1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Во глобала ние сите на форумов мислиме исто, ако не баш исто барем слично, но сите во иста насока, само од различни работи сме разочарани. И јас не мислам дека треба човек да откаже, туку бев револтирана од државата, од неа се поаѓа, таа ги создава правните рамки кои и самата треба да ги почитува. Секој сака убава работа и секој ќе почне за мала плата, но до каде оди тоа. Секој зборува од своето искуство, но оној кој имал среќа да успее треба и да има разбирање за оној кој имал помалку среќа. Затоа многу е битно родителите да му дадат правилна насока за избор на професија на своето дете и тоа да не биде тврдоглаво, како мене во случајов, кога тато ми викаше немој ќерко на правен нема леб таму, оди на стоматологија, јас како магаре, не бе правен и точка ;) . Сега со овој памет, друг избор би направила, не мора стоматологија, ама сигурно ќе одев информатика.
    И кога си заглавен во лавиринтот наречен држава-немаш време ниту простор а највеќе пари за нов избор, за нов факултет, како што би рекле во завод за вработување, за преквалификација.
     
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    За Napominuvanje
    Знам дека не е лесно. И дека се оддалечуваш. Знаеш ли која е мојата прва работа по дипломирањето? Кај комшија во салонот за перење коли имаше кафич каде што чекаа да им ги исперат колите. Правев кафе. За три месеци што работев, си бев на одмор, си купив гардероба. Во меѓувреме ја најдов првата работа и си заминав. Само додека си млад е полесно и да се бориш. Е денес веќе имам создадено име, па знам и да одбијам ако не ми одговара висината на хонорарот. Тешко е, но мора да се бориме. Постара сум од вас, сакав да ви кажам да не губите надеж. Мене никој не ми помогнал, само мојот памет. Е сега избирам работа, ама поминаа 20 години од првата.

    А тоа што вели Трендафилка за почнувањето од нула, навистина е во право. Некогаш кога преговарате за работа, ќе кажете дека веќе имате искуство, вие сте добри во тоа што го работите и ќе преговарате во старт. Тој што не го цени вашето искуство, нема да ве цени ни после колку добро и да работите.

    И уште ова. Верувајте не е лесно на 44 да сте дома. Па сега сум најплодна за работа, имам искуство, во најдобри години за работа. Можеби ќе речете стара сум зар треба во пензија да одам на 44? Напротив, сега треба да ужвам во плодовите. Арно ама, државата. Јас проблемот го гледам тука. Па 20 години откако дипломирав има 30 отсто невработени. Не мрднавме. Па уште ви солат памет за многудетно семејство и глупави реклами за добра идеја? Никој не ги бива, никој не успеа да ја реши невработеноста, затоа и постои темава тука. Не сакам да испадне дека тоа го советувам, но јас да сум млада би бегала од тука. Ќе ја сакам државата кога таа ќе ме сака мене. Економската ситуација тука е многу лоша, само оној кој не сака да го види тоа, не го гледа зашто му одговара. Темава има многу аспекти и е неисцрпна.
     
    На Annath, napominuvanje и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Да, во нашата држава е малку тешко да се најде работа , но работа има , но претежно нас не ни одговара тоа работно место од некои причини, како на пример:

    1. не е добра платата (па така е никој не сака да работи за 8000 денари, кога ке ги добиеш да ги трошиш или да ги гледаш)

    2. Некои луѓе имаат превисоки цели, а исполнуваат ниски критериуми. ( сите сакаме да бидеме директори, менаѓери, адвокати, или судии, ни за тоа треба да имаме и соодветно образование на пример, потоа некои работотдавци бараат и искуство, талент, самодоверба и слично, па кога ке ни речат дека неможе ние да бидеме `главните` се разочаруваме )

    3. Се срамат од работната позиција ( ако на некој навистина му требаат пари за да живее, ке работи и како шофер, слугинка, чистачка, но многу луѓе во нашата држава се грижат кој што ке рече, кој ке ги виде, и одат најчесто во САД или во некоја од Европските земји каде што го работат баш тоа, чистат тоалети, метат улици, но таму се далеку од очите на македонската јавност).

    4. Работните задачи се премногу тешки. ( сигурно сте слушнале дека во нашата држава има повеќе фабрики, кои бараат машка физичка работа, и за тие што немаат работа, ни образование, ни телент за некој занает тоа е иделана можност да дојдат до заработувачка, амааа тука е фактот дека тоа може да биде многу тешко, да се извалкаат во текот на работењето, или па не дај боже да остане некој 3та смена.

    И кога се ке се собере и плус уште нешто што сега не ми текнува, остануваат многу луѓе не вработени, а тоа е оти повеке сакаат да не ја најдат работата додека ја `бараат`
     
    На Antula му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Стварно тешко се наоѓа работа, сум била и практикант и волонтер и потрчко ,се со надеж дека ќе стекнам искуство кое некој ќе ми го цени еден ден...ама тој ден никако да дојде. И работилници,обуки, конференции и јазици +формалното образование и се е џабе. Само тоа е, не смееме да се откажуваме, бората продолжува понатака, ваљда ќе не огрее сонце и нас.
    Вицов си е на место :
    Од дома ми викаа:сине учи за да не работиш, и јас учев и учев и сега навистина не работам :D
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Не е дека луѓето бараат работа за да не ја најдат. Можеби така прават тие што се вообразени, мрзливи ,ама тоа е мал процент. За тешката работа во фабрики, во тоа пари нема. Девојче за себе не може да извади со плата од 6000, 7000 која доцни по 2 месеци, тоа се пари за алишта, храна, превоз, за повеќе нема. Јас лично немам врски, ама ете имав среќа по дипломирањето да најдам работа во фирма која беше бренд. Таму бев 3,5 год, и кога се затвори виодв дека кога има премногу кадар, не гледаат во ЦВ колку јазици знам, кај сум работела, бараат некој што ќе рмба за 10.000 од кои дел ќе се трошат за пат, дел за храна, дел за телефон за службени разговори. И што ќе ми остане нема ни 100 евра чисти, а плус парите каснат со месеци. Дремев дома 8 месеци, сега сум на ново работно место и еве после 4 месеци работа добив покачување, од следниот месец и пријавување. Во мојот случај имам квалитет, и така ми успева да дојдам до работа. Кога ќе ми дадат шанса за работа, работам перфектно. А кога се ќе се сумира јас земам колку една просечна плата , дури ни толку. Учам нон стоп. Сега се зафатив со турски јазик. Зборот ми е овде треба на човек коса да му побели од учење и од работа , баш да бидеш професионалец за да те бараат и да заработиш некоја пара, а да не е сумата 8000, 6000, затоа што тие пари многу брзо и лесно се трошат.
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас искрено сум лута значи секоја фабрика, маркет било што се отвара е во Скопје, свесна сум дека ни таму не е цвеќе ама барем таму во секоја фамилија има барем по 1 вработен. Скопје стана држава што да се прави е во Скопје, за другите градови никој не превзема мерки нека умираат луѓето.
    Се е партиски и со врски, сите вработувања. Денес ретко некој цени и те вработува заради тоа што го знаеш, а не заради членска книшка.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Точно , реткост е. Мора да си многу вреден за да те задржи некој сопственик на приватна фирма. Еве мене ми ја почаки платата по 4 месеци, ама тоа не е џабе, сум донесла клиенти, сум направила пари и ме наградила. И ќе ме задржи ако и понатаму продолжам така. Да се вработите добар рецепт е да бидете квалитетни, ама и тоа ретко успева. Пред да дипломирам татко ми еден пријател влијателен го прашувал дали може нешто да помогне и овој рекол - абе нека проба некаде и фирмите не ги испуштаат тие деца од кои имаат ќар. Денеска ретко кој ќе ти помогне и ќе гарантира за тебе за да влезеш некаде. Помагаат само на муебте, не и на дело. А човекот што ви го спомнав бизнисмен со врски,и секогаш му викал на татко ми - ако ти треба помош за вработување барај ме.
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    ^ Абе само на зборови имам и јас такви, еххее, финтата е што денес секој бара членска книшка за да те вработи, затоа и Македонија не успеала до сега а како што тргнало нема ни да успее
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Врти-сучи тоа е, се сфаќаме, ама не се разбираме работава.
    Да расчистиме нешто, во одреден момент ѕвездите се насмевнуваат, работите се подредуваат и на некој начин - сами или со нечија помош ќе стигнете до работа. Убава ил лоша, времето ќе покаже.
    Но, да не се лажеме, само затоа што сте/сме имале среќа да ја најдеме, не ја мешајте генералната состојба со вашата ситуација.
    Исклучокот не е правило, ниту статистика, во случајов кај нас.

    Што дека јас сега имам некаква работа, која ја пронајдов сама и со многу мака, време, волја и трпение?
    Треба ли сега да кажам - ДА, ЛЕСНО Е, ИМА РАБОТА, сите се мрзливи, затоа не можат да најдат ништо?
    Финтава - еве јас најдов - се наоѓа бе! Можете и вие, штом можам и јас? ! :^) |(

    Не се наоѓа бре.
    Не е лесно.
    Тешко е, ситуацијата е лоша и горчлива.
    И искрено, не знам како се осудуваат тие што имаат подобри работни места да солат памет како е лесно и едноставно, ти треба САМО упорност и волја (и јас сум помислила вака порано, додека животот буквално не ми удри шлаканици на моите идеалистички замисли и надежи).
    Треба многу повеќе. Зборуваме за Македонија, не за некој американски филм, каде што во првото кафуле на кое налетувате, ве примаат инстантно, поради вашата убава насмевка.
    Јас сум тотално разочарана и воедно УПЛАШЕНА од ситуацијата за работа во Македонија.

    И да ми се насмевне среќата, и да ме однесе квалитетот некаде подалеку од ова раб. место, додека не видам позитивни промени на генерално ниво, за поголема маса луѓе, нема никогаш да се осудам да речам - до вас е.
    Не е, до државата и ситуацијата е.
    И никој нема да ме убеди поинаку.
     
    На Mimi123, AloneM, artemis и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Реално
    [​IMG]
     
    На EleMental и The-Queen им се допаѓа ова.
  11. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Кога си млад т.е после завршување на образованието (било да е средо или после дипломирањето) во почетокот си спремен да прифатиш секаква работа надевајќи се дека кај да е за година-две ќе си дојдат работите на место.Во тој почеток колку и да е мала платата ќе си ја искористиш за некоја своја потребштина било да е парталче, било да е шминка или за летен одмор.Колку да не бараш од родителите.Ама подоцна кога годинките проаѓаат а ти сеуште луташ подработувајќи овде-онде станува алармантно.Уште поалармантно е кога ќе увидиш дека се нешто ти фали (за влакно) да ја добиеш работата за која си се школувал и таман тоа нешто си успеал да го надокнадиш нешто друго ќе ти побараат на интервју и се така во круг.
    Но има и друго сценарио и незнаеш кое е полошо.После 5-6 години работен стаж/искуство поради Х причини повторно се наоѓаш на пазарот да бараш работа.Врски немаш ама си мислиш па јас имам искуство, знам ова, знам она, сум работела тоа и тоа ама те одбиваат и ти приметуваш дека те одбиваат затоа што друг имал врски или бил помлад.А искуството?!Нели битно е!?Паа и не баш горе-доле се се учи нели.И сега повторно да прифатиш (као) привремена работа по сендвицари, маркети или бутици???До кога е тоа привремено?Ние не се подмладуваме, времето не тече назад па да имаме луфта за таквоекспериментирање.А башка што и за тие раб.места те одбиваат ем што си препрекфалификуван ем си постар.И???
    Нормално нема да се фрлам од мост или да се обесам, борбата продолжува ама разочарувањето во државата, во системот во целава ситуација расте.
     
    На Annath, Tanjamm и AIT им се допаѓа ова.
  12. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    2.122

    хахаха баш така, како некој ќе стекне работно искуство кога никој не го вработува?

    Како тргнала работава не да е тешко да најдеш работа туку невозможна мисија!!! Нема конкурси се оди прикриено, а и да има, има чисто ради реда да се запази законот. Однапред се знае кој ќе биде примен на работното место. Ситуацијата во државата е страшна.
    А дополнително фрустрира фактот што на работно место за кое си квалифициран ќе примат некој (со врски нели) што ни к нема од бараните квалификации...
    И не е вистина дека има работа и дека нема кој да работи, не нема работа тоа е факт. Процентот на невработеност е над 30% зарем тоа не е показател дека нема работа???
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676


    Се најдов повикана во постов, јасно е дека на некој начин ги коментираш моите реченици, ама да разјасниме нешто Трендафилке - јас ова вака никогаш не го поставив :) Првата реченица ти е ептен точна - „се сфаќаме, ама не се разбираме“ - двострано.

    Јас не реков дека е „лесно и едноставно“ и дека ти треба САМО упорност и воља. Јас реков дека и тоа треба, за да НЕ СЕ ОТКАЖЕТЕ при препреките кон остварување на својата цел. Нема потреба од негативизирање на моите изјави, јас кажав дека го пишувам моето искуство за да мотивирам, оти јас знам како сум се измачила да стигнам до оваа позиција.
    Кога сите шетавте и уживавте по кафичи, јас работев до 20 навечер (од 9 сабајле), без плаќање на екстра саатите, а многу пати и во сабота, кога имаше потреба. На таа супер позицијата, што ја добив после работата во beach bar-от (во која бај д веј, работев на 40 степени, од 9-21, секој ден, без исклучок, 30 дена!), бев на работа 6 дена во неделата, без разлика празник, делник, по цел ден! Кога сите славевте Нова Година и сабајле во 7-8 се прибиравте дома, за да одморите и да се наспиете, јас одев на работа. Кога сите одевте за Велигден во црква - јас работев.
    На позицијата на која сум сега, сум работела и за викенди, патувајќи низ цела Македонија.

    И сега демек ќе ме сфатиш подобро, откако објаснав само 10% од мојот работен век, или пак нешто не е во ред? Како си дозволуваш да го омаловажуваш мојот пост, алудирајќи
    Демек еве ние, кои си се ситуиравме добро и си заработуваме добра платичка, се најдовме паметни да кажуваме како другите се идиоти??
    Сакаш да се бориш за правата на работниците?
    Има синдикати, можеш да членуваш бесплатно.
    Има невладина организација, за социјална правда - http://lenka.mk/
    Има трудова инспекција, ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ.

    Си направила ли нешто од ова, онака, во пракса? Си помогнала ли на некој вработен, на Х начин? Или само форумов ни е поле за „борба“, после која затвораме прозорче и викаме Уф, многу себични луѓе околу мене!


    Во друга тема кажав, и пак ќе повторам - лично мене, ме нервираат и не почитувам луѓе кои мрчат дека нема работа, а НЕ ПРАВАТ НИШТО околу тоа. Тие луѓе секогаш ќе најдат дежурен кривец (како девојката, на која провинцијалките и` ги земале работните места), и нив општината, градот, државата, светот им се криви!

    Ве молам, без индиректно навредување, нема потреба. Секој си бара свое место под сонцето, на овој или оној начин. Ова е борба за преживување, како впрочем и секаде.
    Или можеби сакате да се најдите во некоја фабрика во Кина и Индија?
     
    На joelle и vitomir им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Работа има,ама каква за амали,е ние таква работа не прифаќаме,а башка е и слабо платена и кој сега ке работи? ова за момците,а има девојки што имаат завршено факултет па понижување имм е да работат во бутици како продавачки,а плус и малку платена,затоа не треба да се бира многу,за почеток се ке работиш,па здравје ако излезе подобра платена работа,напушти никој не те држи,мене оваа варијанта ми е подобра отколку да седам дома и да кукам како државата ни е крива за се.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Моира јас искрено твојот пост претходно не сум го прочитала, така што навистина не алудирав на тебе, ако сум алудирала кон некого, првенствено ми паднаа забелешките на Жоел, бидејќи знам со кое трпение и упорност стигнала до нејзината работа (факт на кој ѝ се восхитувам искрено), ама ситуацијата се менува кога си имаш работа, парички, па искрено забораваш како било... мислам, во теорија, знаеш низ каков пекол си поминал/а, ама бидејќи си на сигурно во моментот, добиваш како да кажам, некоја луда самодоверба и кураж дека - се доаѓа до целта, само не треба да се креваат раце. Убедуваш луѓе дека е така, дека се' може - ако се сака, и ако се трудиш доволно.
    Епа не е така.
    Не е само тоа, тоа сакам да го потенцирам цело време.

    Излишно е сега да земам и јас да набројувам за мојата мизерија, моето прекувремено, моето работење за Божиќ, кревање товар од 50 кг, трчкарање, послушност, голтање кнедли, верувај ми такви приказни и горчливи искуства ги има секој втор.

    Дали сум направила нешто во врска со тоа?
    Да, постојано се расправам на интервјуа (тоа е и добар дел од причината поради која не можев долго да најдам работа, работодавците не сакаат да слушнат вистина, сакаат ласкање, комплименти и улизување, јас таа умешност ја немам).
    Сум пријавила неправилности неколкупати, сум се заканила и со инспекција, секогаш сум била против останување прекувремено, никогаш не сум се пријавила сама да останувам кога немало реална потреба за тоа, ниту сум изведувала дека не ми пречи, нема проблем шефе, се' за вас, еве - ако треба и ќе преспиеме тука, вие да бидете среќни, |( , и ред др. ситуации...
    Луѓето кај нас се навикнати да молчат, сум кревала глас и кога сме работеле 2 недели пробно, да ни биде исплатен барем патот ако ништо друго, а другите зјаеле како чукнати и молчат од срам... зошто да молчам?
    Тоа се моите права и си го барам секогаш заслуженото, ништо повеќе, ништо помалку.

    Синдикат... немој не ме засмевај. Сериозно.

    Викаш дека си ме сфатила, ама ја утнуваш повторно мојата поента.

    Јас само реков дека - и да најдам работа (веќе и ја имам некаква) додека не ги видам моите блиски, па и непознати среќни, насмеани, ситуирани, задоволни, нема да речам никогаш - се наоѓа бре работа, вие не сте упорни, не сте виделе мака , само затоа што јас сум успеала да си го покријам газот.

    А кога човек ќе најде работа добра, и ќе се опушти со парички и удобности, заборава изгледа колку е тешко, на сите пропратни срања кои следат во процесот... па тука следат демагогии, ама биди упорна, ама јас вака, јас онака успеав, со труд, со мака, со работа...
    можеби и таа девојка веќе го поминала тоа лошо искуство 5 пати.
    Не сака да слуша такви совети, излишни се, верувај ми.

    Зошто се обидувате да се извадите на некој елегантен начин?
    Факт е дека е многу лесно да зборуваш, кога не си во кожата на другиот.
    Што дека јас утре пример имам плата од 500 евра и сум задоволна, а мојот братучед работи во фабрика за 5000 ден, како и најголем дел од остатокот на населението?
    Среќна треба да бидам, да се радувам?
    Ама јас си имам, што ми е гајле за другите, јас се снајдов, они сигурно не се мачеле како мене... јас заслужив, другите не... ма немој.

    Треба да си вистински саможивник ако тоа те прави среќен, и да тврдиш дека со упорност, волја, залагање - бидува.

    Еве јас ти кажувам дека - не бидува.
    Ништо од тоа повеќе не е доволно. Барем - не тука и не сега.
    Еден на десет ќе ја имаат таа среќа да им се исплати трудот и маката, и утре ќе ти одржуваат лекции за упорност.
    Па ти вади се од кожа.
     
    На Mimi123, napominuvanje, ines.h и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    темава никогаш нема да има крај и нормално е тоа...

    тренди јас сакам да кажам само дека да убаво е кога си на сигурно но верувај ми дека не се заборава како си стигнал до тука бидејќи секој ден се наоѓа некој што ќе те потсети.

    туку муабетот ми беше дека денес неможеш да ја имаш таа привилегиај да заборавиш како си стигнал до таа позиција бидејќи времињата се тешки, како што спомнав криза е плати нема, мислиш дека јас последните месеци не размислувам дека можеби на газдата ќе му се смачи да се бори овде ќе затвори фирмата и ќе си ги спакува куферите. и оп пак од нула се почнува. и сакам само да повторам дека во ниеден мој пост не сум спомнала дека да лесно е, напротив тешко е и тоа многу и за сите. но според мене нема предавања нов ден нова борба...
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Трендафлика ти сега аудираш на работодавците како те терале да останеш прекувремено да работиш,и тоа да ти се плати,тоа е нормално да си бараш,пошто ти како сто викаш треба да се цени трудот,но што правиме што 90посто од газдите се такви,те малтретираат,не ти плакаатт за прекувремено останување на работа,не те ценат како човек,тоа сите го знаеме,но како ти вика газдава барем кај мене ми вика дечко или работи како што јас ке ти кажам или напушти,и тука ти што можеш да направиш,или ке си ја подвиткаш опашката ке работиш или си напушташ тоа е тоа,ке трпиш како што повекето трпат,ако не седи си дома.
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Нема да коментирам никој посебно секој си има свое мислење, некој одма се вработил, некој као црнец бил, некој уште бара работа, точно е дека многумина не ни сакаат да ја најдат. Затоа си има различни типови на луѓе и затоа неможе да се донесе генерален заклучок, дал е до луѓето дал е до работата.
    Од моја гледна точка, гледајки какви луѓе ме опкружуваат и те како ситуацијата наша во државава ни е ужасна.
    Значи јас на прсти можам да избројам луѓе вработени без врски и книшка, ма на една рака.
    И сега како можам да кажам според мојата околина дека е до луѓето?
    Има и една друга работа тука се кажува ако се сака се може, па додека јас сум славела нова година некој работел бла бла, техничари имале работи и такви тракатанци.
    Мене ме нервираат муабетите дека има работа види огласи. Зар се треба да работам?
    Јас сум се запишала на факултет, сум се усмерувала во одреден правец, за потоа со 25 години да сакам да најдам работа по струка.
    Јеботе сакам работа по струка, ДА. И точка.
    Значи несакам да работам по кафичи, несакам да се печам на 40степени, несакам да продавам во Еко облека, несакам по дискотеки за газ да ме фаќаат додека им носам џек дениелс. Несакам.
    Порано ако ми требале пари да не е проблем, ќе работам што било, сега јок.
    Искомплексирана каква сакате речете ме несакам бе.
    Не за џабе сум сум се образувала и сум го усмерувала моето образование само во еден правец, тоа сакам и тоа.
    Да сакав единствено да заработувам ќе одев уште од 4та година ќе бев продавачка, немаше да ми пречи тоа, воопшто не ги ни потценувам продавачките ни келнерките, но јас несакам тоа да сум.
    Неможе мене некој што работи како менаџер, што работи 10 години, што како така ја добил работата да ми кажува мене со факултет имаш работа биди продавачка.


    И сега муабетот ќе поткрепам со еден пример само.
    Девојче со магистерска по економски науки беше речиси невработена, освен некои пракси.
    И скурчи бидејки 2 годишната потрага по работа и за кое време само на неколку интервјуа беше и пополни апликации за во Америка. Дали знаете дека на сите места доби одговор за пратеното ЦВ? Нешто што во Македонија е бог да чува, освен ако нема автоматски реплај.
    И сега е во Америка, дури од 10тина апликации пола и беа потврден одговор. Имаше и избор кај да работи.
    А тука никој не те рецка. Е тоа е проблемот. Шансите тука ти се минимални, бидејки ретко кој ти ги дава.
    Среќа да те удри голема или пријател да те потчукне за рамо.
    Може некогаш да се окозиш од праќање мејлови и џабе бре џабе.
    Јас верувам дека трудот се исплати, ете пуста верба мислам дека и моето ќе се исплати ќе видиме.
    Ама еден ден нема да кажам еј знаеш јас работев 4 години за трошоци за храна и превоз и студирав во меѓувреме и лесно беше имам искуство па се вработив. А во меѓувреме додека јас си кинам живци познаници зимаат 500 евра плата и дремат дома, административци се.
    Епа ќе си пукнеш од мака нормално.

    Кај нас во државава богами од крајност во крајност ни се работите.
    Затоа и од крајност од крајност ќе ни се и коментариве на темава.
     
    На mimiiiii, artemis, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Испуштив еден важен момент од муабетот прееска.
    НЕ мислам дека со злобна намера или омаловажување ги кажуваат / кажуваме тие изјави околу "леснотијата" за наоѓање работа.
    Едноставно е, кога си задоволен, среќен, опуштен и во комфорт зоун, полесно е да даваш такви изјави, зашто имаш кредибилитет.
    Упорно си барам еден мој стар пост, каде што јас УБЕДУВАМ ДЕКА Е - ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ РАБОТА, само треба многу труд, волја, трпение, упорност (тоа сум го кажувала затоа што јас во моментот сум имала работа, и така сум размислувала).
    Ако некој го пронајде, слободно нека го окачи, за да се потпишам дека НЕ СУМ БИЛА ВО ПРАВО. Дека сум била грешка.
    И сега имам работа - и не велам дека е лесно да се најде работа. Многу нешта сум увидела во меѓувреме, и гледам со појасни очи и побистар ум.
    И не се осудувам да речам дека - треба САМО волја, трудољубивост и неоткажување.
    И додека не ги видам и моите трудољубиви и вредни другарки сите до една вработени, и кога нема да има штрајкови, плати од 100 евра месечно, неправда и мобинг, се до тој момент нема да се осудам да речам дека - е лесно, се постигнува, и да го набројувам мојот напатен труд.
    Ќе си го чувам за себе, приказни како мојата има верувам илјадници и полоши.

    Ситуацијава е иста - како кога другарчето кое јаде се, а не може да се здебели, ги убедува другите дека можеш слободно да јадеш што сакаш бре, нема ништо да ти биде, види ме мене;
    како кога оној кој не паднал ниту еден испит - убедува дека тоа е возможно и реално, само ти треба да се потрудиш, да дадеш се од себе;
    како кога некоја што имала среќа да си најде љубов, ги убедува сингл пријателките дека е лесно и возможно, само трпение драга итн, итн, безброј други слични случаи.

    Првиве се исклучок, а не статистика, не генералната ситуација.

    Да Витомир, јас сум од тие што решиле повеќе да не трпат такви ситуации од работодавците.
    Ако платата е ниска, тогаш барем условите нека се фер и коректни.
    Не може и мизерна плата и прекувремено и секакви услугички на шефот, и молчење и нервози... ако не - животот да му го дадам.
    Да, ќе си седам дома, отколку да си ја трескам главата во ѕид.
     
    На napominuvanje му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91

    Ајде и јас да се надоврзам на постов кој за жал го осликува менталитетот на нашиов народ. Јас не сум верувала дека голем дел од неработените молат бога да работат ама и се молат да не најдат работа. Пример, мм е сопственик на ресторан и верувале или не не може да најде соодветен персонал. Баравме и да вработиме луѓе од завод ама кој како дојде бара да не биде пријавен за да не го изгубат социјалното примање. Бараат да работат на црно. Од две места да имаат прилив а тоа што ќе те турат у беља со инспекции ич не им е гајле. А келнерите се посебна приказна, ако не може да најде начин да те краде одма мења работно место. Нормално,ова не е генерално ова се случаи што јас сум имала прилика да ги видам.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.