Само да ве прашам каков ви беше? Има интересни приказни? Убав или Лош? Ако не привлекува дискусија, слободно во канта
Тинејџерски Живот Сега сум во тој период. можам само да пишам мене сега како ми е..постојано препреки со мајка ми,брза промена на расположението ..глава полна со бубачки.Моментално се ми е измешано
Тинејџерски Живот За мене тоа беше еден чуден период од животов. Поради вечното несогласување со таткоми пред се. Колку што беше добар толку беше и лош. Оние љубовни падови и глупости кај мене никогаш не беа актуелни. Јас бев пикната во книгите и литературата, минував безброј часови на цртање графити, скејтање со друштво, балетот и тепање кафиња... Со мајка ми никогаш немало согласувања. Значи одсекогаш ми била како најдобра другарка и единствената личност на која комплетно и се отварам. Ми беше чудно кога другите викаа „Леле мама ме нервира!“ „Амаа мама претерува!“ „Пак се искарав со мама“ и слично. Јас никогаш пола збор не си пререков со мама... Како што кажав, вечните несогласувања со татко ми ме тераа на правење глупости, за кои мајка ми стално беше информирана. Значи идев од дома со изговор дека спијам кај баба ми или брачедими, а спиев кај другарки. Ко ќе бевме во куќата ако не ме пушташе да излегвам бегав преку балконската врата... Праев многу глупости, како бегање од часој, праење страшно многу неоправдани, сиодвења од школо со изговор дека сум болна... Се тепав, завршвев кај директор и педагошко-психолошка служба на пеење и триста други работи на кои им немат број.... Ама благодарна и на Бога, и на друштвото што го имам и до ден денес што не тргнав по лоши патишта...
Тинејџерски Живот И јас сум си сега ви него и ми е па убаво бурно измешано полно со глупости кои се со изговор хормони пубертет итн како да сме деца со ц***и и е многу интересно ама ништо не може да го замени детството сега не ми текнува на некоја глупост ама само пошто ги има премногу коа ќе ми текне пишуем
Тинејџерски Живот Bitter sweet. Повеќе bitter, отколку sweet. Таков беше мојот тинејџерски период. Мојата прва сериозна љубов и огромно љубовно разочарување, кое доста ми влијаеше на периодот. Го мразев училиштето, до точка на вриење. Го сонував моментот кога ќе заврши целиот тој кошмар наречен средно училиште. Малкуте убави спомени ги имам од распустите и викендите поминати во малото градче, со братучедите и другарите и моите роденденски забави. Најголем дел од времето бев осамена. Не сама, туку осамена. Нема полошо чувство од тоа да си опкружен со луѓе, а да си целосно сам во душата. Од излегувањата во главата ми ѕвони само Парк, Школка и Витач, на друго посебно не ми текнува. Имавме и кавги по дома, сосем нормални за дете во пубертет. Тук-таму трескање врата од моја страна, ништо посебно. Во трета средно се специјализирав за школски отсуства. Една фина женичка, доктУрка ја сфаќаше очигледно мојата мака, па ми даваше топтан оправданија. Единственото школско задоволство ми беше одењето на хор, плус доста не' вадеше од часови, double win. Бев и крводарител, само да не се појавам во грдото школо (kids, DO NOT DO THIS). Моментот после матурата и полагањето на приемните испити за факултет, мислам дека се препородив. Како да ми се промени целиот ментален склоп, зрачев со оптимизам и енергија. Им кажав чао на неколкумина кои ми го огорчуваа животот и научив да стојам на сопствени нозе, без плачење и нечија помош. Ништо не ми недостига од тинејџерскиот период, ниту црната коса, ниту тмурното расположение, ниту меланхолијата со која се будев и заспивав. Денес, и покрај сите мои падови изминатава година, сум комплетно посреќна личност отколку тогаш.
Тинејџерски Живот Типично убаво. Ништо премногу, ниту премалку. Првата испушена цигара, првата пропадната љубов, по која следи тажење и слушање жалопојки. Прво разочарување од дечко и по некоја другарка. Многу први работи имав. Школото го сакав, интересно беше. Додуша повеќе бев по околните кафичи, отколку на час. Нервоза кога турското од 20 достигна цена до 50 денари. Излегувања, први пијанки. Многу собиранки. Грло за грло фатени со класната. Не бев многу голем бунтовник, односот со моите не беше лош (сега е подобар). Убави спомени имам.
Тинејџерски Живот Убав период. Нашколо немав проблеми ниту со соучениците ниту со професорите (океј имаше еден испад мој во втора година со проф. по англиски и во 4та со проф. по бизнис). Битно си бев одлична, стекнав знаење, стекнав пријатели со кои уште се дружам. Излегување - или петок или сабота - двата дена по ред нема шанси. Многу ретко се карав со моите. Немало нетрпение или немир. Сестра ми ме советуваше, брат ми ме чуваше и враќаше од излегувања. Прва година средно - нови фаци, нови видици, новотии на куп! И едвај чекав да одам нашколо! Втора година ми беше малце досадна, ама затоа кон крајот се затрескав во еден гимназиски рок пејач и ко мрдната бев. Смешки живи. Трета година секој викенд ми беше урнебесно убав - секој петок свиреше еден бенд од гимназијата и сите бевме happy, shiny people и вино, се разбира. Тој период се здебелив (не знам како) едно 6 кила од шо сум сега. Право топче бев! Четврта година веќе ептен поинаку го гледав светот и си забегав со умов скорс. Сите ги мразев Ама после пак се заљубив и колку шо ми беше убаво, толку пропатив после раскинувањето. Како и да е, бев возбудена за матурата и сите тие шаренила. Многу кафиња се испија на прази часови, многу вицови и песни беа кажани и испеани... многу работи беа научени. Сум сакала, ме сакале - ама ретко да се случеше двете во едно да бидат. Се нешто фалеше. На повеќето моменти не знаев да бидам своја, бидејќи не се имав доизградено како личност. Сите тогашни врски, ситуации со пријателите и општо - ме обликуваа во подобра форма - она што јас сум сега. Летата сум ги поминувала на охридските плажи, 3 години работев како келнерка во кафич на плажа и уште повеќе научив да ја ценам работата и трудот, самостојноста и раководењето со пари, заштедување и корисно трошење. Леле, што и да допишам, во мои очи нема да е доволно... ќе си го ѕирнам дневникот
Тинејџерски Живот Моментално сум во тој период... И мислам дека овие се најубавите години од животот на човекот. Дружењето во средно, бегање од часови, запознавање нови луѓе, луди идеи, љубов... Сакам да прицнам пауза, бидејќи многу брзо ми поминуваат деновите. Во секој слуај НАААЈУБАВО Само се плашам дека по неколку години ќе тажам за овие денови и ќе сакам да се вратат, па зато се обидувам да уживам во секој момент
Тинејџерски Живот Порано беше убав тинејџерскиот живот. Излегувања, Дружење со пријатели, Оговарање,Играње... и ред други работи што ни го правеа животот поубав. А сегаа??? што да видиш 12 годишни девојчиња се итопориле на штикли, одат во диско, со тој биле, со овој биле, па лелее порасналее... Ми се гади..
Тинејџерски Живот Хмм... Дал да плачам ил да пеам е работава. Мојата прва врска на далечина. Тој во Грција, јас овде. Едвај 17 години а веќе оПенелопена. Будала. Не знам ни јас како сум издржала речиси 4 години да го толерирам тој непобитен факт дека врска на далечина тешко е одржлива. Мразев математика, препишував на сите можни тестови, а македонски ми беше омилен, а и јас и бев омилена на македонски професорката. Дежурна прераскажувачка на сите романи - затоа и се запишав на компаративна. И не погрешив. Дружба со луѓе? Слабо. Прво, носев темна до крајно шарена облека. Маничен депресивец Постојано одев на концерти, пиевме по паркови, слушавме музика на отворено, одевме на Аларм и Егзит (леле кои драми со шатори беа тоа), и некако, времето поминуваше во софистицирана неразбраност. Работев во едно невладино збиралиште креативно, кај сегашен факултет за Туризам. Едночудо текстови се изнапишав, издадовме и две списанија, јас имав настап со мјузиклот Hair, и мислам дека тогаш паднаа првите емотивни кризи, кога добивав внимание од многу дотични мажи, а мене некој ме љубел на далечина. А мене тоа не ми беше доволно. Чуден период. Сам свој чудак си бев, позитивен аутсајдер. Онака, што го ценат, ама не го дираат. Знаев и зошто. Зошто бев досадна, читав, одев на концерти и не ме интересираа штикли, дискотеки и пијанчење по екскурзии. Си имав свои вентили. Се дружев со underground заедницата, која смешна поделба беше тоа! Кремци и андерграунди. Будали. Сме сакале да се двоиме, за да имаме што да правиме. Тогаш изгубив невиност, плачев зошто морам да чекам некого, а мене никој никогаш да не ме чека, се ојачав карактерно зошто доживеав сообраќајна несреќа со тогашниот момак, останавме живи, но истрауматизирани, па раскинавме, па се смиривме... Тогаш почнав да пеам со бендот, да си ја наоѓам радоста во музиката, и да ми се остварува сонот да бидам музичар, некаков. Без амбиции некои конкретни, ама остварливи. И бидна, пеев, три години од животот ми поминаа во забава, музика, алкохол, од свирка, директ на испит... Тоа не е ни веќе тинејџерство, но таму некако почнаа веќе да се делат мојот пубертет и доцна адолесценција. Раскрстив со минатото, станав посвесна за себе, за моите идеали, што сакам, што не сакам.
Тинејџерски Живот Интересен период беше. Кога ќе ми текне на сите сплетки, лудувања, смеења, сакам барем еден ден да се вратам во тие денови кога бев средно, кога не учев ништо, кога се зафркавав со сите професори, па сите викања по улици, па пеење каде што ќе стигнеш. Првата цигара која ми беше и последна... Моето големо љубовно разочарување со особа за која сега дури и не се ни сеќавам, но тука е и запознавањето со мојата сегашна љубов...
Тинејџерски Живот И јас сум сеа тој период....Некако како монотоно ми е.... на сите другаркиве нешто им се случува(на поле љубов) јас уште тапкам во место.Се зацапав во еден што,тој беше затраскан во мене пред 3 години,и сеа онака....Али се знае школото ми е во ред(оценките 5,00) ама пак се најдува некој професор да ме извади од такт. Ептен брзо се нервирам.Се знае за викенд се живее,ама кога ќе дојде викенд мене не ми се излегува,нешто почнав да не ги "љубам"многу излегуватања. "Пицнувањето" 3 саати за никој да не те види (ретко спонтаност).Луѓево нешто на нерви ми цапаат,пошто сеа сфатив во каков свет ќе живеам за некоја година.Секој заради корист....Ајде пубертет.....
Тинејџерски Живот Се воздржувам многу да не го испуштам тој тинејџерски гнев, но еве, и тука можете да утврдите... Сепак, не паѓам во несвест за машки, а веќе и баш ми е гајле за нив. Ако им кажам за ова во школо, ќе ме наречат ненормална, но нека ги, зборуваат.
Имаш многу добро размислување за ова,морам да те пофалам. Додека јас и уште други девојки како мене,не се замараме многу со ваквите проблеми,некои тинејџери во депресии паѓаат дека не можеле дечко да си фатат...Како да е крај на светот ако не си фатиш дечко.Наместо да си ги гледаат оценките,тие дома плачат,се затвораат во соба,пишуваат статуси на фејсбук дека биле многу разочарани од љубовта,немале среќа,животот им пропаднал дека не фатиле дечко-сето ова го пишуваат деца од 12 до 16години,на тие години се разочарале од животот.Разбирам дека сите нас по нешто не нервира,не е секогаш се како што сакаме,но на таа возраст да се замараш со тие работи мене ми е смешно и глупаво.Јас на 12години дома седев и домашно пишував,уште златно славејче гледав,а овие сега ајфонот рака,штиклите,цигарчето и пивцето,право в град во лов по мувачи...мизерии...
Моментално уживам во последната тин година, 19ката. Иако одамна веќе не се сметам за тинејџерка, според некое правило сеуште сум. Многу убав период од животот. И сега тука останувам без зборови.. не знам од каде да почнам. На кратко, првата пробана цигара, првата пијанка и првиот одмор со другарките, првиотбакнеж Спојлер и тоа француски , бегање од часови, запознавање на мнооооогу нови луѓе.. мојот рокерски стил на облекување исто спаѓа во тинејџерството слушање на тин-бендови како Токио Хотел и US5 Спојлер не ми се верува дека уште ги памтам За среќа со време се опраив. Собиранките во градскиот парк до доцна навечер, шетање по темните патчиња во стариот дел Единствено не многу добар дел ми беше класот од средно ама издржав покрај исклучоците.
Ништо посебно. Онака. Сепак има многу моменти за паметење. За мене, тинејџерскиот живот почна малку покасно, со оглед на тоа што такво ми беше друштвото и не бевме многу по излегување,пиење, пушење и дечковци, кое е типично за поголемиот број денешни тинејџерки. Поради тоа и кратко траеше овој период, па почна периодот на заозбилување. Имаше интересни случки. Прва љубов, прв бакнеж, прво разочарување и море од солзи. Со школото добро стоев, ама трета и четврта година почнаа бубачките, па почнав многу често да отсуствувам од часови. Прво испиено кафе, цигара не запалив тогаш, туку покасно Најтипични за овој период беа кафињата кои ги пиевме со другарките дома, пред и после часови, па гледањето на кафе,чекањето на викендите и ретките излегувања со друштвото, како и многубројните филмчиња кои си ги правевме со другарка ми и смеењето 24/7.
Најубавиот период од животот дефинитивно прво излегување, прва цигара, прво пијанство, прв бакнеж,дечко, бегање од часови, слушање откачена музика, спротивставеност на родителите, прва кавга со нив... запознавање нови другарки, зближување, едноставно тоа се најлудите а воедно и најубавите години од животот на човекот...
Тинејџерски живот е кога неможеш да најдеш другар, затоа што сите машки мислат на друго .. Е тоа е тинејџерски живот.А и расположението си игра топло ладно .. но во глобала баш е интересно.
Иако голем дел од моите врснички се истопориле со фрустанџиња до под гз и штикли сепак јас не го живеам така тинејџерскиот живот.Се карам со мајка ми,правам испади од кои не се гордеам.Исто така се карам со наставниците бидејќи многу ме нервираат.А,знам дека не е убаво но,во некои моменти не можам да се исконтролирам себеси.И така нови љубови,нереализирани идеи за бегање од часови.И така поминува мојот тинејџерски период