денеска правев пржени тиквички...ммм, не дека јас ги правев па да си ги фалам, ама убави беа инаку, со мајка ми сме правеле и мусака со тиквички, а и полнети тиквички
Се знае што се јаде периодов. All day, all night тиквици. Не сум експериментирала со рецепти. До сега се знае, стандард пржена тиквица, некогаш полнети и некогаш ќофтиња. А палачинки и слички ујдурмлии уште не сум пробала, но треба за малку да се смени. Има интересни рецепти, дефинитивно нешто ќе пробам па и јас ако најдам нешто ќе споделам.
И јас ги правам по рецептот што го има Марама кажано Убави ми се,но еднаш се прејадов,и сега тешко прифаќам да правам за ручек
Многу се убави и тостираните тиквици . Исечете на кругчиња тиквици, посолете ги малце со сол, и тостирајте ти. Ептен се вкусни.
Прееска си викам ај во смесата ќе изрендам и варен компир- не сте свесни кое фијаско беше- се лепеа и распаѓаа, пробав да ги валкам во презла и така не бидуваше и на крај ја истурив цела смеса во тавата и така ја пржев Што згрешив?
Неодамна открив дека тиквичките можат да се спремаат многу едноставно а вкусно: - исецкајте ги долж на 3-4 дела, намачкајте ги со масло и убаво со вегета на пр. онаа на подравка за јунетина или пилешко што е, - стојат на отворено или покриени околу половина час да пуштат вода од себе - во печка да се печат околу 30 минути, да добијат боја. - по вадењето се мачкаат со павлака и посолува со чубрица (зачинот го има во Рамстор, на пр. панагјурска чубрица од Бугарија). - Во прилог може да се додадат свежо лукче и домати.
Јас најмногу ги сакам како ќофтиња правени, ја рендам тиквицата, додавам, рендана краставица, рендано младо кромидче, јајце, брашно, презла. Ги оформувам како плескавици и пред пржење повторно ги валкам во презла На тостер кога ги правам ги сечам тенко и долгнавесто, ги попрскувам со маслиново масло, посолувам, ставам лукче во гранули, сушен магдонос и копар. Исто и на скара може да се прават на истиот начин. Ако сакате крцкави тиквички како чипс, како што ги прават во Кубанскиот треба да ги сечете на многу тенки кругчиња, да ги оставите во сад со вода 10тина минути, потоа да ги свалкате во брашно и да ги пржите во врело масло. Најдобро би било во фритеза но може и во тенџерче со поголема количина на зејтин.
Еве и од мене еден проверен рецепт (брзо се спрема, за ненајавени гости е екстра брзо и вкусно ) Проја со тиквица -1 рендана тиквица -200 гр. пченкарно брашно или 200 гр. палента -200 гр. бело брашно -200 гр. рендано сирење -5 јајца матени со вилушка -1 пециво, сол по вкус -зејтин колку да се премачка тавчето т.е се пече во ватростално Целата смеса убаво се промешува, се става во ватростално, се наросува сусам одозгора и се пече додека зарумени одозгора, отприлика половина час (се боцка со чечкалица, кога тестото нема да се лепи на чепкалката, тогаш е готово).
И јас си направив тиквици, гледав од рецептот на Аннатх, само направив некои измени. Земате две тиквици и ги рендате, исто и неколку моркови. Ги посолувате. Е сега во тавче ставате исецкан кромид, (цела главица), и чекате маалку да се попржи, па ги ставате прво ренданите моркови, мешате, па ги ставате и ренданите тиквици. Посолувате, па вегета, бибер... Мешате неколку пати и го ставате во сад, па одозгора рендате кашкавал, а настрана каткате две јајца со павлака, и тоа на крај го преливате одозгора. Малку магдонос и готово. Ставате во релна да се печи. Значи превкусно беше, сум пукнала од јадење бе. Пробајте.
утре тетка ми иде од сабајле, а таа со душа чека во Mакедонија да дојде, да јаде тиквици и готвени ствари Cега ја правам пројата на лолита, и овој рецепт лаки што го постави од Aна се надевам нема да ги утнам Eдит готови се јадењата, е сега, пројата не ја пробав, зашто сепак тесто е, јас сум на диета. Tатко ми ја проба вика чиста 10ка A рецептов на лаки го модифицирав, за да ми биде диетален. Tака да наместо кашкавал, ставив посно свежо сирење, наместо павлака, јогурт, а бидејќи немам моркови, ставив мелени домати- каснав едно залче колку да видам што и како-јадењево е COH!!! си најдов ново диетално јадење, кое планирам да го готвам во диетата
Ги јадам ама не ми се којзнае што. Тоа што ми се допаѓа кај нив е експериментирањето. Значи тиквичките изрендани и се што имам во кујната што одговара со нив и рендам, компир, кромид, моркови, патлиџани, домати, додавам трошки од соја, зденки, сусам,буквално се што може да одговара. На крај на целата смеса и додавам јајца и обликувам топчиња (или форми што ми одговараат) и ги пржам. Ако ми е многу течно и не се формира, додавам брашно. Досега ми се немало случено да ги фрлам оти не ми се убави.
Се давам во тиквици.Еден од моите начини на припремање.Се рендаат тиквиците ,се посолуваат и се оставаат да се исцеди водата од нив.Се рендаат 2-3 моркова,се додава вегета бибер,1-2 јајца,брашно.Се замесува смеса,и се прават како ќофтенца само јас убаво ги расплескувам,зашто не сакам средината да ми остане жива,ги валкам во смеса од брашно сол и пиво,и пржам..
јас обожавам тиквици кога се подготвени за зимница се сечат на мали парчиња,се ставаат во тегла со сол,оцет и вода и се провираат малку за да омекнат а бе прсти да излижеш )
Денеска ги направив ќофтињата од тиквички,како за прв пат добро ми излегоа Сум ставила помалку брашно во смесата па ми се распадна првото,дотурив и тргна работата,опа Нареден пат со моркови и повеќе сирење и шунка,уште подобри ќе бидат,моите ги изедоа за 5 минути Фала феминки за убавите рецепти,ако налетам на некој обавезно го пишувам овде.
Браво за рецептов значи, одличен е, само јас изгледа направив грешка, не ги исцедив тиквичките пред да ги ставам да се пржат, па малку водичка пуштија при пржењето и печењето, ама без разлика - многу е вкусно и лесно јадењево. Сега го направив за моите, му ставив и мааалку лукче и многу свеж магдонос одозгоре, ептен се среќни.
Јас само да прашам за рецептов на Annath, дали се става малку вода пред да ги ставам да се печат, а веќе сум ги пропржила? Можеби ми е глупаво прашањево, ама сакам да ги правам денес, а не сум баш највешта во кујната И уште нешто, јајцето со павлаката и сирењето/кашкавалот се ставаат при крајот на печењето, така?
Никако вода, треба да ги исцедиш убаво пред да ги ставиш да се пржат, јас во рака ги истегав. Зошто и онака имаат многу вода во нив тиквиците. После тоа ставив кромид да се пржи, и кога ќе пожолти малку ги ставаш морковите па тиквиците и мешаш. И ставаша вегета, сол, бибер....Само земај некое поголемо тенџере за да собери се. После тоа ја ставаш смесата во сад, и одозгора рендаш кашкавал, и потоа преливаш со јајцето што си го каткала со павлаката. И толку, ставаш да се печи. А другиот начин на Аннатх е без пржење во тава, само рендаш, цедиш, ставаш јајце и брашно , мешаш и ги ставаш во сад. Мислам дека беше без пржење.