1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Тиктокификација" на дебатен клуб: boy mums и girl dads

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 3 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Видеото е секогаш пример, никогаш не е "задолжително". :D

    Прати ми ова ако најдиш. :|
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.395
    Допаѓања:
    47.365
    Пол:
    Женски
    И мамин син не е баш добро, а ни татина ќерка. Ама мислам нејчесто женското дете е поише со таткото, машкото со мајката. Ја сум една, ама татко ми исто поише ме тинтра од мајка ми и ми попушта. Ама со мајка ми сум поблиска за некои муабети. Знам со кој за што можам да зборам
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Последна измена: 7 јануари 2024
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Хеликоптер-родителството влијае врз самодовербата на детето. Или ја нема или му е ниска.
    Мимовите со пушката се само комедија од многу гледање филмови. Не е дека татко ќе отиде толку далеку. :D
    Сепак, поради фактот дека женските деца се поизложени на опасности, се очекува од татковците да бидат заштитнички настроени.
    А, фаворитизмот применет од оние бој мамс ем е морничав, ем е за лечење. :puke:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Да, само што интернетот памти вакви глупости. И луѓето ги прават овие глупости и така ги воспитуваат децата. И ќе дојде нов глуп тренд и тоа ќе го прават, пак на штета на детето. Ко она со кршење јајца од глава.

    Ова па со пушкава што да каже човек, не знам еве. Немам зборови стварно :D
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    За коментирање на темиве мислам дека е убаво да се биде во тек со тековните онлајн дискусии. Вака малце некои мислења се ко од Марс паднати. Сори.
    И јас не сум баш апдејтната со сѐ што се зборува зашто не ни следам толку ама воглавно дискурсов е за модерни феномени не за индивидуални односи со родителите.
     
    На sweet-cherry, crimson, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Јас сум мајка на мало момченце иако секогаш сакав девојче, ми беше преголема желба, се надевам дека во блиска иднина ќе ми се оствари. Од аспект на мајка на момче, мене ми пречат видеата на ТикТок во кои се фаворизира кој било пол. На пример, има видеа дека девојчето добива внимание и princess третман и дека ништо помалку не треба да очекува и од идниот партнер. Со тоа се прават неспособни идни генерации. Не може утре девојката/жената да очекува дека ќе живее како во бајките и дека мажот ќе се однесува кон неа како татко и'. Утре во брак таа ќе има и обврски, а нема да биде принцеза од бајките заштитена и недопирлива. Ова што се однесува до женскиот пол. Што се однесува до машкиот пол, исто видеата од типот ,,го учам син ми да прави пица за да не може твојата ќерка со една едноставна пица да го воодушеви", не се добри. Тоа е таа едиповска врска, мама може сè и сè што прави мама е најдобро, со тоа утре ќе ја намали вредноста на жената. Или она дека синот не треба да прави ништо, мама ќе среди, и тоа произведува неспособни генерации, утре и жената од мажот ќе очекува соодветно да одговори на обврските. Е, во одбрана на женскиот пол, 21 век е, ама кај нас уште стои она балканското, мама ова го готвеше вака, мама вака пере, мама вака чисти (и јас сум го доживеала), и почнав и јас: ,,еее тато вака ја менува сијалицата, како не знаеш да поправиш машина, како не знаеш да заштрафиш". Треба да се учиме на рамноправност, и двата пола се благослов за една мајка.
     
    На Miss666, Ajronmen, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам дека тоа произведува неспособни генерации. Туку деца што се растени со вистинска љубов и внимание од родителот помали се шансите дека ќе трпат помалку од тоа во врската и бракот. Генерално и упростено секако. Тие видеа на тикток се преувеличени за комедија, ама поентата е таа, не да немаш обврски. Две различни работи.
     
    На sweet-cherry и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Кои видеа се преувеличени? Сите? Прашувам зошто немам тикток и не следам толку, нешто ми излегува само некој безвезен тренд кога ќе излезе. Ама, правиш видео, детето гледа и слуша, не е слепо, плус го објавуваш на интернет... Тоа допрва ќе видиме што ќе донесе.
     
    На Трагедијаупмм и Lena0903 им се допаѓа ова.
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    За ова само еднаш ми се згади една со муабетот за 4 г син ,дека еден ден некоја ќе и го земела. Прво не ми беше јасно и којзнае шо фаца сум напраила и жената ми вика па ќе се ожени... викам жено има уште минимум 15 г до тоа плус не ти го зема туку е нормален тек на настаните ти си мајка таа ќе е сопруга ,ама не и се плачело при помислата...
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Внимание и љубов да, ама треба родителот да го подготви детето и на суровата реалност надвор. Јас разбирам дека во видеата има преувеличеност за да бидат смешни, но поентата е таа. Princess третман и ништо помалку од тоа, во видеото е прикажан татко кој ја чешла ќерката, и' лакира нокти, и' носи најубави јадења, и' исполнува милион желби, и ја учи дека не треба да ги намалува стандардите. Е, сега, точно дека не ја учи утре дека мажот треба да и' ги лакира ноктите, ама пораката е дека таа заслужува се' најдобро, со тоа и' дава преголема самодоверба, најдобра сум, најубава сум, заслужувам повеќе од другиот. На тој начин се создаваат искомплексирани млади. Работам со млади луѓе и нема да верувате дека 30% (ако не и повеќе) од нив се на редовни антидепресивни терапии, од искуство со нив ви го кажувам ова. Голем дел од таа заслуга ја имаат социјалните мрежи и пораките што ги испраќаат. Во основно имав другарка што имаше од нашиот клас симпатија, е тој си изјасни дека сака друга и дека другаркава воопшто не му е убава (навидум детска работа), таа се опседна која е поубава бидејќи нејзината мајка и' кажуваше цело време дека таа е најубава, најпаметна, никој не е како неа, на никоја од нас облеката не ни стои како на неа. И, оп, реалноста и' удира шлаканица во текот на животот, па добива панични напади. Јас порано и' се лутев на мајка ми, но сега сум и' благодарна зашто на моето прашање како девојче дали сум најубава ми одговараше:,,За мене да, за другите не знам". Значи, на некој начин ме подготвувала за реалноста, дека некому едноставно не си му убав, не си му добар, не си му пријатен. Една колешка кажува дека сега воочила дека си направила проблем со ќерката, се' и било дадено, секое барање исполнето, сега на нејзини 22 години не знаела јајце да испржи, собата хаос, знае дека мама ќе среди, најскап телефон, е сега барањата се зголемуваат. Конкретно се жалеше дека дома се расправала сакала стан да и' се купи, и тоа не која било градба, туку БИСИ, цена до плафон. И се поставува прашањето како утре таа ќе биде сопруга, мајка, ако татко и' и мајка и' се слаби на неа и ако писка дома, ќе и' купат тоа што бара, мажот нема да и' купи. Или работодавецот нема да ја тинтри. Тоа е реалноста. Исто важи и за момчињата, ако тој е научен мама ќе ме спакува за на одмор, се бањам мама ќе ми подаде гаќи и чорапи, мамо каде ми е тренерката, мама ќе ми чисти, тоа не значи дека и кај жената ќе биде така, и таа ќе му слугува. Секој родител треба да го подготвува детето за реалноста, бидејќи ако кај мама и тато сме принцови и принцези, тој третман нема да го имаме и кај другите луѓе. Ќе се сретнеме и со лоши и со добри коментари. Поентата е да не припаѓаме во несвест при првиот лош коментар и да пиеме антидепресиви.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам како е princess третман ако со децата играме она што сакаат и работиме на нивната самодоверба? Дури би рекла од трендовите на грл дедс и бој мамс - ова е позитивниот. Мора да ги учиме децата да се ценат себеси. Не е преголема самодоверба ако ја лакирам и ги уважувам нејзините желби како човечко суштество. Има разлика од тоа да нагласувам дека е специјална и никој ко неа, и до тоа да играме игри кои сака, сопругот да ја лакира или да се облекува поинаку за tea party, за неа, како и да ја вклучиме во одлуки во кои можи да е вклучена. Сепак е чоече. Пошто самодовербата е важна во животот, не те става во пониска позиција, напротив. Не си порезилиентен ако немаш самодоверба. Иако мислам дека примерот ти е за некое разгалување. Уважување на детски желби не е разгалување.
     
    На Angie1432, sweet-cherry и crimson им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Да си кажам јас како гледам на ова. :D
    Не е додека не се прави пречесто.
    Играњето со детето е одлично за формирање конекција меѓу него и родителите, но треба да се внимава да не го направи презависно од нив. Тогаш тоа влијае негативно врз самодовербата.
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Со сета должна почит, но мислам дека Вашето цитирање нема поврзаност со она што го истакнав во моето мислење.
    1. Не реков дека не треба да си играме со децата. Јас си играм со моето дете, што е и нормално.
    2. Лакирањето на видеата за кои зборувам е преувеличено. Девојчето лежи со сок во рака, а таткото трча околу неа, буквално како да е во козметички салон, детето шефува, а родителот трча. Не беше поентата во лакот, кога доаѓале/доаѓаат девојчиња од другарки, од роднини, и посакале да ги лакирам, јас ги лакирам. Така што не е суштината во лакот, во секој случај.
    3. Никаде не кажав дека не треба да и' се исполнуваат желби, ама треба да се внимава да не се претвори детето во личност со мегаломански потреби.
    4. Никаде не реков дека не треба да се вклучи и детето во некоја одлука што е од значење за него или да не му се исполни желбата ако сака некако да се облече. (Ова дури и се зачудив што беше напишано бидејќи никаде не го спомнав).
    5. Никаде не спомнав дека луѓето со пониска самодоверба се поотпорни/резистентни на околината. Тоа дури ни психологијата не го потврдува. Туку реков дека не треба лажно да му се билда самодовербата до нарцисоидни граници. Ако јас му викам на детето дека е најубаво, поубаво од него/неа нема, утре кога ќе се сретне со човек што не мисли така, ќе се јави проблем. А, на тој начин се развиваат и нарцисоидни личности. Доволно е да се ограничи дека ти си најубав/најубава за мама, за тато, за баба, за дедо. Ете ја самодовербата дека има луѓе за кои сум убава и вредна, за некој друг може не сум, ама не ме погодува бидејќи има кој да ме вреднува.
    Ако зборуваме реално, вистинската самодоверба кај личноста е кога нема да не' допре лошиот коментар, а не кога ќе не' тапкаат по рамо.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Па, што е проблемот ако е ова игра? Да, кога ќе отидеш во салон трчаат околу тебе, исто ко што си играат, не дека нешто и ги исполнува желбите и онака му шефува. И ние си играме доктори на пример, и она команда, легни, стани, отвори уста, зошто е докторка нели и пациентот слуша. Во играњево нема никаков проблем, зошто е игра. Друго е да му се слугува на детето и да биде дај ми ова, дај ми она, а детето да не мрдне, тогаш е веќе разгаленост.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава беше за трендови за воспитувања на социјални мрежи кои се вирални и кои испраќаат порака, а не за играње докторки...
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    За кое видео поточно зборуваш?
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Па, она не вели дека играњето е проблем. Туку шефувањето при играњето.
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Еве ќе се објаснам уште еднаш затоа што гледам дека отиде дискусијава во погрешна насока.
    Не реков дека играњето по желба на детето е лошо, не знам зошто се изврте работава. Пред да имам дете со внука ми сум си играла мајка и дете, таа била мајката и наредувала: ,,Стани да те носам во градинка, ајде спиј сега...", или докторки, значи не е команда ако ми каже отвори уста, тоа го видело на доктор, тоа и го практикува во играта, учителки, па дава наредби седи, пишувај на табла, еве сега имам момченце, па седнува на кола, јас пред него и изигрувам таксист, божем го носам до одредено место. И јас под тоа НЕ подразбирам команди или шефување, како што се изврте муабетот. Тоа се нормални детски игри што сите сме ги поминале и како деца.

    Зборував за видеа кои се вирални и кои пренесуваат пораки како се воспитуваат деца, а според мене не се добри. Најчесто такви видеа се објавуваат на ТикТок.

    Фамозниот лак и козметички салон е проблематичен бидејќи не е игра, туку начин на кој се прикажува како се воспитуваат девојчињата. Еве да објаснам видено видео. Седи малото девојче, таткото трча околу неа, и' подава се', ја лакира, ја лади со ладало, и ред други работи и на крајот таткото се врти кон камерата демек поглед кон идниот зет со нели заканувачки тон, еве јас како ја третирам ќерка ми, се' и' е овозможено, таа е принцеза и ти мора да ја третираш така. Што на некој начин мене ми е дискриминација кон момчињата. Еве да прашаме некоја машка личност дали ќе прифати разгаленост од идна партнерка. Поентата ми беше дека родителот треба да биде свесен дека само тој може да пружи таков третман кон детето. Никој друг не е должен да трпи разгаленост, ниту партнер, ниту работодавец, ниту пријател.

    Исти такви видеа има и за момчињата. Мајката прави јадење, синчето до неа, и таа упатува заканувачки поглед божем до идната снаа и вели го учам детето како се прави пр.пица за да не можеш утре со твојата замрзната и потпечена пица да го воодушевиш син ми. Значи повторно не е добра пораката, со тоа сака да се каже мама се' му покажува и никоја не е како мама, и да не го вреднува трудот на идната партнерка.

    Пак да повторам, зборувам за вирални ТикТок видеа во кои е тренд да се зборува за некој изопачен тренд за воспитување на децата.

    За девојчињата дека таткото овозможува се' и дека партнерот не е вреден ако направи нешто помалку од тоа. А, за момчињата дека мама е најважна и да не се вреднува девојката. Вклучете ТикТок и видете, премногу на број се таквите видеа, дури се јавија и видеа со спротиставени реакции на ваквиот тренд.

    Пораката ми беше следнава: Јас знам дека и сега на мои 30 години безрезервно може да ми помогнат само родителите. За татко ми уште сум принцеза, и за маж ми сум, ама очекува да му зготвам, да му исперам. Значи немам full princess tretman како кај тато. И тоа е нормално.
    Исто и маж ми, тој може е принцот на мама, и во мои очи е крал и вреднуван, ама и јас очекувам да крене тешко, да испазари, да поправи. Значи не е full time prince.

    И на самиот крај, не може маж ми да се однесува кон мене како татко ми, и не можам јас да се однесувам кон него како мајка му. Она што треба да се учат децата е дека не смеат да ги намалуваат стандардите во однос на почит, компромис, разбирање, љубов. А, не дека ако татко ми ми купил најнов ајфон, ми дал пари за филери, за нокти, за третмани, дека тоа треба да го прави и маж ми. Или дека јас треба да му бидам слугинка на маж ми затоа што мајка му трчала по него цело време и ништо не направил сам.
    Во видеата е ваква изопачена пораката, затоа и имаше критики и на самата платформа.

    Инаку, да, играјте со децата, нема ништо подобро од поминато време со своето дете. И мислам дека нема место да се мисли дека некој родител има проблем со играњето обични детски игри како што се докторки, учителки, мајка и дете со заменети улоги, таксисти, возачи итн.
     
    Последна измена: 8 јануари 2024
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Океј, не сум те сфатила, јас мислев зборуваш за видео кај што си играат, па во играта е ова, а не дека е целото видео ко ова што го опиша.
    Иако, ова е пак друга сфера од ова со мајкиве и синовите кои ги заменуваат за партнери што е преморничаво.
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.