Bistro Picollo во Лептокарија го препорачувам...многу е интимно местото, онака за со дечко е таман а може некој да ми каже кај е Опера?
Веднаш се сетив на Аја, убаво, опуштено и интимно место. И Cafe di Roma на улица Македонија е убаво место, и Њу Ејџ исто...
Гледам никој не го спомнал "Дамар" во Старата скопска чаршија, задниот дел од кафичот, прекрасен, тивок,свеќи, тивка музика...
Морам да кажам, викендов дечко ми ме однесе во Опера (таа во Центар, а не Аеродром). Се немавме видено 10 дена, и претходно плус бев отсутна па се решил за поинтимно место. Немаше никој што ми се допадна, освен еден пар кога дојдовме кој брзо си замина. Летна тераса, свеќи, добра музика и ветре. Прекрасен помин и амбиент.
Јас вообичаено одам на такви тивки места, каде што ќе можам да си се напијам кафе и да направам муабет без притоа да ми лупаат звучници врз глава. Би ги споменала Cafe di Roma, La Luna, Аја и Chelsea каде што може човек и телевизија да си гледа. Баш како дома да се чувствува
Незнаев каде на друго место да го поставам прашањево а многу ми е итно. Каде се наоѓа Кафе Бар-Ало Ало? да не е онаму покрај кеј тие кафичите што се,кај Ања?
Девојки ве молам не ми замерувајте ако ве замарам со ова ДИСКО ,ДИСКО , но стварно сакам да одам. 1. не знам шо да носам 2.не знам како да се однесувам. 3.не знам како да им кажам дома. АКО НЕ ВЕ МРЗИ ...БАРАМ ПОМОШ ..... и да мала сум не сум ко вас иам ссамо 14 год.
1. Тоа што мислиш дека најубаво ти прилега, но да биде со мерка. Доколку носиш сукња немој да носиш деколте, ако носиш тесни фармерки-пантолони носи маичка со деколте. Значи да изгледаш секси, ама не и вулгарно. Можеш малку шминка маскара, пудра и сјајче (па и сенка во некоја светла боја) 2. Биди си опуштена, забавувај се, едноставно биди тоа што си и секако не ја заборавај насмевката 3. Кажи им дека сакаш малку да се забавуваш со другарки, дека нема да пиеш алкохол или да земаш цигари (за ова да бидеш мн внимателна, зошто има многу манијаци што се пуштаат на млади убави девојчиња и немој да прифаќаш ако некој ти понуди пијачка) Се надевам дека помогнав... Убаво да си поминеш
Ориентал арт кафе Кашмир - мнооогу убаво местенце, со мерак направено и уредено. Како во уметничка галерија човек да влегува, а не во кафуле. И да напоменам дека имаат превкусен чоко салеп!
Женски дајте предлог на некое фино ресторанче со добра кујна,во среда правам 5 години од брак . Сакам да го изнесам мм
Можеш во Густо до ТЦЦ Плаза, убава кујна имаат, тестенини и пици, цените се ок, не се нешто многу високи. Венето во Сити Мол, цените се малку поскапи, не претерано, а и јадењата се минималистички, така да ако не сте за многу јадење местото е идеално. Пелистер е секогаш полно, не е толку интимно ама храната е 10ка. Можеш и во Џино во ГТЦ, таму никогаш не сум затекнала гужва, а ако си за преку ден во Маргер е прекрасно во нивната градина, додека е убаво временцево.
За тивок а отмен ресторан можам да ти го предложам equestrian. Се наоѓа блиску до Палма во Аеродром. Ние таму славевме нешто со дечко ми и цела вечер беше некако романтична. Местото не е нешто невидено ама има некоја убава енергија. И се сеќавам дека и самите келнери ни направија пријатна атмосфера. Кога ни ја носеа тортичката изненадување и тие беа такви целите еуфорични и насмеани. А јадењето милина. Исто морам да ги препорачам и Гурмет, Пелистер и Амигос. Порано имаше и еден шпански ресторан Азафран. И тој многу го сакавме. Ептен интимно и културно место. Не сум сигурна дали уште постои. И кубанскиот на кеј не е лош.
Девојки вечер планирам да излезам со љубовта моја дајте ми предлог за некое поубаво ресторанче пицерија каде прават најубави пици..