Јас неодамна начекав во пиљара тиквици со големина на бамји (додуша малку поголеми де ама колку за илустрација дека беа млади и мали). Ги измив, им ги исчистив дршките и она од заоблената страна- точкицата , ги ставив во тава и во рерна.Ги полив со масло, јас ставив и малку вода (ме зафркна пиљарот со рецептата, иако знаев дека не иде вака), но дефинитивно не ставајте вода, и зачини какви милувате сол, вегета, чубрика или копар, црно пиперче и печете ги околу 35-40 минути во загреана рерна. Одзгора се разбира по вкус може да нарендате кашкавал или пармезан, или пак да подготвите некој сос на база на домашен кечап или агда, или бешамел и на крајот од печењето да ги полиете одозгора. Се ќе беше супер ако не ја ставев водата.... за следен пат ќе бидат екстра. П.С. не пржиш со саати на шпорет и не се мрсни
Ги обожавам, до сега сум ги пробала само пржени со брашно и јајце и одозгора им ставам оцет, лукче и магданос, мх мх преубави ми се
Снаа ми прво ги лупи тиквичките, ги сече на кругови, ги насолува и ги остава малку време за да испуштат од водата што ја имаат. После ги премачкува во брашно и ги реди на намрсена тава, им става малку лукче одозгора, па пак од тиквичките. Ги запекува во рерна и после ги прелива со павлака и јајце и ги допекува... МММММ мераци!!!
2 средни тиквички 100 гр. печеница 30 гр. кашкавал 3 лажици доматно пире 1 лажичка оригано Бибер по вкус Најпрвин излупете ги тиквичките и исечете ги на кругови. Не треба да се многу тенки зошто во тој случај ќе бидат крцкави. Во плехче обложено со хартија наредете ги сите парчиња и печете 15 минути на температура од 220 степени. Доколку сакате да се повеќе испечени, продолжете го времето или зголемете ја температурата на 250 степени. Во помал сад настрана, ставете го доматното пире, ориганото, биберот и една лажица вода. Измешајте убаво. На секое парче тиквичка ставете од доматното пире, парче печеница и малку нарендан кашкавал. Доколку ви остане од доматното пире, ставете на крај пак од него. Печете уште 5-10 минути на истата температура и послужете ги топли. Спојлер http://www.vkusendijabet.mk
Cечеме тиквици на коцки, се цеди водата, се редат во тепсијa и се пропрскуваат со малку маслинов зејтин и зачини,и се печат некој 25 мин. после ги поливаме со млеко или јогурт и 2 јајца (ко за мусака) и дробено сирење (по желба) и се печат дур не се испечат. лесно вкусно, и топло и ладно да се разладите иде
За сите мои феминки кои сакаат тиквици една рецепта од мене за пржени тиквици Излупете ги тиквиците исечкајте ги на кругчиња или ако сакате сечете ја тиквицата на половина и исечкајте долгнавести парчиња напепелете ги тиквиците во пченично брашно и пржете на жежок оган. Кога кје се готови посолете ги со сол. Со пченичното брашно тиквиците стануваат покрцкави и добиваат подобар вкус, а и не го примат толку многу зејтинот.
А во ресторан како ги приготвуваат? Досега сум била во многу ресторани и секогаш порачувам ќофтиња од тиквици и се прекрасни пробувам дома да ги напраам и не е тоа тоа.. Иначе ги рендам тиквиците и морковот во еден сад го посолувам за да ја пушти водата од тиквиците,ги седам ставам 1 брашно и јајце мешам и ги пржам на загреан зејтин. Вкусот не е тој,незнам каде грешам..
^ Прилично слично ги правам и јас ќофтенцата од тиквички, само што немам точна мера од колку јајца или брашно да ставам. Ставам по сопствена мера од ракав. Преходно убаво ги исцадувам од водата што ќе истече од нив (отакако ќе ги изрендам ), додавам брашното и јајцата и ги мешам. Додавам и други зачини, не само сол. Додавам малку вегета, малку црно пиперче и/или копар/чубрика/нане/ оригано. (едно од овие, не сите.Мене лично најубави ми се со нане).По вкус може и малку сецкано лукче. Морков Не ставам. А пржењто си е исто.
јде и јас да ви пишам еден рецепт со тиквички Потребми состојки - 4-5 моркови со средна големина - еден пашканат - две галвици кромид - една тиквица - 4 јајца - 4-5 лажици брашно - една лажичка мала прашок за пециво - 200 грама рендан кашкавал - пола шоља за кафе зејтин Начин на подготовка Се ренда кромидот, морковот, тиквицата(од неа се стиска течноста) и пашканатот и се се става во тава со малу зејтин да се пропржи колку да омекне (7,8 минути). Потоа се остава на страна да се олади. Во поголем сад се кршат јајцата и се матат, па се додава оладената пржена мешавина, па кашкавалот, прашакот за пециво и брашното. Сето тоа убаво се меша и се додава зејтинот. Рерната се загрева на 180 степени и во тава на која претходно ке ставите хартија за печење се налева добро измешаната смеса(треба да е течна). По желба одозгора можете да посипете ким , сусам или ленено семе. Се пече околу 15 минути. Откако ќе ја извадите сешете на мали коцкички и на секоја редите по една лажичка павлака , а декорацијата ја завршувате со гранче француски магдонос. Добар апетит! П.С. жалам што немам слика да видите како изгледаат ама што да правам, ќе ги принесам на маса и ги снемува за секунда
Во последно време полудев по тиквициве, многу ги засакав . Моментално се печат. Еве сега запишав уште некој рецепт, бидејќи само на 2 начина знаам да ги спремам. Ги сечам на кругови, ги валкам во брашно и јајца и ги пржам.. Но повеќе ги сакам само посолени и со малку масло да ги потпечам додека омекнат и спремни се за јадење..
Јас не јадев тиквици до пред некое време, зашто немав пробано, ама затоа сега надокнадувам за тоа Ги обожавам поховани - исечкани на кругови, ги валкам во брашно и сол, во јајце, па во презла (исто со малку сол)! Многу многу вкусни!
Јас ги сечам во должина, поубаво ми се пржат и покрцкави се. На тркалца кога ги сечев скоро секогаш ми се распаѓаа. Инаку подготовката иста, ги валкам во брашно и јајце па потоа во презла. Вака некако испаѓаат.
Обожавам пржени тиквички, поховани во јајца и брашно. Мх мх, преубав ручек. Единствена маана им е што ќе окапеш на шпорет додека ги испржиш, а ги снемува за 15 минути. Исто така и јајцето што ќе остане заедно со малку од брашното што останало кога ќе го испржам на крај, абе најубава кајгана ми е тоа, неверојатен шмек дава.
И јас како Сања не ги јадев но открив како ми се најубави и сега буквално компензирам за пропуштеното Еве како ги правам: Ги сечкам тенко на кругови, ги ставам во повеќе зејтин убаво да се испржат, кога ќе бидат готови ги редам на чинија, им ставам одозгора бибер и лук во гранули, чекам да се оладат и си ги јадам со сиренце и убаво тазе лепче
Денеска за ручек имавме мусака со тиквици и компири,а и башка пржени тиквици со оцет,лук и сол како макало
И јас прво во брашно јајце па презла, па кога ќе застанеш над шпорет, не мрдаш додека не направиш за да се најадеш ко чоек. Не сум јас за една две. Се до лани кога истиот рецепт го применив и во тавче и во релна со зејтин полиени. Па исти се, дури и поубави. Сега повеќе уживам, зошто помалку време ги спремам.
Добра идеја, дефинитивно ќе пробам. Е не ќе им стојам саат-два, за ко чоек да може да се најадеме сите, баш ко што викаш....
Чипс од тиквичка Потребни состојки: тиквичка 50 гр. сусам 100 гр. пченкарно брашно сол, зачин по желба Подготовка: Исецкајте ја тиквичката на тенки кругови, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во сол. Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот. Откако круговите ќе постојат, исцедете ги. Секој круг намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна и печете уште 5 минути. Може да ги сервирате како здраво и вкусно аперитив.