е лесно да се најде работа никој не може да ми докаже, никој.
Уф, не сум сеуште дипломирана, ама ќе биде најверојатно до Мај и ме фаќа од сеа страв што ќе правам после и како ќе преживеам, со оглед на тоа што единствените приходи кои сега ги добивам, ќе ги изгубам.. А гледам што се случува околу мене... Дечко ми, оди на пракса за 4000 денари, работи по 12 саата, добива пофалби и од месец во месец ништо не се менува...Само му трупаат се повеќе и повеќе работа и нови обврски... Другар беше 12 месеци на пракса во голема фирма, ги помина сите можни тестови со највисоки резултати, беше убеден дека кога ќе помине праксата ќе го вработат... И? Доби, фала многу пријатно.. Најдоа друга овца за стрижење... Некој што ќе работи напорно за да се докаже, а нема никогаш да го вработат.. . Затоа што младите, не се заштитени со никаков закон, и затоа работодавците ќе си мењаат луѓе на пракса 1 годишно, и никогаш нема да дадат вистинска плата. Од друга страна па, другар, чиј татко е висок фунцкионер во партија, вика на еден другар, не се секирај, само заврши и одма ќе те ставиме во министерски кабинет... Пред сите нас... И при сето ова да верувам дека ме чека работа кога ќе завршам? И, што да им правам јас на сите сертификати за тимска работа, лидерство, организација... сите практични работи (до сега сум била во 4 фирми на пракса) и целото искуство кое вклучива и студии во странство?? Да си ги пуштам во шоља да одат слободно...
да да мали деца сме па ке се лажеме дека од партија добиваш само поддршка од претседателот на општинскиот комитет да, а другото, факај врски нагоре(како знаеш и умееш) тоа е твое и за козметичар, фризер треба искуство(козметички техничар учев средно, пракса имам, плус одев во салон 1 месец на пракса)во неколку салони имам аплицирано, и пак ништо
Ми се јавија од агенција чистачка дали сакам да бидам, има и такви што со високо образование и 5 годни искуство мислат дека амбициите се толкави да биде чистачка????