Британска телевизиска серија во која се прикажува животот на фудбалерите на фудбалскиот клуб Харчестер Јунајтед. Па девојки ја имате ли гледано серијава? Мене лично ми е една од омилените серии. И нормално омилен лик - Карл Флетчер
Да, ја гледав на времето кога ја даваа на МТВ. Интересна серија, интересни случки имаше. Од фудбалерите па баш и немав некој омилен, сите ми беа некако просечни. Ама, затоа онаа плавата Наташа мислам беше, премногу ме потсетуваше на Викторија Бекам. Почетокот на серијата ми беше поинтересен, после тоа премногу нови ликови и не ми беше тоа тоа како на почетокот.
И јас ја гледав, интересна ми беше можеби и дека многу повеќе фудбал пратев на времето. Не се сеќавам многу на ликовите, на Флетчер да, не ми беше омилен, али најинтересен.
Мојата омилена серија Значи со колку внимание ја пратев то чудо едно, преинтересна ми беше, ајде ако некој знај кажвајте онлајн негде да се гледа или да се спушти. Сакам да ја гледам пак Карл Флечерррр, леле колку лудвав па само по него
На времето ја пратев оваа серија, ја даваа на МТВ, па после мислам на Канал 5... Ми беше интересна иако некои работи многу ги испомешаа... Ја даваа некаде до 5-6 сезона, а мислам дека има 10 сезони. не ми текнало да ја побарам на нет, ако некој има линк, нека даде!