1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко е да се најде работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 17 ноември 2011.

  1. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Оф леле, барање работа, некогаш е тотално невозможна мисија....еве јас си се ставам како пример, што дека завршив факс и магистрирав? барам работа година дена по огласите, ги вртам по 10 пати дневно страниците со огласи и тоа баталив барање по струка, ма каква струка, дај што даш таква испадна работата :@ и досега сум била на преку 30 т.н.интервјуа за разно разни продавачки каде што некое полуписмено шефче или исфрустрирана госпожа ми држи предавање како МОРА да одам најпрвин на неплатена обука од 3 недели за да научам како да продавам маици и гаќи, па после мене некоја друга ќе дојде на обука и така 2-3 месеци додека газдиве не се одлучат која ќе ја примат и ќе и дадат почесна плата од 8000 денари! ма ајде ти се молам, убаво викаше Кили една изрека, ама ај да не ја споменувам сега.
    Па да не ги споменувам оние интервјуа каде што ти викаат дека се работи хонорарно, а тоа никаде не го нагласиле. Од 10-15 огласи објавени дневно, ќе се најдат 2-3 што не се пекарка, фризерка, келнерка, масерка не дека омаловажувам, али стварно бре незнам да шишам и печам :) и ќе се пријавам на тие 2-3, ќе ме викнат на фамозното интервју како да се вработувам во НАСА и резултат од сето тоа - потрошено време колку да не се седи по дома. Да не споменувам па уште кога ќе ми го кажат она: Ауууу па ти си преквалификувана, а не ни споменувам под разно дека имам магистрирано.
     
    На Kikilita и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Draga sonce 10....да знаеш само како те сваќа, ... Nе си сама... не има мн. такви како тебе.... немам магистрирано , дипломирав пред 4 години , работев било што , еве веќе 1 год . седам дома , без работа и некако почнувам да се нервирам......дали на некој му е грижа за нас ..... за оние кои изгубивме години со образование , а сепак седиме дома или работиме било што да преживееме.... до кога вака ?
     
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Освен на домашните на никој друг не му е грижа дали сме учеле, колку време и финансии сме потрошиле...
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.827
  5. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Тешко е да,на струка.Ама онака можеш да најдеш.Работев во бутик за мизерни пари,потоа во Кам,и не препорачувам :!:
    Поентата ми е работа има и ќе се најде,има еден куп маркети,конфекции,бутици,ќе најдеш ако си спремен да работиш било што и да земаш како за ден за ден.Ама зошто да биде така? Сите научија дека прифаќаме се и сешто оти е голема мизерија,и каде и да отидеш приватно те малтретираат како да си им најголем душман :(
    Ај што трпиш,ама барем плата да ти дава.
    Тешко е воопшто.Се наоѓа,ама тоа ли е работа? Колку да крпиш и да закачиш тон стресови.
    Јас никако не ги оправдувам оние кои каде немаат ништо,па и бираат,не сакам ова несакам она,а после се жалат дека немаат пари :x Јас избирам да земам 5000 ама да знам дека со мои пари ќе јадам и ќе си купам влошки,отколку да чекам дома како незнам што пари за леб.
     
    На Mimi123, zhap4e, AloneM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Тука имаш право. И затоа треба да имаш јаки врски за да дојдеш до такво место, да си среќник голем. Тоа ти е работа од соништата, добро сега не за сите, ама за повеќето да. Доаѓаш сабајле, вариш пиеш кафиња, се расонуваш, доспиваш ако не си наспан, па ако дојде странка или пациент и ти го поремети утринскиот мир, дрско му враќаш со зборови кои индиректно значат-кој кур најде сега да ми досаѓаш, нели гледаш дека имам работа(се расонувам). И откако ќе се расонат до некаде, почнуваат со работа, фати нешто ваму-таму, па прошетај по ходници, дери се, пооговарај малце, може пак ќе ти се припие кафе. Па после пак врати се на работно место, особено ако си на шалтер, враќај им на луѓето со минимален фонд на зборови, да заборави што те прашал. Дери се, фрлај им листови во лице, викај им како може тоа да не го знаат, со зголемен тон речи им дека не знаат што сакаат да прашаат зашто не им паѓа на памет да трошат зборови за објаснување и ред други работи. После имаш пауза, која од половина час, се пролонгира на час дури и час и половина, зависи дали после ручек ќе комбинираш кафе и цигара. После пак ќе поработат нешто, кога ќе ги фати мрза од премногу одмор. Кога ќе се приближи 15.00 часот, полека почнуваат да се спремаат за напуштање на работното место во 16.30 часот. Ако не фатиле попладневна дремка, сега е моментот. Ако сабајле немале време да налакираат,го прават тоа сега, да не си губат дома време. Па можеби пак ќе те фати криза за кафе, цигара надвор, пола саат. И ташничката у рака и трчајќи се куцаш и низ врата.
    Е ваква работа е тешко да најде човек. За друга работа, неплатена и напорна, ќе се најде, ама ваква богами тешко. А кој не би посакал сигурна плата, работа, одмор. А за креативност и усовршување на знаење, можеш од дома и дома,или работи нешто креативно после државната работа.
    Само жално е што и не само неписмени, туку и неспособни примаат на такви места.
    Затоа нека не ве чуди, ако на некој наместо на нозе му прават ртг снимка на раце. (ова како пример, што не значи дека е измислен)
     
    На girl1985, MacenceEna, Mila04 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Да барав закопано богатсво, ќе го најдев побрзо од работа.
    Со факултет и со магистратура на почетокот си викав убава работа сакам, убава плата, не сум фрлала јас за џабе толку пари и не ми паѓала коса од учење за џабе. Ама не било така. После почнав било каква работа да барам, за некои неписмени да си лечат комплекси - еве ја оваа со факултет дошла продавачка да биде. И уште не знаеме дали да те примиме, не си комуникативна, не збориш доволно. Како да не, јас уста не затворам, и додека бев на ,,пробно'' (ефтина работна сила) сите што доаѓаа со име, со фамилии го запознав и уште ги гледам низ Скопје, ми се чудат како не ме примиле. А работата била на претходното девојче што работело на братучетка и другарка да ја вработат. Па што ме маткаа за џабе да ги прашаш!!! Кажи ми да не трошам време. А да не кажувам за муабетите - леле, леле со факултет на наше ниво спаднавте, девојчиња - јас не ги сметат продавачките за ниво под мене, а и јас сакам да работам, а не да просам. И испаднав многу сум се бунела!
    А интервјуата се посебна приказна - како да ќе демонтираш бомби, а не да работис со хартии и да седиш на компјутер. Па сум немала искуство - па ќе немам, никој ни шанса не ти дава да се покажеш. А работата е ако немаш врски и ако не си во партија (каде што пак ти требаат врски) - ќе седиш дома и ќе се фрустрираш за тоа какви простачи (јас се извинувам, ама морам вака некултурно да ги кажам) нашле работа. И тие ќе ги дигаат носевите и ќе понижуваат други.
     
    На Mimi123, girl1985, heart.stealer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Mala pomos od mene devojki :) vklucete se vo partija no ne vo golema kako dvete sto se kaj nas, tuku pobarajte mesto vo partiite sto se koalicija so vladeackata, tamu sigurno ima mesto za vas so fakultet i magistratura i za brzo vreme i rabota, i nema trcanje od vrata na vrata sto e najvazno :) koja saka poveke info slobodno neka pisuva :)
     
    На Dandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    можеби не е местото овде но незнаев каде да го споделам искуството.

    сакав само да напоменам дека е многу битно да бидете професионални и во ссамото цв. јас имам искуство во фирмава долгододишно и кога сме давале огласи значи стигнувале помеѓу 50 до 100 биографии затоа е невеозможно да се одговори на секого.

    второ како да го земам во предвид и да го сватам сериозно канидатот што :

    -има е маил со следнава содржина: морничаво комбе, слатка мала, секси, кукличка мала итн, мислам денес е толку лесно да се направи меил што не одзема повеќе од 5 мин.

    - слики: со алкохол во рака, напрчени усни, длабоко деколте или некоја wtf поза. поарно воопшто не ставјте слика ако не се бара експлицитно, ако веќе се бара тогаш нека биде како за пасош со бела позадина и сериозна облека и израз на лице.

    друго што сакав да спомнам е дека работам со постари луѓе кои што ми раскажуваат за своите деца. самиот татко ми вели ауу па ти мн млада си се омажила па и работиш мојата еве ја 28 год е не работи.. јас викам па нека бара сигурно ќе најде (од култура нели) и ми вели ах она бара ама богу моли да не најде еве јас ја пратив со врски во администрација ама не можела она да седи 8часа во канцеларија и јас :o па :D што да му кажам на човеков... и уште еден таков ќерка моја генерација он сопствена фирма таа не сака да работи и организира интервјуа она не сака да иди ....

    е тоа е да си пукнеш од мака некој крв ќе проплука да стигне до интервју а некој ќе го молат и нема да сака да работи...
     
    На Annath, Hipster, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Јас еднаш напоменав колку е важно да се има коректно и беспрекорно скоцкано CV, ама неколкумина го дочекаа мојот коментар со кренати носиња, а други упорно го игнорираат тој ФАКТ. И после Цацко е крив!

    Значи, за работни позиции кои не се однапред пополенти, туку е пуштен оглас и се бара навистина соодветна личност за работата, ПРВИОТ КОНТАКТ доаѓа преку тоа CV кое сте го пуштиле.
    Тргнете од тоа, да сте вие работодавец, дали би повикале на интервју личност која на десетици места има испуштено букви и бројки и запирки?
    Јас не би. Автоматски си помислувам - немаш половина час време да се посветиш на своето резиме, а ќе се сносиш со одговорноста на работата? :^)
    Значи ни буква, ниту запирка да нема грешка, како не сфаќате?
    Напишала дека знае перфектен англиски, а мотивационото писмо и CV-то на англиски ѝ се за плачење. |(

    Па најдете некој што знае, замолете го, нека го состави.
    Абре има да седнам ако треба цела ноќ, со речник и збор по збор да го составувам, без грешка, и да го проверам 100 пати на spell check, бесплатен е, аман!

    Во нормалните земји во светот, интервјуто за работа е цела машинерија, и цела психологија стои позади тоа, тргнувајќи од перфектно проф. резиме, до начинот на кој си облечен, какви ти се ноктите или фризурата, како се поставуваш, ставот, речникот кој го употребуваш, гестикулациите, значи се` е земено предвид.

    Тука кај нас само се глуми лудило. Па не е ни чудо што кандидатите не се свесни што треба да преземат во врска со целата ситуација.
     
    На Annath, encimenci, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Kikilita

    Kikilita Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Многу е лоша ситуацијата. Доаѓа да работиш за мизерни 10000 +/ (со завршен фак) или да не прифатиш работа работа за тие пари и да дремеш дома. Е тука е дилемата. Учењето и трудот кој го вложуваш на факултет дали ке ги задоволи твоите апетити за 10000 ден и работа не во твојата струка. Како една опција дефинитивно што треба да ја разгледате е Фрилансери. Ако не сте слушнале за страните како Одеск, Фриланцер, Еланце и ги има уште многу. Знам за примери каде има некои кои зимаат добри пари а си седат по дома:) Прочитав на Фама пред некој ден за слична страна само за македонскиот пазар. Еланцер.мк се викаше. Објавив 2,3 проекта па ке видиме како ке биде :)
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Mислам дека е време после 3 месеци пост заради обврски, да седнам и да напишам на фемина и да се дружам со моите феминки. :D

    Дека е тешко да се најде работа во Македонија, е тешко. И дека изговор за ненаоѓање работа има многу и тоа е точно, ама тоа не е изговор за седење дома и неработење ништо, било да е студирање, било некои бесплатни курсеви за дообучување и сл. Јас моментално работам онлајн на еден од фриленсерските сајтови (оној што го болдирав во цитираниот пост). Се бавам со програмирање и можам да кажам дека одлично ми оди. Немате поим кои благодети се тоа, па дозволете ми да ви кажам. Првин, не сум обврзан секое сабајле да станувам во 7-8 сабајле и да одам на работа, не трошам пари за превоз/храна, немам некој што ќе ми стои над глава на работното место и ќе ме контролира или колеги кои ќе ми ставаат сопки и препреки, туку напротив можам да работам кога сакам и колку сакам дневно и според тоа сум платен. За заработувачката нема да верувате дека е извонредна. Без да спомнувам конкретна бројка, комотно ќе кажам дека заработувам над просекот во Македонија (кој “официјално“ според заводот за статистика изнесува 21 000 денари или 350 евра, а официјално и реално знаеме дека е помалку). Навидум моето седење дома ми донесува пари, но не е баш седење дома, туку вклучува работа на компјутер, програмирање, правење проекти итн. Работам помеѓу 25-35 часа неделно кога како и правам солидна пара. :) Не го пишувам овој пост да се фалам или којзнае што, само да ви кажам дека спас и излез од било каква ситуација има. Потребно е само да ви се посреќи и да ја добиете шансата за докажување и ако знаете да ја искористите, ви се отвара прилика за убав живот. Поединецот или фирмата за која ќе работите онлајн воопшто не ја интересира која националност сте, која партија е на власт и еден тон дневно политички срања како што е кај нас, само се бара знаење и ефикасност од вас. Единствена негативна работа од сево ова е тоа што нема многу интеракција и социјализација, се е сведено на комуникација преку интернет и живеење во виртуелниот свет. Врти - сучи, се си има своја цена. Сигурно нема цел живот да терам вака, ама додека трае нека трае, а кога ќе помислам од друга страна, немам ништо против оваа работа да ја работам, со оглед дека е добро платена. Сите средства ги добивам онлајн, па преку низа трансакции ми стигнуваат на дебитна картичка и после ги вадам парите од банкомат like a boss. Можам до сабајле да пишувам на оваа тема, ама сепак ќе оставам да има прашања и неодговорени работи, со цел да потикнам дискусија со вас. :) Не се зезам, ако некоја цура од вас е добра во програмирање, странски превод, изработка и монтажа на слики, графички дизајн, веб дизајн, било што поврзано со работа на компјутер, не е свесна дека можноста за работа и е пред очи и дека не мора да пишува CV и да аплицира за некоја работа за 200 евра максимум. Слободно можете да ме прашате во врска со работењето онлајн и ќе ви објаснам. Има еден куп категории за работа кај што работодавците даваат огласи и бараат некој да им сработи нешто за сумата за која ќе се договорите. Еве кои категории за работа ги има на Oдеск на пример (клик http://upload.slike.com/slike/WjamK.png за цела слика).
    [​IMG]

    Се надевам постот ќе го сфатите добронамерно, а не во злонамерна смисла демек еве сум се снашол и ми се посреќило и сега проповедам. Воопшто не е така. Само гледам дека некои паѓаат во депресија од неможноста да најдат работа во Македонија. Ама да знаете дека шанса и надеж секогаш постојат. Сум бил и јас на неколку интервјуа во Македонија за real job и се завршило само на интервју. Меѓутоа не ја губев надежта и трпеливо чекав некогаш и негде да ми се укаже шанса, а во меѓувреме не губев време, учев, студирав и вежбав практични проекти кои ете се покажаа не биле за џабе и ми користат во работата. :D Дури можам и работна позиција да средам за некоја феминка ако покаже волја и знаење од областа на компјутерите, имам свои врски. :lol: Сумарно, знајте вашиот ловец е тука да ве наведе во прав смер и во “лов“ на парите. :D
     
    На sindi87, Wild-GirL, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    По струка работа наоѓање, амин. :tmi:

    За каква годе работа, ќе се најде. Ама ќе робуваш по секој ден на работа, со минимални услови и минимална плата. Кога ќе ти се скинат чевлите од одење да се тресеш дека треба нови да купиш. Не размислувај за нешто повеќе. Освен ако имаш некој од семејството што ти помогнува, ти плаќа сметки, купува храна.

    Затоа јас ги разбирам на тие кои пребираат. Јас немам грб зад мене кој ќе ми плаќа струја, вода дома, ќе ми полни бензин в кола, ќе помага за куќните трошоци, набавка на дрва за греење, ќе поткупува храна во фрижидер.
    А, каде е социјалниот живот, шетање, кафе, облека?
    И како да прифатам работа со 10 000 ден., кога не ми втасуваат парите, а ќе работам без еден ден слободен? Затоа и пребирам по малку.

    Интервјуа, ЦВа, ми се речиси смешна работа. Кај нас едноставно не функционираат.
    Те интревјуира некој кој три чисти си нема во главата, за на крај да вработат пак некој познат или свој човек.
    И не дај Боже да прашаш за платата. Како тоа да е забранета тема за разговор. :x
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    И јас сега барам работа, за жал не ми се укажа прилика да го дозавршам факсот, и знам дека ќе ми биде многу тешко. Но, читајќи ги огласиве сфаќам дека и факултетот не помага многу, огласите се катастрофа.
    Ренимирана фирма бара кафекуварка/секретарка(со завршен економски факс,)девојка за во кол центар исто така со факултет(правен) и со одлично познавање на португалски, германски, грчки(течно говорење, и секако пишување) итн....Значи 5 факултети да имам не можам сето тоа да го знам. Или се бара продавчка за во салон за теписи, со завршен факултет за дизајн, архитектура и слично. А и што им е со тоа да имаш возачка дозвола, тоа е скоро за сите работни позиции, или уште полошо никако пушач???? Изгледа позицијата е веќе пополнета па знаат дека на овој начин нема никој да се јави.
    Никогаш не се пријавувам на огласи на кои нема никакви други информации освен дека бараат некаков си работник и оставено само меил за да пратиш си-ви.
    Не дека пребирам, ама страв ми е на што ќе налетам.
    Кол центар, бутик, кафекуварка би прифатила ако има нормални услови. Еве еден пример огласов е изгледа стар ама ај иди пријави се http://barajrabota.mk/rabota/kafe-kuvarka/
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ќе се обидам да ти одговорам за две работи за кои што прашуваш од искуство:

    1. возачка дозвола- ова е многу битно бидејќи во една фирма секогаш е потребно нешто да се купи, да се однесе, да се земе итн. ако имате само еден кој е возач тогаш како ќе постигне таа личност се? ако на пример сите с ево гужва и треба некоја услуга да се земе клиент или слично нормално дека треба да имаш луѓе што ќе знаат да возат за да ја завршат работата. или пак кога јас немав возачка секогаш некој требаше да ме носи негде и автоматски двајца ти се отсутни од работа.

    2. пушењето- ова е многу иритирачки од особи без осет. пред некој ден новата колешка излегла да пуши. и сето тоа е во ред ама јас и другата колешка бевме на состанок. канцеларијат празна а она не се ни потрудила да го земе телофонот со нејзе. и така фиксниот звони ли звони и јас на сред состанок морав да станам да го прекинам состанокот за да одговорам на телефон. барем еден почекај да има у канцеларија после излези. друга работа е што се собираат пред врата се оговара на големо се губи време повеќе од дозволеното и има расфрлани пикавци насекаде или набутани у некоја гнасна чаша со вода.
     
    На eli25, SparkyAngel, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Би рекла дека возачката дозвола е неопходна само доколку работата ти вклучува и задолжителна теренска работа.
    Еве јас немам возачка, ниту пак во скоро време би сакала да ја поседувам - зошто тој факт мене би требало да ме прави хендикепирана во тој поглед?
    Ако сум одговорен, примерен и вреден работник, а моите обврски не вклучуваат управување возило (затоа си постои шофер, курир, итн.)не гледам некој особен проблем во тој дел.

    Искрено, моето непоседување возачка многу повеќе ми помогнало, отколку што ми одмогнало. Во оваа држава имањето возачка автоматски те прави дежурен потрчко. На сред работни обврски - абе еј, да тркнеш онаму да го земеш тоа и тоа? :^)
    Не, нема да го земам тоа и тоа, треба да си имате човек за тоа и тоа.
    Во секоја друга нормална и цивилизрана компанија е така, освен кај нас, тука треба да бидеш уан мен шоу. Недај боже да видат дека те бидува и за други работи, ќе те искористат буквално во секој домен, од скржавтина да не платат повеќе луѓе за вршење на тие и тие задачки.
    Затоа, не се правете и премногу паметни и на почетокот - никогаш не покажувајте колку и што знаете да умеете (посебно ако не ви го ценат трудот). Во превод - if you are good at something - NEVER do it for free.

    И се водам по тоа мото, откако сум се изгорела многупати.

    Што се однесува до второто, не сум пушач и можеби ме нервира оваа навика, ама тоа е дискриминација бре луѓе.
    доколку оди 10 пати во денот на пуш пауза, секако дека не е во ред, и не доаѓа предвид.

    Доколку сопствените две паузи кои му следуваат ќе ги искористи да испуши 10 цигари, во рок од 10 минути - НЕГОВО ПРАВО.
    Дали јас ќе пушам цигари, ќе зборувам на телефон, ќе јадам или ќе мастурбирам во мојата пауза која ми следува задолжително - си е само мој проблем.
    Ама кај нас и тоа не е така, и во паузата ти се мешаат, ти ја скратуваат, те заморуваат на телефон и ти наоѓаат маани.
    |(
     
    На Silver.E, midnight.flower, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Само ова ќе го искоментирам, од лично искуство.

    Кога започнуваме со работното искуство, ние појма немаме во што сме добри, а во што не. Заради тоа, моето мото по кое се водев тогаш беше - Се` што сум можам да научам, од било кој, во било кое време, било тоа да е или не моја задача - спремна сум да го правам. И го правев.

    Сакав искуство, сакав знаење, сакав нови нешта, ме интересираше се`. Знаењето и искуството, на крајот на денот, НИКОЈ не може да ми ги земи, НИКОГАШ. И на 10 работни места екстра саати да не ми плаќаат, ќе најдам 11-та позиција на која секоја минута ќе ми е платена, ама тоа ќе биде заради искуството од претходните 10, не затоа што сум многу убава, или многу паметна, или многу тврдоглава.
     
    На midnight.flower и joelle им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    секој си знае за себе најдобро како ќе се однесува во работната средина што ќе прифати а што не, затоа има некој што е поуспешен и понеуспешен.

    јас само кажав мое мислење од моја гледна точка.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ако во една фирма тоа што ќе обавуваш разни работи за кои баш и не си за "запишала" и на крај благодарение на тоа одиш погоре, во друга истите дополнителни обврски ќе ги работиш за џабе и едино ќе се чувствуваш искористен, потрчко.
    Секаде е различно и веројатно сам треба да процениш каде да се (раз)даваш целосно а каде да си се држиш строго до своите обврски (ако се има таа слобода нели).
    Иако во надеж за подобро работно место или да се задржи барем постоечкото, знаејќи со какви работодавци си имаме работа, секогаш прифаќаме свашта(а тука не мислам на работи кои ќе те надополнат со знаење па ќе ги искористиш како искуство во иднина) туку збориме за чисто "амалски" работи, и неретко ни фала не добиваме.
     
    На midnight.flower, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Јасно, секој си кажува од своја гледна точка и искуство, моето се покажало како такво.
    Таа 11-та позиција за која зборува Моира може да ја пронајдеш, а може и никогаш да не стигнеш до неа, макар пукнала трудејќи се, учејќи, надградувајќи се.

    Затоа во меѓувреме, се` што си знам и го учам, никој нема насила да ми го одземе.
    Ако здравје дојде време и место каде што знаењето и трудот ќе се цени, во ред, добредојдено е.
    Ако не, за мали мизерни пари и услови јас лично не планирам да бидам семоќна и сезнајко, зашто ми се покажало опасно, и по здравје и по нерви.
    Личната сатисфакција од тоа колку умеам и можам и онака си ја поседувам и сум свесна за тоа, и без празното тапшање по рамо и восхит за добро завршената работа.