Серијава ја загледав од немајкаде, сите др ми беа на пауза... До 11,12 епизода од прва сезона стигнав и не ми е нешто интересна, многу тинејџерска ми е. Плус не ми се свиѓаат главните ликови, посебно таа Алисон, многу иритирачка фаца, насмевка ми има Машкото ми е како некое бебе и во зборување и во фацата, не ми се свиѓа и тој. Гледам по некоја епизода ко ќе немам што, ама кај да е ќе ја откачам, малку по малку завршуваат паузите.
^ Не ја откажувај, натаму сезоните се поинтересни. Втората е дупло поинтересна од првата, се појавуваат многу нови ликови што имаат своја приказна и што стануваат дел од главните во третата. Ликовите потпораснуваат со случките и се разубавуваат. Третата ми стана појака и од ТВД, воопшто не ми ни личи на онаа тин приказна со која што почна првата сезона. Имам пишано и во некој од претходните постови, кога земав да гледам некои од епизодите од прва сезона, стварно не ми беше јасно зошто сум ја гледала. Ама како и да е, мило ми е што сум продолжила.
Ја па сега приметив дека уствари сум ја изгледала првата сезона По 12/13 епизоди имала серијава по сезона. Ај ќе ја ѕирнам и втората па ќе видам како ќе ме заинтересира Во секој случај, обожавам да гледам серии, ме опуштаат после напорниот ден, па така да плус уште една не е на одмет
Серијава ми е на прво место, незнам што ќе правам до 2015 Во понеделник финалето ќе биде интересно некако едвај чекам да видам што ќе биде, ама несакам да заврши, па далеку е 2015 бе, нормални ли се Ако знаете некоја серија слична на оваа препорачајте (по можност повеќе сезони да има)
^добро бе луѓе, аман.Спојлер користете!Јас ја имам изгледано епизодата, ама некој ја нема и му го откриваш најважниот дел Инаку серијава ми се искачи на прво место, серија што започна толку лабаво и лесно, стана толку заплеткана и напната, и секој вторник сум во исчекување.Многу емотивно си ги доживувам епизодиве, и серијава ми е ептен прирасната за срце.Инаку негде читав гледаноста на серијава се искачила на 3 милиони. Спојлер Инаку точно е дека Алисон имала желба да ја напушти серијата и затоа она беше убиена.Епизодава ми беше предвидлива дека она ќе умре, имаше сцени кои укажуваа на тоа, сепак не издржав и си пуштив солзи на крајот. Иначе алал да му е на Dylan O'Brien како глуми, значи секоја чест
^^Добро, не ли можеше да го ставиш во спојлер? Ја отворив темава пред да изгледам епизодава и се ми се уништи штом го прочитав тоа. Уште на почетокот од 3Б кажуваат дека ќе има смрт на главен лик и ја тоа го дознавам од форум. Глупости. Инаку, не знам што ќе правам кога ќе заврши сезонава. Одвај дочекувам вторник за следната епизода, а после ова кој знае до кога ќе нема. И мене ми прирасна за срце, па кога се случи ова со Спојлер смртта на Алисон, стварно ми беше жал. Си се соживеав со ликовиве и јас. Антипатична ми беше она сезонава, ама не знам како ќе биде сега без неа. Фактички со неа и Скот започна целава работа и можеби требаше да направат да си замине како и Џејсон (така ли се викаше дечкото на Лидија? ) Ама што била нејзина одлуката за заминување, нема што ние да се буниме. Сепак штета.
Добро де. Ќе заврши оваа, нова ќе почне. На 14ти Јуни ќе почне четвртата сезона. Спојлер Еве го гробот на Алисон https://m.facebook.com/photo.php?fbid=6 ... =1&theater
Спојлер It fucking hurts ! Умрев и јас заедно со Алисон... Леле кога му кажа на Скот уфффффф ежење, плачење.... Уште неможам да дојдам на себе Јас пак прочитав дека до 2015 нема да има нова сеозна
Се извинувам. Навистина ви се извинувам на сите што ви ја упропастив епизодата. Несвесно. Еве сега ја увидов грешката. Се извинувам уште еднаш.
Серијаваа е прееекраснааа...Се заљубиввв!!!Втората сезона ја изгледав во два денаа..хихихихи...Алисонн... Режисеров на серијава имаше на твитер напишано дека уште некој ќе умре..
Dali moze nekoj da mi prati link kade mozam da ja gledam serijava so prevod? Ponekogas ja gledam na Leptirica Bioskop,ama tamu ponekogas i ne mi gi pusta. Sega treba da pocnam da ja gledam 3ta sezona. Inace Stiles se zaljubiv vo Stiles!
Серијава значи стварно ми стана најомилена! Се поврзав со ликовите, мислиш вистински се. Крајот навистина не го очекував, останав со подзината уста. Спојлер Претпоследната епизода... си пуштив солзи ко река. Повторно, ништо од ова не го очекував, Џеф Дејвис е навистина генијалец, прво не тера да помислиме дека ќе умрат близнаците, па Ајзак, и во најрандом момент ја убиваат Алисон. It all happened so fast Последната сцена со Алисон и Скот беше преубава, одлична глума, навистина ги доловија тие чувства. Последната епизода беше the death of me. Сцената во болницата кај што тие црните нинџи (ги заборавив како се викаа ) убиваа се што им стои пред пат, и плус со музиката во позадина - морам да признаам дека беше епик! Dylan O'Brien секоја чест, одлична глума! Од смешниот , саркастичен Стајлс, до темен и смирен Воид Стајлс, исто ко друг актер да го глуми. Ама луѓе, Лидија како лик колку многу страдаше во последниве епизоди, прво смртта на најдобрата другарка, после смртта на тој што и се свиѓа. Ме натажува самата помисла Сега чекаме Јуни... ајдее, само 3 месеци Елена, ништо повеќе....
Филмовизија или пак и таму ако не ти отвара ќе пишеш на google - Teen wolf sa prevodom online и ќе си најдеш
Крај на 2сезона Кој ќе чека сега до јуни или јули мислам дека беше Спојлер Нема да ви ја расипам последната епизода,нема да ви кажам што се случи едноставно ќе бидете воодушевени како што сум јас! Сакав да кажам дека почетокот на новата сезона ветува многу, уште по самиот крај на 2сезона, ситуацијата со Дерек знаев дека повторно ќе е некоја мистерија и дека не очекуваат премногу возбудливи епизоди. Како многу др. феминки така и јас вопочеток бев скептична за серијава но, дефинитивно се покажа како една од најдобрите
Ах, финалево какво беше.. Спојлер Крајот на претпоследната епизода со смртта на Алисон и на Ајден во последнава епизода ми беа тотално неочекувани, жал ми е што така завршија. Сега прочитав и дека Исак нема веќе да го има во серијава , ќе си замине и многу се разочарав. Пола од најважните ќе ги нема веќе , се надевам дека нема тоа да ја упропасти серијата. Не знам само Кира дали ќе ја има во четвртата сезона, но ми изгледа дека ќе остане за да не го остават Скот сам. Финалето, како и сите други, беше епик, многу јако заврши. Морам да признаам дека иако не го сакав Dark Stiles, сега некако ќе ми недостасува, преубав ми беше така. Мислев дека Стајлс, вистинскиот, стварно ќе си направи нешто или дека можеби ќе го сменат во волк, ама многу добро го направиле крајот. Дилан цела сезона глуми неверојатно, прекрасен е. Последниве епизоди Лидија и Стајлс какви срциња ми се, многу сакам заедно да бидат. Иако ми се интересни Sterek (Стајлс + Дерек), повеќе ги сакам Stydia (Стајлс + Лидија). Со видеово не може ништо друго да се каже, освен дека се прекрасен пар. Внимавајте, видеото содржи сцени од последните епизоди. https://www.youtube.com/watch?v=4vwD2nGk1e4