1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиктокификација на дебатен клуб: Популаризацијата на wellness и self-care

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 9 март 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Како популаризацијата на велнес и грижа за себе влијае на нас?

    За жал, мислам дека влијае негативно. Се става акцент на грижата на себе надворешно, со тоа што се занемарува психичкото. Се форсира наративот дека мора да се користат 1001 препарат за нега на лице, па на коса истурај не знам таму оризова вода, па сега е тренд рузмарин(што шала на страна помага за растење коса :D), па да не зборам за шминка, па не знам каква масажа на телото, па лимфна дренажа, човек треба да потроши милион саати за да изгледа добро според овие стандарди. А менталното здравје каде е у целиов муабет не знам.

    Си сакам јас грижа за себе не викам не, ама нормално е да има лицето текстура, нормално е да имаме линии кога ќе покажуваме експресии, нормално е да немаш енергија секој ден да ставаш 50 препарати. Се демонизира реалниот изглед на жената.

    И со ова мислам дека стандардите за убавина се сменија, па затоа сега секоја втора девојка личи една на друга, налик на штанцана копија, со вештачки трепки, филери во усните, и што уште не. И да избор е ова дали сакаш да ставиш или не, меѓутоа не ми се допаѓа дека се повеќе и повеќе се форсира ова како норма.

    После да преминеме на промовирање на начини на исхрана, продукти, па секоја можна храна ја имам видено преставена како канцерогена и штетна и на крај остануваш целиот во прашалници и што треба да јадеш уствари. Јаглени хидрати не чинат, месо не чини, овошје не чини, млечни производи не чинат, глутен е штетен и оди живеј на воздух и по некој зеленчук.

    Или суплементи, кога ќе ги видам инфлуенсеркине секое сабајле пијат по полна шака витамини, па пиеа вода со хлорофил, па не знам какви чаеви и сето тоа промовирано како најдобро. И после читаш во коментари леле се напив цинк што го препорачавте и се утепав од повраќање, па нормално кога телото во нормални услови си има доволно цинк во себе (facepalm)

    И за крај
    • Од каде иди до вакви информации?
    • Зошто толку лесно се прифаќаат и стануваат вирални?
    Мислам дека како жени постојано ни се сервираат нови и нови стандарди за тоа како треба да изгледаме, и сме под влијание на се што ни пласираат медиумите уште од ептен млада возраст. Посебно во тие тинејџ и адолесцентски години мислам дека сите се стремат да бидат што повеќе прифатени, сакани, забележани и затоа и е следењево на сите овие трендови со цел да се стигне чекор поблиску до таа идеална жена прикажана во медуимите.
     
    На Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Машки
    Уф, темава. :D

    Да се живи и здрави Gen Z, кои сфатија некои работи (како на пр. грижење за сопственото психо-физичко здравје), ама многу индустрии и бизниси тоа за жал го злоупотребуваат.
    Секој втор со ДИФ е тренер, секој втор со фармација/биологија е нутриционист. Едни викаат да пиеш обавезно Вит-Д на зима, други нема потреба. Психолозите и психијатрите ги дуплираа цените откако луѓево почнаа почесто да одат, инфлуенсериве споделуваат скинкер рутини со по 15 чекори...

    Јас се охрабрив и отидов на психијатар и тоа ми беше многу позитивен чекор, од суплементи реално никакво фајде немав, со исклучок на магнезиум глицинатот кој секако сам изгуглав дека постои без да ми се сугерира од страна. Вежбав и со персонални тренери - ама заради проблем со спондилоза, џабе фрлени пари.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Прво, стварно не сум запознаена со екстремите за грижата за себе,
    зошто и обично гледам да се држам понастрана од нив(екстреми) . А и долго не пратам трендови на социјални мрежи баш зошто скоро секогаш се носат во екстреми.

    Поготово ова за психичкиот аспект на грижата за себе.
    Што ова, со "алтернативните" чаеви ли?

    Не знам од каде ова (пак не викам не) само јас стварно не сум запознаена дека се потребни 1001производи.
    Јас сум запознаена/фокусирана на другата страна на екипата ваљда.

    Баш во темата
    https://forum.femina.mk/threads/Користење-премногу-козметички-производи-маркетинг-или-потреба.32628/

    Сакав да го пишам буквално само ова и да заминам во неповрат, имено, "кокосово масло на све иде" . :D
    Тотално друга ствар е што јас сум на пример ентузијаст за (природни) масла и креми, ама тоа е моја лична ствар и не го мења гореспоменатиот факт. :D

    За екстреми на пр. би го спомнала фрутаријанството можда ако е дел од тема.
    Потоа и опсесија со сончање("алтернативен" вит. Д нели) наспроти ова овде што се пишало избегавање на Сонцето.
    Ама сепак не без да напоменам факт и дека Сонцето во нормални количини е добро за здравјето... као да?

    Сега од друга страна овде пак на пр. е собрана екипа за тапшање по раме со личности кои во 24 година од 21ви век самоуврено тврдат дека, цитирам:

    "Шекерот од овошјето и рафинираниот се исти за телото"

    "Козметиката не се абзорбира од кожата и навлегува во крвотокот, нема везе што и колку шлакаш на лице/кожа"
    Еми како тогаш делуваат кремите за вени? Да, и на биг фарма.
    Биг фарма си игра со нашите чувства. :?:

    На кои исто така тотално неповрзано сеуште не им се јасни сомнежите или недовербата во "биг фарма" поготово по пандемијата од некои мистериозни причини.

    Сега, стварно и од се срце не знам што да ви (лично на вас) кажам. :?:

    Од трета страна па и биг фарма од некои исто така мистерозни причини(во истата 24година од 21ви век, да и во Македонија) веќе започнува и на амбалажите со бомбастични објави
    коетикакви проценти природно и органско, вакви масла, такви масла, африкански, кинески, индијски, атлантиски, од длабочините на Сиберија... значи нема боље обеќаваме!
    From big farma (made) with caring true love. :l:
    Значи од, повторно мистериозна причина, смета дека тој производ во таква форма би бил попродаван.

    Така што кога ќе се собере подиверзитетно едуцирана и приземјена група можда и дискусијава/иве би биле пореални за реалното стање надвор од форумов, вака е што би се рекло малце "досадно" и "тоа па тоа".

    Сега за баланс во Универзумот ќе идам во соодветни теми да пишам.
     
    Последна измена: 11 март 2024
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Евентуално ова за self care positivity bubble" бегање од било каква "токсичност" и "стрес" love yourself, me, me, me,... Вклучува ли ова темава? :?:
    Пак исто ко и физичкиот што потпалува нарцисоидност и површност бабл(во екстремни случаи).

    Иначе за self care барав одамна, после оваа се отвори, сега не знам дали да отварам нова посебна.

    https://forum.femina.mk/threads/Мали-достигнувања-за-нашето-здравје.33886/
     
    Последна измена: 11 март 2024
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.735
    Допаѓања:
    121.925
    Пол:
    Женски
    Спомнав и во друга тема.
    Некој ќе ти влијае онолку колку ќе му дозволиш. Кога веќе наоѓаш време да му ги гледаш видеата, ќе најдеш и за да му провериш бекграунд.
    Не одма да леташ по истите производи, па ако не ти одговараат, да се покаеш.
    Не чини ни водењето по тоа дека „најдоброто е најскапо“. Често нема врска.
    Тоа дали помага нешто хемиско или алтернативно, е индивидуално. Некој оправа коса со медицинска козметика, друг со билки.
    Не мора и не треба во исто време да се шлакаат куп призводи на лицето, ни ботокс да се стави. Ботоксот и онака не држи. Човек се изобличува.
    Некој нека си се испита, па ќе си види што му е потребно.
    Брчките се природна појава. Не се за срамење.
    Денешниве млади генерации се многу наивни. Потценуваат природен изглед, па се доведуваат до тоа да изгледаат како баби или створења од хорор филмови.
    Џабе е сето мачкање и фасадирање на лицето кога човек не води сметка за менталното здравје. Тоа е побитно. А, за да го одржува не треба да прати трендови.
     
    На FreeToGo и Mrs. right им се допаѓа ова.
  6. Tea loss

    Tea loss Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    22
    Добро де, ти па со сите на секоја тема се караш и контра, секако дека е многу битено одржувањето на лицето, за на 40 години да не изгледаш како 70

    Јас користам серум нијацинамид, крема за вратот и деколтето, гел за миење лице со зелен чај, сона обавезно ако ми излезе акна, и бекутан детска крема да не ми е сува кожата од тие препарати..

    На тик ток има познавам доктор што дава бесплатни совети, и брчките на млади години 30-40 изглегуваат од недоволна грижа и ефтини шминки од 100 денари..
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Која ти е замислата? Споделување техники и кој што користи? Лично кој што придобивки добил од тие техники? Ако да, оваа тема не вклучва то. Пошто е конкретно за популаризирање на self care и wellness (како тренд).
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.352
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку може да те остари еден стресен настан, а не па да збориме да ги доживуваш во континуитет? Знаеш колкава улога игра генетиката?
     
    На Annath, Mrs. right, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416

    Песнава е сѐ што имам да кажам. :D

    За skin care "тренот", најодговорни се The Ordinary. The Ordinary го трансформираа светот на козметика со својата реклама, која направи секоја индивидуа со многу малку знаење да се чувствува ко експерт. Направи многу луѓе да се интересираат повеќе за состојки во самиот продукт, отколку називот "крема против брчки". Од тука имаше многу голема еволуција до еве, каде сме денес, огромен број избор на брендови, многу подалеку од Нивеа и Лореал. И не велам дека не постоеа брендови за козметика пред TO, туку едноставно се зголеми продажбата и сите тие станаа многу подостапни на глобално ниво.

    Е сега дали мислам дека 15 степс скинкер, ќе ти го сменат квалитетот на животот? Дефинитвно не. И не само скинкер, мислам дека генерално грижата за себе треба да трае во текот на целиот ден, а не само еден саат.
    Ако веќе имаш некој проблем, мислам дека секако најдобра опција е психолог кој ќе ти помогне екшли да направиш некоја промена, отколку саат време да се гаслајтнуваш дека ти е супер и после пак со саати да одиш и да скролаш на тикток и да си го оптеретуваш мозокот.
    И не верувам дека wellness тиктокери и блогери се баш wellness, бидејќи social media кариера бара доста време пред компјутер/телефон, така да, колку е wellness нивниот живот за да ти го продаваат на тебе?
     
    На sweet-cherry и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа и на оваа концептот(мали чекори за нашето здравје), и така ја гледам, ко self care тема, може да и се додаде само во насловот грижа за себе или евентуално да се прошири во таа насока.
    Не знам да се отвори општа
    колку би имало да се дискутира надвор од овде(дебатен клуб). :?:
    Ќе видам деновиве.

    Иначе да склопам колку да не биде без ништо, сума сумара на темава:
    Добри страни
    Физички:
    *Грижа за физичко здравје, ова само ќе го оставам вака нека стои.
    :D
    Психички:
    *Очигледно и самообјаснувачки, грижа и земање време за себе и придобивките кои ги носи

    Лоши страни
    Како и секогаш, за се ќе се најде начин да се изврти, така и ова, битно е до личноста и конзумирачот да бира за себе.
     
    Последна измена: 12 март 2024
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ❗Темата ќе биде активна уште еден ден пред да ја замениме со нова (семејни блогери и онлајн безбедност на деца). Ова е потсетник да се доискажите доколку сакате.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.