Вчера ја завршив третата сезона па ајде се заедно да искоментирам На почеток бев мноогу скептична за серијава, мислам добро, смешна беше и имаше преубави актери ама некако ми беше премногу тинејџерска Се ми беше веќе видено, и воопшто не беше страшна ама веќе во втората сезона стана многу поинтересна.. А да не зборувам па за Скот со новата фризура што го прави уште поубав Приказната за Џексон/Канема ми беше интересна ама омилени ми беа двете во 3тата сезона, и за Џенифер и за Стајлс.. За Алисон знаев уште пред да ја почнам серијава затоа не плачев многу ама во секој случај беше доста емотивна епизода.. А за Ејден воопшто не очекував Мислам, Итан го сакав повеќе ама и за Ејден ми беше жал.. А Дени - Еден од омилените парови ми се, се надевам ќе ги има и во наредната сезона.. Самиот крај беше тотален шок за мене, не ми се верува дека ниту еден спојлер немав видено за Кејт A oмилен лик ми е дефинитивно Исак, најмногу ќе ми фали во наредната сезона
Ме изненади колку била гледана серијава(на фемина). Познаници мои кои ја гледаат серијава се бројат на една рака. Да знаев дека има ваква тема порано ќе ви се придружев. Супер серија,а и јас како повеќето мислев дека е досадна,тинејџерска приказна. Другарка ми,ми зборуваше постојано за серијава,како и била превозбудлива и ми вика почни да ја гледаш да имам со кого муабет да правам околу серијава,пошто во кругов на друштвово наше,како што кажав на една рака се бројат. И ајде,не денес,не утре,некако немав желба.Еден ден ја пуштам си викам ај да видам што е толку баш серијава и од прва епизода искрено се заразив. Почнав да ја гледам некаде крајот на март,и ја догледав пред околу недела. Правев паузи,а некогаш гледав и по 5-6 епизоди на ден. Првата сезона беше супер,ама втората и третата беа врв.Пошо гледав по повеќе епизоди,малку наеднаш ми идеа настаниве и уште повеќе ме тераше да се внесам и само,ајде нова епизода,ајде нова и оп до крај стигнав,а несакам да ги догледам оти до 24 јуни,незнам како ќе издржам. Најмногу ми е жал за Ејдн,се изнаплачив,а за Алисон искрено не ме погоди толку зошто одамна знаев дека ќе умре,ама многу ми беше жал и плус немаше сцена што се осврна на смртта на Алисон. Само делот со Скот кога му кажа дека го сака,ми беше преемотивен и тогаш заплакав малку. Една од најдобрите серии,(обожавам хорор,затоа,иако на почетоко беше полесна за гледање),и едвај чекам четврта сезона. Се шпекулира дека Стајлс ќе биде со некој по име Мејсон,ќе се врати Кејт(а ја мразам) и несакам да се врати воопшто,како и да е интересна ќе биде,планирам да продолжам да ја гледам. Дерек ми е еден од најомилените,заедно со Стајлс,Малиа исто така ја сакам(иако има многу што ја мразат),Лидија пак на почетоко ми беше одбивна,ама сега ми прирасна за срце. Се инзапишував јас,туку незнам како ќе издржам до 24 јуни(23јуни е, ама кај нас доаѓа на 24).
Едвај чекам да дојде 23ти! Или 24, небитно Се приврзав за серијава ненормално многу, на врвот на листата ми е од сите серии кои ги имам гледано! Гајле ми е дали Стајлс ќе биде со Малиа, Лидија или пак некоја трета, битно да си фати женска човекот, не е хумано да го гледам самичок
Со македонски слабо дека ќе најдеш, ама со српски има. Најдобро ти е да си ги симнуваш епизодите, не знам колку работат српските страни за серии и филмови.
Одамна сакам да ја гледам серијава, се комплет од првата сезона, ама никаде неможам да ја најдам ..Ај кажете ми каде ја гледате вие?
Јас ја гледав на megashare ама не знам дали уште работи тоа. Нешто другарките ми кажуваа дека веќе не постои...
ПЛанирав да ја пуштам на Megashare, но кога уклучив ми бараше се` и сешто за симнување и на крај ништо. Ја има ли некаде на тв (која и да е сезона)?
И јас ја почнав серијава сега сум до трета сезона, интересна е што има и хорор и комедија сцени јас си ја симнувам на торент и си ја гледам, ја има на филмовизија ама ме нервираат сите тие реклами.
Јас пред некој ден ја почнав серијава,и,многумина ме знаат јас кога нешто е убаво станувам опседната. Сега ја завршувам 3-та сезона,и прекрасна е серијава. Еден мал детаљ кој ми остави впечаток а тоа е нелигавењето во серијава.Мислам поточно на Алисон и Скот,беа во врска-раскинаа и крај,нема лигавења дека им било судено да бидат заедно,па не е еден љубоморен на другиот,туку раскинаа се сплеткаа со друг и готово,баш како во реалноста. Плачев кога Спојлер умре Алисон ... Омилен лик ми е Стајлс,многу нормално,мислам..сериозни сте,кој не го сака Стајлс? Со актерот сме 9 години разлика,уште малце да пораснам и ке бидеме во врска. Не серизоно,заљубена сум.Мислам сеуште го преболувам бившиот Хари Потер,ама океј е,овој ми е бољи. (Не сум луда,само премногу се внесувам во сериите) Искрено,пошармантна фаца од фацата на Питер нема.Значи како збори,како оди,како изгледа цел заводник е,најискрено.Некои луѓе се едноставно природен талент,а Питер слободно може да се смета за туристичка атракција за жени. И,на крај мојот најмил тренер на кој не му го знам името!Мислам вау,како може на некого да не му е интересен чичково,мене ми е многу големо царче го обожавам. Ах,и мора да ја споменам сценава!Е на сценава се стопив целата,се радував повеќе од било кого на светов.Најверојатно бидејќи Стајлс прват се покажа во ..машко(така ке го наречам ) светло,до тогаш немаше некои посебни романтични сцени со Стајлсов. Но,искрено,повеќе навивав за Стајлс и сестрата на Дерек. Е луѓе,ај ако може некој да ми пише во инбокс да си позбориме за серијава,молим лепо.
Jaс пред неколку недели почнав да ја гедам од 2 сезона на AXN,па си реков да почнам да ја изгледам и првата сезона.И вчера и денес ја изгедавв..ЛЕле овај Стајлсс значи...ме полудувааа.Ми го крева нивото на естрогенот(мајап).Незнам кога ке го видам полудуваммм..Инаку не мозам да ја изгледам на нет првата епизода од 2та сезоона некој линк да ми даде???Фала од напред.Стајлс и Лидија 4евер!Уште од 3то ја сака,душаа.(го знам чуството некој толку долго да го сакаш)
Девојки јас ќе си приумрам шо се вели.Очите на Дерек последната минута 8 еп.3сезонаа.И јас сакам такви. Спојлер Ау Скотче станал Алфа на Алфите,арно разбрав. Се повеќе што ја гледам серијава се повеќе сакам да станам Врколак
Девојки ќе ве молам, тие што ја имаат глеадно серијава или што ја гледаат нека ми пратат некоја страна онлајн од 1ва сезона до 4та. Многу сакам да ја изгледам ама немам каде
2015, ама не се знае точно кога, не е објавено. Најверојатно периодот пред/ после Јуни, секогаш тоа време почнува нова сезона.
Да,слушнав дека во Јуни ке излегува епизодата ама страшно многу долга пауза,не ми се веруваше...леле ми фали серијата,едвај чекам...