Те сакам.

Дискусија во 'Канта' започната од Tabby, 15 август 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    22
    Спомените сакам да те болат Годините ко срни се губат во далечините... спомените се како бакнежи во снегот. Што да сторам, како ли да ти довикнам? Се плашам од себеси. Во еден миг те посакувам, во друг те мразам. Зошто ли мораше така да биде? Се прашувам зошто јас, зошто мојата душа е пак осудена да страда, зошто моето срце пак да го боли? Но, одговорите се скриени од мене, од тебе, злото не нападна сите, не плени, ни ја исуши сета љубов што постои во нас. Ме боли тоа што низ сите соби има нешто твое, што насекаде се лее твојот мирис, што писмата твои уште стојат до оганот но, немам срце да ги запалам. Што на моите усни уште стои твојот печат од слатка страст и сласт. Ме боли и тоа кога ќе излезам надвор, а ветрето сеуште шепоти како тебе, дрвјата сеуште ми шумолат за тебе, а птичките ми пеат некои веќе заборавени песни. Ме боли и кога сенката која што доаѓа од прозорецот ми подава рака да излезам надвор, а таму нема ништо, само едни чекори сеуште ме потсеќаат на тебе, а не се твоите. Кога сама седам во паркот и страдам заедно со есента пред мене поминуваат заљубени, а тоа ме потсеќа на нас... на деновите зеднички, на солзите, на бакнежите... на твојот поглед... и шепотот. Лисјата тажно се ронат на веќе тажната земја и прават едно огромно жолто море на болката, а само мојата душа одѕвонува тивко и го повторува твоето име кое толку многу сакам да го избршам од моите мисли но... сето тоа е невозможно. Како ли ми е само кога вечерта си доаѓам од уште една есенска прошетка без тебе и влегувам во таа празна куќа, а ѕидовите ме расплакуваат така болни и ладни. Кога седнувам на скалите се потсеќам на нашите среќни мигови, на насите прегратки... на сите наши мигови кои секогаш беа магични и опивно-љубовни. Неможам веќе така јас... умирам, нема за мене веќе спас. Како да живеам кога незнам како, како да дишам кога незнам за кој би го правела тоа, како да чекорам кога немам кон каде. Дали би можело да бидам среќна? Кога ќе е тоа... дали ќе ги видам повторно некогаш тие кафеави очи? Дали ќе ги почувствувам пак усните, дали тие некогаш пак ќе ја кршат тешката болка како што некогаш тоа го правеа? Сакам да седам надвор сама, сакам ветрето да ме гали, сакам кога срцето ќе ми плаче, сакам кога душата ќе ми страда, сакам кога ти ќе ме гледаш, сакам кога јас ќе плачам, сакам кога ќе дојдеш кај мене со намера да ми помогнеш, но касно ќе е... сакам кога за последен пат ќе ме бакнеш, сакам кога за последен пат ќе потонам во прегратката твоја, сакам кога рака ќе ми подадеш, а ќе неможам да ја дофатам, сакам кога во раце ќе ти умрам, сакам кога последната капка крв ќе ја пролеам за тебе, сакам кога очите ќе ми се затворат, а солзите врели врз срцето ќе ти капнат... сакам кога ќе дојде тој ден... кога ќе сфатиш дека јас сум ти сè, кога ќе решиш да се вратиш, а мене ќе ме нема. Сакам кога и ти така ќе сакас, а љубовта некој од срце ќе ти ја зема... сакам кога ќе плачес, а солзите ќе неможат да ти се пролеат, сакам кога за неа ќе страдаш и ќе се бориш, а таа тивко од тебе ќе си замине... сакам кога тоа ќе се случи, а тебе ќе нема кој да те теши. Сакам кога ќе посакаш да ме вратиш, а кога ветрот мојата пепел насекаде ќе ја разнесува.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.670
    Како прво, кога нешто копираш треба да напишеше дека не е твое лично дело, а како второ не ја гледам целта на темава.
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    И што е целта на темата? :^) |(
    Во Литература си можела до го сместиш овој пост.
     
  4. Emilija

    Emilija Истакнат член Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Темата е заклучена поради тоа што не поттикнува дискусија.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.