1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Тиктокификација" на дебатен клуб: true crime/крими приказни базирани на вистински настани

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 декември 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Дојдов да допишам на темава, да не ме кара @theowndemon. Се шалам :D

    Сега ќе зборам од друг аспект за true crime малку. Мислам дека слушање на крими приказните може да помогне во смисла препознавање на некои однесувања кои се покажаа како карактеристични за психопатија. Пример измачување на животни многу често знае да е црвено знаменце дека некоја личност не е во ред и му е потребна помош. Многумина од сериските убијци го правеле тоа во детството. Затоа и се обработуваат доста стари случаеви за да се најде кои се најчести тригери, кој бил најчест мотив и сл. Исто така можеби од слушање на вакви случаеви можеш да препознаеш психопатски traits кај некоја личност во близина и да добие навремена помош.

    Ќе ја земам за пример маестралната серија Mindhunter каде што FBI агенти со помош на психолог одеа да разговараат со сериски убијци за да ја дознаат позадината на нивните дела. Што ги поттикнало? Како растеле? Каков тек на размислување имале? (оф топик ама за сите љубители на true crime ја препорачувам серијава).

    Е сега за обичниот народ колку е корисно ова е дискутабилно, освен ете да препознаеш дали некој има потенцијал. Имаше знам еден случај каде што девојката многу гледала true crime и при обид на киднапирање се снашла баш поради тоа, ќе пробам да го најдам ако успеам.

    Eве уште еден случај каде true crime fans помогнале во пронаоѓање на 14 годишно девојче. Случајот бил обработен дури и од Нетфликс кој има серија за нерешени случаеви, и некој го препознал девојчето од серијата и конечно било вратено кај таткото.


    Инаку мислам дека true crime е новото ghost stories, кога бев помала сакавме да се собираме и да си раскажуваме страшни приказни, сега збориме за серијски убијци :D

    Ќе оставам едно прашање пред крај кое што доста ме интересира. Зошто жените ги интересираат true crime приказни многу повеќе од мажите? Дали можеби поради тоа што жените се најчесто почест таргет отколку мажите? Можеби сакаат да се информираат како била фатена жртвата, кој бил тригерот за да биде нападната, дали е ова можеби некој начин подготвување на себеси доколку не дај боже се најдеш во таква ситуација?

    Според последните студии во 2019 процентот на жени кои се интересираат за true crime пораснал за 19%.
     
    На theowndemon и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Добро е. :devil:

    Ова е интересни поврзвање! Ме натера да разбарам за кратки хорор приказни. Во "мое време" крипи паста беше исто доста популарна. Уствари секогаш сме фасцинирани од мрачното. Само од башка агли и побуди.

    Ова е исто така одлично прашање. Не мислам дека се гледаме како таргет, можеби на несвесно ниво.

    Јас тргам од другарка ми, огромен true crime фан. Од моментот кога се опседна, а излезам на дејт бара од мене приклучена локација и регистарски таблички во СМС. Па ми збораше за то како си имам ист пат и навики во исто време кон кои си се држам и дека то ме правело одличен таргет за стаклер. И ред други работи. И ова не беше случај пред да навлези во true crime, туку од после. Зато и можи не можам потенцијално да ја видам ова корелација. Ама дефинитивно е нешто шо е интересно набљудување.

    Скокнав паралелно на гугл и кажа нешто слично ко тебе по ова прашање ама додаде уште: "работат на стравови, ранливост, но и лутина за што се случило на други жени". И вака склопено ми личи многу значајно. Можеби сепак тој "несвесен" дел работи при изложеност на контентот.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Затоа што луѓето се палат на харизматични убијци(sweet but psycho), не мора да значи дека за сите убијци, ама посебно тие што се интелигентни и харизматични од некоја грозна причина кај луѓето им се привлечни.

    И по филмовите и во реалноста на луѓето освен убијци сериски им се привлечни и луѓе со одредени психички проблеми, ова е веќе некоја гранка на психологија каде што сакаш ризик..
     
    Последна измена од модератор: 17 декември 2023
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.