1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиква

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 18 декември 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Знае ли некој рецепт како да подготвам тиква?

    [​IMG]
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    За да ја погодиш во одбирањето треба да гледаш да биде попортокалова, колку е попортокалова толку е позрела и поблага ;)

    А за печењето најдобро е да ја печеш во шпорет на дрва тогаш е најубава, а во електричен шпорет е како варена и не е убава воопшто.

    Значи ако е поголема тиквата ја сечеш на делови од прилика по 20цм должина, ја ставаш во тавче за печење и ја ставаш да се пече.

    Од време на време погледнуваш дали добила румена боја и ја допираш колку е мека.
    Не тренба да биде многу мека(само малку), а на краевите треба да биде со некоја кафенкасто црна боја.

    Ќе ја познаеш од око кога е испечена, ќе видиш ;)

    После сечи ја на подебели парчиња околу 1,5цм и уживај во ова превкусно јадење
     
    На LivingGlam и maja8 им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А може и да ја сварите, после да ја извадите целата од кората, да го испасирате убаво тоа, додадете јајца, шеќер, ванила и млеко, да стане онака убаво хомогено пире од тиква, и после во тепсија да ја печете, додека не порумени малку озгора. Мене така ми е дефинитивно највкусна, торта од тиква, ммм :)
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Печена на дрва е најубава. Јас ја сакам со ориз и млеко печена мммм прсти да излижеш.
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Марама, кажи го рецептот- јас само за обична знам.

    Не знаев дека се прави тиква и со друго :)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Сесилија ја сечеш тиквата на ситни коцки и ја ставаш во тавче, ставаш ориз и вода и ја ставаш да се пече, обично дедо ми ја прави и ја прави во шпорет на дрва. При крај кога ќе набабри оризот и тиквата ќе омекне ќе ставиш млеко. Оставаш уште малку во шпорет да зарумени и вадиш. Штета немам такво смајли, абе прсти да излижеш е. :)
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Сега уште мерките да ги кажеш ;) , па кога ќе одам кај баба ми да го пробам рецептот 8)

    Многу сакам такви традиционални јадења :inlove:

    А тиквата ја лупиш па ја сечеш на коцки или.... :wasntme:
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Ах, да, заборавив. :$ Тиквата ја лупиш, па ја сечеш на коцки, е сега незнам точно колку се става :$ ама го полниш тавчето, ориз се става еден филџан и вода да се наполни тавчето. После нели ќе изврие водата и го дополнуваш со млеко, оставаш да разумени ,ако го сакаш потечно го вадиш порано , јас го сакам погусто, па оставам млекото повеќе да изврие. Прашај ја баба ти сигурно знае, иако мислам рецептов кумановски е :D
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Баба ми ова сигурно не го знае :lol: , не е кумановка иако снаа и е од таму- ќе треба неа да ја праша :lol:

    А ако се става 1 филџан ориз, тогаш треба 3 филџани вода- нели тоа е соодносот на вода и ориз 3:1?
    А млеко ајде, ќе ставиме од око или колку имаме :P


    Не ми се верува дека во 00часот правам муабет за тиква :rofl: :rofl:
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    А да дојдеш кај мене на тиква? Денес има печена , во пон. сигурно ваква ќе има :D
    Знам дека обично се става 3:1 ама ние ставаме 4:1. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас блага опсесија имам кон тиква, во зима да можам само на тоа ќе живеам. Лани барав рецепти за колач и конечно си искомбинирав неколку. Излезе преубав колач ама за годинаva тоа ми здосади. Денес направив еден нов и ептен ме бендисува. Еве рецепта

    1 шолја пире од тiква
    1/3 шолја масло
    2 јајца
    1 шолја шеќер
    1 + 1/2 шолја брашно
    1 лажичка прашок за пециво
    1/2 лажичка сол
    зачини (цимет, морско оревче се што сакате)
    половина чоколадо (јас ја правев со она од 70% какао и има убав на моменти горкаст вкус)

    Во еден сад се мати пирето од тиква, маслото, јајцата и шеќерот со миксер. Во друг се мешаат сите суви состојки (брашно, сол, прашок за пециво, зачини) и се ова се додава во течниот дел. Се мати со миксер. Чоколадото се сецка на мали коцки и се додава во смесата. Се става во помачкан и набрашнет плех и се пече околу 20 минути на средна температура

    Иначе рецептов е за мафини и следен пат планирам така да пробам, сега заборавив дека имам само еден калап од 6 мафини а ова е доза за 12. Бидејќи е адаптиран од американски сајт а они и тие нивни cups, јас користев нешто како поголема шолја за кафе или некоја помала за млеко. Ете ако сфати некој.

    И да, ако сакате можете да ставите и екстракт од ванила, ептен убав мирис дава.
     
    На mal.ecka и Heleny им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Тиква од дамна немам јадено :^) ја јадам печена, сакам и слатко од тикви

    Еве еден рецепт, кој ќе го проба нека каже за да правам и јас :wasntme:

    Потребни состојки:
    4 парчиња тиква
    50 мл. Млеко
    1 лажица шеќер
    1 лажичка цимет
    100 гр. Ореви
    500 мл. слатка павлака

    Припрема:
    Загрејте ја рерната на темпрература од 180 степени целзиусови. Исечете ја тиквата на долгнавести парчиња. Наредете ги парчињата во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 30-35 степени на температура од 200 степени.

    Извадете ги парчињата тиква. Малку издлабете ги и она што сте го издралбиле ставете го во посебен сад. Додајте ја слатката павлака, млекото, шеќерот и циметот и изматете се додека смесата не се соедини.

    Со лажица нанесете од смесата врз секое парче тиква. Врз нив наросете сецкани ореви и ставете ги повторно во рерна да се печат околу 10 минути.