1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Познавам жена која знае многу добро да шие, има профил на ФБ и растур прави со нарачки. На почетокот и одеше потешко, нели додека се расчуе, ама сега како што знам е ОК.

    Јас лично порано имам преведувано технички упатства од Англиски на Македонски за 40 денари од А5 страна, и ефективно ако се фрлев на работа за 8-9 часа си правев 1000ка дневница што е многу солидно.

    Исто така знам и девојчиња кои изработуваат интересен накит и привезоци од полимер глина и можеби не заработуваат бог знае колку, ама сигурно им се исплаќа штом сеуште го прават тоа.

    Друг начин е сликање со спрејови (за ова треба мало вложување во опрема), изработка на предмети и украси од жица, графички дизајн, правење нокти, препродавање на работи на интернет... ама и за ова треба некоја претходна обука или темелно истражување.

    Денес буквално се може да се најде на интернет и човек ако има желба може да се обучи и да си најде работа, каква-таква. На тој што му гори под нозе и минимални примања ќе помогнат.

    ЕДИТ: И ќе си ги следите огласите што ви ги постирам, сигурно ќе се најде нешто и таму :lol:
     
    На srcekrsacka, sesilija и Saraa им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    За плетењето не пишував од памет.
    Додека студирав, плетев поситни работи и ги продавав. И сеуште имам многу убави работи непродадени. :!:
    Работите ги продавав со ценкање од другата страна и одвај имав минимална заработка.
    Честопати на сред плетење ќе ми ја откажеа нарачката.
    Со многумина од луѓето не се излегува на крај.
    Така го баталив плетењето.

    Истовремено, тие што правеа накит повеќе заработуваа, многу побрзо и полесно се прави и повеќе се бара. Некогаш само еден муштерија ќе ти купи 5 пара обетки.
    А, сепак и тезгите се преполни со секаков маштовит накит (има обетки по само 30ден.).

    Сепак кинеската и турската роба си го сторија своето. Неодамна купив шал за само 150ден. со преубава плетка кој мене би ме чинел многу поскапо да го правам рачно. :!:
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    http://ibrand.mk/2012/01/16/simni-se-na-zemja/

    Текстов е напишан од страна на ко-фондаторот на Млади инфо и предизвика бурни реакции во јавноста. Авторката, пишува како младите сами се виновни за тоа што се невработени, спомнувајќи дека се дури и неспособни и вообразени.

    Што мислитЕ?
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Не се согласувам целосно со текстот, не се работодавците за жалење. :D Мислам, не се сите чесни и поштени како што ги пишува, само океј е. И ја сфаќам поентата што сакала да ја нагласи.

    Ама многу се согласувам, со овој дел:

    И да, животот не е фер но, тоа не значи дека со труд и работа ништо не се исплати. Ситуацијата е само таква што луѓето генерално воопшто не се трудат и не работат. Најголем дел од нив не можат ниту да стигнат да работат бидејќи треба на сите да им кажуваат колку им е тешко, колку животот не е фер и колку судбината е против нив, па така поминал денот, а утре треба да се повтори сето ова. Затоа оние кои нешто стекнале, молчат и работат. Приоритети има секој од нас.-На некој му е важно да има, а на некој да се жали. Не заборавајте на најголемата народна мудрост: 100 стапа по туѓ грб не болат.

    Колку и да во оваа земја скоро ништо не функционира, сепак пазарот е отворен и секој слободно може да се обиде и да си ја испроба среќата. Ако не се обидете, нема да знаете ни дали ќе успеете. Најголем ризик е да не ризикуваш. Во секој случај ќе бидете побогати за едно искуство и вредна животна школа. Ионака можеби немате ништо попаметно во глава, а имате време и повеќе од потребното.

    Сите би сакале да имаат станови и автомобили, никој не би сакал да работи без профит неколку години, па потоа уште 10 години да се труди и да не спие. Сите би сакале да одат на кафе и да ручаат по скапи ресторани но, никој не сака да работи. Никој не сака да сноси одговорност но, сите би делеле совети и би ги учеле другите како треба да се работи затоа што тие самите само читале за луѓето кои работат.

    Е, па, чорба македонче. :D Факт е дека сме мрзлив народ и готовани, ама исто е факт и дека не сме баш рај за барање работа.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Баш тие нечесни и непоштени не спијат мирно. Тој што на време ги подмирил сите обврски спие само со 1 око и чека кога инспекција ќе му чукне на врата бидејќи се знае, колку пати чукне на врата толку илјадници евра казна. Ама тоа е др. приказна и таму се знае кај кој кмет треба да се баци рака.

    Се согласувам кога еден земјоделски техничар еве на пр. работи во банка, комерцијала и сл. Не дека вреѓам струки ама треба поубаво да се знае на кого каде му е местото, ама пуста слатка фотеља.

    Текстот си е ок
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Во врска со текстот, се сложувам јас со тоа дека има многу млад мрзлив народ во Македонија, и дека има магистри кои ако директно не одат на менаџерска позиција испод ниво им е да работат нешто друго, или чувал господ да се трпеливи и да се качуваат по скалата со години искуство. Знаење се стекнува со учење, а искуство се стекнува со работење.

    Исто така има многу работливи деца кои не можат аир да видат од „наместени„ на места од страна на чичо/стрина/вујко, кои никако не ги заслужиле, па како да останат рамнодушни? Овие всушност се спремни да волонтираат за искуство, да почнат од подолу па нагоре, па зошто нивниот помлад шеф со исти квалификации вреди повеќе од нив ама само оти татко му е директор? И уште ако толку беше неточно она со партиските книшки, или нека не се книшки ај ама лојалност, ќе се кренеше ли таква галама на минатите избори со собирање на потписи(30 ли беа по човек) или летање од работното место?

    Да, не му е лесно на работодавецот со сите негови давачки, кој нема бизнис или не размислил да има бизнис не знае кои се тие давачки и што има да знае, тоа си е работа на работодавецот да си го смета во неговиот бизнис план, колку луѓе може да вработи за која плата и со кои давачки. На работникот му е работа да работи, не да се нервира за давачките на фирмата и да му работи за убавите очи на шефот, само за овој да не се нервира. Прашај го оној работник кој не земал плата 3 месеци за на крај и да го напуштат, тој не очекувал сигурно да биде волонтер, плата му обеќале кога го викале на работа. Да им рече фала на знаењето/искуството ли треба, кога децата му трпат дома?

    Фала богу што не сум во Македонија, оти ниту имам врски, ниту имам диплома...нула сум бе, нула според текстот за вредност :D абе компир!
     
    На JuLleE, AIT и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Еми тешко е да се најде, кога ти треба книшка вмровска! Повеќе од што ти треба ИД карта, така му иде работава
    брат ми сака во армија да оди, и покрај сите врски од татко ми што ги имаме треба-книшка!
    Е да и се мо*ам на таа книшка, јас му велам земи си бугарски пасош, имаме роднини во странство ќе те бутнат, си имаат приватни бизниси, цветаат од пари, ама патриотот наш
    Нека работи 12 часа за 11.000
    И нека моли слободен ден да му даат мајка си да ја закопа
    Ете, такво е времето кај нас, тоа е
     
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    е работа со факултет како продавацка па после критики во рублика арогантни продавачки биле намчорки ами какви да се за 9.000 денари бес лободни денови !
    Еве јас работам 3 години нити еден ден одмор не ми имат дадено ако побарам слободен недај боже за нешто колегата цел да седит и мојата смена па после да му вракам таков ден па ексит ни на погреб не би одела само да не треба две смени да работам !!!! тие што велат имало работа или се со книшки партиски послушници или со родбински врски или во нивни фирми , а да обични смртници ко нас немат работа која може да се рече дека е работа ! ова е работа колку да не умриме за јадење!
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да да, се замени и брат ми со колегата кога и вадевме на мајка ми 1 недела!
    ете, замисли... сега тој ќе треба да седи 24часа да се оддолжи!
    за греота, грев ми паѓа дури така да го гледам
     
  10. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    ами замисли јас мајка со деца и со стари болни луге дома што занчит од 8 сабајле до 21 навечер или пак во лето до 22 да седит ами до лудило ме терат кога мислам на дома а таму со секакви мушптерии да се расправам и тоа за 9.000 плата !!! и после некои муштерии велат арогантни мене таква ми е продавницата за делови и машини ми идат некои чичковци и мислет јас требат да сум мајстор и за водовод и за машини и ми барет мисленје а ЈАС економист по туризам да им кашувам како се сечит со шплајферица :D ама кај да најдам друга работа !
     
    На srcekrsacka, imelda и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Сакав да прашам за мислење, искуство ...што мислите кои можат да најдат побрзо работа економистите или јазичарите?
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Со јазик нема да погрешиш. Можеш и надвор од земјава да успееш. А економисти има колку ти душа сака.
     
    На Kicky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Богами денес е стварно тешко да се најде работа,приметив по мајка ми пред да ја најде оваа работа,со врски плус и тоа за хигиеничарка :!:
    Јас ја напнав дека не бара по весници,дека не се труди да побара ама изгледа јас сум била таа што греши..Од мој клас има едно дете,ром е,и верувате или не ама он ќе дојде на местото на татко му а он е директор или што и да беше таму нешто поврзано со власта и добра позиција памтам,а верувале или не со ЗАОСТАНАТ раст и развој е :!: ,како прво неможе да збоува нормално и неможе да пишува нормално,ете како што сите ние пишуваме со молив на paint ете така пишува :^) и он директор хелооооооооу отиде државава јабана,а нај многу ми е криво за тие што се окозуваат од учење а неможат да најдат работа,има една девојка во комшии економско со 5,00 просек и факултет со сите 10-ки а работа неможе да најде,греота е ова што го прават.. :x
     
  14. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Е сега ке ме депримираш ;(
     
  15. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Значи целата тема ја прочитав и видов само депримирачки мислењеа, жалења и негативност. Знам дека ќе речете лесно ти е тебе да коментираш кога сигурно си вработена и сл. Да во право сте вработена сум, вече 12 години веднаш после средно. Не се образував понатаму затоа што моите родители можеа на факултет да пратат само едно дете. И како братми учеше гимназија, а јас имав стручно училиште, јас се вработив на 19 години, а братми заврши средно и замина на фах. Три години како што работев, исплаќав рата од кредит за да им помогнам на моите да започнат некеков бизнис што ќе им капе, запишав факултет вонредно. Со ратата од кредитот и ратите за партиципација на факултет, мојата плата ја немаше. Но го завршив факултетот, но сеуште сум на истото место со средно образование, но сепак сум успешна жена во својата институција и на многу висока позиција. Некој ќе каже јас со факулет нема да прифатам да работам на позиција за со средно школо, но јас немам его и токму тоа ме прави успешна. Платата??? Не е висока. Моите амбиции и соништа, многу високи. Затоа се запознав со деловна можност на една интернационална компанија, чив систем на работа мноооооооооооооогу ми се допадна. Почнав да работам како part-time job и почна да ми носи дополнителни 200 евра месечно.(ова е смешна сума во споредба на тоа моите колеги колку заработуваат), но тоа не е така затоа што некој друг одредил колку јас вредам на пазарот на трудодот, туку затоа што јас сум си ја одредила таа сума и за толку сум работела. Та работев повеќе и по посветено ќе имав повеќе. Затоа наместо само да се жалиме колку ни се мели платите, колку ни е лоша состојбата во државата и слично, треба да се распрашаме за подобри опции, дополнителни понуди и малку да бидеме похрабри и да ризикуваме и вложиме нешто свое (егото, времето и сл.) Не се секогаш парите тие што треба да ги вложуваме и да се плашиме дека ќе ги изгубиме.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Да, во право си, не се секогаш парите. Понекогаш треба само да рашириш нозе и веднаш си десна рака на директорот или менаџерот (не зборувам за тебе, не ме сваќај погрешно). А каде е честа и моралот?!?! 2 метра под земја.
    Едно средно училиште кое со Закон е обавезно кошта. Ако немаш пари да вложуваш во себе т.е школуваш, тогаш, што правиме? Факултетот кој го студираш, и земаш последни пари од дома, за да утре биде човек од тебе, СДК дека на овој начин не вложуваш во себе??!?!
    Јас разбирам дека едно е да вложуваш во себе а друго е како ќе се снајдеш понатаму во животот - работата и уновчиш диплома. Најголема инвестиција е во самиот себе, а за тоа ти требаат пари.

    Денес, не е тешко да се најде работа, туку тешко т.е никако не се цени трудот...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Нашиот проблем е што се преценуваме,бараме 1000евра плата,чека малку алоо,а што работиш ти за да зимаш толкава плата,сметководство е па извини се знае колку плата зимаат сметководителките,немојте погрешно да ме разберете,сакам да кажам све зависи од работното место,сега нормално има тешки работни места а малку платени,ама па на никој тоа не му се работи,работава е да најдам лесна работа а добро платена е тоа нема,барем не секој има таква среќа.
     
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Дефинитивно дека е тешко да се најде работа, уште потешко е да се најде добра работа.
    Под добра работа подразбирам да фирмата во која работиш, ги исполнува обврските кон тебе онака како што е договорено. Ако сме се согласиле на некои услови за работа, тогаш не е во ред по еден месец - два да мрчиме дека работата не ни чини. не е само фати се на орото, па после вака -онака.

    И ... не мислев да кажам, ама морам. Во една од темите кажав дека барам девојка која би работела со моето девојче, кај мене дома, значи нешто да повторат, научат, напишат домашна. Речиси повеќе од еден месец, една единствена порака ниту една форумџика не ми прати, да праша што, колку, каде. За воља на вистината две девојки покасно ми пишаа, но за жал не се од Скопје.
    Епа кај сте невработени девојки? Или можда сакате од школска клупа директно да се вработите во Пивара, Алкалоид, Телеком... Мислам ок е, Ви посакувам среќа, ама и ве советувам да додека ја барате работата од соништата, наместо да лелекате да прифаќате и помалку привлечни работи, затоа што секоја е работа е искуство.
     
    На srcekrsacka, Trendafilka и vitomir им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кажи само една која е преценета?
    Ти да имаш факултет би работел за 10-15 000ден? Факт за просечна плата во РМ.
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Ке работам и за помалку за почеток,па потоа ако ми се пружи шанса за друго поплатено работно место ке си заминам,според тебе што треба да правам? да седам дома и да кукам како нема пари,не фала,така јас размислувам.
     
    На sanjaeva и joelle им се допаѓа ова.