"Тиктокификација" на дебатен клуб: договори

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 декември 2023.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Сакам теми со почеток и крај, актуелни и ударни. :D Прво сакав да е од аспект на онлајн трендови и пошто рандом подкастс и видеа слушам, сфатив дека тоа се социо-психолошки теми и поќе сакав да биди како "дебатен клуб" темава каде недела-две има една тема за дискутирање (тоа е засебна тема која се отвора откако претходната е заклучена), додека тука се договараме која ќе е наредна тема за дискусија. Исто така поминатите теми на дискусија ќе ги едитирам веднаш во мислењето под ова ради прегледност.

    Темите кои барем јас ќе ги предложам се теми од онлајн свет. Најчесто термини и што седи зад тие термини. До сега пример тука имаме дискутирано за терминот "pick me". Зошто постои, како стана популарен, па дури и подлабоко, импликации и социолошли и културен ефект. Сега моментално е актуелно "boy mum" почнува со тик токс од мајки на момчиња (boy mum не е секоја мајка која има момче, туку секоја мајка која има момче и наеднаш цел живот ѝ се врти околу тоа само ради полот на детето) и продолжува со коментирање од останатите на тие тик токс - дали придонесува до ујачување на родови улоги, како влијае на машко/женски односи и прераспределба на обврски во домот, мајка како заштитник и во улога на свекрва итн. Идејата ми е за вакви блиц теми. Кога чим дојди нов тренд - имаме нова кратка блиц тема. Тука пак, сум зборела за тиктокификација на драма и измешаните граници меѓу реалниот и онлајн светот. Или пак Ендру Тејт кога беше популарен, се тргна да се дискутира зошто стана популарен, како се напрај клима за негово постоење, што значи тоа за машко-женските односи, зошто баш сега, инцел култура итн.

    Очигледно одамна ме боцка нешто вакво, само не ми текнало да спојам вака. :D

    Така да темава замислата ми е да служи за предлози за наредни блиц дебати . Како ќе се бира наредна тема сакам да е флексибилно - што ќе се предложи/лајка најмногу пати, но ако сакате отворена сум кон анкети и построг распоред на ротација иако мислам дека некогаш е фино да се дај ден-два ако некоја тема повеќе се зборува. Коментирачки тик ток и јутуб апсолутно се прифаќаат како предлози за тема. :DПрвичниот наслов сакав да е нешто како "тик ток трендови", ама решив да бидам поќе :*:драматична:*:

    Soooo, I hope y'all like it. Јас сега ќе одам да отворам првата темата-близначка. :makeup:
     
    На sweet-cherry, Ketchup, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Предлог теми:
    • Потребата од ликови како Ендру Тејт во онлајн просторот - зошто се појавуваат? Која е поврзаноста на феминизмот и "алфа" мажи? Што е тоа што вакви ликови нудат, кој аспект не е задоволен? Како ваквите ставови влијаат на машко-женските односи? Како влијаат на осаменоста на луѓето и дали стојат како пречки при дејтинг?
    • Потребата да се биди "relatable" - потребата на славните и богатите да бидат "relatable" и слични на обичните смртници - од каде иди? Контраст на рани 2000ти и популарна џетсет сцена наспроти инфлуенсерство. Која е потребата СЕГА да е некој "обичен смртник", а се глорифицифаше reality tv и богат живот само декада претходно?
    • Дизни возрасни - носталгија? Што го прај возрасниот дизни возрасен? Од каде иди потребата за идентификација со Дизни контент? Дали има, и дали треба да има возрасна граница за да биди некој опсесивен со Дизни?
    • Мукбанг - ASMR? Зошто е толку познато? Поврзаноста на ED (eating disorder) и бинџ јадење. Историја на мукбанг и споредба со тоа што стана - јадење пред камера за дома да не јади некој сам зошто во азиската култура се јади со друштво. Драмата која ги прати мукбанг јутуберите и тиктокерите, зошто?
    • Тиктокификација на драма - лесно вадење од контекст кратки слички на кои сме изложени, недоволно истражување, cancel culture/doxxing како резултат.
    • Ingredient household vs snack household - дали кога сакаме брза ужинка храната ни е процесирана од паковање или ја правиме од тоа што имаме дома? Кое е поекономично, а кое покорисно? Брз начин на живот како причина за промена на навики во исхрана?
    • Менталитет на групирање - дали е полесно да се групираме онлајн? Дали носи до истакнување на помали субкултури поради лесната распространетост и конектирање? Мислење на толпа. Cancel culture како резултат на реагирање како толпа. Дали иако сме физички одделени можеме да реагираме како едно? Делење на повеќе интернет култури: бјути свет, фет-ток, фитнес канали итн.
    • Фет-ток - body positivity и колку фет ток опфаќа? Колку акомодации се потребни? Дали постои нешто како "барање премногу"? Дали мерење тежина на лекар е неопходност или навреда? Дали постои "здравје во секоја големина"? Фет активисти, но и како се снаоѓа заедницата после смрт на неколку познати фет-токери. Зошто одбирање да се биди во поинакво тело е осудено (било тоа да е дебело или слабо)? Зошто фет-ток се оградува и не дава поддршка на тие кои се внатре кога ќе решат да одат на режим? Фетишизам со ранење.
    • Онлајн дејтинг - како е поразличен од класичен дејтинг и како го менува дејтинг светот што веќе го знаеме? Некои се непишани правила и што значи ако се прекршат? Зошто се популарни дејтинг шоус кои се во формат на натпревар (the button, from cut)? Како влијае модерниот дејтинг на егото и дали не трга подалеку од интимност и commitment? Зошто? Situationships.
    • Overconsumption problem и интернет културата - менвање на трендој, fast fashion и ефекти на екологијата, џен з и еко свесност наспроти overconaumption, влијанието на ниско внимание како резултат на ваквиот формат на апликации, реклами
    • Self care vs self centered - каде е линијата меѓу љубов за себе и обземеност од себе? Ставање себе на прво место, емпатија и баланс. Дали можи да е почит ако одбиеш некој? До кога е почит, а од кога е прегазување на себе? До кога е грижа за себе, а од кога е егоизам?
    • Онлајн простор и емпатија - дали емпатијата е зголемена или намалена со поголема онлајн присутност? Можност да се "видат" луѓе од различни системи. Губење на "слика" дека тој зад екранот е реална личност.
    • Брутална искреност и потребата да искажиме мислење - потреба да се коментира на туѓ контент негативно, често под закрила на "искреност" и "тИ мИсЛаМ дОбРо". Хипокритично? Зборање онлајн е како викање во дупка - дали сме свесни дека зборуваме со човек со чувства? Издувен вентил? Дали можи да си лош човек ако си искрен?
    • Синдром на главен лик - хипериндивидуализам и социјални мрежи, what about me-ism, синдромот на Карен/Славица, нарцисизам?
    • Пандемијата како социјален пресврт - што се смена? Како влијае социјална изолација на нас? На што се должи оваа промена? Кои промени беа моментални, а кои останаа да бидат долгорочни?
    • Таргетирани реклами - "чипот работи", дали ни олеснуваат кога нешто бараме или не? Како влијае на онлајн приватноста? Колку е штетно, а колку корисно? Која е паралелата со темите кои се обработуваат во Black Mirror?
    • Онлајн меурче - како влијае на чувството на приватност? Како влијае на формирањето на информациите? Како влијае на радикализација?
    • IT girls - Што се? Дали сеуште постојат? Како влијае интернетот на нивното (не)постоење? Која е важноста од имање it girls?
    • Патот од популарна до омразена - Дали огромна популарност мора да заврши неславно? Влијание на кенсл културата врз тоа. Кога голема популарност завршува неславно? Брзо кревање кон популарност како фактор.
    • Тело како тренд - дали телото е тренд? Како влијае на менталното здравје? Како социјалните мрежи го туркаат овој наратив? Како влијаe инклузивноста на различни тела на модерните "тело" трендови? Дали секогаш слабо, бело тело е ин дури и покрај трендот? Whitewashing на трендови, односно дали белите жени се воспевани за исти работи кои жени од друга боја и националност се исмевани?
    • "Извини" видеа - зошто доаѓа до нив? Дали треба да ги има или има друг ефективен начин да се изведи ова? Што недостасува? Што е грешно, а што е точно изведено (во најголем број од нив). И чисто за забава: ранг листа на ваши омилени.
    • Trad Wives - зошто доаѓаат толку до израз? Од кога се повеќе истакнати и каде беа до сега? Која е климата која треба да ја има за ваков контент да постои ( пандемијата и cottagecore & tradwive покренок)? Колку финансии се потребни? Каде е сопругот во сликата и дали, и ако да, како ова влијае на машко-женските односи и распределба на обврски?
    • Зошто некои инфлуенсери се невозможно да се кенслд? - кенсл култура и што е? Од кога постои и во која форма/ еволуција? Зошто некогаш е „успешна“, некогаш не? Џефри Стар како пример за некој кој е невозможно да е cancelled покрај контроверзиите и некој како ПјуДиПај и која е разликата и како одржуваат големи платформи. Дали дамката следи покрај се (пр. Шејн Даусон, Тана Монгоу, Пол браќата)?
    • Машки феминист - нормално, не мислиме на маж кој е феминист туку оној кој нагласува дека е и глуми „пик ми“ за жени. Поврзаност со симп културата и love bombing. Ефекти од love bombing? Очекувања дека за вниманието и бранењето „должиме“ нешто. The good guy. Колку е добар? Како влијае кога е одбиен? Зошто? Потребата постојано да те форсира во ситуации да прави работи за него само за да му должиш. Колку подлежи под инцел културата? The White Knight.
    • Глорифицирање на "секси и харизматични" терористи и пирати како најновиот вирален случај со Рашид Ал Хадад или како што западната популација го нарекува: Timhuti Chalamet бидејќи личи на глумецот. Дали е уште една скриена пропагандна војна на истокот кон западот или само случајност која предизвикува невина реакција? @Ajronmen
    • AI како дел од работа - ризик за замена на работник? Како можи да влијае на работната сила во иднина? До кој степен и во кои гранки можи да се примени? Чет AI како побрз метод за барање информации од гугл?
    • Дали е проблемот во тик ток или е до луѓето? - опасни трендови на платформата, дали е до самата платформа (држави кои сакаат да ја банираат) или е до луѓето и способноста на резонирање? Дали би имало проблем и да била друга платформа?
    • Генерациски промени во стандарди на убавина - тренд каде миленијалс тврдат дека личат помладо од џен зи, на шо се должи ( дали реално личат помладо, ефект на избор на модни додатоци, зафати, скинќер, и како биле растени односно објектификацијата во рани 2000ти како comeback со y2k), трендови каде сосем просечни па и убави луѓе се карактеризираат како грди (пример Марго Роби била "мид", или покренокот на ugly pretty и слични фрази да се опиши некој шо не е совршен ама не е грд).
     
    На Angie1432, sweet-cherry и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Уствари инспирација за темава и сите потенцијални теми ми иди од тука. :D Интернетот кој зема секојдневни настани, му лепи етикети и/ли ги прави тренд и ги ескалира и драматизира. Ставив тиктокификација оти најпопуларна мрежа е Тик Ток ама дефинитивно не мислам само на него. :D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Првата и втората тема мене ми се допаѓаат, исто и оваа за Дизни возрасни.
    Нешто што јас би додал, е тема за општо влијанието на инфлуенсери. Некоја таква тема, затоа што да, имаат влијание на луѓето. :D
    Исто така може нешто со стен култура.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Неќам да сум мрчатор и сфатен погрешно.
    Ама не е фер Питерсон да биде ставен во иста категорија со Андру Тејт.

    Сфаќам од каде доаѓа измешаноста, од кратките исечоци на Јутјуб без контекст.
    Питерсон искрено може да го изедначи со Тејт само некој шо не го изгледал целосно.

    Друга работа, Питерсон скроз го смени наративот и пристапот, и е многу поотворен за различни мислења сега за разлика од своите почетоци. А да не збориме дека погледот кон жените им е дијаметрално спротивен (зборам за жените затоа што Ендру така стана славен).

    Впрочем, Питерсон јавно побара Тејт да биде осуден за ставовите и да биде цензуриран.

    Не го бранам Питерсон. Да, со нешто од неговите идеи се слагам со нешто не.
    Но сепак е друга тематика и проблематика.
     
    На Peanut Butter и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Заедно се ради иста таргет публика и во времето на едниот и во времето на другиот се покренаа истите прашања на дискусија само со неколку години разлика. То шо едниот е одличен оратор и знај да дискутира, а другиот е само нестабилен - нема врска со то дека двата имаат иста таргет публика и темите кои се покренаа на дикусија се исти. Често можиш да прочиташ на места дека Питерсон трчаше за Тејт да можи да оди. Прашањата и темите ги пишам после цртичката, то шо е заедничко, не е ова споредба на карактер. Впрочем кога би дошла таа тема јас ќе спомнам други ликови. Само не се толку познати за да ги спомнам ударно тука.

    Како и да е, ова е дискусија за ко ќе дојди та тема. Не тука.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Да, можеби Питерсон треба и како посебна тема да оди баш поради ова, има многу различни и спротиставени мислења за него, некои го обожаваат, тврдат дека воопшто не е мизогинист, иако има некои изјави кои говорат спротивно, некои пак го ставаат во ист кош со Ендру Тејт, иако он е прилично црно-бел и јасно е каде стои.

    Овие теми ми се допаѓаат.
     
    На Srckata28 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Нешто како лик и дело на Питерсон? "Стравот" ми беше дека кога евентуално би коментирале кој и како е засегнат и инцел културата (кои и двата ама од различен аспект) ја подучуваа - ќе дојди истата тема. Исто ми текнува на Роло и неколку "машки феминисти" кои промовираа доста прикриена мизогинија и сакам да ги спомнам евентуално.

    Можиме да одиме со нешто ваква тема следно или онаа на Кечо пример? Ако одиме со оваа, можиме да дефинираме дали ќе оди во аспект на инцел култура или поќе акцент ќе ставиме на ликовите инволвирани.

    There's a lot where that came from. :D Ми се смачи да пишам и само повремено со тема-две дополнувам листата. :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Нешто ко Џордан Петерсон херој на инцелите или интелектуалец? Она што го разликува од останатите е што е автор, психолог, овој другиов на пример само дрнда по мрежи, колку што знам. Затоа, можеби, Питерсон е посебна приказна. За Тејт скоро сите се согласни што е, ама за Питерсон е поделено мислењето и можеби дискусијата би била поделена. Еве добар наслов. Is Dr. Jordan Peterson A Public Incel-lectual? :D
     
    На theowndemon и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Па нез дали и исто зборат.
    Тејт вели цел живот сексајте млади девојки бидејќи тоа е во вашата природа.

    Питерсон вели станете некој шо е способен да се грижи за фамилијата.
    (Ок, на повеќето од нас не ни се свиѓа патријархалниот пристап негов).
    Ама дефинитивно немаат иста цел...
    Нејсе, отвори тема ајде :rofl:
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Можи, можи да зборниме прво од овај аспект и ланчано после то следната тема да е за Тејт и сличните на него (Роло го спомнав погоре ама има машала, па и кај нас локални) и влијание на таквата култура на машко-женските односи и сите други точки шо ги пишав. Питерсон и инцелите да ги тргниме настрана.

    Насловот го обожавам. :D

    Абе кај брзаш. :D Имаме сега една активна тема, нека потурка ако можи една недела па ќе смениме нова. Ако не додржи ќе му пресудиме па можиме да продолжиме ете со оваа, па Тејт или таа на Кечо.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    Јас сум за pick me girls темата, имам многу што би зборувала и мислам дека ако некоја што спаѓа во таа група на девојки (а ги има многу на форумов), може да научи нешто ново.
     
    На Celltica, Bezimenka90, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.390
    Допаѓања:
    47.350
    Пол:
    Женски
    Тик ток ми е живи глупости
    Нити имам, со години
     
    На Gentlewoman!, SummerGirl, marsilia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Има еден тренд, природно кој почна на Тик Ток, но се прошири апсолутно сегде и гласи: tell me without telling me.

    Ќе почнам прва.

    Tell me you didn't read the text without telling me you didn't read the text:
    :D

    Абе Феминке, не е темава за Тик Ток како платформа туку мејнстрим медиуми и влијание на културата.
    Дојди сега тука да дискутираме за true crime. :D
    ----------------------

    За наредна тема сакате да гласаме со анкета или вака неформално да напрајме распоред за веќе тие кои се прокоментираа тука? Ќе ве означам вас кои предложивте: @Ketchup @Ajronmen @RainBow @Srckata28

    До сега ете споменавме засебна тема за Питерсон и дури би рекла малку и се стави основа за дискусија уште тука, Реин и Срцката споменаа за пик ми. Кечо предложи нова тема за инфлуенсери. Јас сакам флексибилност во договарање па ако можиме да договориме "распоред" на овие три теми за мене би било идеално. Ама отворена сум кон се.

    П.С. Додадов уште теми, а си заборавив белешките на работа за уште две. :D The devil works hard, ама дур умот ми е непресушен I work harder оти ко ќе пресуши е неспособен да мисли. :D
     
    На crimson, sweet-cherry, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    Искрено, може неформално, дури можеш по своја проценка и желба да го направиш распоредот на темите. Никому се не брза, ќе стигне на ред секоја тема.
     
    На Angie1432, Celltica и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Можеш преку random.org да ги бираш само нумерирај ги и кој број ќе ти одбере таа тема да биде :D
     
    На Celltica и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Ок ова е генијално. Од предлозите за неделата вака ќе вртам. :D
     
    На Celltica, Srckata28 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.477
    Пол:
    Женски
    Ама одговори ко лол тик-ток се глупости, немам јас тик-ток се 90% шо ќе добиеш. :D
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.825
    Идејава е предобра. Нешто немам инспирација за дебата во моментов за моменталната тема, но за некоја следна се вклучувам сигурно!
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.