1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се најде работа по струка, инаку се наоѓа работа која не е по струка, да се заработи колку да може човек да нели преживее, бидејки и тие пари што ќе ги заработи, ќе му се исплатат, зависи од ситуацијата во која се наоѓа, но и тоа не е лесно.Некогаш човек ќе се најде и во таква ситуација, кога нема каде, па да работи нешто што не е по струка.Ништо не е лесно, нашава држава е таква, каква што е, па преостанува човек да се снајде како знае и умее.Него, мене едно не ми е јасно, како во институцииве, бараат луѓе за работа според струката која ја имаат, а при тоа бараат неколку години работно искуство во таа област, како истите ќе го најдат тоа искуство, кога не им е овозможено? |( Некако малку самите ги мешаат работиве, ем бараат луѓе со факултет, ем бараат искуство, а знаат дека има луѓе кои имаат факултет, кои си бараат работа по струка и нормално е дека нема да имаат искуство, ако воопшто немале можност да работат според струка.И после државава ќе огласува колку невработени има по струка, а да не зборам за останатото.Катастрофа, ем незнаат државава да ја водат, ем се бунат.После ќе бегаат луѓе од државава, па нормално, незнам што очекуваат тие |(
     
    На memory, srcekrsacka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ајде сега вака... Јас веднаш по дипломирањето се вработив. Работев работа која не ја сакав, која не е по мојата струка, ама сепак ја работев солидно. Дури и потенцирано ми беше дека сум работела одлично. Но ете после скоро година дена дадов отказ. Сега некој ќе каже, еве разгалено девојче. Па и да ви кажам не се сметам за разгалена, туку се сметам за личност која се бори да го најде тоа што вистински го сака да го работи. Може беше себично од моја страна, што покрај ваквата ситуација во МК јас се дрзнав и дадов отказ. Но јас навистина во тој момент кога го направив тоа верував дека тоа беше најдобрата одлука. Бидејќи работата која ја работев ме загушуваше. И сеуште си стојам на зборот. Уште од тогаш знаев дека нема лесно да најдам нова работа. И сама ете гледам дека неможам. Гледам како сите околу мене вадат партиски книшки, бараат врски, се молат за работа. Што не сметам дека е лошо и погрешно. Секој бара најдобар начин за да си обезбеди за леб. Ама јас едноставно неможам да се молам за работа. Тоа не сум јас. Мислам дека ќе пропаднам во земја така.
    Сакам да си најдам сама работа, сакам сама да им докажам на луѓето дека сум вредна. И сега барам работа. Не само по струка туку секаква. И на што налетувам? Одам на интервју за работа како продавачка и газдата ме прашува дали имаш искуство како продавачка. Јас искрено му кажувам дека не. И знаете што, му се гледа дека сместа те отпишува од листата за можни кандидати за вработување. А зашто така? Дали смета дека сум тупава и нема да научам да ракувам со касата? Па побогу имам факултет завршено. Тоа нели е донекаде показател дека ги сфаќам нештата добро. Дали е исправно да им дава предност на тие кои завршиле средно и имаат искуство како продавачи? Како може да се цени денес повеќе средното од факултетот? Исто така гледам оглас за работа како архивар - предуслов беше да имаш завршено само средно?! Ма ајде бе не ме зезај. Кажи ми како е можно да има ваков предуслов. А што со тие илјадници кои имаат дипломирано и кои треба да седат дома невработени иако инвестирале во своето образование, а овие со средно ќе си седат во канцеларија. :fubar:
    И да јас барам да работам што било, ама и тоа не иде лесно. Но и ова би работела што било е многу двосмислено. Како прво да се тресам некаде надвор на студот и да го ризикувам своето здравје за 8.000 илјади денари нема шанси. Не дека сум разгалена туку дека после ќе давам дупло повеќе пари за лекови. И што останува за младите дипломирани а неискусни: тезги на пазар, прашливи погони, ВЦ тоалети?! Не потценувам никакви работни позиции но мора да постојат некакви плус придобивки за тој кој има завршено факултет. Неможе да се мери средно со факултет или факултет со магистратура. Кај нас овие дипломи се сметаат за еднакви.
     
    На bubica13, shinetear, zaMiG и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    ^^

    До некаде држи вода тоа што го напиша дека ти со факултет секако не си комплетно тупава и дека можеш да научиш да работиш на каса без проблем.

    Сепак, за секоја работна позиција фирмите и регрутерите си имаат барем некаков основен психолошки профил на идеалниот кандидат кој треба да се задоволи за да го сметаат за посериозен кандидат.

    Пример од мое искуство, кога јас аплицирав на се што ќе мрдне само колку да имам работа и побогато работно искуство, типката што го водеше интервјуто отстапи од тие класични прашања што ги имаше на листот и тргна директ со А добро, што бараш ти кај нас? И двајцата знаеме дека со твојот факултет ти нема да останеш тука...

    Ризикот со вработување преквалификуван кадар е прерано заминување. Некој со средно школо може да има и послаби можности на други места, па се посигурна карта за играње. Нив и да ги платат послабо тие нема да можат да кажат еј јас факултет завршив, види што работам, види колку малку ме плаќаат...

    Ти текнува? Тоа е тоа...
     
    На bubica13, la-lita-e, joelle и 2 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.842
    Многу е поразлично кога зборуваат девојки кои немаат фамилија за работно искуство и плата, а многу поинаку кога зборува некој кој веќе оформил фамилија и има дома гладни усти кои чекаат храна.
    Состојбата во државава е мизерна. И оние што имаат работа, работат во толку нечовечни услови за минимална плата, што е тешко да се поверува. Секојдневно гледам како целото човечко достоинство се прегазува, сите принципи и идеали паѓаат во вода, сите се неми сведоци на нечовечноста на директорите, а не се во состојба да сменат нешто баш поради тоа што не смеат да си дозволат да останат без приходи. Одење на работа во саботи, останување плус 3 часа секој ден додека не се користат ни 30 мин за пауза. И што да правам? Да бидам среќна со 23 години сум нашла работа, која не ми е по струка, на изглед е ок, во канцеларија, платата е смешна (ама нели ти ветија на интервјуто дека секој месец ќе расте, а тоа никогаш не се случува) , да изигравам и кафекуварка и чистачка, а по потреба и да ги бацувам нозете (газот) на претпоставените? И да слушаш како те фалат колешките зошто супер работиш, ама тие што треба, не знаат да го ценат трудот.
    Епа јас, одбивам да работам во таква средина. Одбивам да бидам подлизурко и да глумам среќна што ете сум нашла работа, па и во канцеларија (а внатре е поладно од надвор, зошто не смееш да се грееш, се троши стуја??) и да гледам како во буквална смисла, директорите им ја вадат душата на вработените? И им викаат „ А што, детето ти е болно? Е добро де, ќе оздраве, сите деца биле болни, што мора дома да си одиш“. А, пустата жена ги голта зборовите за да не ја изгуби и таа работа што ја има, и останува на работа заради тоа дете и затоа што којзнае кога и дали ќе најде нешто друго.
    И пак ќе кажам, јас, додека имам избор, ќе барам работа која ќе биде барем приближна до она што сум работела до сега. И ќе се согласам со Трендафилка, дека додека не видам реална промена на пазарот на труд нема да ми биде убаво. (а и јас, како и Трендафилка, сум кажала дека ако си вреден ќе ти се исполни желбата и ќе најдеш супер работа, и да, сега си го прегризувам јазикот за кажаното)
     
    На bubica13, Trendafilka, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Така е, тоа е причината зошто ги бираат тие со средно, и на крај испаѓа тие со средно сите вработени а ние со факултет да дремеме дома само зашто сме преквалификувани. Па колку многу луѓе работат нешто што не им е по струка, не мора да значи дека сите бараат привремена работа. Жално е тоа што кога на интервју ќе кажеш дека имаш завршено факултет тоа не ти го сметаат за предност туку одма те исфрлаат од листата на потенцијални кандидати. Замисли, некој едвај завршил средно да го земе работното место на некој со факултет. Тоа само кај нас го има
     
    На zaMiG му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Аха, многу ми е јасно и ова. И таа политика е правилна, но само во услови кадешто постои добра економија, правилна поделба на кадрите за работа и трудот. НО, кај нас тоа го нема. Незнам кога и би го имало. Имам другарка во Чикаго која баш заради тоа што е преквалификувана беше отпуштена од работа. Но таму има каква-таква можност да најде работа која ќе и е рамна на нејзината квалификуваност. А што кај нас? Дали ние, преквалификуваните, имаме таков избор? Дали имаме избор да бираме што да работиме? И самите викате не! И самите викате дека мора нешто да се работи, а нас и тоа почетно нешто ни се ускратува. Па ајде ако не нека се вработат сите кои не се преквалификувани, а другите ќе чуваме деца и нема да имаме ни грам пара. Мора да се направи план за вработување, некаков функционален. А не да седат дома млади луѓе, кои завршиле факултет и понатаму незнаат што да прават. :hai:
     
    На EleMental, mimiiiii и zaMiG им се допаѓа ова.
  7. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    По завршување со сите предавања на факултет, ми остана само дипломската работа за бранење, која ја одложив за наредна година и почнав да размислувам за начин да почнам да си го остварувам сонот. Полна со надежи и верувања, полна со самата себе и со штотуку усвоено знаење за она што треба да ми биде идна професија, купив огласник, ги отворив сите страни на интернет што ги знам за барање работа и се пуштив во погон. И, бум. Првата шлаканица од општеството. Никаде не се бара толкувач од англиски и германски. Ниту преведувач. Ниту пак наставник по англиски јазик (сметав дека ова може да ми биде како алтернатива доколку не успеам да најдам работа по струка). Ги спуштив критериумите. Почнав да барам работа која би вклучувала канцелариски обврски, водење евиденција, некаде каде што се бара одличен англиски и отворен однос кон клиенти. Барав и нешто што би вклучило работа на проекти или нешто слично, имајќи во мојата „кратка“ биографија наведено 15-тина (од преку 30) семинари и конференции и обуки и проекти од невладини организации и клубови и центри. Добро е, најдов две места каде би можела да аплицирам. Пратив документација од тоа што се бараше и си реков ќе чекам. Утредента пак. Наредниот ден пак. И така една цела недела, ако не и повеќе упорно пуштав апликации на работа каде ли не. Повратна информација нема. Компјутерот ми онеме од чекање. Знаејќи си го потеклото, односно финансиската (не)состојба на моите, ептен ги спуштив критериумите, ниско, долу – морав да најдам работа. Два месеци поминаа, сметки се трупаат, резервите од стипендијата и преводите окончаа, станав очајна. Каде сега? Како?
    Нејсе, по неколку кафулиња, слаткарници и бутици, најдов работа. Ако воопшто тоа може да се нарече работа. За дневница од 350 денари продавав сладолед. Сепак бев задоволна (колку-толку). Таа дневница ме одржуваше во живот и ми ги плаќаше сметките. Со оглед на тоа дека сѐ уште седев во студентски дом, па сметките и не беа нешто посебно високи. Се крпеше крај со крај. Но, не би била Македонија таа што е, ако не ти уништи нешто. Аплицирав како апсолвент за место во студентски дом и не добив. И тоа според некои скриени критриуми. Не дека не потекнувам од семејство кое нема никакви приходи, или па дека немам просек 9, не дека немам и сестра студент. Туку дека немам членска книшка. Каква? Тоа во некоја друга приказна. Муабетот ми беше дека морав да се иселам од студентскиот и да барам стан под ќирија. Како? Со 350 денари дневница? Во меѓувреме сѐ уште праќав апликации за пристојна работа со пристојна плата, но никаков одговор од никаде не добив. Заврши летната сезона, сладоледот не се продаваше. Морав да напуштам. За среќа, брзо најдов работа во едно кафуле. Како келнерка. Работа што многумина ја потценуваат и омаловажуваат. Напорна работа. Работев скоро една година. И еден ден ми пукна филмот. Знам дека никој не учел за да биде келнер, или продавач на сладолед, или да работи во бутик, или во седвичара. Ама кога нема каде, што ќе правиш? Не можев повеќе да поднесам да работам таква работа. Едноставно го исцрпува од тебе целиот ентузијазам, целиот оптимизам, те цеди до последна капка ментален разум и мислиш дека полудуваш. Веќе две години се трудиш да го оствариш сонот, и се тешиш дека сѐ е само привремено, ама...
    Одев на интервјуа за работа, не дека не. И секаде иста приказна. Ќе ти се јавиме. Да, бе, да, знам дека нема никогаш да се јавите. Куртоазна насмевка и едно „Мило ми беше“ и ја затвораш однадвор вратата, знаејќи дека бараат некој друг. Или пак, веќе го нашле, па целиот циркус со интервјуто е само процедурална постапка да го обелат образот пред законот. Втора шлаканица. И трета, и четврта, и петта... Станав безнадежна, очајна. Нема ништо полошо на овој свет од тоа да ги угушиш своите амбиции, да го запреш внатрешното его, да се помириш со помислата и да се впуштиш во процесот на калапење на „само уште еден обичен смртник“. Ништо полошо.
     
    На bubica13, inna89, AngieVi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    тоа ти е ана,нажалост мора да се помириш со работите дека се такви како што се.неможе човек со глава во ѕид.сум го минала истиот процес како тебе затоа те свакам потполно.додека учиш,студираш,и не бараш работа имаш некоја розева визија за светот.мислиш дека работата тебе те чека само да дипломираш,дека работа може да се најде во секој момент и дека немаат работа само тие што не сакаат да најдат.е кога ке дојде време да почнеш да бараш работа тогаш се сочуваш со реалноста.дека е премногу тешко да се најде работа,дека невработени ги има со лопати да ги ринеш.кога ке отидеш на оглас за работа а таму за едно место пријавени 100 души,ке отидеш на друг оглас а таму за две места се пријавиле 150-200 луге.за некаде си преквалификувана за некаде недоволно квалификувана,сите ти бараат задолжително искуство а никој не ти дава шанса да го стекнеш тоа искуство.секаде се вработуваат по роднински или партиски врски,а ти пошто ги немаш ке работиш некаде за 8-9 000 и ке те малтретира некој газда а плата ке ти даде кога нему ке му одговара ако почекаш некој месец ејјј голема работа битно ке имаш за зимање :)
    тоа ти е што да се прави,тики човек не смее да губи надеж мора да има верба дека ке се средат работите некогаш дека ке дојде и нашиот ред нашата шанса да се вработиме на струка или на некоја друга добро платена работа.човек мора да се помири но не смее да губи верба никогаш.подобро е да работиме да се ангажираме макар некогаш и без резултат отколку да седиме дома и кукаме над судбината,зошто никој нема да ни дојде дома и понуди работа и среди животот,мора да сме во движење и да ја бараме шансата.таа не чека можеби веке зад следниот агол... ;)
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Се уклучив да напишам нешто и мислам дека ќе одговара за темава овде.

    Пред некој ден на гости кај пријатели влегов во дискусија за начинот на интервјуа за работа и за глупавите прашања на интервју и за селекциите и генерализациите општо.Една ко-сопственичка на фирма за геодетски работи ми го кажа следново.Имале потреба од особа која ќе им биде техничка подршка во канцеларијата додека останатите вработени се на терен.Значи од кфалификации да знае да работи на компјутер т.е MS Office , да знае вирмани да пополни, да знае да скенира и други ситни работи о канцеларијата.
    Примиле на маил околу 200 и кусур биографии и вика се изначитав се и сешто.Како ја правела селекцијата?
    Прво ги “отпишала“ тие што не пратиле ЦВ во атачмент туку пишувале директно на маилот.Зошто? Од тоа видела дека незнаат да напишат ЦВ и незнаат ни да користат маил.
    Второ ги “отпишала“ тие на кои фонтот на ЦВ-то им бил получитлив (знаете кога ќе ви се појават чудни знаци наместо буквите Ч,Џ,Ш,Ѓ,Ж...).Зошто?Затоашто од тоа видела дека незнаат да користат македонска подршка или барем да го прателе ЦВ-то во пдф формат.
    Потоа ги “отпишала“ тие кои посебно пратиле слика во огромен формат.Една и пратила слика од невеста во венчаница, ваљда таму си се бендисала за најубава :lol: , друга и пратила слика гушната со кучето, а трета слика од некоја свадба имало позади неа луѓе испоседнати на маси како јадат :D .
    Мислам дека секој што денес праќа ЦВ веќе треба да знае дека сликата е во левиот или десниот горен агол од Цв-то и е во големина како за пасош.
    Е потоа од останатите според стилот на ЦВ-то избрала неколку души со средно и неколку со факултет за на интервју.
    На интервјуто на сите им поставила прашање што и колку знаат да работат на компјутер и воглавном сите рекле дека да знаат.Е потоа на сите им дала практично да покажат:
    1. Да искуцаат краток текст во Ворд со македонска подршка и да вметнат табела, да го зачуваат во док. и да го стават во фолдер/папка на десктоп/екран.
    2. Да направат табела во Ексел, да внесат податоци од бројки и букви и исто да го зачуваат во папка на екран.
    3. Да и ги пратат на маил како атачмент овие два документа и обично и во пдф формат.
    Време за работа околу 20мин.

    Знаете колку поминале???Едвам 2-3 души! :o

    Драги феминки, додека седите дома пред компјутер одвојте време и повежбајте ги работиве кои се бараат за канцелариско-административна работа.Користењето на Интернет, месинџер, хи5, ФБ не е исто што и користењето на MS Office (Word, Excel, Outlook, Power Point...)
    Немора да се запишувате на курсеви и да трошите пари кои ги немате.Можете и на интернет корисни туторијали да најдете.Еве ви еден за почеток.Можете и англискиот да си го вежбате онака попатно :)
    http://www.gcflearnfree.org/
     
    На Majra, Trendafilka, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. maricka

    maricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Имам завршено економски факултет. Првата година после завршувањето се надевав дека наскоро ќе најдам работа по струка, нешто во канцеларија. Се пријавував насекаде, ме викнаа на интервју во една фирма за мебел, бараа економист, и уште на почетокот ми рече директорот на фирмата дека платата ќе биде 6000 ден, и дури за две до три години можеби ќе се покачи, но најмногу до 10000 ден. Значи уште на почетокот те сечи, а освен тоа на огласот беше дека се бара со средно образование економист. Јас не ја прифатив работата. Потоа ајде видов дека не можам да најдам работа по струка, па се пријавував по книжарници и од таму ме одбиваа. Секако се разочарав. Ете пред некој ден се бараше работа за кенлерка и за тоа се пријавив, но бараа работно искуство, а такво искуство немам, така да ни тоа ништо.
     
  11. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Бараат со неколку години искуство, затоа што за таа позиција веќе има наместено човек, но мораат да пуштат оглас, заради законски процедури. Тоа е тоа.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    142.550
    На Annath, MSkorpionka и Trnche им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Некој е гладен? :D

    Со некои работи се сложувам, со други сум од оние песимистите кои се радуваат само да се пикнат некаде, па си велам за почеток е среќа да влезам а после ќе се покажувам и докажувам...
    Значи работава, џабе ти е факултет ако си скромна личност без лидерски способности која не сака да се бутка низ џунглата за да некој ја примети, ко демек сите сакаме лидери да бидеме...И зошто факултетот, знаењето што си го стекнал во одредена област да не е доволно да можеш пристојна работа да најдеш? Ако ти денес измислиш некоја новина, проект заради кој ете ќе те приметат и примат или унапредат на работа, секогаш ќе се најде некој кој кој ќе може да презентира повеќе...
    Ако се оди по оваа логика тогаш сите "старци" кои држат работни места по 30 години и кои поима немаат од нови методи на работа и едвај се снаоѓаат на комјутер треба да летаат од работните места и да им отстапат место на многу млади луѓе. Тогаш зошто не е така? Затоа што некој не се буткал доволно? Не верувам. Не ти ни даваат шанса да се буткаш.
    Само ни се нудат идеи дека треба постојано да учиме, да се надоградуваме (нема штета тука во секој случај) па така факултетот веќе е на ниво на средно, не е доволен, треба уште ова и уште она, и на крај пак никој не ти гарантира работно место или барем сигурност некоја да имаш дека нема сендвичи да правиш, туку бараат профил на професионалец во својата струка, да влезеш и "распалиш"...А како само со теорија и долгогодишно разочарување барајќи работа и преживувајќи со бедна пара очекувате самоуверена личност која од првото интервју ќе ве убеди дека ќе ја крене вашата фирма на нозе?
    Штознам, делува ок вака напишано само реално друга е приказната...
     
    На zhap4e, Annath, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    142.550
    Дека е важна среќата - нема збор.
    Ама јас навистина сум налетала не премногу млади луѓе кои седат дома по цел ден, без ни грам проактивност. И пред десет години и сега. Кога не би имала работа, би волонтирала, би читала, нешто би правела, ама не би чмаела дома како еден куп луѓе кои ги знам.

    А периодов какви примероци имав прилика да сретнам, без никаков концепт, без никаква визија за иднината. Не можеа да ми кажат ни што им треба, појма немаа.

    Во услови на волку висока стапка на невработеност само диплома не е доволна да се најде работа. Мора да се направи чекор напред, пазарот на трудот го наложува тоа.
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Јас само се прашувам колку може да потрае сето тоа надоградување пред да се види солиден финансиски фидбек од сиот тој труд... не дека човек треба да престане да се надоградува во текот на целиот свој живот со знаење и вештини, ама во даден момент си викаш - чекај бе, уште колку за да видам плод од вложувањево? :^)

    Уште многу очигледно.
    Ако не се задоволиш со просечна работа како келнерка, продавачка итн. тогаш си one woman show и жонглираш милион и една обрвска, а жалосно е што не си учела за ништо од тоа што го обавуваш.
    Во меѓувреме јас трпеливо тргнувам пари настрана за сертификати кои демек ме делат од dream job-от или од посдипломските, и се тешам како се` е тоа до мојата лоша среќа или карма, инаку за трпеливите, пожртвуваните и вредните секогаш има фер игра и хепи енд... или не?
    :|
     
    На mimiiiii и eli25 им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Точно дека има многу кои завршиле факултет и се тотални телетабиси но штом само факултетска диплома не е доволна, и ти после завршување на факултет си полуписмен/полуспособен во областа за која си учел, тогаш образовниот систем не е како што треба. За што даваат дипломи тогаш? Нека се надоградува кој колку сака и нека биде над мене и нека зема поголема плата, нема да ми смета, заслужено е, ама значи ли тоа дека јас само со факултет не вредам ништо?
    А работните места се од прости попрости ама важно ти бара цела листа на способности, глумиме фирма од светски ранг...
    Друго, многу на почеток сме биле исплашени глувци, несигурни во нашето знаење и способност, нормално не можеш да се мериш со човек со искуство но зборувам за давање шанса да се покажеш што знаеш и умееш затоа што ако си телетабис со диплома, ќе бидеш телетабис и со сите дополнителни сертификати...
     
    На eli25 и Annath им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    142.550
    Не мора да значи дека ако си завршил факултет си неспособен.
    Само кога за едно работно место ќе се јават 20 невработени кои го завршиле истиот факултет, ако сакам да ме примат, мора по нешто да се издвојам. Тоа нешто најчесто се вештини кои не се учат во формалното образование. Некој едноставно ги носи во себе, ама некој со помалку или повеќе труд може да ги научи. И на крај тоа ќе пресуди, а не факултетот. Ако не друго, човек ќе се опушти, ќе научи нешто, ќе стекне самодоверба, а тоа се гледа на интервју.

    Ова е речиси идеално сценарио, не зборам за ситуација во која играат врски и партии, нема муабет тука.

    А дека образованието не не' подготвува како што треба за работа, тоа е повеќе од сигурно. Мислам, јас дипломирав пред 10 години, зборувам за моето искуство, дај боже да е сега нешто сменето.

    И кога сме кај образованието и (не)способноста, верувале или не, мојот најнеспособен колега на работа е тој што има највисоко образовани. Човекот е доктор на науки, ама каква шупелка е, невидено :x
     
    На The-Queen, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    107.987
    Пол:
    Женски
    Тешко е , да , а според струка да не зборам..
    Јас сум мед.сестра и до сега не сум работела на мојава струка , во местото каде што живеам многу тешко да најдам. А и да побараш и нешто друго повеќето се живи преваранти.

    Еве ке кажам една случка. Една пријателка што работи во позната козметичка фирма ми предложи работа од една нејзина пријателка на којашто и платила друга козметичка фирма да прави реклама. И на нејзе и беше потребно девојка што ке црта на лице на деца за новогодишните и божиќните празници.И јас пресрекна,превозбудена дека конечно нешто ке почнам да правам и је заработам(требаше 40 евра да земам за 2 дена) Првиот ден се убаво помина , и женава дојде реков уф супер се е сигурно кога таа ми рече другиот ден ке ти платам. Прво ми дојде на памет толку тешко ли е 20 евра да ми даде сега и ништо не и реков.Другиот ден не ни дојде ми се јави на телефон дека ке се чуеме истиот ден да се договориме да ми ги даде парите.И така ко будала си отидов дома по завршената работа, бев изнервирана и знаев дека нема да ми ги даде парите. Си чекав си чекав и ништо.И пишав порака да се чекаме некаде зашто ке одам кај моите и ништо , немаше одговор.Потоа мојава пријателка и беше криво бидејки таа беше сигурна дека ке ми плати па и се јавуваше на нејзе а таа го исклучи телефонот.Другиот ден дознав дека другарка на девер ми истото таа жена и го направила... Но не е важно сепак тоа беше едно школо за мене дека на светов постојатт секакви луѓе а истовремено и едно искуство :)
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Кога завршив средно, си викав ај сега на факс, не бива со гимназија барем струка да имав. Завршив факс, и си викам работа нема, чекај да видам да полагам испит за да можам професор да бидам, може таму ќе ми се отвори. Кога го положив испитот, си викам ај ќе полагам за вештак, види нема работа. Успат разбрав дека со постдипломски полесно се станува вештак, па се запишав и на постдипломски. Кога ги завршив нив, и воедно станав вештак, укапирав дека имам 25 години и ниту еден ден стаж, ама важно едно чудо дипломи за со нив да си ја траскам главата. Ајде, ми се овозможи шанса, почнав да работам, па излезе дека не е доволно се што имам поминато во учењето, па ајде една дообука, друга, трета, и така завршив со нови 20-30 сертификати со секакви титули и титулички. И не е доволно, пред Нова Година ми најавија дека морам на уште една обука на крајот на месецот, ама 2 недели незнам каде во некоја вукојебина во Црна Гора. Реакцијата на околината е не се секирај се тоа е за тебе... Абре луѓе, учам од мои 6 години, на 28 немам доволно научено??? Секоја обука значи уште една обврска, уште еден саат плус на работа, уште еден саат помалку со семејството, и уште 300 други жртви. Не сум кариеристка, сакам фамилија. Целиот тој "кариеристички" труд морам да го вложам за да си ја задржам работата, а не да напредувам!!! Фер игра?! Хепи енд?! Некако не верувам... :^)
     
    На lovely91, Trendafilka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.527
    Допаѓања:
    13.852
    Денеска имаше тема на тв дали заради работа запоставуваме семејство?Да, затоа што ако се докопаме до некоја работа гледаме да не ја испуштиме. Јас верувајте не би напуштила работа да одма да се мажам во друг град каде ќе бидам невработена. Може ви е смешно, ама моите рогови им никнаа да ме школуваа, работев 4,3 год , јазици учев, нон стоп читам и не сакам трудот да го фрлам во вода. Не сакам утре кога ќе бидам мајка да бидам без денар во џебот, да немам на детето да му дадам за една чоколада. Ама за тие мизерни пари што ги земаме мора да вложиме многу. Пола живот ќе поминете во учење и ако немате среќа, ништо. После ќе сфатите дека сте пропуштиле многу, не сте се псоевтиле на себе, не сте се дружеле доволно и ред други работи. Кај нас трудот не вреди. Во приватен сектор бараат работа, да имаат ќар од работникот. Е сега државно, сабајле пијат кафе, напладне пауза, па си ја продолжуваат паузата за едно пола саат, па си одат пола саат порано. Значи ни пола работно време не се ефективни, а пак се дупло поплатени.