Добар ден, два Даба. Оди келнерот и после 15 мин се враќа да ти каже дека нема Даб. Големо пиво какво имате? Па обично имаме Даб ама сега нема, сега само Хајнекен имаме. Добро, два Хајнекена. Оди келнерот и после 10 мин се враќа да ти каже дека нема Хајнекен моментално. Земаш две Скопски, ги пиеш скиснато затоа што таму си веќе 40 минути, а едвај успеа пиво да добиеш. Вечерта ја продолжуваш на друго место.
Li во капиштец е мн опуштено место, Кафич во македонско село - водно - за интимен дејт со мезе има кафич ( снек бар ) горе во Македонско Село ( поглед накај Скопје ) , Излет, Има ориентален кафич во Центар близу песталоци ама му го заборавив името, Campione - во Капитол малл Аеродром, Мартини во Лептокарија, Доста ви е сега за сега * а каде има кафичи во кој може да најдеме персона за идење во поинтимни места - е група која треба
Освен Кашмир и Олд скул некои вакви местенца кај шо нема многу луѓе и може на раат да се седи на дејт низ Ск има ли?
Цреша, Љубов, Кашмир, Ла Стрега, Ли (макар што секогаш кога одам, фаќам страшна гужва, иако е чил местото не би го нарекла баш интимно)
Кала веќе не постои, на Coffee Factory мислиш? А и таму знае да се згужва надвор, внатре е нешто подобро.
Баш на Кала мислев, но не знаев дека е затворено. Бев пред 2 години последен пат и ми остави добар впечаток на мирно место. А Coffee Factory на ул. Македонија има две на само 100 метри оддалечени едно од друго, која е логиката на тоа, не знам. Но не би рекол дека тие се тивки места, мирни, како што бараат погоре.
Епа Кала веќе со години е затворена, мислам дека и пред две години не работеше. Сега на нејзино место е Coffee Factory.
Навистина? Баш ме разочара искрено, ми се допаѓаше местото за ова време од годината, лабаво со кафе преку ден, пиво навечер. Нешто ко во стилот на Излет надвор на терасата ми е, онака баш чил. Какво е новово место?
Убаво е, јас бев таму последно пред месец дена отприлика.Лабаво е, убаво кафе служат, персоналот многу-многу не се замара со гостите ама океј се љубезни се.Јас па уште мислев дека се вика Љубов
Piazza Liberta имаат многу убави вафли,Менада или Горки(иако мислам дека Горки често има гужва),Енрико,Мартини,Dolce La Terrazza