Тинејџерка сум и уживам во тоа Понекогаш стварно ми иде преку глава со тоа да сум позната во школо бла бла... Пред година две сакав да имам најскапа облека,познати другарки,блиски другари па макар и другарки,ајфон... но со текот на годините сватив дека суштината не е во материјалните работи туку во духовната состојба на човекот.Почнав повеќе да ги ценам посиромашните деца во школо зошто сватив дека нивната состојба не им дозволува да бидат како останатите но сепак тие се задоволни со тоа што го имаат.Преку глава ми е од ,,другарките,, од корист, денес можеш да ги најдеш на секој чекор.Преку глава ми е од напрчените усти на профил,газот и цицките на кавер- во секој момент на изложба.Преку глава ми е и од наку*чените родители кои уште на тринаесет години си најдоа невести а и зетовци.Повеќе не гледам храбар потез во евиденцијата на неоправдани, туку во волонтирањето во црвен крст.
Скоро ми помина тинејџерскиот живот. А беше релативно мирен, не правев многу проблеми. Исто така моите имаа разбирање за мене дека не ми е лесно, дивеат хормоните Реков не правев многу проблеми, но кога ќе направев, направено беше. Имаше 2-3 големи грешки, но нели, некои работи додека не ги осетиме на своја кожа не знаеме како е. Ако можам да се вратам назад би го сменила дружењето. Сум се дружела со погрешни луѓе, често пати останував без друштво, немав со кого да излезам . Но фала богу сега го имам најдоброто друштво и прекрасни пријатели
Некако досаден.. Сакам да се дружам, да се зафркавам, да запознавам нови личности, но сум премногу срамежлива да го правам тоа.. Често ќе ми текне со колку деца имам заеднички интереси, но не се дружам со ни и ќе се натажам.
ееее бе Марија бе . Епа ми се промени мене тинеџерскиот живот од кога почнав да одам по дискотеки ии на журки. Почнав да си пивнувам по малце и одма си расположен и немаш срам. Одењето по вакви забави придонесе да си ја вратам самодовербата. Така да женски, не чекајте да ви се смени животот , уживајте во тинејџерските години.
Нешто позезнато од ова нема До лани бев добро мирно девојче ама годинава бре неможам да си се преопзнаам,викам,се дерам, се противам на секого, неможам да се смирам,ладна сум, а не сум таква, не бев таква пред тоа не дека сум таква цело време, ама ете тоа ми го направија овие години. Неможам да се препознаам, се се смени кај мене, се што сакав сега го сакам спротивното, баш спротивното, само до пред една година толку многу си ставав при срце за оценките, толку учев, сега очиве нејќат книга да видат, си ги намалив оценките и баш ми е гајле,порано се лицкав се пицкав ама сега ич не ме боли дали ќе бидам дотерана и убава, тоа прво што ми се фаќа в рака тоа облекувам, лани сукњи фустани блузички.Можно е и шмизлиште да бевнене, ми се гади од таа што сум била, што и да сум била Сега носам тренерки хеланки широки џемперишта-нешто мое, нешто повеќе од татко ми-колку добро се носеле порано, не е можно.. да не преовеличам ама така е, сега ко некој багабонт се облекувам, ко дух се движам... Не дека вака се сакам којзнаеколку, ама дефинитивно подобро е. Не ми е гајле што ќе облечам, дали ќе бидам убава..порано ми викаа дај облечи нешто поспортско немаш потреба од толлку дотерување, е сега на, нека ме сопрат со тоа поспортското. Сега и да сакаат нема, никогаш да бидам она што сум била. многу се нервирам што неможам да се изјаснам мe јаде одвнатре тоа што неможам да се доискажам рацеве ми се плеткаат не сум старата јас, друга сум поинаква сум, И ете џабе што и да напишам, пак не се разбирам. Ништо не разбирам ниту што сакам ниту зошто, незнам зошто правам некои работи, навистина незнам зошто го правам тоа ама го правам и01293 њропеиоту634096 еве повторно ми се случува тоа, стварно не се разбирам. damn аа знаете што,има една слика што ме опишува баш сега и баш секој ден, што биде нека биде,гајле ми е, е во тоа се претворив а не бев таква,колку толку имаше некоја енергија во мене за да променам некои работи за да правам нешто, било што.Е СЕГА НЕ. и уште нешто заборавив- сите ме нервиратаат, аа најмногу самата јас се нервирам, се мразамм и многу ги мразам нафураниве мои врснички што се облекуваат ко ку*вичиња, фармерки до под цицки стеснети притеснети да клекант ќе им се скинат, блузата исто до под цицки и таа притеснета, се лепат на машкиве, од толку што се глупи не сфаќаат колку грозно изгледаат ко курви бре, дома ги знаат за цвеќиња, јас ништо од ова не сум а дома пак сум виновна за се, нека ги опулат малку очиве моиве-каква сум јас а какви другите на мои години па и повеќето од моите таканаречени другарки.
Едно прилично глупаво прашање кое можеби и не одговара на темата: вреди ли да се сменам за другите да не ме сметаат за будала? Не дека не го знам одговорот но...
Никогаш , затоашто нон - стоп луѓето ќе бараат да се менуваш поради нив , а ти ќе се изгубиш себеси некаде во тој вртлог , и ќе ти биде полошо , најди си се себе си и држи се до тоа на светов има луѓе кои ќе знаат да те ценат и сакаат баш таква каква што си !
Кај мене имало бурни периоди во тинејџерскиот период ... Па и кој немал .. Тој период полн со секакви искушенија , што ке имаа другите некогаш ќе посакав и јас , имало и мирни периоди проследени со добро дружење , излегувања по дискотеки.. Би променила многу работи кои според мене беа погрешно , но што е тука е колку времето поминува стануваме се позрели и поуспешни во животот.
Јас си ја живеам последната година од тинејџерскиот живот, уште некој месец и ќе дојде крај на овој период. Не знам како да го наречам периодов, бидејќи беше и убав и лош. Прво бев повлечено девојче, срамежлива и бубаче, слушав што велат сите без да се побунам, без да се искажам, само си собирав во себе, некако живуркав, се буткав меѓу лажните другарства, лажните спомени...сепак имам по некој убав спомен од тоа време. Бев добар ученик, никогаш бегав од школо. Си читав книги на зајдисонца, пиев многу од најубавото кафе на цел свет, првиот кандидат за дечко, првата вистинска љубовна болка, првото разочарување,запалив цигара, се опив . Првиот концерт и првото џагање . Се трудев да бидам добра кон луѓе, а требаше да имам храброст да ги избришам уште веднаш. Всушност, тогаш, прва и втора средно се чувствував убаво, чувствувам дека живеам. Потоа, трета средно се случи првиот бакнеж, првиот дечко и беше убаво некој месец додека не почнаа вистинските главоболки и главниот пекол во мојот живот. Љубоморен, опсесивен дечко, што да се рече повеќе? Се чувстувам како животно заклучено во кафез, а уште повеќе боли што јас си дозволив да биде така. И гз не ме боли за дечкото и за неговите комплекси, туку ме боли што им нанесов голем бол на моите. Следуваше патење, недостигање по дечкото после првиот раскин, плачење по дома и кинење мечиња и слики од него..потоа ме болеше што моите не ми веруваа и тоа е најболното нешто што го имам осетено досега. Потоа, четврта средно, другарките ми забија нож в грб, и направија да се чувствувам како најосаменото суштество на цел свет, потоа ми направија други збрки и мислев дека изгубив се во животот пфф, тинејџерски глупи депресии. Тогаш сфатив дека секој дечко и секоја другарка е небитен, бидејќи само моите дома ме поддржаа вистински и само тие беа покрај мене. Тогаш почувствував потреба да побегнам од школо, да бидам сама, далеку од нивните злобни довикувања, и излегував од школо само што професорите ме сакаа па ме ослободуваа . На тие часови одев на некое осамено место, палев цигара си читав и се враќав во живот..нема полошо чувство од тоа да си опкружен со луѓе, а да се чувствуваш осамен. Кога бев сама со себе никогаш не бев осамена. Тогаш само сакав да заврши средното, да дојдам во нов град, нова средина, луѓе и нова јас. И навистина, се препородив откога дојдов овде. Веќе не бев она тивко девојче што ќе ги трпи сите срања и ќе ќути, се изградив како личност, ме исчеличија сите тешки моменти.
Супер беше, одлична екипа имав, доста време миневме заедно, проживеавме доста интересни мигови. За разлика од некои на тинејџерски години, јас не бев проблематична, воопшто не пиев алкохол, доста добро се разбирав со моите, а сеак преживеав многу интересни моменти.
Тинејџерски живот... Најубав период од животот после детството. Училиште, дружење со врсниците, прошетки во парк, на Водно, највозбудливи вечерни излегувања, безгрижност... Период на кој дефинитивно се присеќавате со насмевка на усните!!!
Ех, тинејџерскиот живот, ми недостига. Колку бев тогаш кул, колку беше интересно, сега морам да сум посериозна и да се однесувам како што ми налагаат годините иако некогаш посакувам да се облечам како тогаш во некој мој чуден фазон и да се однесувам како ништо да не ме интересира освен забава. Прекрасни денови, прекрасни спомени.
Тинејџерскиот период од животот е интересен, а можеби и најрелакс, бидејќи тогаш други обврски нема, освен учење и шетање. Можам да кажам дека е најинтересно некаде од 7 одделение до 4-та средно, бидејќи излегувањето е најинтересно во тој период.
Немав бурни периоди дур бев тинејџерка (додуша према години уште 1-2 ќе се рачунам ама ја одамна не се осеќам така, мислам ми пројдоа тие моменти на промени на расположение и слично). Моите викаат дека ко од шала со мене ги прошле пубертетот и тинејџерските години, за брат ми се надеваат ист ќе е. Не беше нешто посебен период за мене, ич не ми е жал шо проаѓа.
Сеуште сум во тој живот Искрено не е лошо, сум искусила и журки и седење во четири ѕидови. И добвро и лошо народски кажано. Свесна сум дека после средно се се менува и од нас се очекува посериозност, не ми е гајле. Се трудам да проживеам на макс па нека е и тоа бегање од некои обврски и налудничаво понашање, јбг еднаш се живее - фразата шо ме има превише пати сјебано
Искрено ич не жалам по тој период. Отсекогаш бев присебна, без испади, ама ме потсетува на стресот кој го имавме дома. После на факултет ми беше многу поубаво. Некако уживав во се, во тој период,дури и во времето со книга по цела ноќ
Едноставно бев премногу прибрана.Се ми беше досадно и сеуште ми е.Само на телефон дремев,учев,музика слушав,ролерки возев и така..