1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Можеби, а можеби и не. Можеби е тек на почетокот на својата работна кариера, и и` треба мотив и поддршка. Можеби тоа не си ти, или џоел, или Х друг, ама можеби е Смоифрји, или Горпснн, кои се на крај на своите студии, и прават планови за својот живот. Овој форум го читаат илјадници млади луѓе, не сме само ние кои моментално коментираме.

    Искрено, јас не заборавив НИ ДЕН од тоа што сум поминала во минатото, и ова што го наведов беше чисто како информација како јас стигнав до ова што сум сега, да не се мисли дека јас продавам пуфки и чамче муабети, онака од досада. Немав татко владика, ниту мајка попадика, работев и се докажував, и ДА, имав среќа, кажав и претходно.

    И не знам како тоа „елегантно се вадиме“,
    кога И НИЕ СМЕ БИЛЕ ВО ТАА КОЖА?? Јас не се правам богаташица, ниту плава крв, моето потекло е градско, ама невлијателно во политиката, и се` што сум поминала - сум поминала сама, со мака, со многу работа, со 300 глупости.
    Како тоа јас не разбирам како им е на другите? Па ова што јас го поминувам во моментов е ВРВ на глупоста на овие работодавци, ама јас НИКОГАШ не си дадов за право да кажам дека сите се такви! Се згнав да покренувам глупости, да зборувам јавно, да подучувам тајно, да си создавам непријатели, само за да изодам пат кој сите го избегнуваа до сега, и јас „не сум била во таа кожа“?
    Не мила, никој не е во ничија кожа, секој си ја знае својата мака, и секој подучува од сопствено искуство.

    И, да ми каже некој тука што зема 500 евра плата - Кога ја земате, и ја трошите, чувствувате ли грижа на совест што братучед ви работи во фабрика за 5000 денари? Кога купувате нови чевли, нов фустан, кога лежите на плажа, кога јадите во ресторан - размислувате ли што облекува, и како се храни Вашиот роднина? Има ли некој тука, што се откажал од својата плата, макар само 1 месец, и му ја дал на својот братучед, оти знае дека неговата нема да му стигне ни за сметки?

    Утописки размислувања поминуваат само на пишано, во реалноста луѓето се мачат секој на свој начин (кој повеќе, кој помалце, кој ич), се борат, преживуваат, парите ги трошат за својата фамилија и не знам зошто го претставуваш тоа како нешто себично.
     
    На slavica999, eli25 и vitomir им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Не е утописко размислување воопшто, мене ме боли.
    Во еден момент си викам - многу ми е гајле, јас да се снајдам, јас се трудам, јас кинам живци, а за другите ме здоболе, секој нека си гледа за себе.
    Во наредните 10 се прекорувам, и ми е жал, се чувствувам виновна.
    Мене ми паѓа криво за непознати луѓето или познаници што мизеруваат, а камоли за блиски.
    Срцето ми се кине и ми се уништува. И да - сум давала пари, сум праќала кога немале, сум помагала, зашто ми помагале кога и јас сум немала...
    Можеби размислувањето ми е погрешно и идеалистичко, можеби ќе се смени, не велам не.
    Ама не пронаоѓам особена сатисфакција ако јас имам доволно пари да излезам, а сите мои другарки мизеруваат и се стегаат за едно кафе. Или обратно.
    Ако тоа не е лоша и грда ситуација и најдобар показател на неправда, I rest my case.
    И притоа уште да кажувам дека - треба само да се стрпат, нека се угледаат на моите искуства, само трпение, само волја, само надеж, само работа... фали уште по рамо да ги потчукнам, за да се долови таа грда ситуација.
    Тоа го кажувам цело време, па кој како сфаќа.
     
    На Majra, JuLleE и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Зашто да прифатам таква работа? За да работам со девојче што во средно завршуваше со двојки и тројки одвај :!: и што нејќе да се запише на факс зошто не и се учело?? А јас сум трчала по факултет и по професори уште 3 години, да не зборам и за парите што ги вложиле моите, за на крај да работам како келнерка или продавачка? Да,нема да работам.
    И да се разбереме.. келнерка и продавачка не ги сметам за понижувачки, но едноставно повеќе си се ценам себеси, сум се надоградувала + години и понатаму ќе се надоградувам и ќе го работам тоа што го сакам. И да, тоа не е почеток за мене, зошто никој дур го служам нема да ми рече "Еј ти можеш да бидеш адвокат кај мене во фирма". Не.
    Нема да кукам дома како ти што викаш,но боље ќе си седам дома и нема да ги трошам парите на моите за да се пијанчам по дискотеки туку ќе учам за да го дозавршам и ќе праќам CV по цели денови.
     
    На napominuvanje и Melaniiii им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Јас кажав како јас размислум на оваа тема,ок седи си дома,но не зборете дека нема работа,има ама за тебе е тоа е понижување,епа девојко за разлика од тебе јас се сум прифатил да работам и воопшто не ми е срам.поздрав
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.120
    Допаѓања:
    124.395

    Toчно така.Јас кога купувам за мене,купувам и за сестра ми.Не можам да се фрцкам пред неа со гардероба,а таа нема купено години.Овој месец нема да купам ништо за мене,ќе купам за неа.Така да од тие скоро 500 евра што ги земам,јас едвај партал две купувам,и тоа од некои 500 ден.Секогаш праќам дома,и се нервирам што не можам соповеќе. ;(

    Што е тешко е.Тоа сите го знаеме.Ама дома ме убиваше психата.Бутик-бутик-ама и таму не ме примаа со високо.А и кога знаеш дека ситуацијата дома не е сјајна,а јас да прибирам работа,за мене не е сфатливо.Конкретно мајка ми ,која е со високо образование,која работела и во државни институции,имам спомнато дека работеше во конфекција! И било ли лесно некој со 8мо одд и бил шеф ! Убивање во старт.А знаете за која плата? Некогаш 3000,некогаш 6000,никогаш повеќе.Уствари првата 8,за залажување.Ама она рече барем сметките ќе ги платам ,а со пензијата ќе јадеме.Гардероба не се спомнуваше,а плус враќавме кредит. И она требаше да биде горда и да рече-не,не одам во конфекција јас сум со високо! Ги сфаќам оние ,кои немаат толку потреба од денар,од некаде капнува,ама оние што немаат ич,па и бираат работа-не.Конкретно мои братучеди,кај се со средно,не сакале келнери,не сакале во фабрика,не работеле испод 15 000,па и се преценуваат а со 3ки завршија-ми се иде да ги лупнам од земја :@
    Искрено,се жалам и јас,и сета наша младина.Некако надеж за подобро нема,ама ајде да не речам двапати.
     
    На slavica999 и Moira им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па не ни треба да ти е срам.
    Ти си прифатил во животот дека сакаш да заработуваш, како не ти е битно, битно да имаш во џеб пари.
    Секоја чест :bow:
    Не си целел на образување, на бубање предмети, си запишал факултет ради девојкати :rofl:
    Битно имаш пари да ја шеташ нели ;)

    Јас не сакам да заработувам на секој можен начин, сакам да работам по струка, така се гледам во животот, тоа учев, тоа со години го работам иако немам ни ден стаж, заработувам за да имам кафе со другарките да испијам, да не барам за влошки од тато и да купам некое парталче на 70% попуст или евентуално во Певекс. И ДА сакам да работам по струка и точка.
    Не точка извичник!
    Дали јас кукам и дремам дома?
    Не, туку работам и кукам зашто државава има такви глупи закони и непочитување на работниците да не искористува максимално.
    Имам избор и да седам дома и кукам, речиси исто ми се фаќа бидејки и со 3 ипол годишно работно искуство пак не ми го чита речиси никој моето ЦВ, веќе се зафатени тие места работни со пријателчиња.

    Или јас живеам во друга држава, веројатно Тунгузија или стварно имаат многумина тука мислење дека кај нас вработувањето е лесно и нема пријателска база и книшка.
    Секоја чест на Џоли и Моира што нивниот труд и среќа во животот им се исполнила.
    Ама мислам дека не може со здрав разум да се каже во државава ДА ЛЕСНО Е ДА СЕ НАЈДЕ РАБОТА.
    Не може едноставно...
     
    На JuLleE, Trendafilka, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Витомир што си запнал па ти со тоа - има работа ама не ви се работи. Ако ти имаш диплома а сакаш да бидеш хигиеничар, тоа е твој проблем.
    И пак ќе речам -државата е крива, ако не може да им обезбеди можност за работа на сите, зошто тогаш упишува толку многу студенти на факултетите. Јас на пример, кога се запишав, само таа година имаше запишано 3000 студенти, еве да речеме 1000 да завршиле само од таа генерација (и од други уписи по толку), а државата не создава услови за нивно вработување, тогаш кој е крив? Дипломираниот кој не сака да работи како хигиеничар? Тоа не е понижување, туку ценење на себеси.
    Си вложил и пари и време и здравје за да стигнеш до таа диплома, и државата е крива што ни скапуваат дома, не сме ние криви.
    Ние сите можеме да работиме било што, ама муабетот не е кој што може да работи, туку кој за што учел и колку може да најде работа за која учел !!
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Значи, ако сакав да кажам дека е лесно да се најде работа, дали ќе кажував дека се потребни упорност и трпение, и неоткажување пред сите препреки?
    Ќе кажев просто - дајте ЦВ и ќе ве вработат, глатко и слатко.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Нема срам од чесна работа.
    Знам.
    Работев до пред некое време, и тоа работа што во ниеден аспект не опфаќа сегмент од моето образование, а за која и степен од осмолетка беше доволен. Затоа не мислете дека не сум се трудела.

    Но, кога ќе вложиш премногу во своето образование, и од материјален и од нематеријален аспект, знаеш дека работите се изместиле од контрола. Јас сакам да го работам тоа што го учев, на кое потрошив време, нерви и финансии.
    Согласно со моите амбиции, ќе се борам секогаш за нешто подобро, но ако она што во моментот го добивам не е ни блиску до моите интереси, а од немајкаде мора да го прифатам, проблемов е во ниво погоре од индивидуалното, што се вика систем.
     
    На crazylady, zaMiG, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Витомир што си запнал па ти со тоа - има работа ама не ви се работи. Ако ти имаш диплома а сакаш да бидеш хигиеничар, тоа е твој проблем.
    И пак ќе речам -државата е крива, ако не може да им обезбеди можност за работа на сите, зошто тогаш упишува толку многу студенти на факултетите. Јас на пример, кога се запишав, само таа година имаше запишано 3000 студенти, еве да речеме 1000 да завршиле само од таа генерација (и од други уписи по толку), а државата не создава услови за нивно вработување, тогаш кој е крив? Дипломираниот кој не сака да работи како хигиеничар? Тоа не е понижување, туку ценење на себеси.
    Си вложил и пари и време и здравје за да стигнеш до таа диплома, и државата е крива што ни скапуваат дома, не сме ние криви.
    Ние сите можеме да работиме било што, ама муабетот не е кој што може да работи, туку кој за што учел и колку може да најде работа за која учел !!

    Кој кажа де сакам да работам хигиеничар,јас девојки потполно ве разбирам дека нормално кој има завршено високо образовоние треба да си бара содветно работно место,според тоа што си го учел,и тука нема ништо спорно,но каква е тука ситуацијава?
    Дали можеме да се вработиме каде сакам,и што сакаме? тоа некако тешко оди барем кај нас,и јас сакам да работам на убаво платено место,нормално дека сакам повеке пари,а кој не сака,јас зборам спрема ситуацијава не сме во можно многу да бираме,затоа ке прифатиме да работиме и тоа што не ни се допаѓа.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Па токму тоа е и проблемот за кој се препираме и се докажуваме тука.
    Значи не зависи од нас дали ќе го работиме тоа што сме го учеле, туку се зависи од ДРЖАВАТА, ако таа го регулира и го реши овој проблем, нема да го има незадоволството и задоволување со било каква работа(битно да се работи нешто колку да се преживее), и тешко е да се најде работа (таква за која си вложувал и си учел).
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.486
    Допаѓања:
    13.731
    Па тоа сакав да кажам, јас имам сега засега добра работа. Ама тоа не е никаква гаранција. Јас многу работам, и практично вршам работа за двајца и добивам некоја редовна и не толку лоша плата. А знам дека е лошо, кога ќе помислам од моја генерација сите со факултет , седат дома. Една девојка само работи во администрација, аам тоа е со книшка партиска, И маки виде дур да влезе, волонтираше една год, за 6000 работееш. Многу е тешко, кога технолог пече кифли ноќе за 8000 во пекара , катастрофа. Јас се осеќам многу несигурно во оваа држава, од тоа што се тие е стани падни. Си викам не дај боже кога ќе имам фамилија да сум без работа. Мислам дека полошо од тоа нема.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.486
    Допаѓања:
    13.731
    Точно , кога почнав да работам без задоволна што со свои пари си купувам облека, си тргав по малку на страна,дома ги частев од секоја плата. Ама како годините поминуваат сфаќаш дека не е се смао да се облечеш и да се најадеш. Си требаат повеќе пари, за нешто поголемо да се купи, да се направи.
     
    На zaMiG, Trendafilka и SaskaQueen им се допаѓа ова.
  14. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    Жива вистина е тврдењето дека барањето работа во Македонија, не е ништо др., освен едно големо разочарување и тешка неизвесност,...Ќе го го споделам своето искуство:Од мали нозе ме учеа дека вреди да се инвестира во своето знаење, дека за да работиш условно кажано „подостоинствена’’ работа/професија, а не само физички труд, „на норма“, треба да се вложуваш, да учиш и напредуваш во образованието:основно, па средно, па високо, секако,...и дека тоа еден ден ќе ти се исплати“само ако имаш диплома“, демек-„црно на бело“ итн.Сето тоа се случи, дотолку повеќе што додека студирав, заради потребата од финансии, работев паралелно, по станувањето апсолвент-тешка физичка работа, со само 2 слоб. дена/мес....Така неколку години, на потешкиот/погорчлив начин, паралелно работејќи, ги положив сите крајни испити,...земајќи предвид дека ги „апсолвирав„ и подготовките за свадба, па добивање дете-големи напори и вложувања,...Ако, си викав, ќе успеам со своите квалитети, како личност и како едукација и вештини што ги поседувам....
    Како и да е,..поминаа 2 год. од моето дипломирање, токму сега почна голготата за вработување:се обидов во државни институции:се’ е само маска,...во приватните,... па и таму не е поразлично и, ако ти дадат шанса, значи и таму веќе е АКО, тогаш, си експлоатиран и тоа робовски:1 мес.работиш џабе, сега во City Mall-дури и 12 часа(или со некој мал надоместок), цело време(и оние со 12 и оние со 8 часа)се стои на нозе, некаде немаш ни пауза за да каснеш нешто, а и да ти дозволат, тоа го правиш исклучиво НА/ОД НОГА, во некакво мало, забутано магацинче, од кое фаќа клаустрофобија...
    Прашање:до кога, колку време може така еден вработен да издржи, притоа да биде распложен со елан за работа и, секако продуктивен?
    Жално, „работниците„ тука не уживаат основни права-тоа е под секое човечко достоинство!!!
     
    На SweetDream и slavica999 им се допаѓа ова.
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Темава искрено ме иритира. Јас не можам да ве сфатам вас девојки, зборам за оние кои завршиле со своето образување( без разлика дали е средно или факултет), и најбитно од се немате семејство кое треба да го издржувате. Која логика вие ја гледате во тоа да дремете дома додека барате работа по струка? Не е ли подобро да работиш било што за минимална сума нека е, колку за тебе да имаш, додека чекаш на некоја работа што ќе ти прави скроз ќеиф??? Или подобро е да седиш цел ден дома, да чекаш солидна работа и да цицаш секој ден по 100 денари од твоите за едно мочано кафе? Не ли ви е срам искрено? Чим завршам факултет првата работа што ќе ми обезбеди најминимална сума колку да им се тргнам од грб на моите одма ја прифаќам, без разлика дали ми е по струка или не. И јас и моите дома крв пропљукуваме за да го истераме мојов факултет и да, многу ќе ме боли ако никогаш немам можност тоа да си го работам, ама нема бре дома да седам ради тоа.
    Без навреда ама или сте многу распекмезени или вашите стојат финансиски солидно, друго нема, што сакате зборете. Подобро ќе работам нешто што ми е „испод чест“ него на 20 и кусур години со завршено образование да чекам со години на работа по струка. Затоа што искрено, цело време сите се жалат на немаштија а низ град секоја втора кола е солидна, кафичите се преполни, рестораните исто. Така да јас би рекла дека поголем број ги мрзи општо да работат, а се вадат на тоа дека се амбициозни во потрага по работа, нормално нели, која мора да е стриктно по струка.
     
    На Masnickaaa, DAngel, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Проблемот е што факултетот го направија на ниво на средно образование. Смешки се учат, сите дипломираат. Каде е тука селекцијата? Мене на пример, смешно ми е кога го слушам муабетот за дипломите, затоа што барем денес - дипломите имаат вредност на гз папир. Еве конкретно ќе кажам за мојот смер, превод англиски јазик. 4 години не чепнав книга по најважните предмети (англиски), затоа што сето тоа веќе го знаев. Од курс. Мене факултетот ми имаше тежина на курс, а не дека сум Шелдон Купер.

    И сеа, сите со дипломи, сите сакаат убава работа. Пред некој ден баш правев муабет со една другарка на темава, дека кај нас сите се желни само за директори. Ами чистачки, продавачки, касиерки, промотерки, млекарки, шо ти не? Ниедно од тие звања не е за потценување, носат колкав - толкав приход (да можеби 8000 се премалку, ама подобро се од ништо, нели?)

    Реалноста е таа. Јас 4 години работев на промоции со смешна (буквално смешна! :!: ) плата, ама работев. И не се жалев. После тоа најдов работа по струка за исто така смешна плата, и тоа го работев. Сега најдов уште една работа, за промена солидно платена, не ми е по струка, ама ја добив затоа што сум добра во тоа што го правам. И сега имам две работни места, едното од дома, другото во канцеларија. И се крпам. Сите се крпиме.

    Подобро да знам дека сум се скичмила работејќи за едно пишливо кафе што ќе го испијам со друштво, отколку да ја цедам мајка ми за истото. Тешко е, ама и за лесна работа треба напор.
     
    На Valentina.Vaki, DAngel, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    УПОРНОСТА е најважно од се а секако главен фактор е среката
    еве пример од лично искуство-познавам личност која е менаџер на неколку гифт шопови, а типов си работи со велосипеди, и еднаш ај колку да си ја пробам среката му спомнав ми рече аха ке те имам во предвид, и после некое време дознав дека девојче што јас го познавам е вработено во еден од тие гифт шопови-и мене ми светна, пак му спомнав ама овој пат малку со посериозен тон (не си играм , свати ме сериозно, ако можеш помогни ми) а едната од девојките редовно вработените си замина за Швајцарија на магистратура а другата на годишен одмор, ми зема број, и ми рече ке ти се јавам утре-очекував да ми се јави ама и не бев баш сигурна во тоа но ете си остана на зборот и навистина ми се јави(за моја срека) па ете сум на замена некои си 14-15 дена, платени секако подобро нешто отколку ништо-во мегу време научив да ракувам со каса и со картички-порано незнаев, значи сепак јас сум во ПЛУС стекнувам и искуство-кое секако ке влезе во цв-то :) и ја имав таа чест да се запознаам со личност која работи како преведувач-ми даде и контакт телефон, каде можам да ја најдам :)
    а што велите со партиска книшка можеш да се вработиш-тикви можеш,до сега во НИШТО ми немаат помогнато 3 години сум веке член а од лани ја имам книшката во паричник кога му кажав на сегашниот претседател за заменава , типов :o остана-демек пробувам да се снајдам додека вас ве чекам ке умрам чекајки а по тоа што го чув вчера-инжењер-технолог 7 години не ја вработиле, чекала чекала и се откажала на крај-татко ми ми вика ти си мојата хероина-борбена си и не се откажуваш и НЕМАМ НАМЕРА да се откажам :!:
     
    На crazylady, Bibko и sesilija им се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    .
    Така е срцекршачка,не се давај лесно те подржуваме сите.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете и јас да се вметнам во оваа тема.Завршив факултет уште пред 3 години,но до сега не сум нашла работа во струката и знам дека никогаш нема да најдам во мојот град.Во меѓувреме волонтирав за да ми биде колку толку како пракса,па работев што ќе најдам продавачка во маркет,а до пред 6 месеци работев во продавница за зеленчук и овошје.Откако ја затворија продавницата останав без работа и секој ден барам,се јавувам по огласи и од сегде добивам само тапкање по рамо и лажна надеж.Секој ден сум се понервозна поради овај проблем бидејќи се чувствувам бескорисна што способна сум,млада,а седам дома и буквачно ќекам пари од моите.Значи не само во струката туку денес како што дојде времето и тоа како е тешко да се најде работа било каде,дали во приватниот сектор како најобична продавачка или на некоја висока функција.За жал не се цени трудот,вредностите и квалитетите на човекот,туку се гледа кој има повеќе врски и е вклучен во партиите за да добие работа и тоа под голем знак прашалник дали ќе ја добие воопшто таа работа.За жал завршениот факултет денеска се цени како да сме завршиле средно образование,а и скоро секаде барем од досегашното мое искуство ме пријавувале со средно образование за да ми дадат помала плата.Постдипломските студии дојдоја на ниво на факултет,а богами не секој може да си дозволи денеска постдипломски студии,а камоли докторат.Во нашата државичка за жал нема многу потенцијал за работа за нас луѓето,па затоа ќе си животариме и надежно ќе бараме работа.
     
    На Camellie, Tanjamm и zaMiG им се допаѓа ова.
  20. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    Значи, оние кои упорно сакаат да го миноризираат актуелниот проблем поврзан со темата „вработување во денешни услови“, или никогаш немале потреба од свои заработени средства за живот, да не речам од преживување на свој грб, или се премногу „галени“ од животот (дај Боже да е така), па не ја почувствувале голготата на барењето работа овде, кај нас,...Лесно е, многу, да се потенцира патриотизмот, кога имаш доволно средства да се образуваш, да запишеш факултет, итн,...па, потоа и со голем „грб“, кои некои го уживаат во нашево општество, да се вработиш...па потоа да кажуваш како сите останати „кукале“ дека не може да се вработат, не им се работело,...требало да си упорен,...како тоа да не го искусиле и практикувале сите оние што бараат работа.Па, добро, бе, да му се сневиди, кој нормален, кој себеси се смета за човек, не сака да работи,...да заработи за своја и живеачка на своето семејство,...не ни сакам да ги сврстам тука „полтроните“, кои и немаат потреба од тоа, зашто, некои од нив имаат доволно пари за себе-за цел свој живот, па и за генерации по себе,...Обичниот „смртник“, каде е тука,...?Да бараш работа неколку години, со завршено високо образование-со труд, чесно, без никакви врски, за положен испит-онака, под рака,... да вложиш неброени средства, труд и време-во себе и во разноразни институции,...да двоиш од нормалното живеење и функционирање,...а потоа, да ти се насмеат и да ти кажат дека не одговараш, демек, не си „компатибилен“ со работата за која аплицираш,...и дека тоа не те деградира,...како моментот кога наместо високото образ.што го имаш, повеке им одговара да го напишеш во св. ЦВ, средното што си го завршил одамна,...е, тоа, не може никој да ме убеди дека е исправно и дека ние само треба да чекаме, да сме упорни во своите исчекувања и надевања и разочарувања...безуспешно чекајки некои „подобри“ времиња...Тоа, може да го сфатат оние што имаат високо развиена свест за реалноста на денешнината, како и оние со високо развиено чувство на емпатија,...
    П.С.Ситиот на гладниот не му верува!
    П.П.С.А кога било поинаку???!!
     
    На LejdiD му/ѝ се допаѓа ова.