1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиквици

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 10 октомври 2011.

  1. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Jas imam eden recept i tie si gi pravam za sekakvi prigodi...za meze...za rucek ponekogas gi kompiniram so meso...

    Vaka sega...ke izrendam onolku tikvicki kolku sto sakam otprilika 2-3sredni tikvicki, gi cedam....dodavam prezla, malku brasno,2-3jajca, sol, vegeta i crn biber....seto toa go mesam..potoa dodavam morkovce, lukce, i magdonos. ke zemam so lazica go stavam vo zagrean zejtin i go pravam kako pleskavica..
    Navistina se vkusni :rofl:
     
  2. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Не го сретнав рецептов до сеа, па ај да го споделам.
    Земате една-две тиквички, ги лупите и ги рендате. Потоа ги цедите и ги оставате 3-4 мин.да отстојат. Во меѓувреме рендате морков-два и сецкате на ситно крставичка. Во поголем сад ги ставате сите заедно (значи тиквиќките се јадат и живи), зачинувате со рендано чешне лук, магдонос, сол и додавате половина чаша јогурт. И јас бев сомничава на почеток, демек живи тиквички, ама пробајте, вистинско освежување за овие температури. :) :) :)
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ги сечеме на кругови ги потопуваме во јајца и брашно и ги пржиме , или пак ги рендаме тиквичките и ги замесуваме со брашно и јајца , потоа обликуваме во форма на плескавица и ги пржиме во врело масло за јадење .. :lol: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      9,5 KB
      Прегледи:
      3.037
  4. bela.hrizantema

    bela.hrizantema Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Еве еден рецепт и од мене:Една тиквичка поголема се ренда на едрото ренде,се додава вегета и се става да се исцеди во цадка,потоа се истискува од преостанатата вода и се става во сад,се додават 3јајца и 6 полни лажици брашно,од зачини кој што сака може да стави,црн бибер,магданос,јас во едни ставам чили,во други мајчина душица и така имам со повеке вкусови.Се зема со лажица и се става во загреан зејтин и се пржи и се како мали палачинки,а се пржат во малку зејтин и се ставаат на кујнска хартија.Многу се вкусни и брзи за правење.
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Јас ги јадам премногу тиквиците,просто ги обожавам! :D Како помала несакав воопшто ни да ги вкусам,на мама и викав.Е да бе кај се чуло и видело краставици пржени да се јадат.Ма не јадам.Колку и да ме убедуваа џабе им беше. :lol:
    Но после станав зависина од тиквиците. :inlove: :inlove:
    Најмногу ги сакам пржени со јајца и брашно.Ги имам јадено и мусака од тиквици но не ми се допаѓаше многу.Пржени ми се најубави.
    А сум слушала и дека се правела некоја салата,со нив. :lol: :rofl:
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Луѓе ме интересира мене едно нешто :^) . значи нели ги сечеме на тркалца (за мусака зборам сега)
    дали навистина треба да ги посолиме па да отстојат малку? :?: Абе јас и мусака со нив, и турлитава кога правам со тиквички и модри патлиџани некако ми е вкусот, како да им фали нешто, зашто така?
    Татко ми така вика, демек требало со сол да отстојат, па сега не знам
    :?:
    последнава турли тава во канта заврши, ко без вкус ми беше :lol:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не мора да ги солиш па да отстојат и да пуштат вода. Дирекно реди ги во тава.
    А додаваш Вегета, сол, бибер - зачини нешто ставаш?
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Aбе јас прво ги пропржувам на малку зејтин им ставам тука мелени домати веѓета сол, со вода, ги динстам, ги ставам во тепсија, и пак не се нешто посебно вкусни.
    A за мусака, на кругче ги сечам, така одма ги редам во тепсија, си ставам домати мокрови прво пропржени со кромид, ја полнам тепсијата со вода после, и пак бе некако ми се тврди тоа тиквичките, како гума,воошто не се меки,ко недопечени, а реално долго ги печам, особено тие на врвот се грозни, не знам зашто така :(
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    А во тавата на крај досипуваш ли вода да се динстаат во неа?
    Едит - видов дека ставаш.

    На крај посипуваш со јајце поматено со млеко или јогурт? (за мусака зборам)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да де, си имаат водичка, и плус во тепсијата си додавам вода за турлитавата. последнава ужас, како без вкус, поготово тоа модрите патлиџани :puke: Oдма во канта ги фрлив,не знам навистина зашто толку лоши ми испаѓаат мусаката, а поготово турлитавата последниве неколку пати :D

    Eдит- да, посипувам :D
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас во мусаката редам и компир исечен на кругови заедно со тиквици. Меленото месо го пропржувам онака стандард со кромид, морков, пиперче, сол, вегета, кечап домашен правен....

    Имаш модар патлиџан т.е вид на таков патлиџан кој горчи. Имаше некаде тука пишувано некоја финта како да му се извади горчината (не ми текнува). Турли тава е поубава кога ставиш и некоја бамја.

    Па тоа е нема некоја филозофија. Можеби месото не ти е погодено :?: (кога земаш мелено месо земај телешко помешано со малкууу свинско на пр. на 1 кг и 100гр свинско)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hе ставам месо јас во мусаката, вегетаријанска ја јадам, така мајка ми ми ја готвеше :D Cо месо не сум јадела до сега.
    E може и да е за таа бамија за турлитавата, јас не сум користела до сега, како и да е фала ти многу на макотрпните одговори :D
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Па може дека вегетаријанска ја правиш, за тоа не е убава :lol: , стави и малце мевце испржено со кромидче, па ќе видиш после како ќе лизга на јазик ;)
    Инаку јас тиквички ги сакам пржени на тркалца, со брашно и јајца, а убави ми се и ќофтиња од мелени тиквички со кромид.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Точно е дека солта им дава вкус на тиквичките, јас секогаш ги солам, без разлика како ги подготвувам. Ем водата побрзо ми се цеди, ем повкусни се. А за модрите патлиџани да не горчат, се ставаат во солена вода да отстојат. Во секој случај, повкусни се ако се посолени претходно, тоа да. Ама може и други зачини да ставиш, ќе го примат мирисот.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    тиквиците ги сечам на тенки кругови,ги пржам и кога ке се изладат им ставам лукче,павлака,најоран зачин и бибер поубаво нема превкусно е :D а исто и мусака со компир кога правам кога го пржам месото ставам малку ориз и сецкана тиквица и редам компир па филот во кој има тиквица и пак компир и на крај филот од матено јајце со млеко кисело
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.148
    Тиквички и црни патлиџани.

    Првен ги исеков на кругови и убаво ги посолив. Ги оставив да одстојат во солта 5-10 мин и потоа ги измив.
    Ги ставив во тава со многу малку масло да се зацрвенеат, колку боја да фанат и ги тргнав на страна.

    Ги редев во плех и врз секоја тиквичка и парче црн патлиџан ставав од смесата од предходно исецканите (кромидче, лукче, патлиџан, моцарела, магдоновче...) и ги ставив да се потпекуваат.
    На 180 степени околу 20-25 минути. Се зависи колку долго сте ги потпржиле, може некоја минутка подолго или порано да се готови.
    Зачини по вкус се додаваат во исецканата смеса.
    Заедно со полнети печурки, ги сервирав како додаток со мевце. Нас ни се допаднаа.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4060.JPG
      IMG_4060.JPG
      Големина на фајлот:
      254 KB
      Прегледи:
      645
    На I.want.to.sleep, lunicka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам ќофтиња од тиквици. Еве еден рецепт:

    Тиквица
    2 поголеми главици кромид
    1 јајце
    презли
    1 кршика леб
    магдонос
    сол
    бибер
    брашно

    Се рендаат тиквицата и кромидот и се стиска смесата за да истече водата. Се додава сецкан магдонос, 2 лажици лебни трошки, ситно се кине средината од кришката леб и се додава 1 јајце, сол и многу бибер. Мора да има доволно сол бидејќи нема да бидат вкусни. Откако убаво ќе се соедини смесата, со лажица се зима од истата и се валка во брашно и веднаш се пржи на врел зејтин.

    Поубаво нешто нема :) Пробајте па споделете мислење :)
     
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Јас ги сакам поховани :)
     
  19. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Најлесни за припрема се печени во рерна.

    Се сечат на тркалца се посолуваат и се оставаат да им излезе водата. Потоа со салфетка се брише водата што ја пуштиле се валкаат во брашно и се ставаат во тава на чија подлога се става хартија за печење. Само од горната страна се попрскуваат со маааалку зејтинче, да речеме по една капка врз секое тркалце и после се печат во рерна на 250 степени додека да заруменат. На овој начин не се воопшто мрсни и не се мачите да стоите до шпоретот и да пржите :) После по желба се служат со оцет и лукче и сецкан магдонос.
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    И јас сум голем љубител на тиквички..полнети, мусака, поховани, ќофтенца, салата со јогурт и сл. Секако ми се убави ама сакав нешто да сменам, да направам поинакво..и најдов еден препрепреубав рецепт кој верувам дека на тие што се обожаватели на тиквички исто многу ќе им се допадне. Сега им е сезона, па има да ги јадам додека не пукнам :D .

    Ги нареков чамчиња од тиквички.
    Количината на состојките секако зависи од тоа колку сакате да приготвите.

    Потребни состојки:
    -3 средни тиквички
    -250гр. мелено месо
    -главица кромид
    -1 мал домат
    -1 морков
    -јајце
    -јогурт (или павлака)
    -кашкавал
    -зачини по желба

    1. Се сечат тиквичките на пола по должината и засебните половинки на уште 2 дела (или на 3 дела ако се многу долги).
    2. Со лажиче се длаби средишниот дел на секоја тиквичка да дојде како чамче со празнина во средината. Извадениот дел од тиквичките се остава да се цеди од водата.
    3. Се редат тиквичките на хартија за печење во тава (без масло) и се ставаат на 200 степени во рерна.
    4. Во меѓувреме се спрема филот..се пропржува кромидот на масло, се додава рендан морков и месото. Кога ќе се пропржи малку месото се додава рендан домат и исцедениот остаток од тиквичките. Заедно се пржат додека да испари водичката (не целосно, малку да остане.) и пред крајот се додаваат зачини по желба (сол, вегета, црвен пипер...што и да сакате).
    5. На страна изматете јајце со јогурт (или павлака) и изреднан кашкавал.
    6. Тиквичките кога малку ќе омекнат во рерната извадете ги и наполнете ги со филот со мелено месо и одозгора ставете им од филот со јајце.
    7. Вратете ги на печење во рерна на иста температура 15-20 мин.

    Еве како изгледаат...а вкусот им е уште поубав :)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На ph.orhideja, Espadrila и Annath им се допаѓа ова.