Моментално сум во тој период и не ми е баш убав.Секоја ден по некоја расправија или со ,,другарки,, или со родителите.Се обидуваш да објасниш некои работи а никој не те разбира, кога ке помислиш дека се се средило тогаш се се расипува........
Мене ми се баш свиѓа тинејџерскиот живот.Нон-стоп 24/7 расправии со родителите,по некои расправии и со „другарките“ како што вели свитгрл777.Ретките но убави излегувања со неколку другарки.Па кога бев во раниот тин период почнав да си го развивам вкусот за мода.Убавина,ке пробам да си го изживеам максимум
Епа и јас спаѓам овде некаде. И воопшто не е интересно. Дестинации Школо-Дома-Школо, нема излегувања со ‚‚другарки‘‘ пошо на прсти се бројат и не се друштвени и едноставно антипатични се. Расположение зависи. Скоро секогаш сум сериозна понекогаш дури и намуртена. Со мајка ми се карам често. Со татко ми не зборувам. Осамена сум, досадно е. Навреди летаат на сите страни. Со симпатијата друга приказна, ќе кажам карма. Епа тоа е воглавно, монотоно.
Помошшш .. Денешниов ден ми е ПЕКОЛ!!! А и не само денешниов и многу претходни личеле на овој...Моја другарка сака мој најверен другар шо го сакам како брат и неможам да поднесам дека он пишува и зборе со неа,иако не ја сака баш како она шо е затрескана (иако ја му кажав дека она го сака и сеа се каам) денес ден преубав,претопол сите излегуваат јас дремам дома ич не ми се иде никаде...Седам на тераса и одеднаш оп две мој другарки се шетат ај премолкнав не ме повикаа .. Седам на фејс гледам мојата најдобра другарка ставила слика кај шо се шета у парк го премолкнав и тој момент..После некое време ми се јавува другата најдобра другарка и ми расправа кај шо го видела симпатијата у парк,седел незнам што дрнмрн..Дечко ми немам теоретски шанси да го видам у текот на недела освен за виќенди пошо не е од мојот град..ЗНАЧИ ПЕКОЛ,УЖАСЕН ДЕН МИ Е..И кога ми изнакажа она едно убаво и се истурив на нејзе оти ако не на неа некој од дома шо не требаше ке настрада,или дечко ми шо уопште не би го сакала тоа ... Едноставно неможам да си разјаснам самата на себе кога и да излегувам и во парк и било кај секогаш они ми се на прво место,а денеска ( и претходни пати ми се има дешавано истото ) не ме викаат,и на крај ми праи извини срцок те заборавив ..
Сега сум во тој период и незнам како е хаха.Понекогаш е убаво ама секој ден се расправам дома,со другарките и ретко кој ме разбира..само некои другарки..Брат ми е помал и ме нервира,се што ќе направи тој,јас испаѓам крива.Школото го мразам,исто и наставникот по историја.
Во средно многу подобро одколку во основно. Големо друштво, вистински другарки, излегувања до касно, журки, бегање од часови и по 10 кафиња на ден, смешки, глупости, пијанства во парк, прва љубов (леле кога ќе ми текне кој сум го сакала си се смеам кај ми бил паметот ), прва цигара, кавги со родителите, шмекања... И уште безброј работа, најубав период од животот дефинитивно, не сакам да заврши.
Сега сум во пубертет испревртен дел од животот според мене .. на моменти ке се смеам ко улава па после тоа ке ми текне на нешто ке почнам да плачам ко улава некогаш ми е попречено да уживам во пубертетот од разно разни причини па и тука е периодот кога убаво ке се затрескаме во некој СЕПАК мислам дека е најубав дел од животот
Тинејџерче сум и јас Ако учиш си никој и ништо,само за препишување ти се умилкуваат.За да бидеш фаца,треба да носиш скапи работи секако,да си слаб и да го вадиш задникот и градите,да се дружиш со фаци и такви слични глупости. Сепак јас се дружам со скоро сите од одделение,сакам правда ама сфатив дека неможе никогаш и едноставно во животот треба да правиш како тебе ти одговара,зашто другите само те искористуваат...Викаат,во средно болје друштво и се,па се надевам хахаххаха Моите и не ме пуштаат баш да шетам,ретко,неможам да кажам никогаш. Си учам.Следната година ќе се трудам повеќе и на натпревари.
Она кога си топло-ладно, сакам-не сакам, може-не може. Најубавите и нај луди години. Овие години се помнат цел живот. Особено во средно. Шмекање, бегања од часови, журки, оговарања, првите пијанства, првиот дечко, првиот бакнеж, па интересните кавги, па нервирањата за оцени. А нај нај нај добриот период е летото. Е тогаш се преродувам. 15/16/17 се најубавите години според мене. Оние ситници за кои се нервираме како што се „има друга, не ме сака, нема мој број на фустанот, дебела сум, немам добар телефон, таа е поубава, едната веѓа ми е поубава“ и сл други работи се само глупости. Некој ден ќе ни биде смешно тоа што денес сме плачеле за глупости. А врвот е кога мислиш нема да најдеш друг, или нема да биде подобро, знајте дека сте грешка. Убавото тек ќе дојде на нас тинејџерите. Иако јас не верувам дека има нешто поубаво од тоа да си тинејџер.
Тинејџерка сум само 6 месеци, но веќе ми е преку глава од ова. Глупо е кога не знаеш која си и што си, па помислуваш дека си нешто што всушност не си, па се плашиш, па правиш голема работа од глупост. Последниве неколку месеци сум за на психијатар,
Хаха.Мојата теен возраст беше многу помирна од вашата.Не бегав од часови,не излегував многу навечер,освен што се карав многу со моите и одтогаш многу се одалечив од нив и ,,вртев" дечковци.Интересно е што кога бев на студии еднаш се качивме во кабриолетот на другар ми 6 луѓе,а имаше место за 3-4 и отидовме од Истанбул до Бурса.
Тинејџерка сум и јас . Па најголемиот проблем го имам со мајка ми . Кога ќе види дека имам другар машко одма си мисли дека ми е дечко И викам добро бе можи јас да си имам другари? и вика ќе видиш ти.... Па другари ми се бе ејј А сега нов проблем Сакам да се издепилирам на нозе, а таа нее чекај има време, в година.... , а веќе имам влакна срамота е да одиш неиздепилиран, па како ќе облечам шорцеви на физичко, како да се соблечам по купачи?? Незнам што да правам веќе, како да се справам?? и викам абе мамо во 21 век сме веќе... таа повторно НЕ и НЕ Девојки помогнете Ви благодарам однапред за помошта