Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Тиктокификација" на дебатен клуб: влијанието на инфлуенсерите во и вон онлајн просторот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 18 декември 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде да почнам на темава, мислам дека можам многу да зборам и ќе биде all over the place. Ќе пробам да не е расеано толку мислењево.

    Лично користам и инста и тик ток, следам странски инфлуенсери на кои што сакам да им ја гледам чисто естетиката, меѓутоа повеќето што ги следам ми се за некаква корист и можам да ги користам во моето секојдневие, од типот рецепти, book recommendations, workout plans итн.

    Меѓутоа, мислам дека истите просперираат од тинејџери и помали деца, токму во тие години впиваат се што ќе видат и се најмногу под влијание, па посебно на вакви вирални работи. Ми излезе видео на тик ток ( :D ) девојка кажуваше како сестра и која има 7 години на christmas wishlist имала skincare од drunk elephant(поскап бренд кој што дефинитивно не е наменет за деца). Јас на седум години поим немав од скинкер а не па да им барам на моите.

    Кај нас ваков феномен пример моментално е со оној чипсот такис и прајм пијалокот, кој што е од јутубери и воедно инфуленсери, па децава ги притискаат родителите дека ги сакаат, вриштат пиштат, а се доста скапи башка што немаат никаква нутритивна вредност ама тоа е друг муабет. И цела фама зошто х познати особи ги пиеле/јаделе па и они да бидат видени со истото.

    Во однос на стен културата ќе зборам за познатото ривалство на Селена Гомез и Хејли Бибер. Двете имаат огромни фан бази кои што кога ќе настане некој скандал одат и коментираат по постовите кај другата, со посакување смрт, со закани и огромнаааа омраза. И зошто? Ради тоа што двете имале ист дечко :D Па фановите на едната не ги купуваат продуктите на другата, поддржуваат questionable мислења на нивните идоли и одат во страшни екстреми и се губи контрола.

    Исто Тејлор Свифт има огромна фан база која екстремно ја поддржува, до степен на вршење булинг на луѓе кои на било кој начин се нашле во негативно светло во нивниот однос со Тејлор. Се доксаат други (не)фанови, им се испраќа хејт мејл, закани и сл.

    Погоре читнав и за Мирта сакам и за тоа да се дополнам и уште нешто на темава ама немам време ќе дојдам пак :wasntme:
     
    На Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Инфлуенсерите можат да влијаат онолку колку што им дозволуваме.
    Наметнуваат дека е професија, но е само често добро платено хоби.
    Бекграундот е битен за некои следачи. За други не е оти битно им е само кој колку е популарен.
    Од помладиве генерации слушам дека не си кул ако не ги следиш некои од најпопуларните миленијалци и ген-з на Тикток. Што ако имаш години повеќе живот и искуство... |(
    Иако бекграундот е значаен за да може да се види дали и колкава штета можат да нанесат.
    Едно е доктори и нутриционисти да зборуваат за начини на исхрана и употреба на суплементи (или лекови), друго е тоа да се слуша од правници и архитекти (итн). Не дека првите не грешат. Грешат.
    Кога тоа се наметнува од и станува тренд поради вторите, тогаш проблемот е поголем.
    На големите корпорации тоа им одговара. Занемаруваат што некои (може да) страдаат додека бројот на корисници на услуги и купувачи на производи е поголем.
    Овци, овци насекаде...
    Човек се заслепува, паѓа во стапица од која не е секогаш лесно да се излезе.
    Не. Не треба да ни бидат role models.
    И од другата страна не е сјајно.
    Fandom-ите знаат да забегаат со фрлање навреди и закани. Но, тоа прво е од дома.
    Од домашното воспитување. Потоа е од надворешната средина.
    Зошто ги следиме инфлуенсерите?
    Зависи од тоа кои ги следиме. Или за да видиме што е ново или за да тепаме време. :rofl:
     
    На FreeToGo и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.491
    Пол:
    Женски
    Сакам од оваа точка да продолжам јас. Сакам да зборам затоа како кога не си славен по професија, туку си (инста)инфлуенсер - некогаш и негативно влијание е позитивно. Пошто ако немаш негативно влијание и си нерелевантен, не е профитабилно. А драма тука, драма онде, малку закани за тужба, малку ќенкање и промовирање на фејк продукти - добиваш кликови/пари. Затоа и често кога читам по трачарски теми (ништо долго не ми држи внимание за да се инвестирам иако би сакала) читам коментари ко: "не ѝ давајте внимание зошто никогаш нема да преќини". Нешто како Тинкрбел, без внимание "умираат". :D
    c3279visgfx51.jpg
    Од тука ме интересира, дали вистина би "преќинале"? Или би "ескалирале" со однесување? :?: Дали иди потребата од ваквото внимание за профит, или его?

    Искрено, јас мислам двете. Во исто време не мислам дека некој без внимание едноставно ќе олабави. Мислам дека ќе си земи за "слобода" да ескалира драма. :D
     
    На Ketchup, nextredstyle, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Јас лично најчесто следам луѓе коишто се професионалци во одредена област, најчесто на светско ниво, поретко од нашиве. Не дека имам нешто против, ама повеќето се далеку од нивото на првите, ако не нешто друго, зошто првиве имаат и многу повеќе можности и ресурси, па со тоа и повеќе искуство. Најчесто ги наоѓам на YouTube, па затоа што за да одржат и да зголемат гледаност мора да ги има секаде, скоро сите имаат и профили на социјалниве мрежи. Па, така и таму ги заследувам. Ми влијаат нивните совети, ама не до степен слепо се да прифаќам. Пример од тоа што ме интересира следам повеќе профили, а и тие меѓу себе се разликуваат во ставовите, па од секого применувам тоа што најмногу со мене резонира. Иначе инфлуенсери кои си го раскажуваат животот, кои снимаат само како го поминале денот, па и каде прошетале, немам скоро воопшто на инста. Модни следам 2-3 можеби и толку.

    Дојде време кога врвни стручњаци се по социјалниве мрежи и преку тие канали може најмногу да пренесат порака и до најмногу луѓе да допрат. Има многу квалитетна содржина, ама има и многу џанк. Проблемот е што во морето на информации, има и многу нестручни луѓе кои зборуваат на битни теми, па може и штета да направат. Затоа треба паметно да се селектира, ако веќе се применуваат нивните совети за поважни работи, ај за небитни работи нема гајле.
     
    Последна измена: 22 декември 2023
    На eliesaab, Biljarkata и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Да, баш така. Тоа е и проклетството на нивната работа или кој како и да ја нарекува. Мислам дека се во постојан грч да се активни и се зависни од вниманието, и од финансиски, и од емоционален аспект. Страв им е да ги нема неколку дена, па и саати, зошто и следачите им се навикнати постојано да очекуваат нешто ново од нив. Истовремено треба да се интересни, зошто има многу конкуренција. Кога немаат идеја што, некои намерно ќе направат некој конфликт, а на некои природно им доаѓа.

    Притисокот е особено голем ако преку ноќ се прославиле, зошто да има континуирано толку високо ниво на интеракција и гледаност не е лесно.
     
    Последна измена: 22 декември 2023
    На nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Немам многу инфлуенсери во листата на заследени, тоа што следам се најчесто рецепти или профили за шминка.
    Ќе излажам ако речам дека не ме ,,убедиле" да купам нешто, меѓутоа, мене лично некои брендови ми создаваат одбивност кога ќе видам дека пратиле пакет на некоја, а на пример истиот тој пакет можеле да го подарат на некоја финансиски загрозена личност/ фамилија.
    Разбирам дека сѐ се сведува на реклама и профит, ама мене повеќе би ме освоил бренд ако постапи така, отколку да го подари на инфлуенсерка која очигледно може истото сама да си го дозволи.
     
    На nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.491
    Пол:
    Женски
    Барем за мене, инфлуенсерите се тема that keeps on giving. :D Во склоп на и "лош маркетинг е добар маркеринг":
    Screenshot_20231222_100657.jpg
    На крај на ден пак та добива внимание + пари. И на крај на ден пак сите се само то - лути. :D
     
    На sweet-cherry, Ketchup и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Привремен прекин или мини диверзија дур слегне...
    Сите станавме зависни од уредите.
    Не можеме без доза инфо и драма. А, тие не можат без внимание.
    Само „се стишуваат“ малку до следното нешто. Може со некоја ПР френдли постапка колку да не се намали бројот на следачи драстично.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Машки
    Следам само еден единствен македонски инфлуенсер и тоа е Monika Potter.
    Апсолутно никој друг со ништо не ме привлекол да го заследам.

    П.с. ќе излажам. Го заследив и Лазаров сега ради наградната игра, океј.
    Ако не добијам ништо, ќе го отследам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.