1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиквици

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 10 октомври 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.418
    Пол:
    Женски
    Поттикната од една прашање во СДП ја отворив темава.
    Тиквиците ги јадеме дома многу често. Најчесто ги пржиме. Ме интересира како вие ги подготвувате. Еве од мене три начина:

    1. Пржени тиквици
    Две тиквици ги лупиме и сечеме на кругови. Се посолуваат и се оставаат да постојат некое време за да им излезе водата. По час, два ги пржиме во загреано масло.

    Ги подготвуваме вака затоа што поховани не ми се допаѓаат.

    2. Салата од тиквици
    Истата постапка како од погоре. Кога ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцедат, потоа ја тргаме салфетката ставаме сол, магдонос, зејтин и оцет.

    3. Кофтиња од тиквици
    Две тиквици ги лупиме и рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, брашно по потреба, сол, бибер, вегета, може и магдонос кој сака. Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња и се пржат во загреано масло. Се ставаат на салфетка да се исцедат.
     
    На Lara26, sakamdasumsreknabar1 и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Ние најчесто ги јадеме како салатата што ја имаш пишано, само плус ЛУК, многу битен детаљ.

    Исто така мајка ми прави и полнети тиквици.
    Ист принцип и со иста смеса како за полнети пиперки( мелено месо, ориз и така натаму ) само нели, се полнат тиквици.

    И во мусака со компир може да се вметне по некоја тиквица, не се приметува, иста е ко компирот.

    И сеа ми е чуден зборов тиквица. :lol:
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Еве и супа од тиквици навистина е вкусна. Се ренда една цела тиквица во тенџере, се додава вода, зачин и масло. Се става да се вари. Настрана една до една и пол лажица брашно се загрева на рингла и му се додава пола млеко од претходно измерените 250мл. млеко, се меша убаво да се соедини со брашното. Го истураме во тенџерето и оставаме да се вари. Настрана се мати едно јајце со останатото млеко и се додава тенџерето кое претходно се трга од огнот. Полека се истура за да не се завари јајцето. Ете ви убава и здрава супа.

    Напомена млекото да е млако кога се меша и со брашното и со јајцето, јајцето се вaди порано од фрижидер за да се загрее на собна температура.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Ме настрвивте, би убила за горенаведената салата од тиквички, инаку кај нас масовно се јадат пржените, а јас уживам да ги ''гарнирам'' со пржено сирење и виршла, пилешко или било какво месо врз кое претходно има ставено кашкавал (кој се разлеал :mm: ), пропратно оди и таратур салата и краен ефект е болка во стомакот од препукување до фул. :D
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Ги обожавам, ама спремани само на еден начин. Имено, се сечат на тенки кругчиња, се пржат во масло и се ставаат во павлака, се додава лукче и малце магодонос. Превкусно е!
     
    На WORRIED.BT и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hие дома прво си стававме во брашно,па јајце и потоа ги пржевме,многу ми се убави така,сега ми дадовте идеи да си пробам нешто ново :)

    A некогаш кога не сакам во мусаката да ставам компири,ставам тиквици :angel:
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Обожавам тиквици на горе напишаните рецепти јас би додала и мусака од тиквици.
    Се приготвува на истиот начин како и мусака со компири само нормално наместо компири тиквици и се додава малку кисело млеко.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ги јадам секакви, ги сакам и поховани, ги сакам и испржени само па направени со оцет и лук, а ги јадам и како ќофтиња.

    Кога ги поховам со брашно и јајца ставам пченкарно брашно, поубави се со него и не гори толку брзо како пченичното.
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hајдов еден грчки рецепт за пржени тиквици,се изнајадов,преквусни се,морате да ги пробате :)

    2 средни тиквици
    1 мал кромид
    75g фета сирење
    1\2 чаша брашно
    1 лажичка млеко

    Tиквиците изрендајте ги во посебна длабока чинија,посолете ги и оставете ги настрана 10 минути за да им излезе водата.

    После 10 минути со рака исцедете ја водата од тиквиците и ставете ги во друга подлабока чинија,исечкајте го кормидот,со рака згмечете го сирењето,додајте го брашното и изматеното јајце и млеко,па измешајте се заедно,направете ги во форма на топчина и испрежете ги. :mm:
     
    На Ema.Sk, sunfemina и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Мене ми се највкусни вака:
    Ги мијам убаво, не ги лупам, ги сечам по должина (не на кругови) и ги пржам во масло.
    Им ставам оцет, магданос, лукче и сол.
     
  11. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Дома сме луди по тиквички. Мајка ми секогаш ги прави пржени.
    Прво ги сече на кругчиња, потоа ги става во брашно, па во јајца и на крај ги пржи.
    Откако ќе ги испржи ги јадеме со сирење и јогурт.
    Превкусни се. :angel:
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Плескавици од тиквици :
    3 средни тиквици, изрендани
    малку кромид, исецкан
    малку магдонос
    3 јајца
    1 лажица црвен пипер
    сол, бибер
    200 g сирење, издробено или исечено на коцки
    1 шоља брашно


    [​IMG]

    Лазањи со тиквици
    Подготовка:

    Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

    Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

    Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

    Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

    Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

    Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

    Печете 35 минути во задреана рерна на 180 степени.
    Состојки:

    * 250гр готово тесто за лазањи
    * 400гр свежо сирење
    * 20гр путер
    * 800гр тиквици
    * 300гр домат од конзерва
    * 50гр пармезан
    * 12 цветови од тиквици
    * Кромид
    * 2дл слатка павлака
    * Маслиново масло
    * Сол и бибер
    [​IMG]
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Веќе подолго време ги правам плескавиците од тиквици :) Вкусни се.
    А и другиов рецепт ќе го пробам :wasntme:
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    оф леле ми иде да плачам кога ќе ги видам колку се убави
    а особено поо рецептот на мајка ми :)
     
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ги обожавам.
    Најчесто ги печам на тостер, најпрво ги сечам на резанки по желба и потоа ги ставам на тостер па им наросувам малку сол врз нив, кога ке се осети дека се печени ги вадам.
    Преубаво мириса а за вкусот немам коментар.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас ги обожавам тиквиците, пржени како кофте, на резанки со лукче и магдонос, мусака од тиквици, полнети тиквици.
    вчера си направив со помош на Aнатх полнети тиквици, се супер излегоа ама заборавив да ги излупам |( ,ама денес се супер

    вака ги направив.

    ги изглабев, тој делот што го издлабев го сомелев во тој апарат со ножиња што е, не знам како се вика

    сомелев домати, магдонос сецкан
    ставив кромид да се пржи, додадов црвен пипер, ориз, соја трошки, овоа сомеленово, изрендав моркови малце црн пипер, и супер излегоа :inlove:
    во иднина и кофитња ќе си направам, значи пак ќе кажам тиквици и модри патлиџани обожавам, готвена храна со нив ми е слабост
     
  17. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Мојот рецепт за тиквички е многу лесен и вкусен.
    Тиквицата се сече на кругови и се попрскува со сол. Се реди во плех и одозгора ставам само малку зејтин или маслиново масло и лук во прав. Се печат околу 20 мин на 150 степени.
    Додека се печат се прави сос од ситно сечкан лук, сечкан свеж магдонос, маслиново масло и вински оцет, и малку вегета. Може и 2 супени лажици вода.
    Од кога тиквиците ке поруменат, ги вадиме, попрскуваме со сосот и воала...готово за миг.

    Ги обожавам и пржени, меѓутоа не ги практикувам поради тоа што впиваат многу зејтин и многу се мрсни, и досадни за пржење.
    Вака ем брзо, ем со помалку мрснотии. ;)
     
    На Zaljubena111 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт од мене - денес првпат го правам - за ручек за малиов, па се надевам нешто ќе излезе, а вака во рерната ветува :D
    Се лупи и ренда една поголема тиквичка, малку се посолува и се остава да се исцеди водата. Штом ќе се исцеди, се додава рендан морков, две чешниња лук (може и млад лук), или пак четвртинка главица кромид (ова за една тиквичка), сечкан магдонос, јајце и една лажица брашно. Убаво се меша, се досолува ако има потреба, и се става во подмачкан огноотпорен сад. Се пече на температура од 180 степени, при крај се ренда одозгора сирење или кашкавал и се потпекува.

    Како што кажав, во рерна убаво изгледа... а за јадење, допрва ќе видиме какво ќе биде :D

    Едит: прсти да си излижеш... малиов си изеде полна чинија и бараше уште, ама не му дадов, премногу ќе му е... попосле може пак :D
     
    На Peppermint, slavica999 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Ете ми се прејаде сеа тиквички
    ја ги лупам ги сечам на кругчиња ги валкам во брашно и вегета и ги пржам, откако ќе ги испржм му ставам малку оцет
    мх мх ми иде вода на уста
    аа утре морам да направам
     
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    јас ги сечам на кругови потоа ги брбелам во јајце па во брашно па ги пржам баш деновивие ке си направам