Ок, фала Не ни мислев дека се става вода, пошто нели се цедат тиквичките, па не е логично, ама ми беше страв да не бидат суви и да не не се испечат убаво Еве уште се цедат, а ги стискав и со рака. Ќе ги правам на начинот на кој ти си ги правела, со пропржување, некако подобро ми се гледа Тенк ју уште еднаш
И јас денес го правев овој рецепт и ептен убаво ми излезе и ептен е вкусно само за следен пар си велам и мелено месо да ставам ќе пробам па ќе ви пишам како излегло
Превкусно јадење. Во секоја комбинација ги сакам. А денеска за прв пат ќе правам ќофтиња од тиквици, па ќе се пофалам ако излезат убави.
Јас ама се опседнав сега со тиквициве. Чекајте еден рецепт да ви кажам што испробав, има и компири ама нема врска, превкусно испадна, дури и сликав. Значи земате 2- тиквици, ги сечете на парчиња и ставате да се пржат, на потивко. Во меѓувреме се варат неколку компири. Откако ќе се испржат тиквиците, земате поголем огноотпорен сад и ставате ред тиквици, ред парче кашкавал, ред тиквици ред кашкавал. (само не заборавајте да ги посолите тиквиците) Аха, ова го правите само до половина од садот, на другата половина ке ги ставите компирите. Сега за нив ќе напишам. Откако ќе се сварат, ги лупите и ги сецкате на мали парчиња, и ги ставате во тавче кадешто сте ставиле да се пржи кромид. И мешате, посолувате малку. Потоа ги ставате во садот на другата празна половина. Рендате на компирите одозгора кашкавал, пошто не може ред по ред како со тиквиците нели. Е сега, во чинија каткате 2 јајца, малку млеко ќе турите, павлака, бибер и вегета. И ова преливате на двете, и на компирите и на тиквиците... над преливот ставате пиперка сечена на круг, црвена, зелена, малку патлиџан, морков.... И ставате да се печи во релна на 250 степени, околу 20 минути. Превкусно е леле ќе пукнев од мераци. Еве ви и слика, можеби не изгледа нај нај на сликава ама е превкусно , пробајте. Од лева страна се компирите, од десна тиквиците. И после си комбинираш од двете. Спојлер
Cега ќе го правам ова јадење лаки што го постави, имаме гости на ручек утре, и пројата пак да ја пробате пројата на лолитка, ја препорачувам
Лаки едно питанце, може? Ова тиквичкиве и компириве т.е. сецкањето.... мислиш на парчиња како тркалца или коцкички
Ја направив пројата на Лолитка , половина доза, зашто ги правев мафини во калапот. Половина доза, значи половина рендана тиквичка, 125 гр. пченкарно и 125 гр. пченично бело брашно, 3 јајца, половина пециво, сол по вкус и околу 50-80 гр. сиренце издробив. Додадов и сосем малку сечкано лукче, свеж магдонос во смесата и неколку сечкани маслинки. На почетокот изгледа дека смесата е сува, ама кога ќе се додадат тиквичките нели си пуштаат вода и е сосем добра смесата за проја. Вкусот е неверојатен, само мене ми се залепија на дното за хартијата, значи тие мафини ќе ми го скратат животот, специјално излегов на жешкото да купам хартиени корпи за печење, и тука подразбирам дека не треба подмачкување со масло. Епа очигледно требало, дното од проја-мафините се залепени за хартијата, ама остатокот е екстра вкусен, наросени со сусам пред печењето. Околу 25 минути на 250 степени во загреана рерна.
Jас тиквичките ги исеков како тркалца, а компирите како коцки-тркалца како ќе ми текнеше и ми го пофалија јадењево сите, и пројата твоја фамозна стана, а идат гости одма ја кувам, зашто е многу лесна за правење, сите ми бараат рецепт
Не ги сакам многу пржени дека многу масло впиваат. Мој рецепт: Сечете една тиквица на коцки и ги варите. За многу брзо време омекнуваат. Ги цедиме од водата, додаваме сол, сецкан лук и маслиново масло. Добар апетит.
Тиквичките како тркалца, а компирите бидејќи се веќе сварени, како ќе ти дојде. На коцкички како за компир манџа. Потоа со мешањето во тавчето со кромидот пржен треба да ги мешаш, па малку ќе се изронат и онака.
Е значи многу се вкусни и многу ги сакам, еве баш денес јадев плескавици од тиквички , кои ги правеше мајка ми и стварно се превкусни.
^^ Јас ја утнав малку работата, тиквичките ги сечев на коцкички, па ми останаа малку живи. Како и да е, многу е вкусно
И мене многу ми се допагаат тиквиците преубави ми се и како плескавици ете бас денес правев,убави се и како салата на тркалца им ставас зејтин,оцет сол и лукЧе мммммм..... мозете и вака дробени на коцки ги прзис и им додавас јајца мммммм..... Спојлер Извинете девојки за овие С,З,S букви немозам да ги најдам на тастатурава
Сакам да направам полнети тиквички АМА не сакам со мелено месо сакам со изварка саламче крастајче павлака дали би било убаво дали некој вака има направеноп и дали се вкусни
На овие жештини мрсна храна не ти е потребна воопшто , али како сакаш. Немам така правено а и некако не ми се меша изварка со салама (повеќе ми оди со јајце) ствар на вкус. Со изварка јас полнам печени па лупени оние големи црвени пиперки, ги пропржувам некогаш како поховани а некогаш и бутнам во релна десетина минути и преубави се Пробај по рецептот на Шилеа со ориз и пеќурки ќе ти се допадне сигурно, ем лесно јадење ем вкусно