Јас предмалку направив тиквички како додаток на денешниот ручек. Ги излупив и исеков на тенки парчиња, пржев додека малку заруменат од двете страни. На страна направив како сос, неколку лажици павлака, неколку ситно, во блендер исецкани чешниња лук, и магдонос (јас ставив сушен, но поубаво е со свеж). Како ги пржев, така ги редев во подлабока здела, а на секој ред тиквички им ставав малку сол и оцет, а потоа и ги премачкував од сосот со павлака. И така едно 5-6 пати се заебавав, пржи-мачкај, но на крајот испаднаа преубави.
Одличен рецепт. Лесно, пролетно, здраво. Им се допадна и на моиве- за нив беше прилог, а за мене главно јадење со оглед на тоа што избегнувам месо. Јас направив двојна количина и немав време да ги цедам тиквиците, па затоа на подмачканиот огноотпорен сад наросив малку гриз. Многу вкусно.
Не многу често ги јадеме , ама ако ги јадеме ги јадеме пржени со јајца и брашно и правиме ќофтиња од нив , ги рендаме тиквичките брачно , јајца зачини и пржиме во масло
Јас пак ама иш не јадам тиквици знам дека се здрави,се препорачуваат и за мали деца,ама не можам да се наканам нити да пробам особено похованите,им викам на моиве краставица пржена на лето и есен од домашните тиквици што си ги садиме дома,особено од големите знам да си направам полети тиквици,така моше да каснам Спојлер во издлабена тиквица,ама мора да е голема и дебела,ставам се како за пиперки полнети,многу е убаво
Уфффф ги обожавам.. Воглавно сите исто ги подготвуваме. Ќофтиња, пржени тиквички (со лукче кое инаку не го сакам многу), или како мусака само се ставаат тиквички наместо компири Вкусно е.. ама ќофтињата ми се најбоље
Јадам пржени поховани и ги јадам во мусака (повкусно ми е од мусака со компири)... обожавам тиквички... Едит Си ги сакам и само пржени со зејтинче, оцетче, лукче на тркалца и магдонос, мх мх мх
Аууу ги обожавам тиквичките поховани со јајца и брачно, па уште и некое сосче од доматчина од страна за да си макам мх мх царски убавини,често прам .Ама и во тава мусака ми и се специјално убави,па и полнети тиквички во секаква форма си јадам тиквенца
За денешниов ручек, тиквиците ги искомбинирав со пилешко. Една тиквица, еден пилешки стек, 2-3 млади кромитчиња, кесичка маринирани шампињони Тиквицата само ја изгребав со нож (не ја лупев целосно за да не се растурат парчињата после во јадењето), ја исецкав на крукчиња, ги испржив и ги оставив малку да им се исцеди вишокот масло. Стекот го исецкав на долги парчиња (како за прсти), го испржив за да фати коричка, па го динстав со малку вода. Откако испари водата додав млад кромид и сецкани шампињони и сето го пропржив (да не е ептен суво онака малку да е сочно). При крај ги додадов испржените тиквици со внимателно мешање да не се растурат. На крај зачини, свеж магдонос и супер јадење. Сличен рецепт има на coolinarka, но таму тиквиците и пилешкото заедно се динстаат, па тиквиците испаѓаат како варени.
Јас правам еден сос за шпагети со тиквички и е предобар, посебно зошто е летен, многу ми е по ќеф. Рецептза околу 2 порции) 1 мала тиквичка 2 убаво зрели домати 1(не многу мала) главица кромид печурки по желба томатело сос зачини и секако шпагети Подготовка: Се пржи кромидот додека не стане мек, па се додава на коцки исецкана тиквичка (и печурките доколку се користат)и се чека да се запржи тиквичката, цело време се меша за да не загори кромидот.Кога ќе биде готаво се става сецкан и излупен домат, притоа треба да има пуштено водичка доста, значи затоа се препорачува позрел и се тоа се потпржува, кога ќе стане доволно мек и доматот т.е. кога ќе се раскашави, се додава зачини и томатело сосот, (отприлика се става зависи колку сос сакаш да добиеш и колку густо да ти биде)Се остава да се крчка тоа и кога сметате дека е готаво ги ставате внатре сварените шпагети и мешате.И тоа е. Е сега јас вака отприлика кажувам пошто нема точна мера зошто јас си го смислив, ама од око би требало да го погодите. Одличен е,посебно ќе го засакаат страсните љубители на тестенини,а тиквичката го дава шмекот.
сите ги правиме слично ќофтињата од тиквици. јас ги правам на следниов начин: 2 тиквици (рендени), 1-2 моркови(рендени), 200-250 грама шунка (рендана), 200-250 гр сирење (рендана), 3 јајца пециво магданос зачини (сол, вагета) 2-3 лажици сенф 12 лажици брашно ( некогаш и повеќе во зависност од тиквиците) Добар апетит
пред некој саат јадев, и многу ги сакам,вкусни ми се,јас најпрво ке ги измијам,ги сечам на кругови ги пржам многу малку,ги ставам на салфетка да се одземи масното,и со краставици заедно помешани,со лук и магдонос и оцет, прсти да изедиш
Сакам ќофтиња од тиквица.. или како и да се викаат, но најмногу си ги сакам пржени во јајце и брашно и точка. Освен тоа ги сакам сецкани на ленти и пржени со сецкани на ленти, кромид, пиперка, морков.... печурки, пилешко месо или какво и да е, а може и без месо, може и без печурките, а наместо печурки само со домати и лукче.... или павлака. Зачинето само со веѓета, биберче и то. ...и мусака со тиквици ммм.
Ја рендаш тиквицата и ја оставиш така малку да остои за да можеш убаво водата да ја изцедиш (пуштаат вода тиквиците). Рендаш 1 морков и 1 компир и јас кога имам ставам и малку рендан кашкавал. Смесата ја замесиш со 1 јајце и 2-3 лаж презла или брашно што имаш по дома, сол, бибер, вегета малку, ситно сецкан магданос и едно чешне ситно сецкано лукче - по желба. (ако ти е сува смесата и неможеш да оформиш кофте додади уште едно јајце. Некаде околу 400-500гр тиквица е за 1 јајце) Се пржат во врел зејтин
Јас ги правам вака: рендам две-три тиквици (ова за четворица - имај предвид дека баш и не јадеме многу), ги оставам да се исцедат, додавам ситно сецкана главица кромид, 3-4 чешниња лук, малку сецкан магдонос, рендан компир или пола филџан соини трошки, јајце и малку брашно да се добие смеса како за ќофте. Зачини по желба - сол/вегета, црн бибер, копар... Се прават ќофтиња, се валкаат во брашно и се пржат. Може во брашното да додадеш презла или сусам - повкусно е така.
Јас ги пржев стандард, во брашно и јајца се додека не ја видов темата каде сите ги иснафаливте ќофтињата од тиквици, па решив да пробам. Земав една мала тиквица, ја изрендав на ситната страна од рендето, потоа со раце ја стискав за да истече вишокот вода (а се изненадив колку вода излезе), потоа во смесата изреднав малку сирење, ставив јајце, брашно онака од око за да не биде кашкава смесата, додадов вегета, сол и лук во прав и со лашица земав од смесата и ставав во тава со загреано масло и со притискање формирав ќофте. Ептен бев изненадена од вкусот, а и моиве ги бендисаа, ми ги изедоа пола ќофтиња Од што ми беа убави, утредента пак си направив
а во комбинација со што да ги направам овие ќофтиња?со што одат најдобро колку ќофтиња ќе ми излезат од оваа смеса сакам да направам за 3јца ама убаво да се најадеме ?
Ќе ти стигне за тројца, ние четворица возрасни од ова се најадуваме убаво Што се однесува до тоа со што да ги комбинираш, можеш како прилог да направиш tzatziki салата, или пак таратор. Јас не ги спремам во комбинација со месо оти доволно заситуваат. Да не се суви, можеш да направиш некој сос. Јас правам сос со домати, или пак сос со лук и павлака. За првиот, динстам малку кромид на тивок оган, додавам доматен сос или сечкани лупени домати, посолувам, и оставам да се искрчка убаво, пред крајот додавам и малку сечкан лук и магдонос. А за вториот сос, павлаката ја мешам убаво, ја посолувам и додавам 5-6 чешниња лук (пресуван, знаеш на што мислам). Мене лично, со тиквичките многу ми оди лук, ептен, особено млад. Само за мажот ми ги правам без лук.
Јас често подготвувам тиквици но не ги пржам туку правам муасака или манџа од нив. И двата рецепти се со мелено месо. За мусаката доволни ми се 3 тиквички а ако се помали може и некое младо компирче да се додаде. Ги лупам сецкам на кругови а во тава пржам кромид и меленото месо. И редам како за мусака од компири. Малку водичка и пред крај ги прелевам со 2 матени јајца и кисело млеко или јогурт и ги оставам усте малку да се потпечат. А за манџата јас бев скептик пред да ја пробам но за летно време е одлична. Количината на тиквички е иста како за мусака со тоа што ги сецкам на коцкички не многу мали, сецкам и моркови (2-3) и едно две компирчиња по желба. Ги ставам во тенџере со вода и малку зејтин и се варат пред крај додавам исто како претходно спремено мелено месо и обавезно ловоров лист, прави голема разлика. Сите останати зачини се добредојдени и по желба! Пријатно јадење