1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Точно, секоја работа е едно ново искуство плус, секогаш може да се научи повеќе, иако некои работи изгледаат непотребни за животот, да не речам банални или тривијални.
    Никогаш нема да знаеш се'.

    Моето прашање е - колку пати треба да се почне од нула?
    Да се прифаќаат работи за минимална плата?
    Јас почнав по 4ти пат од нула, а за месец дена ќе полнам 27 години.
    Никој не го стави моето претходно тригодишно искуство на пиедестал, напротив, за работата се борев со свежо излезени од факултет.
    Значи комотно можеше и некоја друга тазе дипломирана девојка да го земе местото... која е тука предноста на раб. искуство, на квалитетот?
    Колку пати треба да се стрпиш и да започнеш од нула, за да стигнеш до добра и сериозна работа?
    Ако вака продолжи, ќе стигнам до 40ка, со 10 пати започнато од нула, за 200 евра, а после ќе се осуди некој да ми рече - извини, стара си веќе за работа, си бараме помлади.

    Нема правда.
    Како и секогаш, и тука постои правилото - ситиот не го верува гладниот.
    :|
     
    На srcekrsacka, veronikaveronika, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Преценување не е желбата да се вредни твојот труд во прва рака, и образованието, во втора. Вторава рака е подадена на сите желни за степен повеќе, кој, да сме јасни денес не е тешко да се достигне.
    Преценување е желба за надминување на условите и стандардите, кои елаборирано во однос на работата, не ги достигнуваме.

    На оваа тема се чувствувам како афоризам чии зборови ги изместиле позициите.

    Имам 25 години, ни ден стаж од предвидениот, во очекување сум на место за волонтирање кое се надевам дека нема да потрае повеќе од година, а со ова темпо, ќе бидам тоа што сакам кога ќе пораснам!... и прераснам во средовечна жена чии соништа се потиснале од потребата за опстанок.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Тоа е друга приказна да откако завршиш школа почнеш да се калиш, собираш искуство и вреднуваш на пазарот па после можеш да се пазариш за плата.
    Еве ти пример за потценето раб. место - биотехнолог, прашај само колку плата земаат технолозите во млекарите, сокарите, пекарите...јадни 12-14000 ден
    И јас почнав со 100евра (имам пишувано во тема за моја прва заработка). Па можеби и кукаш по дома ако има кој да ти даде :?:

    Не ги мешај поимите и не се удирај во гради. Поентата ми беше дека не се цени трудот кај нас. Да, јас можам и работам неколку работи истовремено затоа што мислам дека не сум доволно платена на првото раб. место
     
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Имаше едно прашање. Дали побрзо ќе најдат работа јазичарите или економистите. Јас мислам дека и двете професии во моментов се барани, и мислам и информатичарите. Јазикот е секогаш плус, а и секоја фирма треба да има сметководител, ама добар. Треба да се вложувате во професијата и работата. Сум работела во фирми со многу луѓе и, за жал, сум видела и многу факултетски образовани луѓе кои беа зачудувачки неписмени. Јас сум филолог. Во моето работење околу 2о-ина години имав и слабо и добро платени работи. Ама, секогаш работата си ја вршев најдобро што можев. И затоа и ден-денес ме бараат, а ме плаќаат подобро од некогаш. Затоа, некогаш прифатете и помалку платена работа, сметајте дека ќе стекнете искуство. Јас кога бев млада, така правев. Сега сум без работа (редовна), но не се грижам зашто постојано имам хонорари, и најважно освен што ќе сработам квалитетно - секогаш почитувам рокови. Тоа многу важно денес. Затоа секогаш пак ќе ве повикаат. Јас само од хонорари си купив и добар автомобил пред неколку години, а да не зборувам за други работи. Сево ова ви го кажувам со цел да ве охрабрам. И јас сум без работа, но главата горе, и не се срамете, на сите кажувајте дека ви треба работа. Не се знае никогаш. Се надевам дека малку ви помогнав. Времињата се тешки за сите.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59

    Се е тоа фино размислување ама во пракса многу ретко се случува да успееш да направиш добар трансфер.Или ќе немаш време да ги следиш редовно огласите, или нема да ти дозволат да отсуствуваш за на интервју, а пак на интервју кога ќе слушнат дека сакаш трансфер за подобро место одма превртуваат очи као демек преку леб погача бараш (од искуство зборам) и на крај ќе те откачат или ти нив ќе ги одбиеш затоа што нема да се најдете околу трансферот и околу пробниот период и околу почетничката плата.Магичен круг од кој тешко се излегува... :(
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    онолку колку што е потребно за да стигниш каде што треба ... бидејќи друг начин нема. најлесно е откажувањето најтешко е да се стане по секој удар.
     
    На kravce, slavica999, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Да би прифатила и помалку платена работа се додека сум во браншата за која сум учела.дури и би волонтирала само за да бидав во тек со настаните.Но што кога немаш можност да собираш искуство или пракса за тоа што си учел??Ако прифатиш работа која нема допирни точки со стекнатото образование веќе ем се одалечуваш од браншата ем губиш време за стекнување искуство и пракса.А пари требаат за да се плаќаат сметки, храна....
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Мораш да најдеш време,не смееш да се помириш со тоа,што мислите дека јас сум задоволен од платата моја? Не сум затоа што никогаш парите не се доволни,што повеке пари тоа е поубаво,но треба сами да се бориме за тоа,се согласувам дека не е ценет трудот доволно,но тоа не значи сега дома да седиме,затоа што не сме доволно платени.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ах колку ова теоретски добро звучи, ама останува на теоретски.
    Онолку колку е потребно?-немој не ме радуј, во државава нема колку ти е потребно, туку сметаат дека не ти е потребно или не си битен ти. Можат да се заебаваат со тебе сто пати, и тогаш ќе се освестиш и ќе видиш дека косата ти побелела, си наполнил 80 години, повторувајќи еден ист процес на пронаоѓање себеси во оваа ебана држава.
    Овде лошо е за оние од општествените науки, бидејќи таквите се вработуваат најчесто преку врски а оној кој нема врски не може да се испроба ниту во нешто друго. Стручно образованите можат полесно да се вработат. Фризерки, шивачки, столари, доктори, електроинженери, компјутерџии и сл. имаат поголеми шанси да успеат сами доколку се потрудат, но оди па успеј сам ако си правник (ако не е татко ти адвокат), ако си социјален работник, дипломиран филозоф и сл.професии. Дури и за обични работници во фабрика требаат врски. Затоа е тешко да се најде работа. Се додека државата функционира врскаџиски, ќе биде тешко.
    Ама како да очекува човек дека работодавците ќе го почитуваат работникот и ќе му ги овозможат неговите права, кога самата држава прави криминал, на пример со тоа што дозволува волонтирање во државни и јавни институции, дури има волонтери што волонтираат по 10 па и повеќе години, не ги пријавува, максимално ги експлоатира, не им исплаќа плата, ниту придонеси во фзом, работен стаж не им тече. Па државата е најголем криминалец! Се богати на сметка на народот.Не прави сите будали. Носи закони кои самата не ги почитува. Овде ти е хаос невиден-снајди се како можеш и умееш, само немој да бидеш чесен и да ми изигруваш некоја морална и праведна личност, таквите не успеваат, гази за да не бидеш згазен.
     
    На Trendafilka, imelda, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    жал ми е што така размислуваш абеја навистина посебно со делот за врските али што е тука е јас не би те убедувала за спротивното бидејќи нема да ме сватиш. би ти кажала само дека државата ако не ја бидува и нејзиниот народ не го бидува бидејќи државата е народот.
    и не се согласувам дека сегде не се почитуваат правата на работниците, доколку си квалитетен и ги знаш своите права можеш да си ги побараш. а работодавците нема да се однесуваат ужасно ако вие не им го дозволите тоа. и на крај постојат и други држави слободно пробајте си ја среќата таму.

    би сакала да те прашам што е твоето решение? еве моето кажа дека не е во ред и дека тоа е само теоретски така. што ти правиш или би направила за го решииш овој проблем или да го одговориш прашањето на трендафилка ?
     
  11. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Има и луѓе што бараат работа ама молат бога да не ја најдат.
     
    На Moira, Annath, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Колку добро кажано! Баш така.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Со задоволство би побегнала од овде, никакви патриотски чувства не би ме задржале, ама не знам дали си запознаена со иселеничките процеси, тоа е тежок пат за кој ти требаат минимум 20 илјади евра за целата процедура, јас толку да имам, ќе отворам тука дуќан и ќе почнам свој бизнис.

    Не реков дека твоето решение не е во ред, само не е во релација со реалноста. Убаво е така да мислиш и да се надеваш и да се обвинуваш себеси дека нешто не е во ред со тебе. Го кажувам тоа зашто и јас сум во една тешка ситуација за која е виновна државата и таа е главната алка на мојот излез и решение. Државата е таа која не функционира. Блазе им на тие што успеале сами да го остварат својот сон и да заработат за своето семејство. Ама се сомневам дека има некој таков кој го постигнал тоа без помош од некој друг. И пак ќе кажам без да дискриминирам професии, да завршев за фризерка до сега ќе тепав пари, дневно ќе земав во просек 2 илјади, месечно 60 илјади. А со дипломата се чудам каде? Надвор со неа не ни можам а овде не си ценет најпрво од државата. Ама што е тука е, нема бегање.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ова со фризерите е навистина така. Од блиски извори знам дека многу добро се заработува. Јас немам никаков проблем со тоа, но работата е што од друга страна ние со диплома многу потрнлив пат поминуваме за да стигнеме до нивните плати. Тука веќе е друг проблемот, како во самата држава е поставен системот. Па ете, нормално од прво вработување не можеш да очекуваш плата од 500е(зборувам за Скопје). Но, за да стигнеш до поголема плата ќе ти треба време, многу време, и многу врски, барем кај нас се знае како сето тоа оди. За фризер, не ти треба многу, ти треба само доза на креативност, љубов кон работата и пријателски однос со клиентите. Потоа постепено се самото си доаѓа. Ако немаш нешто од ова, ни како фризер нема да успееш. Е сега, зошто фризерот заработува повеќе од еден доктор кој учел 10г на факс и уште толку се мачел да се пробие, тоа е друга работа. Уште кога некој ќе ми каже, па 500 е шишање, не е скапо бе?! Еј, леков е 500ден, скапо е у пм! Лекарски преглед 700ден, скапо е бе?! Како бе скапо молим те? Не е скапо да дадеш на фризер 500-1000 за услуга? А скапо е истите да ги дадеш за своето здравје? Уствари, кога ќе почне да се дискутира на оваа тема, многу работи тука се преплетуваат, и нема крај, а се вртиме во круг. Тоа па тоа. Мој близок пријател, економист се вработи неодамна во една фирма како менаџер нешто, а-у, триста филмови му направија, за на крај да добие плата од ДУРИ 4000денари. Ама почетничка била демек, потоа ќе била поголема. Е колку поголема де? Можам да замислам. Затоа и отказ им даде, дури и нешто му се закануваа. А фирма голема и позната. Плус сите бараат да имаш познавања од се. Оглас на пример, за комерцијалист во продажба на пример компјутери. Познавања: вештини при комуникација, одлично познавање од хардвер, добро, тимска работа, работа при стрес и приситок, what? , +возачка дозвола,
    +не е лошо и програмирање да знаеш, +не е лошо да знаеш и електроника. Аха.. океј. :geek: Плус да имаш познавања од економијата, да исполнуваш таргети и триста работи. Плата? па сигурно не 1000е.
     
    На Sunchild и eli25 им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ уф колку пати си пререков зашто не учев за фризерка, не дека и тоа е сјајно, ама имаш занает, друго е...
    грл1985 тоа ти се вика еден човек, три работи, една плата
    Убаво е се тоа, себично е да се чека дома да ти падне добра работа од небо, без труд. А сепак понижувачки и омаловажувачки да работиш многу за малку пари.
    Со што заслужиле бре продавачкине да земаат 8.000ден плата? Што стојат цел ден на нозе, работат со секаков народ, тепаат прва втора секој ден, без разлика дали се здрави или болни, влечкаат огромна килажа низ дуќан... Што можеш да направиш со 8000-10000ден во месецот? Ништо, да не платиш сметки па да живееш. И ако ете, се нафатиш да работиш било што за малку пари, до кога ќе биде тоа? Година, две, три? Колку тешко се начекува добра работа, создавање фамилија тешко би се ставило на листа на приоритети. Високи цени, скап живот, ниски плати. Ај не се осеќај како ништо да те видам.
    Државата не ни ја бива, веќе ни работодавците не се виновни толку, за сите е криза, само за владата не е.

    А сепак, не знам што повеќе ги разјадува нервите, да седиш дома, или да работиш за ич пари
     
    На Mimi123, imelda и girl1985 им се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    abeja еве за мотивација јас сама си стекнав се.( не дека имам којзнае што :) ) моите се ама баш никој и ништо во провинција живеат а јас се што имам односно таму кај што сум работела сум го стекнала сосем сама дури ни сопругот не ми помогнал. ова го зборам не за да провоцирам туку да мотивирам, многу млади луѓе го читаат ова и не е фер да тргнат во професионалниот живот очекувајќи врски или дека државата треба да ги викне од дома ( ова не се однесува на тебе зборам општо) тоа и ми е целта кога зборувам на темата. не е лесно се слагам тешко е многу, но јас искрено верувам дека после секој неуспех треба да се стане и да се продолжи, животот е борба. неможете да водите инат со него или со државата или било кој. на пример :сега јас сто пати ме одбија не барам веќе работа, во тој случај губат само оние кои што се решиле на таков чекор. криза е сегде еве и во мојата фирма се каснат плати но јасно ми е дека нема, сега плаќаме сметки со една плата но јас работам максимум да помогнам во напредувањето на фирмата бидејќи така сите добиваме.
     
    На Moira, kravce, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Сега мислам дека веќе не важи девизата од порано. Џабе не седи, џабе работи. Како па да не!
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу е тешко да се најде работа за која со мерак ќе станеш сабајле. Не е така само во Македонија туку и во многу други држави.
    Еве јас кај што живеам, со високо образование се вработуваш во банка и земаш плата 1200 евра (просечна месечна кирија е 600-800 евра во градот кај што живеам). Секоја година мораш да се надградуваш и да полагаш нови испити врзани за работното место за да напредуваш. Доколку сакаш да аплицираш за шеф на експозитура мора да потпишеш дека би работел во било која експозитура во радиус од 300 км итн. Значи напредокот не доаѓа лесно туку со многу работа и одрекувања.
    Во исто време водоводџијата кој работи приватно заработува 5000 евра затоа што со рацете е во г....а пет дена во неделата ама на викенд оди во Италија а банкаркава што е дотерана на биро цел ден не оди на викенд.
    Муабетов ми е дека занаетот се исплати ама често е физички потешка работата и треба да си добар па да те препорачаат и така.
    И за фризерките исто важи, епа неможе секој да наплаќа шишање 1000 денари. Тие се ретки и се бројат на прсти и инвестираат во себе а маалски фризерки има еден куп и едвај крај со крај сврзуваат.
    Заклучок: и занаетчија да си треба да те бива!
     
    На imelda, Darya и napominuvanje им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Офтопик ќе бидам, ама само да објаснам - ова е последниот бран вработувања со субвенција од државата - 3000е по вработен, кој мора да е пријавен и не смее да се отпушти 3 години (чинам беше, нека ме поправи некој ако има поточна информација). Израчунајте колку се 3000е поделени на 36 месеци....е ТОЛКУ им даваат тие „големи“ фирми на нововработените, колку што нив им дава државата.

    А во контекст на муабетот за фризерите - па секаде во светот занаетите се најскапи, затоа што се на изумирање. Сите сакаме факултети да завршиме, да имаме работа во канцеларија, да седиме - не да стоиме, и тоа е тоа. Ако кај нас стрижењето кошта 150-500ден, нека ви кажат феминките колку кошта во Грција, или Германија, или Англија. Да, разлика во стандарди, ама и таму, ако работиш како што треба, ти е една од попрофитните работни позиции, исто како и тука.

    И се согласувам дека генерално се почнува од некаде. Некој има среќа тоа да е неговата бранша, некој нема. Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште, тоа е. Некогаш мојата среќа ќе е нечија несреќа, ама Боже мој, среќата била на моја страна тој момент и тоа е тоа. Дали е поквалификувана од мене??? Можеби да, можеби не, ама нема никогаш да дознаеме, со оглед на тоа што јас влегов, и само мојата страна ја знаат, така да....нема љутиш.

    Јас почнав од долу, уште кога бев студентка. Работев и како келнерка во beach bar преку лето, за да заработам плус пари (а 80% од истата ја потрошив на пат за назад, во Солун :D ), и само 10 дена по моето враќање, јас најдов прекрасна работа за тоа време. После тоа заминав за странство, и кога се вратив работев од дома за странска фирма - топ услови, прекрасна плата, време на претек, ама ете, увидов дека во таа фирма нема да имам можност за напредок, па дадов отказ, и се префрлив за ДУПЛО помала плата, на далеку полоша позиција во сегашната фирма. За само 9 месеци отидов на повисока позиција, и сега еве, после 5 години, сум на уште повисока од претходната.

    Не го кажувам за да провоцирам, најискрено, туку да мотивирам (исто како џоел) дека во животот некогаш МОРА да се превземаат ризици за да се успее во намерата. Сепак, без разлика какви чекори превземате, секогаш, ама СЕКОГАШ, мора умот да ви е насочен кон крајната цел - само така ќе успеете.
    Човек кој има цел знае кон што оди, и за него препреките се само искушение кон посакуваната среќа, ништо повеќе. Нема откажувања, само пренасочувања кон други споредни патчиња :)
     
    На imelda, eli25, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве уште нешто да кажам на темава. Јас да си бидам искрена по завршувањето на факултетот брзо се вработив по струка ама условите за работа и платата беа мизерни. Од дома немав финансиска поддршка (не по нивна вина) и се вработив затоа што се беше подобро од тоа мајка ми да ми рече дека нема 100 денари да ми даде за да излезам ама има 70 па ако одам со слободната и испијам едно макијато ќе ја поминам сабота вечер :(
    Со мене во исто време примија уште две колешки (сите на пробно нели). Само јас останав на работа затоа што на другите две платата им беше прениска и кога се распрашаа колку ќе земаат си заминаа по една недела. Е сега од овие две, едната отиде на постдипломски во Германија (имаа нејзините пари и и платија кеш се) а другата после една година барање се вработи во една фирма каде земаше 5000 денари повеќе од мене. Ама мене ми се наредија коцките и ете ми испадна да заминам во странство после неколку години. И сега оваа колешка кога ќе ме види ми вика еее блазе тебе што среќа имаш :o .