вчера го направив овој рецепт само не ставив лук ниту кромид бидејки дома не јадеме,но прсти излижавме и малку ни дојде .многу попрактично отколку кофтињата каде се губи повеке време и се многу по масни.летно и лесно главно јадење ке го практикувам почесто.
Нешто што ми е најомилено, го обожавам овој период кога ги има и редовно ги јадам. Не ги спремам јас, ми ги спрема мајка ми или дечко ми. Мајка ми ги натопува во јајце, па во брашно и става малку лукче при самото пржење. А, дечко ми наместо брашно-ги натопува во презла. Преубаво нешто, ми се пријаде сега!
муската со тиквици ја направив синоќа и навистина беше супер рецептов вредеше што го сподели на сајтов
Јас тиквиците ги пржам, ги цедам од маслото и ги ставам во танир со кисело млеко ги мешам заедно и сега ми се пријаде хехехех
Ние дома ги правиме пржени на кругови па со лук,оцет зејтин како салата,многу често правиме плескавички од тиквичка (рендана тиквичка со едно јајце,магдонос,брашно) превкусни се,правиме мусака и правиме полнети тиквички кои мене ми се многу убави. На ист начин како полнети пиперки само што се сече тиквичката на 2,3 пати(зависи колку е голема) се длаби,(не го фрлајте тоа од внатре туку додадете го во меленото)потоа се полнат со приготвеното месо и се затвараат горе со кругче домат. Се печат и се прави запршка исто како за полнети пиперки/бабури. Убави се и како салата со павлака. Се пржат се редат на салфетка за да ја упие маснотијата,а потоа се ставаат во една чинија,се сецка лукче,магдонос и се додава павлаката.Лесна,брза летна салата.
Ммм, тиквички. Ми се пријаде од темава Инаку си ги сакам сите горенаведени варијанти = од поховани во јајце и брашно, до пржени на маслиново масло, и после тоа прелиени со оцетче, или балсамико,лукче и сол. Инаку си ги правам и полнети, со смеса од интегрален ориз и печурки. Смесата се прави исто како за мусака. Се пропржува главица кромид, се додава оризот, малку вода, зачини и печурките на крај. Се пржи додека да испари водата и се полнат тиквичките. Се редат во тава, се поливаат со малку доматен сос и се печат. Мајка ми вака ги прави и превкусни се.
Ги обожавам. Преслатки ми се. Ние ги правиме на два начини. Ги сечеме на кругчиња, потоа ги мрцаме во јајце и во брашно и ги пржиме на врело масло. Или ги рендаме, па им додаваме една лажица брашно, 1 јајце, малку сол, вегета и магданос. Ги оставаме водата да се исцеди и ги пржиме на врело масло како ќофтиња.
Сакам утре за ручек да полнам тиквички...е сега прочитав 2 рецепти, оној на тинкербеллл и на Шилеа, а малку се разликуваат. Никогаш не сум спремала полнети тиквици и ако може малку подетален опис на самиот начин на приготвување. Сакам да ги полнам со мелено месо....е сега не ми е малку јасно, прво се пржи месото или издлабениот внатрешен дел од тиквичката? Дали се додава и ориз или не? Може ли да додадам и морковче, патлиџан, кромир или не? И на крај пред да ги ставам во релна треба ли да ги полеам со водичка (како полнетите пиперки) или само со доматен сос? И колку време од прилика се печат? Однапред фала.
да де исто како полнети пиперки, си ставаш кромид пропржен со месото ориз, може и рендан морков, јас тоа што го вадам од тиквичките во блендер го мелам, како каша го додавам тоа во оризот, си мелам домати и тие Cамо утка им направив зашто не ги олупив а се лупеле. си ја наполнив тепсијата со вода, со црвено пиперче, и турив и малце ориз на водата, се печат колку и пиперките, нели треба и да се превртат после одредено време Jас само со соја ги правам, наместо со месо, ама и така и така се вкусни и лесни за јадење
Јас кога правам полнети тиквички ги правам на следниот начин: Ги мијам не ги љупам ги сечам на половина и со мала лажичка ги длабнам. Тоа што ке го извадам од тиквичките ситно го сецкам. Потоа пржам кромит, па месото, внатрешноста од тиквичите. моркови на крукчиња и ориз. Па додавам вегета, бибер и црвен пипер. Ги полнам и ги редам во тавче. Тоа што ке ми остане го ставам во тавчето и додавам вода исто како за полнети пиперки толку вода ставам. Ги ставам на најако и ги печам едно 45 мин.
За отприлика 8 парчиња полнета тиквица, ти треба една голема главица кромид, 200 гр интегрален ориз, 200 гр свежи печурки шампињони, вдлабнатиот дел што ќе ти остане, претходно исечкан, по желба рендано морковче, зачини, вода и масло. Ренданиот кромид се пржи на масло, се додава оризот и се пржи додека стане стаклеста смесата. Се додаваат печурките сечени на ливчиња и малку вегета, сол и бибер. Пржиш додека да испари водата (шампињоните знаат да пуштат доста вода), додаваш морковче/остатокот од вдлабнатите на тиквичката, црвен пипер и мешаш. Кога ќе испари водата, но да биде сепак густо, полни ги тиквичките. Ние обично ги покриваме со парче компир. Во тавата кај што се пржеше филот, стави доматен сос - томатело можеш, и полиј ги да ги покриеш, а тавата претходно намрси ја со масло. Се печат околу 40 мин. на 200 степени. Можеш да ги превртиш ако сакаш, а може и да ги оставиш да си се печат само од горниот дел.
Лолита ние ги правиме на ист начин како за полнети бабури. Се запржува кромид,потоа му се додава меленото месо.Ќе се запржи и му се додава ориз(една рака одприлика зашто ја не ги сакам да ми се многу на ориз)додаваме зачини и на крај се додава внатрешноста од тиквичките(што си ги длабела).Се пропржува уште малку колку да се соедини смесата. Тиквичките наредени во огно отпорен сад за печење (или ако немаш во подлабоко тавче)се полнат со смесата и горе се затвараат со куригче домат.Ќе ги полиеш со водичка (како полнети пиперки околу 2 прста да не е премногу) Стави ги да се печат и прикрај направи запршка и запржи ги.Врати ги во релна уште малку. За печењето ќе приметиш сама кога се готови со вилушка пробувај да ти пропаѓа во тиквичката да биде мека.
Aјде тука да прашам луѓе, кога се полнат модрите патлиџани, свежо се полнат како тиквичките и пиперките,или пак се обаруваат? им се прави некој ритуал предходно?
Ludo, модриот патлиџан може да горчи понекогаш, па се става во солена вода, излупен и исечен да се извади горчливото. Инаку истиот принцип е за полнење, како и со тиквичките, пиперките, доматите...
Eве јас направив денес за прв пат ќофтиња од тиквици,по вашиве рецепти кои тука ги прочитав.Многу убави ми излегоа,децата многу ги бендисаа.Само многу воденасти ми беа,иако ја цедев водата,едвај успеав некако да ги спојам во компактна смеса. Инаку за јадења со тиквици правам полнети тиквици(стандард како полнети пиперки) и ги поховам исечени на крукчиња со јајце и брашно. Убави си се секако. Сега ми е следен рецептот на Ана во огноотпорен сад.
Обожавам тиквички, поховани пржени, мусака само од тиквички или пак мешано од тиквички и компири, пржени и подлучени, во турли тава, секакви. А еве еден мој рецепт за нешто со тиквички, може да се каже каша или нешто како сос со тиквички: Една тиквичка се сецка на коцкички, и се пропржува во масло. Откако ќе омекне се додава една лажица брашно да се запржи и една чаша вода. Се посолува и се додаваат 2-3 чешниња лук. Треба да проврие и готово. Може да се служи како прилог кон некое јадење, а и само да се мацка со лепче е многу вкусно.
ПАЛАЧИНКИ ОД ТИКВИЦИ Состојки за 2 лица: 1 китка магдонос 100гр сирење 2 јајца 50гр рендан пармезан Бибер 125мл млеко 1,5 лажица сол 100гр брашно Ореви 500гр тиквици Неколку шери домати 60гр путер Подготовка: Измијте ги тиквиците, ислупете и изрендајте. Посипете со рамна лажица сол и оставете еден час или повеќе, да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги со цедалка. Магдоносот исецкате го ситно, па поделете го на два дела. Во исцедените тиквици додадете млеко, јајца и истопен путер. Помешајте го со брашно, пармезан, половина од исецканиот магдонос, додадете половина од рамна лажица сол, малку ораси и бибер. Тефлонската тава загрејте ја, капнете малку масло, па сипете ја смесата во дебелина од половина сантиметар. Намалете ја температурата. Штом ќе се потпече долната кора, со помош на плаштична лопатка пресечете ја палачинката на 4 дела, за лесно да ја превртите. Печете од секоја страна по неколку минути или додека не порумени. Сервирајте на танки парчиња сирење и половинки од доматите, а потоа декорирајте со сецканиот магдонос.