1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиктокификацика на дебатен клуб: AI уметност - вистинска уметност или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 октомври 2022.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Темава ми беше на надгледвање и somehow сега гледам ова. :| :sweat: За примерите горе користев рандом страни, имав пишано "ai picture maker" или така нешто. Не користам активно вакви страни па бар јас немам конкретен предлог.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Бреј забавно ова.
    BfurPE01hkbcETYzV6VN--1--khfpq.jpg Lg0QukJl6qZHEU8Oee84--1--8fh6u.jpg

    Не знам што да кажам, сакам да е задолжително да е јавно дека е AI creation, за останатото не сум компетентна.

    Туку ме нервираат аи "мудрости" што теткиве ги делат по фејс, обично стар дедо е креацијата што збори.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2024-03-30-07-10-36-063_com.twitter.android-edit.jpg
    :D

    ❗Денес ќе отворам новата тема од дебатен клуб. Доискажете се тука ако имате нешто.
     
    На Cosmic Girl, do-re-mi и 1209 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.259
    Допаѓања:
    41.079
    Пол:
    Женски
    Не е вистинска уметност и јас како уметник кој посветува години и години на учење лично многу сум фрустрирана што не се бара авторско право за користење на уметничките дела.
    Ок нека постои, ама нека работи само со база на податоци кои се откупени од уметниците и за кои се плаќа надоместок. Вака е тотално нефер.
    И нема врска со дигитална уметност, јас сликам и дигитално и традиционално и двете имаат еднакви предизвици и бараат време и талент.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.538
    Допаѓања:
    78.653
    Пол:
    Женски
    Не е вистинска уметност и има фалинки. :D Не е толку усовршена алатка па прави грешки. Шест или седум наместо пет прсти. :D Еднаш ми даде и две глави. :worried:
    Ја сакам уметноста и вистинските, реалните цртежи, посебно оние во кои сликарот се вложил во детали за да постигне што пореалистичен изглед. AI не е тоа тоа. Од AI слика никогаш досега не сум била нешто превосхитена. Онака интересни се, убави, можам да си создадам креации иако всушност не ме бива за сликање, ни дигитално ни вистинско, AI ќе го направи тоа место мене. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    @theowndemon сакам да прашам нешто.

    Не следам аниме, стрипови и слично, конкретно ми се допаѓа хиперреалистичниот стил.

    Значи, ако станува збор за мои авторски фотографии, кога со аи ги правам хиперреални, дали е и тоа "проблематично"? Значи станува збор за фотографија како уметност, сама сум фотографирала, едитирала во Лајтрум пример, и сега плус ставам аи енџин да биде хиперреална. Можам слично и со фотошоп да постигнам, овде сопствената "работа" си ја кратам. Меѓутоа секако ничие дело не користам, сепак мое from scratch e. Дали е и така проблематично?
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    За мене - да. @CameliaMiller

    Моментот дека ја кратиш твојата работа значи само то, дека ја кратиш/не ја прајш. Друг ете, би одел екстра чекорот кога се работи за уметност, процесот на едитирање можи ќе те однеси во друг, поавтентичен правец.

    But it's a choice, ако сакаш да користиш не гледам оти е проблем кој шо мисли.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Па во име на дискусијава овде прашувам, бидејќи така е поставена темата, дебатен клуб.

    Конкретно меѓу фотографите, има и такви за кои подалеку од сечење на слика не е “права уметност“ и ги отфлаат модерните софтвери, меѓу кои највеќе се користат Фотошоп и Лајтрум.

    Така што на секое поле ја има таа дебата, до каде е уметност, од каде не е.

    Аи креацииве 3 дена ги чачкам и ми е забавно, не ни мислам дека може со обично софтверче кузнај што да направиш, со доволно напреден софтвер, тренирање на модел, и лично познавање на јазик, односно какви реченици и клучни зборови да внесеш, можеби и може нешто поконкретно и подобро да се направи.

    Само прашањето беше чија уметност ја “крадам“ користејќи сопствени фотографии, под услов сето тоа да го прави некој паметен фотошоп (што не мислам дека баш ќе е сосема возможно, кога било) до таа мера да знае што баш сакам да направам со фотографијата и што точно да промени на истата.

    Од овие неколку денови и користење на свои фотографии, баш тоа сакав да постигнам, да видам до каде нема да треба моја “мануелна“ помош - за конкретни фотографии и после АИ морав барем малце да ги средам во друг софтвер за да биде ок крајното дело.
    .
    Како и да е, интересна е дебатава во однос на авторски права, некогаш може да отворите за музичари и нивни авторски права, не да дебатирам, rant да удрам еден кон конкретни битија :D
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Не можам да се согласам повеќе!
    Сите футуристички цртани и филмови предвидуваа да имаме роботи за домашните задачи и роботизирани домови и кујни до сега. КАДЕ СЕ? ;( И тоа сакам да се усовршени, до степен да работат како што сама би си сработела нешто, а не јас да сум и роб на машината и да тргам пред неа и зад неа..
    Јас обожавам уреди за помош во домаќинство и се сакам да имам, ама ако не е практично не го сакам.
    Ама свесна сум дека човекот е по природа суштество кое работи со раце и се движи и физичката и мануелната работа се битни за тоа да си ментално и психички здрав.

    Поентата на уметноста е во процесот на нејзиното создавање.
    Тоа што ќе го добиеме низ тој процес на психичко ниво, нема да може да го добиеме со чекање готов производ по дадени директиви на компјутерски програм кој некој друг го смислил и создал... Затоа и се користи уметноста за психотерапевтски цели.
    Кои се придобивките на психички план кога користиш AI?
    Да не се разбереме погрешно, не дека времето за да се создаде нешто е тоа што едно дело го прави вредно. Времето потребно за едно уметничко дело може да е од пола минута до пола живот, релативна работа е.
    Ама важно е како ја употребил уметникот својата имагинација и смислил нешто оригинално, колку успешно тоа го преточил во уметничкото дело, тоа што успеал да излезе од вообичаената рамка на размислување и да ја покрене својата креативност, иновативниот начин на користење на техниките (тука се секако и дигиталните), нивото до кои се совладани тие техники...
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Реалноста е дека секојдневно се смислуваат разни софтвери за да се олесни уметничката работа, независно која уметност е во прашање, јас бидејќи највеќе со фотографија се занимавам, за тоа можам да зборувам.
    Процесот е прекрасен, посебно за тоа што јас сакам да го фотографирам, меѓутоа одамна не развиваме фотографии во темна соба, на пример, не ги сушиме. Одамна постојат софтвери кои денес се дефинитивно прифатени како реална уметност (со и без фотографии - фотошоп е чист пример), кој бара и те како знаење, умешност и талент. Не е нешто што само ќе научиш и секој може, не секој може, уметноста почнува во идејата, креативноста и замислата, понатаму во кој правец и преку кој медиум ќе се материјализира е друго.

    Во секоја сфера ќе најдеш некој што оспорува некој дел од некоја уметност, од ликовна до музичка, јас стварно аи овие неколку дена обично софтверче пробувам и не е баш така просто, отидов да гледам сериозно добри изработки и да видам како ги прават, па ете, не мислам дека е баш само реченица. Има доста позадина и во тоа. Креативниот процес е тука ист, како што кога моделирам во 3д нешто преку графички таблет, а не глина, како кога црта некој нешто на графички таблет, а не на хартија, мисловниот тек според зборовите, начинот на размислување, начинот на вметнување зборови, идејата, не би рекла дека е баш најпроста работа на светот, посебно кога има создавање и тренирање на нови модели.
    Јас тек почнав да читам и гледам за аи уметност, има луѓе кои чудесии прават и не е толку “мал“ потфат истото.

    Тоа е како да споредуваме електронска и класична музика, двете се различни, ама и двете се музика, и двете имаат уметник позади нив.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Да, и дигиталните креации се уметнички креации. Уметнички процес е да креираш и дигитално дело, тоа не станува збор.
    Тоа што го пишав се однесува на оние кои буквално само даваат наредба и добиваат готов производ. Тоа за мене не е уметност, тоа е обично масовно производство (ересот во уметноста од век и веков :D).
    Те читав погоре, за тоа што правиш и како работиш, така да не те ставам во тој кош.
    Темава е навистина за дебата, ама нема потреба било кој, ниту тој што ја креирал темава, ниту јас, ниту било кој друг да ти кажува дали твојата креација е уметност или не е. Не ни имам цел да се ставам во таква улога и да кажувам што е, што не е.
    Сакав да ги натерам форумџиите да гледаат на едно дело од друга перспектива и да го ценат според тоа што се се вложува во неговото создавање (што е лично на творецот) и што добиваат тие што творат (а што не се може да се измери во заштедени минути).
    Кој твори било што ќе ме разбере ;), иако може конфузна сум малку во пишувањето денес :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Многу добро те разбирам затоа што иако не заработувам од ниту една од уметностите со кои се занимавам, добро знам каков процес е. Еве најтешко (а најзабавно) е да креираш нешто во 3д, јас конкретно софтвер Maya користам и ZBrush (поретко), макотрпно е, тешко е, а и екстремно rewarding исто така.

    Од друга страна, сакам да се забавувам и да пробувам непробани работи (за мене). Сакам од сопствените дела да правам нешто друго, да ги направам на поинаков начин или да ги користам на поинаков начин. Во темата за АИ што ја отворив е зезање, трошење на време, не е уметност (како што не е уметност фотографија штракната на ауто камера од смартфон пример).

    А околу авторски права пошто поима немам дали ќе има таква тема, овде сигурно сум офтопик, јас лично бојкотирам луѓе кои посесивно замараат со авторски права. Конкретно за музика ќе прифатам дека не е ок да ископирам и искористам музика за комерцијални цели, ама како најблизок пример, тоа што семејството на Балашевиќ го прави, односно таквото малтретирање на ФАНОВИТЕ на истиот, не е нормално, не е во ред и остава многу горчина - што е причина што еден од омилените мои музичари дур беше жив, денес не го ни слушам - затоа што не сакам никако да го поддржам тоа семејство. После смртта сфатив ете какви безобразни створења се уствари, па така, нека ми е преубава музиката негова, ќе ја сакам по памтење, нема шанси на официјалниот канал да слушам.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа.
    И не само сопствените дела, туку и предмети кои биле дел од мас производство и биле за друга првична намена, сакам да ги користам на свој начин. Пренесуваш порака што сакаш да пренесеш на публиката на свој начин. Енди Ворхол дали не е уметник што ставил конзерва од супа на сликата? Ама ја пренесе критиката за модерното општетство што наумил да ја пренесе.
    Ако не е забавно, нема поента да се прави нели?!:D
    Господ знае колку разни техники имам пробано во мојот живот.
    И тоа не е фати, пушти проблем, туку што сакам да експериментирам и да пробам различни медиуми и техники. Животот е прекраток за да се заглавува само на едно 8)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.929
    Пол:
    Женски
    Да ти одговорам поконкретно, сè зависи од тоа на што е трениран моделот. Без разлика дали сликата е твоја или некоја од интернет, ако примениш некоја AI алатка на неа, алатката генерира некаква содржина со помош на некој конкретен модел. Пример таа што ти ја спомна во другата тема го користи моделот Stable Diffusion (меѓу други). Секој модел мора да биде трениран на податочно множество. Со генеративните AI податочните множества најчесто се збир од слики+captions. Stable Diffusion го користи Laion 5b податочното множество, што содржи урл-а од слики на интернет со captions и како такво се користи за тренирање модели. А самото тоа множество е создадено од уште поголемо множество Common Crawl што е нешто како колекција на цел интернет што секој може да ја користи. Е сега Common Crawl содржи материјал заштитен со авторски права и дискутабилно е колку може да се бараат тие права кога се користат тие слики за генерирање нешто што може воопшто да не личи на оригиналот. Тоа е веќе легална територија.

    А за етичката територија, тоа што мислам дека прашуваш, е дека сепак ,,крадеш", ако може така да се нарече, од јавно достапни слики на интернет што некој друг ги направил, и покрај тоа што оригиналната слика која сакаш да ја модифицираш е твоја, бидејќи самиот процес на генерирање зад себе крие милијарди фотографии.
     
    На boomsleng, theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.